Од Википедија — слободната енциклопедија
1878 (MDCCCLXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1878 година од новата ера, 878. од вториот милениум, 78. од XIX век и деветта од 1870-тите.
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7386 и 7387 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6628 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5638 и 5639 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2631.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1878 година се протега во 4514 и 4515, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4574 и 4575 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2421. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1294 и 1296 исламска година.
- 1 јануари — Пејо Јаворов, поет, револуционер и публицист на ВМОРО, сопатник на Гоце Делчев и негов биограф.
- 23 јануари — Отон Жупанчич, еден од најголемите современи словенечки поети.
- 11 февруари — Казимир Малевич, руски сликар, графичар, педагог, теоретичар на уметноста, филозоф, и основоположник на супрематизмот, уметност на геометриската апстракција.
- 22 февруари — Христо Узунов, македонски револуционер кој го претставува охридското револуционерно движење.
- 4 март — Петар Успенски, руски фолозоф кој користел геометрија во неговите дискусии за психологија и повисоките димензии на постоењето.
- 27 мај — Изадора Данкан, балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин.
- 20 јули — Петар Манџуков, македонски револуционер и анархист, активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева и повремен придружник на Гоце Делчев.
- 20 септември — Аптон Синклер, американски писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот.
- 8 ноември — Димитрија Чуповски, македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност.
- 8 ноември — Димитар Влахов, македонски револуционер и државник.