Од Википедија — слободната енциклопедија
1877 (MDCCCLXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1877 година од новата ера, 877. од вториот милениум, 77. од XIX век и осма од 1870-тите.
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7385 и 7386 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6627 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5637 и 5638 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2630.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1877 година се протега во 4513 и 4514, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4573 и 4574 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2420. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1293 и 1294 исламска година.
- 26 јануари - Михаил Герџиков, бугарски анархист и револуционер кој се вклучи во македонското народно-ослободително движење.
- 18 март - Едгар Кејси, американски парапсихолог и јасновидец.
- 29 јуни - Петар Кочиќ, писател на српскиот реализам.
- 2 јули - Херман Хесе, германски романописец, писател и поет.
- 8 јули - Елин Пелин, прв оригинален писател за деца од Бугарија, еден од најдобрите сликари на бугарското село.
- 11 септември - Феликс Ѓержински, полски комунист со револуционерни идеи, основач на Болшевичката тајна полиција Чека, подоцна КГБ.
- 22 ноември - Ендре Ади, унгарски поет.
- 23 ноември - Никола Карев, македонски социјалист и водач на Крушевската Република
- Лазар Москов, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на македонската револуционерна организација