www.fgks.org   »   [go: up one dir, main page]

Од обред до театар - Тихомир Стојановски

Page 1


Tihomir Stojanovski

OD OBRED DO TEATAR

Skopje, Makedonija 2015

1


Книгата е докторски труд одбранет на Институтот за македонска литература во Скопје на 14.11.2014 пред комисијата: проф. д-р. Наташа Аврамовска - претседател, проф. д-р Александар Прокопиев-ментор, проф.д-р. Лорета Герогиевска Јаковлевска, проф.д-р Сашко Насев и проф.д-р Златко Жоглев.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 392/.393:792(497.7) 316.7:792 СТОЈАНОВСКИ, Тихомир Од обред до театар / Тихомир Стојановски. - Скопје : Скрб и утеха, 2015. - 449 стр. ; 21 см. - (Eдиција Лицеум) Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 411-443 ISBN 978-9989-198-08-3 а) Народни обичаи - Обреди - Театар - Македонија б) Културна антропологија - Социологија на културата - Театар - Македонија COBISS.MK-ID 98300938

2


ВОВЕД

ЗОШТО ОБРЕД?

Божјо лето 1985-то, како студент на Факултетот за драмски уметности играв неколку главни улоги во Кумановскиот народен театар, како надарен актер. Тогаш директор на театарот беше Јовица Станковски и тој настан веројатно нема да предизвикаше некое поголемо значење, ако во летото Господово 2010, после 25 години, истиот човек, Јовица Станковски кој тогаш беше директор на Музејот на градот Куманово, се сети на мене и ме покани да „седнам на престолот на Кокино“, за да го „возобновиме“ обредот на светата македонска опсерваторија. И така, откако, таа богодадена улога, служба ја прифатив како Божја следбеност и настапував четири пати на кокинското празненство1, или чествувување, за да преку сопствено

1

Секоја година на 31.07 во 6 и 40 часот

3


искуство, како што вели Аристотел2, се сети Божјото вдахновение и фала му на Бога ми се отворија основните прашања кои ме засегнаа во обредот и обредната духовна и народна култура? На пример: кому му е нужен обредот во 21 век? Зошто луѓето доаѓаат на Кокино? Дали за да доживеат театар или возобновен обред или да земат учество во тоа чествување? И понатаму: Зошто одам јас, на Кокинската света планина, во кое својство како актер или како свештенослужител? Зошто на луѓето им е нужен обредот и сега во 21 век? Дали е тоа потреба за игра и себепотврдување или за да го сетат и доживеат Бога? Низи од опити се множеа последниве четири години и врв на сето тоа беше верскиот интернет блог „Правоверие“, на македонски јазик, кој ме нападна и ме прогласи за водач на нео - паганизмот заради тој „грев“, нели не знаејќи3 дека јас сум пред сè, актер, па професор по Сценски говор со техника на глас, па директор на театарот „Скрб и утеха“, но му благодарам на Бога, што се јавија и се огласија против мене оти ми помогнаа и ја потврдија мојата препоставка

Учеството во Дионисовите слави е за да се сети преку себе и доживее Бог, Господ, Создателот. 3 „ Оче прости им, зашто не знаат што прават“ Лука, 23:34 2

4


дека театарот и црквата во антиката и пред тоа беа една иста институција, пред да се поделат во современиот свет на две со современиот театар. Другото блаженство и благослов е што Македонија и македонската култура се ризница на обреди и обредна практика, како едно живо милениумско искуство за постојана поврзаност и собеседништво со Бога. И ние имаме живи обредни форми кои преживеале милениуми и се сведоштво за нас и до нас вметнати во христијанската и народната обредна практика. Секако искуствата кои претходно ги имав со театарот „Скрб и утеха“ во кои, во театарските претстави и документарни филмови, беа поместувани сцени, молитви, од антиката, христијанството и од обредната народна практика кои на претставите, филмовите им даваат поинаква сила и изразност, пред сè духовна сила и светлина, а ми помогнаа да проникнам уште подлабоко во обредот како дел од повразноста со Создателот, за да ја разберам врската на обредот со театарот како нешто што е длабока суштина и даденост. И на крајот имав благодет да бидам собеседник со живи обредни практичари, служители на Исуса Христа 5


како: Ѓорѓи Филев, штец Златко Давидковски и пред сè пастор Константин Кајшаров, со кои ми беше овозможено да бидам во вдаховеноста на обредните исцелителни дејствија со кои тие му служат на Бога, во близок сооднос, за да ги доживеам во себе и да ги разберам подлабоко. И секако и сега кога ќе се споменат обредите и служењето на Бога, на Исуса Христа, знам дека минувам низ тесната врата4 и тесниот пат на спасението низ кој минуваат малкумина... можам да срочам неколку думи после сето тоа служење и дружење со духовноста. Дека обредот е потрага по Божјата љубов и милоста на Создателот, поточно на вистинскиот Творец на сè... и се разбира и на овој труд...

На мојата сопруга Марија, на моите родители Томислав и Радмила кои ме крепеа, душевно, матријално и духовно кога го земав својот крст и врвев по светлината Исусова за да сведочам за обредот како пат кон Бога...

4„...

Тесен е патот што води кон животот, а малкумина го наоѓаат...“ Матеј,7:14

6


ОБРЕДОТ КАКО КАТЕГОРИЈА И СУШНОСТ

Обредот е категорија на нашето однесување кое е утврдено по однапред востановен ред, најчесто се поврзува со религиски ред, со постапки поврзани со Бога. И неговата порака се поистоветува со строго утврдени верски правила на однесување5, на одредни места и време. И тука можеме да дојдеме до сознанието на Аристотел за единство на место, време и дејство во атарот6 на театарот. Секако обредот е подреден на трите познати димензии: време, простор и свест. Нужни се и времето, кога се изведува дејствието на обредот и просторот, каде се изведува обредната постапка, и свеста, зошто и кому му се „игра“7 во тој обреден ред. Можеме да се согласиме дека обредите се ненапишани драмски дејствија, сценки кои се пренесуваат од колено на колено, некој од нив преминале религиски системи и се дојдени до нас, до денес.8 Некој од нов се Дејствија како физички така и молитвени, зборовни. Место за игра, дарување, чествување. 7 Служи. Се слави. Се игра за Бога. 8 Самовилска вода кај Куманово, место каде постоел храм на Митра- пред Олимпски Бог на светлината, денес е 5

6

7


широко обнародени и

добиваат масовна примена во

религиската и народната култура. Македонија, фала му на Бога,

и македонската

култура изобилува со обреди кои се уште се живи и преминале ралигиски системи и денес се практикуваат во христијанството9. Тие се патокази, скици, драми кои останале и се пренеле до нас низ милениумите. Можеме да зборуваме за обредите на Кокино, мегалитската опсерваторија и света планина, датирани 2000 години пред Исуса Христа, за митскиот македонски цар Орфеј кој исцелувал и проштевал гревови на вода10, за Аполоновиот свештенослужител Христ кој му пеел Пеан на Аполона11 за да му ја вратат грабната ќерка Хрисеида, за Христип Стоикот кој велел „сè е таткото, сè е синот, пред Исуса Христа, за Дионисовите слави од кои е изнедрен театарот, за обредни песни и ора со христијанизирана света вода на која се поистоветува со празникот Томина недела. Тоа е процес од 3500 години. 9 Археологот Милош Билбија ми раскажуваше дека водата е света уште од неолитско време кај Говрлево, најдени се канали за ладна и топла вода, а денес таму е Свети Кузман и Дамјан христијански храм на истото место. Се работи за временски опсег од 6000 години. 10 Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989:310-312 11 “Илијада“ Хомер

8


кои

изобилува

македонската

народна

култура,

за

крштевањето на Македонката Лидија од Апостол Павле12, за свети места, обредни дејствија, води кои се стотина само на македонска почва на територијата на Р. Македонија, секако имаме обреди на карпи, оган, води, обредни песни и ора, обредите во христијанството крштевање со вода и Светиот Дух, обреди востановени во богатата духовна македонска народна традиција низ милениумите. Кога се зафатив да истражувам тема која има врска со соодносот на човекот и Бог, за соодносот на народната традиција и култура, на врската меѓу современата уметност, посебно на театарот со стапките и постапките на обредите доаѓам до богатата духовна ризница од која можат да се црпат сознанија за суштината на тоа што сме ние, какви сме, чие сме, каде одиме, кон кого се стремиме? Во средиштето на сиот тој процес на обредност, постапки утврдени во религиозен ред и поредок, е основната потреба на човекот да биде во допир со Бог, со Господ со Создателот, да игра за него, да пее за него, да се моли за него, да прави дејствија кои ги моли од него... така наречени

12

Дела, 16: 1-40

9


подражавања, имитативен театар, или поточно обреден атер, дејствие во посвета, верба и љубов кон Бога... светодејствија кои на човекот со верба, жрецот, посветениот од мнозинството, му се подредени на општењето со Господ, Бог, Создателот, Отецот Небесен. Имав

можност

обредот

да

го

набљудувам,

истражувам како гледач, соучесник, дружејќи се со штец Златко Давидковски од црквата Свети Јован Опсечен од Режановце, кој е жив извор на македонските обредни дејствија од народната традиција и култура, познавач на свети вода и свети дејанија, кој ме водеше низ живата обредна практика низ македонскава земја и со кого снимив многу документарни приказни, истражувања на терен, пред сè од обредите на вода. Исто така, имав можност да го имам живото искуство на обредна практика во театарот во претставите на „Скрб и утеха“ во кои секогаш како непишано правило се поместуваа текстови од антички, христијански и други обредни молитви како нерасакинлив дел од претставите, понекогаш кажувани во хор, но и во сцено-дејствие, тука е секако и искуството на возобновување на обредот на плодност на истата света планина и опсерваторија Кокино, 10


четири пати по ред13 на 31 јули кога сончев лач осветлува еден од посветениците и избраниците на обредното дејство, и секако обредот го истражував преку разговори со обредни практичари кои извршуваат обредни-молитвени дејства во името на Бога и помагаат на патници намерници14, така сакаше Господ да бидам и јас дел во таа обредна практика кога помагав на молбените тарапии во Центар Констанин, со тимот на Константин Кајшаров15, и секако на дружењата, разговорите со Ѓорѓи Филев и неговите плодни искуства од духовната практика. Таа истражувачка практика ми дава искуство за обредот и спознание преку негово истражување како: гледач од страна, како учесник во театарски претстави во кои беа поместени обредни дејства, како молител на обреди во молбени терапии, како истражувач на терен за живата обредна практика во нашата земја, со што ми помогна да го набљудувам обредот од неколку агли на неговото дејствие, од себе, низ себе кон другите. Или поточно кажано од Бога 13

Од 2010 до 2013 година. Пред се мислам на: Ѓорѓи Филев, Златко Давидковски и Константин Кајшаров, кои секој на свој начин му служат на Исуса Христа и секако и други обредни дејствувачи и служители. 15 Молбени терапии во хор и поединечно. 14

11


преку себе кон другите. Односно како гледач, истражувач и пратикант, односно директен учесник во дејствијата. Тоа би значело дека со обредот и неговото спознавање и осознавање минував низ себе. Приказната за зборот и именувањето можеме да ја бараме во многубројните речници во кои е поместен зборот ОБРЕД. Наредени како некакви обредни дарови тихуваат зборовите во речниците. Како да се дел од тоа таинство и шепотат ако им пријдете и побарате дружба со нив за да ви раскажат од своите значенски приказни од дамнини. Ете таму ја почнуваме оваа потрага по редот и обредот. Кај нив. Со нив. Во обредна послушност и почит кон нивната Боженственост. Ете нека раскажуваат самите. Зборот, об-ред, се повикува на руски обред и да видиме ред

16

, понатаму кај зборот -ред, има додадено

редец, редушка, ретче, со значење на редење, управа, повикувајќи се на ставање ред, на нешто што става ред и ги реди работите17.

16 17

Младенов,1941: 368 Младенов,1941: 558-559

12


Младенов ни покажува врска со латинскиот збор ордо (ред) и староилирскиот збор - ринд18. Понатаму еден друг речник ни дава толкување за зборот ОБРЕД. Тоа е: "Блгарски етимологичен речник- 4" под обред подразбира: "Заведен ред, дејствија, кои придружуваат некои религиозни служби или народни обичаи"19.

Понатаму

зборот е подведен толкуван со зборот ритуал.20 Можеби, ако се подреди во збороред зборот - обред и се споредат зборовите: об-ред, нели ред со род и рид, со плодноста и возвишените обредни свети места како Кокино, Цоцев Камен како обредни неолитски кружни форми на културата на обредот кон Сонцето и плодородието ќе ни ја покаже нивната врска. Можеби едно од толкувањата на зборот е дека се работи за обол ред, об-ред, на родението и воскреснувањето21. Народна етимологија, ни го покажува патот на возродувањето на зборовите и нивната суштинска значност. А, всушност има ли друга етимологија освен онаа на народот и неговото искуство со зборовите создавани од Ibid Блгарски етимологичен речник-4, 1995:753 20 Ibid 21 Заминување на душата од земното тело. 18 19

13


него во обредната ритуалната култура. Секако, зборот ОБРЕД на новогрчки, или на коине22 има навидум сосема друго значење. Во грчко-македонскиот речник на В. Караџа, зборот е заведен на 277 страница и гласи Телестори - со толкување на обред, церемонија, свеченост, под него веднаш е зборот телестори со значење - празнување, одржување обред, чествување. Можеме да го толкуваме и со македонската основа тело, телесност, нели кога ќе се отелотвори, телестори, отелотворување на дух Божји во земно тело. Во француско-српскиот речник, зборот ОРДО - е католички и значи црковен календар23. Нели ред на празниците. Зборовите ОРДО - од латинскиот и РЕД од словенски24 значењето.

имаат допирни точки во изговорноста и во Од

тој

латински

збор

се

подредени

и

именувањата како ОРДИНАНТ - епископ, ординатион доведување во ред25. А ние имаме уште еден збор подредување. Нели кога некому си му подреден, како под 22 Царскиот јазик во македонската империја на Александар Македонски 23 Француско-српски речник,1930 :752 24 Македонски 25 Ibid

14


категоријата на понизноста и послушноста што се потребни за обредите. Не треба да се пренебрегне дека об- значи кратеница од обло, кружно, што би не довело до неолитските обли обредни планини. Види обол (грчки оболос) во "Речник на чуждите думи в блгарскиот език", Наука и изкуство, Софија, зборот Обол - мала сребрена монета, шестина од драхма во древна Грција на страна 500. Се разбира, нас нè допира античката македонска духовна култура, која се забележува и преку идентичниот збор во современиот македонски јазик за нешто обло, кружно и сл. Не треба да се мине и преку зборот обречен, кој го најдов во Блгарски толковен речник на Наука и изкуство, на приредувачот Димитар Попов. Вели: Обречен на Бога на страница 552. Ветен на Бога. Меѓу обред и обречен секако суштествува врска на ниво на суштина и изговорност. Инаку зборот обред е толкуван како:

15


„Дејство или севкупност од дејствија со строго установена форма и начин на извршување, во кои се воплотуваат определени религиозни престави или народни верувања“26. Нели имаме церковен обред и свадбен обред. Понатаму имаме: обредни песни и обредни лебови. И секако обрезание како религиозен обред27 . Сите овие категории на толкувањето се содржат во македонската народна и современа култура. Влечат корен од давнина и се присутни театарски и духовно кажано сега и овде. На следната страница на истиот речник е поместен зборот оброк - со толкување ветување со суеверен карактер, нели дал оброк на манастирот на Петровден28. Несомнено сите толкувања водат насока на однос на човекот кон Бога, со зададен ред и начин на однесување, дарување и свештенодејствие посветено со молбено дарување и обредни песни, ора, музика, пеани и слично. Сите се упатени кон Бог, Создателот за плодност и милост на Господа. Секако обрезот и обредот се врзани и денес кај Евреите и муслиманите, што на некој начин ни ја покажува

Блгарски толковен речник, 1995: 552 Ibid 28 Ibid 26 27

16


врската на двата сродни збора. Интересен е и зборот свештено-дејствие, како претходница на театарот, кога духовната врска со обележеното, одреденото место за споделување на обредот, за обредната игра, била длабоко суштински поврзана.

Од патеката на имитативност на

дејствието кое се бара од Бога до современиот театар. Тука можеме да подвлечеме врска меѓу свештено-дејствие со сцено-дејствие. Кое е уште еден показ како зборовите ја носат приказната во суштинско значење и поврзаност. Следната врска на зборот обред е зборот ритуал, кој во "Речник на чуждите думи во б'лгарскиот език" е поистоветен со зборот обред на стр. 634 . „Ритуал - изведен од латински со значење на обреден. Востановен

ред на обредни дејствија при

извршување на религиозен акт. Восприемен начин на извршување на нешто, церемонија, церемонијал. Книга во која се излагаат обредите во нивната последователност“.29 По слободно, народно етимолошко толкување во латинскиот јазик зборот има многу наличје на нашиот збор об-ред. Рит (ред) у ал. Се разбира го поместувам

29

Речник на чуждите думи во блгарскиот јазик, 1970:634

17


толкувањето

само

како

една

светла

патека

на

дообјаснувањето на суштината на зборот ОБРЕД. Но, да побараме помош, да биде дел од оваа света обредна патека и "Речник латинско-српско-хрватски" на Јован Д. Чолиќ. Предлошката ОБ е поместена со значенски толкувања: према, на, пред, заради, за - на страница 327. Нели ако го издвоиме Об - ред, ако го поделиме зборот на својот основен состав од две групи гласови, се добива суштинско појаснување на значењето. Нешто кон кое се стремиме е редот. Било да е духовен или народен во современото разбирање на значењето на зборовите. На следната страница на истиот речник е поместен зборот

ОБЕДИО

и

ОБЕДИНТИА

со

значење

на

послушност, покорност, да слушаш, да се покоруваш.30 Несомнено се совпаѓа со современиот македонски збор обединет, а секако и има однос со зборот ОБЕД кој значи давање дар храна на сведен во свет храм. Во истиот речник на страница 343 е поместен зборот ординарус - со значење на:

уреден,

правилен,

редовен.

Па

следува

зборот

ОРДИНАТЕ - со толкување: ред по ред. Не е невидлива и

30

Речник латинско-српско-хрватски, 1036: 328

18


невоочлива врската на ОРД со ред, можеби е направена само метатеза на гласовите РД со елизија на самогласката се добива ред. О - е почетокот од обло, или по Јоши Оида31 „вокалот О е внатрешно себство“, нешто што не обележува и одбележува со звукот. Суштински

зборовите

кои

имаат

универзално,

земско-небесно значење посебно за односот на човекот и Бога, како во некој зададен ред, во обреден ред имаат еден корен. Иста, сродна, звуковна енергија на светлина,32 трепет. На стр. 445 во истиот латинско српско-хрватски речник е поместен зборот РИТЕ - со значење: обичај по пропишан ред на верски обреди, по свети закони, по обичај. Ако го споредиме зборовите рите од латински со зборот ред, од современиот македонски, секако се добива еднаква сушност. Дури и РИТУС - верски обичај е суштина на ред и поредок меѓу човекот и Бога. Меѓу земниот човек и небесниот Создател. Можеби токму тука се таи почетокот, зародишот на обредот и обредноста, на односот на земниот

Долгогодишен следбеник на Питер Брук, инаку мастер на Нотеатарот 32 Ние во театарот велиме се препознаваат по звук и значност.

31

19


човек со небесното. Заемнодејствие меѓу луѓето и Господа, а тоа е суштината на обредот, било да се работи за народна или духовна состојба и традиција. Тука е неговата суштинска природа и следбеност до денес. До она што театарот и духовниците го нарекуваат сега и овде пред сè во нерскинлива врска со Бога. Но, еве уште еден речник за да дообјасни за обредноста. "Езотеричен речник" на Елена Блавацка. Зборот ОБ Астрална светлина- ...персонификација од Евреите како Дух ОБ...на страница 472. Секако понатаму толкувањето е обземеност од "зли потоци", "некроманија", во духот на догматското толкување на Бога, само од својата вера. Тоа што не е со нас се прогласува за паганско, не се прифаќа, се догматизира. Тоа што не се гледа и разбира се отфрла со негација. Мислам дека толкувањето со астрална светлина отвора уште една порта на обредноста и обредот како духовна кота и суштина. Зборовите ОБЕАХИ -секта на црни магесници од Африка и островите на западна Индија (исто), или зборот ОПСЕДНАТ (кај Блавацка ОБСЕБНАТ ) од душа, власта на демон и сично

на

страница 473.

Додека кај нас, во македонскиот јазик, може да се поврзе со 20


ОБ-ОГОТВОРЕН, ОБОЖЕН, што на некој начин ја осветлува и таа страна на толкувањето на првиот дел на зборот ОБ-РЕД. Кај Блавацка е нареден зборот или терминот кој има врска

со

обредноста

Ритуал,

како:

РИТУАЛ

ПО

ПОЛАГАЊЕ В КОВЧЕГ-завршен обред по посветувањето на мистериите на Египет, Грција и др. места.33 Секако нашата Македонска култура е под оној слоган други места34. Авторката подразбира категорија на метафорично, симболично, обредно погребување на умот. Се "умира" да се воскресне во нова светлина како високо таинство на обредноста и духовноста. Обредот е наречен ОБРЕД НА СМРТТА за да се премине преку умот и да се навлезе во посветувањето. Во современите индиски духовни учења тоа се нарекува НЕ-УМ. А зборовите ТЕЛЕУТАО - јас умирам35,

Блавацка, 1784:540 Проблемот на негирање на суштествување на Македонците, нивниот јазик, култура, име, не ли е некој темен обред и денес во 21 век? 35 Блавацка,1784:540 33

34

21


но исто време значи и јас сум посветен. Или ТЕЛЕ-УТАН да умреш и ТЕЛЕ-ИСТХАИ - да бидеш посветен. Во "Блгарско-грчки речник" на БАНУ на страница 716 се поместени зборовите: ИЕРОТЕЛЕСТИЈА - ТЕЛЕТИ обред, ГАЛИМОС ТЕЛЕТИ - свадбен обред, ИЕРОТЕЛЕСТИЈАС - обреден, обредност. Несомнено првиот дел од зборот ТЕЛЕ означува далечина,

телепатија,

телевизија,

телеграф,

телефон,

телескоп. Во буквален превод на коине зборот обред значел далечно

време.

Типична

кованица

од

зборови

за

дообјаснување на нешто што не е збор од истоветниот јазик. Кај "Речник на чуждите думи..." зборот ТЕЛЕ помесетен како далечина, во сложените думи означува однос кон далечно нешто за време или растојание во простор.36 Во тој случај зборот во линијата на толкувањето би значел далечнина во однос на двете димензии на времето и просторот. Суштински нешто што е врзано од најраните форми на цивилизиран, свесен живот на планетава земја.

36

Речник на чуждите думи во блгарскиот јазик, 1970:711

22


Тоа го потврдуваат и култните пред-театарски светилишта пронајдени на тлото на Р. Македонија, на етничката територија на Македонија, како: Говрлево, Тумба Маџари, пелгониските неолитски заедници, Кокино, Цоцев Камен, Градиште над Кратово, а најсетне и другите обредни неолитски светилишта, а пред сè богата духовна обредна практика во македонската народна култура. Секако за Кокино како најелитна обредна кота во Р Македонија, за која веќе и меѓународно е потврдено дека суштествува далечна категорија на обреден театар, кој се возобнови и секоја година на сведен37 на 31.07 се одбележува со возобновена свеченост. Суштински станува збор за светиот брак, меѓу небесен Отец и земна мајка за да се роди, овоплоти Богочовекот. Нешто што е корен и пра почеток, зародиш на секој обред. Кај Патрис Павис во Речник на театарот зборот обред го наоѓаме преку неговата латинизирана верзија во зборот ритуал. На стр. 315 по Ритуал и театар, под 1. поглавје е заведен насловот Обреден производ на театарот. Во толкувањата и објаснувањата се подвлекува:

37

Ден за да славам, да празнувам, свет ден, посветен на Бога.

23


„дека во основата на театарот стојат религиозни церемонии и обреди за плодородие, извршувани од група луѓе...“38 Секако, така биле и се создадени Дионисовите слави од кои е преобразен театарот. Се работи за обредни игри за плод, плодност и плодордие. Во македонскиот речник е поместен зборот оброд, оброди како зборови кои се надоврзуваат со обред и обреди, а упатуваат на плодност. Од горенаведеното можеме да извлечеме заклучок дека обредот е дејство, однапред утврдено, зададено по даден ред, правило, систем на дејствувањето, дека тоа дејство се извршува со степен на верба во Бога, дека во тоа дејство се потврдува соодносот човек и Бог, дека тоа што се извршува се подредува покорно кон Бога, дека во обредот се потврдува верноста на единката кон Господ, дека се бара блискост, разговор од Создателот, се моли за одредено дејство, кое најчесто симболично се содржи во обредното, оставање предмети на светото место за да киниса лошото, како и дејствија со полевање и пиење на света вода, и

38

Павис,2002: 315

24


молитвени зборови упатени кон Бога, пеење одредени свети песни и играње обредни ора, оставање предмети во земјата како потреба од плодност и слично. А сето тоа е дека суштински се слави и празнува Господ за да нè овоплоти со нова плодност и плодродие. Во таквите обредни слави на Дионис, од ората и песните е настанат и театарот во македонската антика.39 Од ова произлегува дека обредот е дејство подредено на Бог и од него произлегуваат редица под-дејствија со свои приказни на причинско-последичната врска на тоа што се моли и бара од Господа од учесниците на обредите, како автентични приказни кои се стремат кон истото, Бог и човек, и сите тие дејства понатаму развиени во богатиот, богодаруваниот македонски народен дух, оплоден на македонскиот полуостров40. Ако обредот е дејство, дејството подразбира покрај физичко, умствено и духовно дејство. Дејството во името на Бога подразбира служење. Служба подредена на Бога. Светиот македонски град Дион на источната страна на Олимп каде се настанати Олимп-ските игри, наспроти градот државаОлимпија која била локална прослава. Борза тоа го нарекува македонски фестивал, кај нас непознат термин и неприфатен во именувањето во научните кругови. 40 Како Балкански полуостров преименуван од Султанот со декрет на 27 март 1903. 39

25


Односно атер кон Господа. Во македонската народна култура зборот служење се употребува и за одредени песни41. Можеме да извлечеме заклучок дека обредот е нешто што е длабоко всадено во нас, како потреба да се биде повторно со Бога, во Бога, во неговите прегратки. Како нужда од врска со Создателот, Отецот, таткото, која и на некое несвесно вродено ниво ја имаме како родител кон дете. Ќе ви посочам еден пример од практиката со студентите од Факултет за драмски уметности од класите по актерска игра. Ако ја земеме која било говорна задача, драмска поезија, Шекспир и ги однесеме студентите во црква. И им дадеме задача да го зборуваат текстот како молитва, гледачот нема да сети разлика дали се работи за литургија или за драмско дело. На курсевите по Јавно говорење со луѓе кои не се актери ја применувам првата фаза за чувствено слободување на гласовите со тоа што им давам да работат по една молитва од православниот Док, филм „Обредни песни од Крива Паланка“, жената песните ги нарекува службарски, а тие не се црковни туку се народни.

41

26


молитвеник. По првичната збунетост и отпор, потоа сите забележуваат дека тоа многу им помогнало за ослободување на гласот. Тој слој го нарекувам молитвен слој во нас, кој е основниот слој на гласност блиску до нашата вистинска духовна природа. Блиску до нашите чувства, до она што суштински сме. На некој начин тоа е повторно поврзување со Бога. Ист е процесот со песна од народната македонска култура со која го работиме реконструираното обредно крштевање за на сцена. Актерот самиот го одредува просторот со начинот на своето дејствување. Ист е случајот и со свештеникот во храмот. Или учесникот во народните обредни игри или дејствија. Има зададен текст, начин на зборување и однесување и дејствија според обредната приказна, и озвученоста на текстот. Така се одрeдува прoсторот и категоријата дали се работи за театар, за храм, или за обредни игри од народната култура.42 Се разбира и по костимите, декорот, сценографијата, елементите на обредот и театарот.

И во постановката за кого играме за Бога или за себе и гледачите.

42

27


Со нив го

драматизираме обредот како театар,

сценска игра, за да се провери врската со театарот и да се запознае подобро. Така ја проверуваме практично нивната земна нераскинлива врска. Веднаш се наметнува опитот дали обредот е Божји или човечки чин? И следствено дали има ли нешто надвор од Бога? И уште понатаму: Кому му служиме ако не на Бог и во обредот и во театарот?43 И тоа е неговата длабока суштина: играње, пеење, славење, зборување за Бога или упатени дејствија, слави кон Господа. Ако дарбите се дадени од Свети Дух44, да пееме, пишуваме, да играме, зборуваме јазици, да исцелуваме, да сме мудри... тука може да продолжи прашањето дали театарот е човечки или Божји чин?

Ние

имаме

матријален

доказ

кај

Хомера

во

„Илијадата“ каде Аполоновиот свештенослужител Хрис45 му пее молбен Пеан на Аполона за да ги казни Ахајците, бидејќи Агамемнон, нивниот водач му ја пленил ќерката на Да не заборавиме дека театарот настанал обредно-играјќи во чест за божјиот син Дионис. 44 1 Коринтјаните, 12: 8-11 45 именување како Христос 43

28


жрецот Хрисеида. По тој обреден Пеан46, химна , молепствие, Аполон им втура чума на Ахајците и по сите перипетии Агамемнон му ја враќа ќерката на жрецот Хрис. Немаме податоци за друг дар, друго молбено дарување на Аполон освен зборовите и мелодиската стапка на Пеанот?47 Поточно испеаниот молитвен обред. Пеан е метричка стапка во антиката48 , ја има во современите македонски ора. Потврдено е дека на Дионис му се играле ора во јарешки кожи на славите - тоа се пред христијански обреди преминати во христијанство, затоа што и денес на истите простори се играат ората49 но сега за време на малата Дионисова слава во февруари се прославува Свети

46 На Аполон му се пеани Пеани, а на Дионис му се играле Дитирамбите. Првата е 4-сложна метричка стапка. Втората дактилот, 3-сложна, со кој почнуваат ората и денес во македонската народна култура. 47 Речник на чуждите думи, 1970: 545 „торжествена, пофална песна...четирисложна стапка...спасителна - исцелителна молебна песна...“ 48 Четворо- сложна метричка стапка, од антиката, односно едноставното македонско оро на која се менува нагласувањето со мелодиската промена.

Метричките стапки од антиката и денес се играат во македонските народни ора. 49

29


Трифун50, а наследници на тие антички- театарски слави се: василичарите,

бабарите,

џамаларите,

сурвескарите,

мечкарите, коледарите и други обредни обнародени игри кои влечат корен од обредните игри од антиката и порано, но се вметнати и во христијанството. Дали

вградената

потреба во човекот да игра, да го слави Бога во одредени временски циклуси, е толку силна што ги надживејува религиските системи и останува активна и жива до денес? Но еве уште една далеку позната метричка стапка која и денес ја играме во нашите ора: „Бакхи - стихотворна стапка од една кратка и две долги срички“51, а тоа е веројатно дактил, ороводна метричка стапка со која почнуваат поголем дел

од

македонските ора52. И оттаму е изведено баханалии, бах, бахат... разигран, игра што го слави Бога со сето срцето и сета душа и сиот разум, кога татнат топаните, нели слично е

50 Кога се крои лозјето и погрешно Светецот се именува како пијаницата. 51 Речник на чуждите думи во блгарскија јазик“, 1970: 99 52 Инаку метричка стапка и на „Илијадата “ на Хомера која е составена од пет дактили и еден хореј, што е рамно на 17/8 такт на орото.

30


и денес на свадбите, посебно во планинските места,53 а тоа не значи сексуално, оргии и слично, туку во ритамот на музиката и обредната стапка, обредно оро, да се игра во занес, вознес, со целото тело и душата, слично како кога играте за Бога54 . Може да се спореди со слично именување со баптист-христијанин кој се одрекува од сите црковни обредни-таинства освен крштение.55 Оттаму баптизам- крштение...56 Оттука доаѓаме до двата принципа на славење на Бога со тихување или со вознес. Баптизам и бакх-изам.57 Секако

на

почетокот

на

истражувањето

и

посветеноста кон обредот можеме да утврдиме дека обредот е: дејство, начин на однесување, сооднос... утврдена постапка по зададени правила и подреденост. Тоа значи дека обредот има: приказна, содржина, драмска структура,

Гора, Голо Брдо, Галичник, традиција на играње ора само со зурли и топани и Копачката од Драмче, се ора во кои основниот удар е дактилот. 54 Денес во РМ исто на свадбите како и во обредните игри и ора се игра со занес и препуштање во ритамот на ората обземени со радост и среќа за свадбата и веселбата. 55 Речник на чуждите думи во блгарскија јазик“, 1970:102 56 спореди баптист- бакхтист 57 Едното е торжествено со игра и пеење, другото со тихување, пости и крштевање. 53

31


утврдени

физички

дејства-мизансцен,

дека

содржи

напишано односно утврдено сценарио, утврдени зборовиреплики, а тоа го приближува до драмата, до нејзината структура, секако театарот е настанат од обредните игри со јарешка кожа во чест на Дионис. Тоа значи дека обредот е драма, а драмата обред. И двата се посветени на Бога и се настанати од соодносот на човекот и Господ. Нам ни е важно што ги одделува, за да препознаеме дека станува збор за театар и верски дејствија. Дали е тоа чинот, односот кому му се обраќаме во дејствието, играта, песната на Бога или на гледачите? Тука е нивното разделување дали играме за да се обоготвориме себе си или остануваме да играме за Господ? А тоа е премин, процес на прелевање, преобразба од обред до театар и обратно, заемен процес... Нема сомнение дека обредот е духовен процес на себеспознание и будење на нашата заспана боженствена природа, да бидеме создатели, да бидеме едно со Творецот, Отецот небесен, но исто така процес кој се преобразува од религија во народна култура и понатаму во уметноста, и театарот. Еден интересен пример кој ми го раскажа археологот Јовица Станковски за опсерваторијата Кокино. За потребите 32


на снимање на филм во подножјето на светата планина, бил поставен голем крст, кој по завршувањето на снимањето локалното население требало да го отстрани, но не го направиле тоа. По извесен период, археологот, кога пошол на местото каде стои крстот имал што да види. Се направиле веќе обредни дејства: со палење свеќи, оставање на бескрвни дарови, под крстот и делови од облеки. За само еден месец обредот веќе ја почнал својата дејствителна приказна. Тоа е уште еден пример дека обредноста е вградена во секого од нас како потреба да се дејствува, во сооднос со Бога, како потреба од родител дете, човек - Бог, и секако интересна е и споредбата на значењето на зборовите опсерваторија58 и театар59. И обата значат место за гледање. Првиот подразбира гледање нагоре, кон небото, ѕвездите, Господ, вториот кон дејствијата кои му се посветени и му се играат нему во атерот на театар. Тоа не е случајно,

туку

системско

именување,

причинско-

последична врска која ни помага да ја осознаеме нивната

58 Речник латинско-српскохрватски, 1936:331 „obsarvatio onis“ со значење гледање, внимавање набљудување... 59 Современ македонско-грчки речник, 2011:57 Го веде зборот: теа-глетка, театар-место за гледање.

33


поврзаност. Интересна насока на толкувањето на обредот ни дава Аврамовска: „Нашата секојдневна практика латинскиот термин ритуал се користи и за означување на дејства/изведби кои немаат нужно сакрален...посветен карактер...“60 Тоа само нè потсетува дека ние секојдневно сме под обредни дејства кои самите сме ги создале, во обичниот живот, од наједноставни приватни дејства, на кои им даваме значење, до начини на однесување, зборување во сооднос со редот кои сме си го одредиле во причинскопоследична врска со светот околу нас. Или она што Шекнер го заклучува дека сигурно е само тоа што: „...Оставаме траги... само тоа е сигурно“ 61, Авторот инаку е долгодишен пасиониран посветен истражувач на обредите и театарот, а секако го споредува обредот со самиот живот. Можеби една од постапките на нашата обредност и обредно однесување е да оставиме траги. Да себепотврдиме дека не сме минливи. Да ја

60 61

Аврамовска,2004: 268 Schechner, 2004:11

34


победиме смртта, а тоа е приказна за Дионисиството62 и настанувањето на театарот исто како и за христијанството и победата на смртта на Исус Христос63 и ритуалните духовни служби, обредни-литургии кои се духовен театар. Понатаму, Шекнер додава и нè потсетува дека и во: „...претставата се однесуваме на одреден начин...“64 Нели исто како и во самиот живот. Нашата условеност на одреден начин на: зборување, движење, облекување, чувства и мисли, дела и постапки е обред сам за себе, ако се држиме дека се работи за личен ред, проред, подреденост на нештата во животот. Можеме ли да заклучиме дека обредот е длабок дел од самите нас, дека тоа е ред и поредок во нашиот живот поврзан со светот околу нас и се разбира со Бога, Создателот кому првичните обредни форми и содржини му беа посветени и се играа за него, како илустративен, имитативен подражавачки дел на

Дионисовите игри, кои го зачнале театарот, коренито значат победат на животот над смртта, ново плодородие во сооднос со Бог. 63 Кој ќе го избере Исуса Христа за спасител ќе живее живот вечен. 64 Schechner, 2004:1

62

35


нашите молби и очекувања од Творецот Отец, Седржателот. Тоа секако нè води до категоријата: „последователност на изложувањето“65 , Тоа подразбира ред, следственост и поредок како основни нитки на обредот. Ние секако доаѓаме до таа сознајна кота за обредот како суштина. Можеме ли да кажеме дека нашиот живот е обред сам за себе. Ако подлабко проникнеме во суштината на обредот сигурно ќе дојдеме до таа суштина. Еве уште еден пример на таа тема. Су Џенингсон, истражувајќи ја Темиар играта во Малесија, тоа го нарекува состојба: „помеѓу идентитетот и искуството“66 За понатаму да отиде уште подлабоко толкувајќи го обредот како процес: „ кој ни кажува кои сме, каде сме кон драмска имагинација“. Како што забележала во предговорот на книгата. Понатаму ја потврдува нашата сознајност дека во тие дејствија има ред и:

65Панзова, 66

2011:18

Sue Jenningsen ,1995:13

36


„начин на однесување во обредот што може, а што не може67, Нели исто како и во самиот општествен живот, таа зборува исто така и за:

„исцелителната улога на обредот“,

ние ќе посетиме на истата таква улога на театарот во македонската антика,68 секако потсетувајќи нè и сведочејќи за: „Шаманска обредна игра за исцелување“.69 Како и за: „чувствениот и телесен баланс при обредот“.70 А

несомнено:

Џамаларите,

Сурвескарите,

Коледарите, Бабарите се исто така обредни игри за исцелување, кои понекогаш се претвораат од обред во народна култура и наместо ред добиваат вдахновено, авторско толкување и надоградување во самото дејство и сооднос и со тоа се придвижуваат од религиска категорија кон народна култура, каде народот станува творец и Sue Jenningsen ,1995:152 Речиси сите антички театари се градени до храмови на Хигиа, Панакеа, Асклепие, Дарон, антички светии на медицината. Да се посетиме на Едгар Морено и неговата психо драма во Виена со која исцелувал пациенти, на тој начин што го играле својот проблем како во театар и ги исфрлале од себе. 69 Sue Jenningsen ,1995:153 70 Ibid 67

68

37


Создател даруван од Господа. И нели ако го отвориме прашањето зошто луѓето имаат потреба од обредите и нивните

дејства,

и

денес

кога

имаме

технолошка

револуција, медиуми достапни секому, а сепак обредни форми и содржини во македонската духовна култура преминале преку религиски системи и сè активни и денес. И кога ќе го отворите прашањето: „Зошто обред?“, Можеме да се повикаме на записите од светото писмо, Нов завет кои велат: „Нели со дела се оправда, нашиот татко Аврам, откако врз жртвеникот го положи синот свој Исака?“71 И тука доаѓаме до податокот дека во обредот има оправдување, правдање пред Бога, ако Аврам, со степен на верба, го послушал Бога и за жртва во обредот го положува својот син Исак, таму некаде во Мореја. И со тоа се оправдал пред Бога. Ако обредот е отчет пред Севишниот и не го сметаме за: „...примитивна магија и религија...“ 72

71 72

Јаков,2: 21

Турнер, 1969:3

38


Туку за процес на себе познание, себе потврдување, себе оправдување, себе остварување исполнување со духовност, или едноставо општење, со Бога, како насушна потреба да се биде во закрилата на Големиот небесен Отец. Полезен е и податокот кој ги изнесува Еуџенио Барба од Один театарот дека: „Уметноста е важна за

бесмртноста. Уметноста

(играта) е продолжување на животот.73 И повторно доаѓаме до плодородието, повторното родение-будење како потреба на човекот да ја победи смртта и да биде во вечноста, во Божјото царство на небесата.74 Секако највпечатлива жртва, обред дарување на сопствениот син опишана во Стариот и Новиот завет на Светото писмо ни ја подобјаснува неговата суштина. Дека жртвувањето на Исак во Морија, од страна на Аврам, неговиот земен татко кој го послушува Бога и го носи Исак да го жртвува.75 73

Barba, 2006: 31

74

Смртта ја победи и Исус Христос и вечен живот ни подари. 1 Мојсеева, 22: 1-19

75

39


Тоа е еден од најсветите обреди да му го даруваш животот на Бога, на оној кој те создал, симболично да го повикаш да живее со тебе, во тебе, место тебе, а тоа е и разликата меѓу душевност, кога ние живееме и дејствуваме самите со сопствените знаења и чувства без Бога и духовност, кога ние му се препуштаме и општиме со светот во единство со Господа. Така како барање одговор што е обредот во суштина можеме да донесеме заклучоци дека тоа е дејство посветно за Бога, оправдување кон него, молба до него, потреба да бидеме во заедништво со него, ред на постапки за да добиеме милост од него, или очекување да се овоплоти Бого-човек кој ќе ни ги соопштува неговите закони, кој ќе нè поучува, а тоа е престариот обреден циклус на возродение, вдахновение, благовестие на сооднос на небесен Отец и земна мајка да го овоплотат Богочовекот, од науката наречен Хиерос Гамос, поточно свет брак меѓу Господ и земна мајка кој поаѓа од Кокинската кота, а тоа е 2000 години пред Исуса Христа, минува преку Дионис, кој исто така е возроден од Ѕеус, Бог и небесен Отец и Семела, земна мајка и од нив се раѓа детето Бог

40


Дионис, инаку патрон, на театарот воопшто, поточно на европскиот театар и на македонскиот театар.76 И на крајот е бессеменото оплодување на Марија преку Благовестието со Архангелот Гаврил кога преку Отецот се овоплотува, роден одозгора77, Исус Христос, Божјиот син, кој е последната крвна жртва и спасител за оние кои ќе тргнат по него, кон Божјото царство на небесата. И по Исуса не би требало да има крвни жртви, а ете кај православните христијани во македонската духовна и народна култура и денес се принесуваат, како остаток, од предходните обредни дејствија, жртвувања, за славите по црквите, таканеречени курбани, најчесто на јагниња, како крвни жртви или дарови од тој вид за пород, исцелување, за горешти желби и молби кон Создателот, се прават „крвни жртви“ по

манастирите и славите на светиите во

христијанското православие во македонската света земја.78

За ова, кај нас, опширно има пишувано Ленка Татаровска. „Ако некој не се роди одозгора, на може да го види царството Божјо“ Јован, 3:3 78 Муслиманите слават Курбан - бајрам, празник на жртвата, нешто што е завршено по доаѓањето на Исус Христос и е старозаветна постапка. 76

77

41


Тоа би значело дека обредот е и принесување жрвтва во крв и бескрвна или со молитвен збор и постапка, принос кон Бога, покажување милост и покорност. Во Стариот завет во Трета книга Мојсеева е поместен закон за жртвите сепаленици79, каде детално е опишано обредното дејство сепаленица од крвна жртва кон Бога, прскање со крв за очистување на гревовите, едноставно едно сценарио, синопсис, духовна драма за „жртвите за грев, престап, спасение, сепаленици, закон за зрнени жртви кои се јадат“, накратко како се принесуваат, што се прави, како се прави, кој го прави и за што се прави. И ако погледнеме во македонската антика ќе забележиме исти жртвувања сепаленици на крвни и бескрвни жртвувања на Бога, и денес во македонската народна култура се подготвуваат жртви, приноси

храна

приготвена

со

месо80,

на

верските

православни прослави, на кои Македонската православна црква им прогледува низ прсти заради постара вкоренета, обнародена обредна традиција.

Трета книга Мојсеева, 1:1-17 и 2:1-16 и 3,1:17 и 4,1:35 и 5,1:19 Тоа претходно е заклано, пуштена е крв и пролеана за да се приготви за јадење. 79

80

42


Помнам при ѕидање на куќа дека се става крв од јагне во темелот на куќата, и тоа е обреден систем кој поминал низ религиските промени и преживеал до денес. Интересно што вели Светото писмо за тоа: „Првиот човек Адам стана жива душа, а последниот Адам- животворен дух“81. И доаѓаме до разликата меѓу душевно и духовно што е важна кота за разбирање на обредот. Погоре потврдивме дека обредот значи покрај другото и: очистување од грев, престапи, спасение на душата, барање милост, прошка од Бога. Тоа сето може да се подреди како сооднос, дијалог, дејство, заедништво со Господ. Или потребата да се премине од душевност во духовност? Библијата има многу патокази за таа духовна и душевна состојба, кои ќе ни помогнат подобро да проникнеме во обредноста како суштина на самиот живот. Има едно место каде се зборува за: „земјан и небесен човек“, „односно Господ од небото“, како и за : „за обликот и образот на Бога кој го носиме“.82 81

1 Коринтјаните,15.16: 45

43


Еден од патеките на уметноста се делата со кои ја потврдуваме таа врска меѓу земното и небесното. Тука обредот секако е повтеж, стремеж да се биде во образот на Бога, да се биде создател, да се обидеме со делата да бидеме тоа. Ќе наведам два примера за вградениот принцип на обред во нас. Игравме театарска претстава во село Лески, Мала Преспа, кај Македонците во Р Албанија. По мој драмски текст во режија на Владе Денчов. Претставата се именуваше „Зајдисонце“83 На едно дрвено трупче во една сцена имаше поставено икона на Света Богородица со Исус Христос во рацете како дете, за време на преставата84, гледачите, се прекрстуваа доаѓаа на сцената и оставаа дарови во поклонение и пари. Како да се именува оваа постапка, како допир на обред, театар и самиот живот? Или едноставно

можеме да кажеме дека обредот влегува во

театарот? Или дека обредот е посилен од театарот и

82

1Коринтјаните, 15.16:46-48

Док. Филм. „За театарските пророци кои беа пред вас“. Види: http://youtu.be/7C0kyzxpNtg 84 Играна на средсело, кај Македонците во Р Албанија. 83

44


животот? Дека се порамнуваат обредот и театарот во едно? Или тоа е, потврда, показ за нивната суштинска врска.85 Но, тоа ќе го обработуваме пообразложно во последната глава на трудот за тоа како обредот преминува од себе кон народната култура и кон уметноста. А сега сакам да потсетам уште еднаш за пример за вградената обредност во македонската народна култура, во народот која ми ја раскажа и посведочи археологот Јовица Станковски за Кокино. Имено за снимање на видео запис е поставен голем крст во подножјето на Кокино, од приодот во источната страна, кој по завршувањето на снимањето требало локалното население да го отстрани, а тоа не го сторило. И по извесно време, кога археологот отишол на местото на настанот имал што да види. Под крстот посетителите палеле свеќи, оставале предмети како дарови и делови од облека како пред олтарите во црквата. Тоа ни ја потврдува длабоката нужност на народот од обред, како патека на спознание, потрага по Бога. Да го сретнат, доживеат, да им се јави, да побараат поука од него, знак,

Во претставата „Зајдисонце“ е присутен обреден сооднос и дејство кон Бога, има повеќе обраќања на актерите кон Господа. Види: http://youtu.be/fHLHGWdu6GE?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA

85

45


милост. Мислам дека тука е таа основна нитка, корен, повтеж за обредот кај луѓето. Жед за Бог и неговата љубов, која се изразува сè посилно, кога таа не ја наоѓаат во верските институции и нивните служители. Поточно кога не можат да ја препознаат кај нив, имаат потреба од обредност, сопствена или установена народна постапка, ред, обред за да го бараат и да општат со Бога. „...потребно е време во Словото и молитвата“86, вели Руибал. Таа зборува за потребата од молитвата како дел од обредната постапка, кога разговараме, му се обраќаме, го молиме Господа. Во театарот имаме потребно време за: проби, посветеност, сосредоточеност, духовно зреење со текстот и словата, тоа исто така може да се именува како време за словата и нивното овоплотување, зреење во нашата душа. Молитвата е секако обред нареден во слова, понекогаш се кажуваат потврдени молитви и зборови како познатата: „Оче наш Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, биде волјата Твоја, како на

86

Руибал, 2004: 114

46


небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не нè воведи во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството и силата и славата во сите векови. Амин...“87 Руибал

понатаму

објаснувајќи

ја

обредната

молитвеност кон Бога вели: „Секоја мисла мора да биде доведена во покорност и послушност на Христос“.88 Тоа подразбира ред и подреденост кон Бога, што е обредот

во

својата

суштина.

Во

наш

контекст,

размислувајќи за врската меѓу обредот и театарот, доаѓаме до точката која нè доведува до доживувањето, замислата, толкувањето на обредното дејство, на утврденото дејство во кое

се менува точката на која се обраќаме и од тоа е

условено дали му се молиме, играме, дејствуваме за Бога или за гледачите со наше автохтоно толкување, а тоа е разликата и преминот, односно котата, границата која ги одделува обредот од театарот и обратно. А нам ни ја

87 88

Матеј,6: 9-13 Руибал, 2004: 144

47


покажува нивната суштинска и длабока поврзаност. И во обата случаја е потребен чин на вера. Ќе поместам на почетокот уште една вредна книга, од богатата народна култура, објавена неодамна, а тоа е „Рекански лекарственик од крајот на 19 век“. Во него се забележани обредни практики како рецепти за одреден проблем на меѓучовечко однесување, односно болка, болест, слабост и слично. Еве поместувам еден од нив, подреден како - „Рецепт бр.4. За оток“: „Најди гушна жаба надени ја на шилка клај ја во ново гарне, а гарнето в буниште да огние та во главата ќе наеш камче и карст и пеј три пати Отче наш и преблагословена си Богородице па варзи му го на глава“.89 Ние тука имеме рецеп, кој опфаќа претхристијански елементи, а вграден со молитвата, обраќање кон Бога, обредно молитвено општење преку христијанска молитва.

89

Георгиевски,2012:137

48


Такви примери во македонската народна култура имаме многу, обреди кои преминале религиски системи и се живи и денес, вградени, вплотени во христијанството.90 Анализирајќи ја горната обредна постапка, можеме да заклучиме дека има пишан дел, кој го потврдува редот, правилата на обредот. Но, да поместиме уште една од обредните рецепти на богатата македонска народна култура. Заведена е под број „Бр. 24. Со назнака за што е: „Аку не љубит мош или жена можа.“ Кога нема љубов меѓу брачните партнери. „Фати ластовица заколи ја, та ја свари или испечи ја нека ја изеет кои се на љубит“91. Можеме да зборуваме за крвна жртва92 со која се растура однесувањето на партнерите во брачната заедница, а молитвата е христијанска. Тоа се пред сè, живи обредни Таков обреден простор е местото наречено Самовилска вода, во селото Биљаковце, Кумановско, каде е најден храм на Митра, а денес е христијанизиран, осветен е од православен свештеник во обредна постапка и се слави Томина недела, со сите елементи на икони, крстови и слично, што се дел од православното христијанството. 91 Георгиевски Михајло,2012:139 90

Убивањето на ластовицата е пуштање крв и крвна жртва опишана во Стариот завет во глава 3 Мојсева. 92

49


содржини, дејствија, сценарија, синописи, налози за дејство за да се помогне во здравствената состојба или на сторението. Во првото се гледаат христијански елементи со молитвата Отче наш и Преблагословена Богородице, втората е само дејствителна. Или со театарски речник кажано мизансценска. Народните обредни форми се останати до нас и сè уште се активни. Кај Георгиевски се помесени зачувани записи на 170 страници за разни обредни и исцелителни потреби. И ако сè уште има време, може да се тргне по македонските села, кај постари жени, најчесто обредни практичарки, и сето тоа да се документира, за да остане како запис од народната, односно духовната култура. Тие дејствија, активни и денес, иако се пред исчезнување, ја потврдуваат, длабоката суштина и потреба кај Македонците, и не само кај ними, од обредност, сооднос, потрага по Бог. И тоа посебно се изразува кога официјалната религиска заедница потфрлува во своето сведочење, служење, објаснување, преставување на Бога.93 И народот го бара Господ на свој начин, со Под тоа подразбирам. Незадоволство од свештеникот, служителот, од институицијата црква, неможноста да објаснат 93

50


претходното историско искуство или со помош на својата замисла и надареност да општи со Бога. Во Стариот завет на Светото писмо во третата книга Мојсеева, од 116 до 150 страна, се поместени записи и првилници за обреди на прочистување со крвна жртва со крв на животни. Како што се именувани во насловот и се наречени: „...жртва за грев, попрскување со крв...“94 И понатаму: „...им ги помаза краевите на десното уво, краевите на десната рака и десната нога; а другата крв ја изли кај жртвеникот наоколу...“95 Зборуваме за крв на овни, овци, крави, телиња, гулаби по потреба и според обредните правила за прочистување. Значи имаме запишани обредни дејства за прочистување од гревови. И интересно е дека крвната жртва некој постапки и да помогнат си духовно делување за здравствени проблеми, не се достојни да го слават и да му служат на Бога со своите дејства, со степенот на верба и слично. 94

3Мојсеева, 5: 7-9

95

3Мојсеева,8:24

51


курбан е сè уште присутна во македонската народна култура, посебно во верските прослави во христијанските светилишта и цркви при осветување на нова градба кога се истура крвта во темелот на куќата на закланото јагне. И тоа подразбира дека записите за обредни дејства постоеле. Во македонската народна култура се поместени и можеме да ги најдеме во зборниците на преродбениците.96 И секако не е спорно дека обредот е дејство поврзано со Бог и на некој начин е потрагата по Бога. Стремежот на луѓето да го најдат Бога, да им се јави, да им се објави. Тоа е на некој начин и стремеж кон знаење. Да научат од него за причините и постапките. Наука без Бог нема. Да го сетат и доживеат Бог и да се соединат со него, вели: „ ...бидете свети оти и јас сум свет...“. 97 И тука се јавува народната духовна култура , кога не го

наоѓаат

Господ

во

официјалните

храмови

и

свештенослужители, незадоволни од нивното знаење за Бог и постапките го бараат со сопствен обреден ред. Во 96 97

Шапкарев, Верковиќ, Мазон, Цепенков, Миладиновци и др. 1Петар, 1: 16

52


правилник наследен од постарите обреди кои се помнат. Од претходни религиски системи кои останале во помнењето за соодносот на човекот со Создателот. Светото писмо вели: „...за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква...“.98 А сепак обредните дејствија кои ги надживеале промените на религиските системи се активни и денес. А тоа е потребата да се „обредува“, да се биде поблиску до Бога, да се доживее неговото објавување. Да се види, да им се јави на неговите чеда. Трета книга Мојсеева е обреден правилник дојден до нас преку Стариот завет. Целата книга е синопис, сценарио, образец, правилник на обредот на прочистување со крв на животни. Описот е детален за да не се погреши, и според тамошните примери казната за гревот е смрт. „Двата сина Аронови, Надав и Авиуд, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво и принесоа на Господа туѓ оган, иако тоа не 98

Римјаните, 7:6

53


им беше заповедал Господ. Тогаш излезе оган од Господа, и ги изгоре, и умреа пред Господа.99 Тоа е пример за строгиот ред и подреденост на обредот кон Бога. Тоа е духовен ред и поредок. Длабока вечна врска на човекот и Бог од која се изнедрил обредот како заемност на обата. Тоа нè доведува до познатата духовна врска на Отецот и Синот. И со доаѓањето на Исус Христос, со неговото воскресение, ни го оставаат Светиот Дух како утешител100, како духовна личност од светото тројство. Значи имаме запишни обредни дејствија во Стариот завет на Светото писмо. Тоа значи дека обредите имале пишани синопсиси, сценарија за да дојдат до нас. Во македонската култура има малку записи за обредите, повеќето се пренесуваат од колено на колена и допираат до нас со богата духовна обредна практика. Но, затоа имаме обреди кои останале живи, активни до денес со помош на нивни служители, поточно луѓе кои му служат на Бога и дошле до нас и се предмет и на овој научен труд. Или обреди кои се возобновени за да нè поврзат со суштината

на

играњето

за

Бога.

Еден

од

нив

е

2Мојсеева,10:1-2 „Јас ќе го помолам Отецот и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека. Духот на вистината...“ Јован, 14:16-17 99

100

54


возобновениот

обред

на

мегалитската

опсерваторија

„Кокино“, инаку, обредна света планина со височина од 1013 метри надморска височина, која нашите предци ја доживувале како Големата мајка и во нејзините отвори ставале предмети замислувајќи како да ја даруваат земјата со надеж да им се вратат даровите во плодност.101 Дарување е обред сам за себе: обредни лебови, крвни и бескрвни дарови, во обреден ред, а најсетне дарување со слово со збор не е непознато посебно во период на македонската антика. И да не заборавиме дека дарувале и зборови во молитви. И да не заборавиме дека и зборот е обредно дејство. Кој поаѓа од чувство и мисла кон озвучување, треперење упатено некому со повратен сооднос да се врати или да се намножат дел од даровите, дарувани на светата планина во последниот случај и зборовите на молитвата упатена кон Бога. Интересен е податокот дека наоди од животинско потекло има само на северната платформа на „Кокино“. Дека претежно обредните дарови биле бескрвни. Настанот на Кокино ни помогна преку возобновување на обредната

101

Док. Филм „Вдахновение со светлина“.

55


рекоструирана постапка од археолозите, во чест на Светиот брак, Хиерос гамос, меѓу небесен Отец и земна мајка, за да го возродат, вдахноват, овоплотат, Бого-човекот, човекот актер,

жрец,

свештенослужител,

обреден

практичар,

дејствувач со дела и зборови. А тоа е основниот, првичен, корен на сите обреди или Пра-обред. СВЕТ БРАК. Поточно безвремената, вечна света приказна за возродување доаѓање на богочовек, кога го очекувале и нашите предци како и ние денеска. Доаѓање на избраник, помазаник, спасител Месија, пратеник на Бога. Да ги озвучи, отелотвори живите слова102 на обредната молитва. „Да седнеш и да размислиш и осознаеш нешто за театарот. Ќе треба да навлезеш во внатрешна доживеаност од чувства, да дојдеш до смеата и солзите, до коренот да се зборува и прозбори, до промена на себе си...“.103

102 „И словото стана тело и се всели во нас полно со благодат и вистина...“ Јован,1:14 103 Lerner, 1986: 9

56


Понатаму тој зборува за: „...чувствена терпија на театарот... за популарен музички театар, опера, музичка комедија, мјузикли...“.104 Авторот троши 240 страници за да го дообјасни музичкиот театар. Секако ние имаме реконструирано премин од хорот кон орото и драмување на стиховите, состојба меѓу пеење и зборување, во драмска обредна игра која ја применуваме на часовите по Сценски говор со техника на глас105 со студентите, класите по актерска игра. Ние понатаму зборуваме за „молитвен

слој“ во нашите

гласови. За Боженствен тон на гласот во зборувањето со поезија, и драмска поезија , за глас во врска со Бог преку молитвата. За степен на духовно зборување, што е дел од обредот. Ние зборуваме за метричките стапки во драмската поезија, кои ги играме во македонските ора, за хорот како дел од обредните дејанија, за хорот во античкиот театар, за хорот за свадби, кој суштествувал пред само 100-тина години во македонската народна и духовна култура. Сите тие стапки и постапки се дел од суштината на обредот и 104

Lerner, 1986: 9

105

Факултет за драмски умености, Скопје

57


обредните дејства. Пред сè секако како барање, потрага по Бога, преку имитативни дејства, молитвен хор, молитвено обредно оро, рецитативен хор, потоа молитви, објави, сведоштва за

Господа

во

стапките

на

духовната

(молитвената, драмската) поезија. Но, еве што вели Лиса, Сириш106, во својата книга за обредите: „Да учиш за човекот значи да учиш за обредите“.107 Според моите искуства на истражувањата на истите кои не се само теорија, туку и практика суштински е во право. Дури и понатаму човекот со обредот е вграден во системот на општење со Бога. И како што вели таа: „...иднината на човекот е иднината на обредот...“.108 И

секако,

оди

понатаму

суштината на обредот затоа што:

Lisa Schirch Schirch, 2005:1 108 Ibid 106 107

58

продлабочувајќи

за


„...Обредот не создава судири...“.109 Навистина е во право, ако само ги забележите лицата и изразите на оние луѓе кои четирипати беа на нашиот молитвен настап во Кокино, ќе видите дека тие доживуваа: блажина, просветлување, духовен мир, поврзаност кон Бога со љубов и разбирање.110 Понатаму, Сириш продолжува: „ Обредот те спотнува кон нормален живот, општи со симболи, учи низ дејствија, нè спотнува на процес на менување.111 Ете дел од неговата богата духовна суштина и секако тој е и: „Место за игра. Човечки импулс, спотнатост да игра“.112

Ibid Имам снимено изјави на документарни матријали и анкети од гледачите после настапите на Кокино. 111 Schirch, 2005:2 112 Schirch, 2005:3 109 110

59


А играта значи: „Играта како идентитет“.113 Тоа се однесува и за македонските песни и ора, народни обредни игри, кои се дарувани во избилство од Бога во македонската народна и духовна култура, што нè прави ризница на истите. И не е случајно се вели дека „Македонија е лулка на театарот“, а театарот е настанат од играње за Бог, од драмско-обредно дејство кон Бога.114 И тука се поврзуваат причините и последиците во обреден ред како врска меѓу обредот, преку народната култура до театарот денес. И уште нешто за обредната суштина од истата авторка: „ Обредот кој гради мир, разбирање, зближување “.115

Schirch, 2005:3 Дионисовите слави. 115 Schirch, 2005:7 113

114

60


И на крајот: „

Обред

и

духовно

знаење

преку

себе

потврдување“.116 Тоа повторно нè доведува до сознанието дека учеството во обредот е процес на спозание на Бога, со сето тело и душа, со сите сетила, со нашиот ум, со срцето и душата. Процес, кој поаѓа понекогаш од телесното кон духовното, од обично, зададено, утврдено физичко дејство со степен на верба кон повисоките слоеви на сознанието и спознанието. А, слична е и состојбата во театарот и на сцената. И таму се бара присуство со сите сетила, со сето тело и душа, за да имате причина да бидете горе, да бидете надарен, богодаруван, да ги толкувате нештата меѓу световното и духовното, меѓу земното и небесното, меѓу човекот и Бог. Сигурно е дека театарот почнува со верба. А, обредот исто така е степен на неизмерна верба. Верба до препуштање во Бог и божественоста. Сигурно е дека обредот завршува во театар. Или се преобразува во него.

116

Schirch, 2005:15

61


Додека, пак, театарот кој почнува со обред и секако завршува со него, ако зборуваме за духовната култура117. И тоа е неговата суштина. Обредот е процес кој поаѓа од игра за Господ, кој преку народната култура преминува низ креативно толкување и надоврзување, а во современиот театар до сопствено творештво. Обредот е секако дејство, игра, исто како и театарот. Но, еве што би рекле христијаните кои, ја црпат својата духовна сила од Светото писмо. На пример Книзер: “Дејствување на Светиот Дух кој не можат да го заменат обредите“.118 Ако немате сознанија и не сте ја прочителе Библијата, Светото писмо, а свештениците не ви објасниле што значи крштевање со Свети Дух, вие нема да разберете што сака авторот да ни порача. Ако нема поистоветување со Бога со вашите свештенослужители, вие самите ќе го барате Бог. Имате доволно обреди во македонската народна 117 Гротовски, Брук, Барба и други театарски посветеници театарот го поврзуваат со повторно враќање кон Бог. Враќање на неговиот извор. 118 Книзер, 2003: 4

62


култура. Таа е вистинска ризница на духовни драми кои го бараат, слават и сведочат за Бог. Но, за тоа во главата која ќе го обработува

обредот и народната култура. Ќе

поместам уште еден автор кој дава насока за суштината на обредот и неговата духовна врска и разврска: Во нивните сознанија, во предговорот на книгата се зборува за „сликање на односите“119, се зборува за „литургиски драми, за пред-ренесансно христијанство“120, се зборува за сценско сликање121, сакајќи да се подвлече дека црквата и театарот произлегле од едно исто нешто, а тоа е обредот и обраќањето, славењето на Бога. Секако и да се истакне дека фреско-сликарството е „сценографија“ приказна во слики, приказна со бои која раскажува духовни вистини. Авторите подвлекуваат дека: „Црквата

после

Римската

Империја

била

инспирација за нов европски театар“, нè посетуваат за драми од кои сè се учело за Христа со драмски текстови, а 119Crabtree, 120 121

Beudert, 2005

Crabtree, Beudert, 2005:361 Ibid

63


ги истакнуваат и литургиските фестивали за Божиќ и Велигден122, за кои се граделе посебни сцени на отворен простор, по дворовите на храмовите. Тоа е една од патеките како обредот преминал во драмска обредност и понатаму во театарска содржина во која Бог не е повеќе на главното место, туку уметникот и творецот, кој го земенил и заборавил Бога. „Во православието, пак, се присутни мистериите и литургиите.123 Како духовни обредни драми. И секако, авторите го истакнуваат: „Фреско-сликарството - како декорација “.124 Мислејќи пред сè на театарот и драмата. А тоа не носи до македонските фрски и икони кои се предренесансно сликарство, пред- весник на ренесансата. А, тоа само ја потврдува длабоката поврзаност на македонската култура со Бог и духовноста.125 Во католицизмот. Crabtree, Beudert, 2005:367 124 Crabtree, Beudert, 2005:368 125 West Rebecca, Black Lamb and Grey Falcon, Penquin Books, New 122 123

York, 1969

64


Сè на сè, обредот е код, корен, белег внатре длабоко во нас, како потсетник, будилник кој нè повикува да го бараме Бога, а со тоа и својата духовна природа. За него не може да се зборува како за нешто неуко, примитивно, паганско, туку за космичко, небесно, суштинско, коренито и Господово. „...Инаку зошто и најпримитивните луѓе, коишто живеат во грмушки и немаат поим за образование или нешто слично, имаат потреба да обожаваат некој Бог? Бидејќи се Дух. Создадени според Божјиот лик. Нивниот внатрешен човек им сведочи за тоа...“. 126 А, нас нè загатнува потребата од обред и денес со сета техника и технолошки развој на човекот и неговото опкружување. Настапите на Кокино, и живите обредни народни дејствија зачувани во македонската култура го потврдуваат токму тоа насушно. „...ние не сме само тело, крв и душа (психа). Ние сме и духовни суштества...“.127 И тука се таи една од основите потреби за играње и славење на Бога, за таа наша обредност до срж. 126 127

Книзер, 2003: 47 Ibid

65


Цитирајќи го Апостол Павле во Коринтјаните 1, 6: 19, Книзер нè потсетува: „ Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?“. 128 Веројатно некој од нас го забораваат и го заборавиле тоа. И така потешко ќе разберат за обредот како суштина и неговите етапи на преобразба во театарот и народната култура. И да потсетиме со Апостолот Павле, тој вели и поучува: „Скапо сте купени. Затоа прославете го Бога во своите тела и во своите души кои се Божји...“129 . И потоа почнува обредот во духовен трепет, восклик и возбуда. Во јасна суштина и насушност сме дека обредот е религија,

исто така и духовна култура, но

и народна

култура и театар и уметност. И тука сме на почетокот на повратната духовност на возобновениот обред кој нè потсетува на она што сме, што сме биле и што ќе бидеме

128 129

1 Коринтјаните, 6:19 1 Коринтјаните, 6:20

66


ако останеме со славењето и сведочењето за Бога, во тој свет и посветен обреден сооднос.

ОБРЕДОТ КАКО РЕЛИГИЈА Во Стариот завет на Светото писмо130, посебно во Трета книга Мојсеева се поместени пишани старо - заветни обредни системи за прочистување и простување на гревовите со крвни жртви. На тој начин, до нас е дојдено и имаме пишано сведоштво дека обредот е поврзан со односот на човекот и Господ и вербата во него. Имаме потврда дека тоа е востановен систем, ред за човекот да му биде угоден131 на Бога. За да биде строен и построен пред него.132 На почетокот на оваа глава на докторскиот труд ќе поместам една од запишаните обредни постапки која се однесува за чистење на бремена жена од Стариот завет: 3Мојсеева 1-13 Во православната реторика име еден ибав збор БОГОУГОДЕН. 132 „И како што го носиме обликот на земниот, тека ќе го носиме и образот на Небесниот„ 1Коринтјаните,15:49 130 131

67


„...кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена... а таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето сè додека не изминат деновите на нејзиното чистење. А ако роди женско дете, тогаш нечиста да е четириесет дена... И кога ќе навршат деновите на чистењето нејзино, тогаш заради синот или ќерката нејзина нека донесе при свештеникот пред скинијата на сведоштвото јагне без недостаток едногодишно - жртва сепаленица или гулапче или грлица како жртва поради грев...“.133 Нема потреба од докажување дека обредот е произлезен од односот меѓу земниот човек и Господ. Дека се работи за правила на однесување поставени од дамнина, од најраните форми на човековата свесна активност, веројатно подредени на законите на универзумот. На почетокот обредот е длабока врска со Бога, потреба да се биде со Бог, да се биде едно со него, да се има врска со Господа, а самото дејство е произлезено од очекувањето на доаѓање, овоплотување, возродување на Божјиот избраник,

133

Трета книга Мојсеева, 12:2-6

68


Божји-човек, Бого-пратеник, Бого-помазаник, Мартир на Бога, потврден и избран134 во тој однос и сооднос: земнонебесен, во науката познат како Хиерос Гамос135, свет брак меѓу небесен Отец и земна мајка од кој би требал да се овоплоти,

роди

Бого-човекот136.

Истата

приказна

се

повторува низ историјата и кај Диониса137 и другите антички божества и завршува кај Исуса Христа138. А тоа е светиот обред и драма на Светиот брак и очекувањето да дојде избраник на Бога, Спасител. Тоа Татаровска го нарекува: „...контаминација на дионизиските религиозни идеи со христијанските...“139 Ние, денес имаме мноштво религиски групи, системи, кои мислат, дека се тие вистинските, дека се избрани, дека им е дадено, само тие да општат со Бога. Во

Од Создателот, од Бог. Архелогот Јовица Станковски зборува за кокинскиот обред, и го поврзува со Светиот брак меѓу небото и земјата за да се роди Бого-човекот. Док.филм „Кокино - духовност и боженственост“ 136 И на Кокино обредот за плодност во суштина е Хиерос гамосСвет брак меѓу небото и земјата за да се роди Бого-човек. 137 Дионис син на Ѕеус(Отец) и земна мајка Семела. 138 The Jesus Mysterries, Freeke Timothy, Gandy Peter, Thorsons, 1999, Great Britan 139 Татаровска, 1999:4 134 135

69


нивната утврдена обредност, самонадеаност е и религиската поделеност

на

светот

денес,

меѓу

верниците,

меѓу

христијаните и другите верски заедници, поделеноста е токму на тоа поле најголема, според начинот на читањето, толкувањето, славењето и обавувањето на обредите. И каков апсурд, луѓето војуваат во името на Бога, затоа се мразат и убиваат, затоа се водат денес војните, кои суштински се верски војни: меѓу Евреите, муслиманите, хинду, христијаните, православните христијани себе

140

меѓу

, и останатите религиски заедници... по тоа се

поделени , пред сè по обредите, начинот на кој му се обраќаат на Бога, како ги толкуваат записите за тоа како треба да му се молат, и да го слават Бога, да ги вршат обредните постапки, да му служат, а во однос на христијанските заедници, како ја толкуваат Библијата, Светото писмо, тоа значи дека поделеноста е по драмската структура на службите, обредите, на пример: Дали треба Господ да се слави вака или онака, дали ние имаме право да го славиме Господ или вие имате право и го правите тоа на За пример нека се православнте цркви на македонскиот полуостров: српската, бугарската, грчката и македонската, кои не сакаат да се видат меѓу себе, иако Христос вели: „...ќе ве познаат дека сте мои ученици ако се љубите меѓу себе“

140

70


вистински начин?... Какво треба да биде крштевањето? Дали веруваат дека има крштавање во Свети Дух или не?141 И многу други ситни детали, извадоци со кои се чита Светото писмо, на кој начин се толкува и обредно-дејствува во името на Бога за да се прошири поделбата. Иако, скоро сите религиски системи се согласуваат дека еден е Господ142, а сепак во обредите се разликуваат и се делат... се поставува едно одредно прашање кое ја одредува понатамошната постапка со обредот и религијата, дали обредот е поважен од самата верба, од самата религија, начинот на кој се извршува, дали е толку важен? Како е можно христијаните да се поделени по читањето на Светото писмо, кога имаат апсолут, авторитет, Библија? Кога сите веруваат во Христа истото важи и за другите религиски системи кои имаат поделби. И се наметнува размислата дали обредот е театар, па се расправаме за читањето на претставата? На напишаната престава. Дали обредот е поважен од суштината на соодносот меѓу човекот и Господ? А суштински, обредот е сценарио за светодејствие, одредено со догма, строги 141 142

Иако за тоа пишува во Светото писмо. 1 Коринтјаните,12:4-5

71


правила, како напишана драма во која авторот не дозволува да измените ни слог, тоа е чин на имитативен театар, како на пример: симболиката на крштевањето на Исус со леб и вино143, што се преповторува кај христијаните на: венчавки, погреби, слави, причестувања и други обредни светодејствија како: истурање вода во Вардар на Водици, што е исто така имитативен чин144 на крштевањето на свети Јован на Исуса во реката Јордан145, или земање света причест со леб и вино.146 И нели сето она што го посакува обичниот смртник да го добие од Господ го ставил во обредната игра, обредното дејство, како свет театар, посветен театар на Бога. И истражувајќи ги обредните игри на религиски и национални групи доаѓаме до една основна суштина. Во играта, дејствието има: посветеност, верба, духовен пристап

Јас сум живиот леб што слезе од небото...“Јован, 6:51 А виното е крвта Исусова. 144 Обред на вода. 145 Во чест на крштевањето на Исус од Свети Јован Крстителот во реката Јордан, православните христијани го фрлаат крстот во реката и водите и симболично ги осветуваат. Тоа е имитативен обред. Се дејствува за да се повтори и слави крштевањето. 146 “Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.Зашто Моето тело е вистинска храна и мојата крв - вистинско питие“ Јован 6:54-55

143

72


и поврзаност дека играме за Бога, утврдени стапки, слова, реченици и дејствија, пишани и непишани правила, значи тоа подразбира синопсис, сценарио свето-драмие, или свето-дејствие, свештено-дејствие или сцено-дејствие. И повторно ја подвлекуваме врската на религијата и театарската игра, од појдовна точка на игра посветена на Бога, до нивната заемно-дејствителна врска. Базично и во театарот е потребна верба како и во обредот. Големите актери веруваат дека театарот е храм, свето место, и тоа се одразува на нивната сила да предизвикуваат чувства кај гледачите.

И

обредот

ако

се

дејствува

со

верба

предизвикува чувства, восхит, обземеност, духовна возбуда, но исто е и во театарот во големите претстави кои ги допираат гледачите и тие се препознаваат во нив, обземени се со дејствијата кои ги вовлекуваат во играта147, менуваат нешто во нивните чувства. И по Аристотел доживуваат „катарза“148, промена, прочистување, пред сè на духовно ниво на нивната сушност.

147 148

Дејство, обред, театар. Чувстено празнење, ослободување на потиснати чувства.

73


„Библија е книга за односите. Во неа се зборува за нашиот однос кон Бог, со нас самите и со другите луѓе...“.149 За мене тоа е најголемата духовна драма која зборува за односот на човекот и Бог150. Во неа се посведочени старозаветните обредни дејствија на прочистување на луѓето од разни пригоди со обредни крвни жртви, дојдени до нас, кои и во македонската народна култура сè уште се активни.151 Тоа ни покажува дека обредот надминува и преживува религиски системи и опстанува до денес. Би требало Исус Христос да е последната „крвна жртва“ и после него такви дарови во името на Бога се ништожни, но сепак, обредите и денес се случуваат на славите152 и на положување на темелите на новите градби153, но не секаде и не кај сите. Тоа е еден начин на изразување и потврдување 149

Маер, 2009: 155

Иако и целокупната античка драматургија се бави со тоа, како и трагедиите на Вилијам Шекспир, Молиер, на односот на Господ и земниот човек. 151 Дали обредот е толку значаен, што народната култура не се откажува од него, на пример со крвните жртви, кои не би требало да се применуваат во христијанството, после Исуса Христа. 152 На христијански слави се приготвува јагне како жртвен оброк или бик. 153 За темел на куќа се коле јагне, се истура крвта во темелот на градбата и се става неговата глава во него. 150

74


на вербата кон Бога, останата во традицијата од дамнина. И пак е во сооднос со Господа иако е старозаветна крвна жртва, која со Новиот завет со Исус Христос би требало да е надмината. И тоа ни покажува дека народот од обредите не се откажува така лесно. Во документарниот филм „Света вода Јованова“ штец Златко Давидковски објаснува колку вербата во Бога е важна во исцелувањето. Се разбира тој сведочи за обредите на исцелување со света вода, а секако вербата е важна и во уметноста, без верба нема да ја допрете публиката и нивните чувства, ниту на сцената. Во Македонија има многу свети води на кои се случуваат обредни исцелувања. Водите се поделени по имиња на светци и по болестите за кои помагаат. Некои од нив преминале религиски системи и се христијанизирани. Традицијата со исцелување на свети води ја има и во македонската антика кај митскиот македонски цар Орфеј.154 Маер дава добра дефиниција за врската и поттикот на обредното дејство посветено на Бога:

154

Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989:310-312

75


„Да му пееме песна на Бог, придружувајќи ѝ се на големата химна на вечноста, е една од најголемите радости на животот овде на земјата... тогаш сме исполнети со Неговото присуство, за да ја живееме големата заповед... испружени со рацете кон небото... да му служиме...“.155 Тоа е добра дефиниција, анализа, пеење за Бога со химна на вечноста, со радост и испружени раце кон небото за да му служиме. Значи ли тоа дека обредот може да се подведе како СЛУЖЕЊЕ. Или има уште нешто повеќе од тоа? Секако, служењето е категорија на обредните верници во Бога и во црквите и во народните обредни творби. Свештениците служат во црквите, а жените од Крива Паланка своето обредно пеење го именуваат како СЛУЖЕЊЕ.156 Да не заборавиме пред 100-тина години имало хор за свадби, според Стефан Верковиќ157 и она што го запишал од Дафина од Серез, која и самата била водач на таков хор-служба за свадби и народни слави.

Маер, 2009: 18 Док. Филм „Обредно пеење во К. Паланка“. 157 Верковиќ, 1985: 56-58 155

156

76


И ние во македонската духовна култура имаме потврдени категории поврзани со обредот како: обреден леб, обредни дарови, како крвни така и бескрвни и денес присутни како посна и мрсна слава кога се порамнуваме според она што го даруваме и јадеме на про-Славата на домашната слава на светецот, односно преставникот на Господ. Ја

имаме исто така и категоријата: обредна

крстена158 - света вода159. Има многу култови и обредни дејства на вода во македонската духовна160 култура, само во Кумановско: Самовилска вода, Јованова вода, свети Петар и Павле, Кузман и Дамјан, Света Недела, Света Петка, Руса среда161, присутно е именување на води по светци и празници, иако некој од нив се постари и датираат

Крстена вода врз која е извршена служба, литургија, обредна постапка за осветување, слично како што свети Јован го крштеваше Исуса во реката Јордан. 159 Света вода која помага за исцелување и која денес во христијанството носи име на светец како: Света Недела, Света Петка, Руса Среда, Свети Кузман и Дамјан, Свети Јован, Свети Патар и Павле и др. 160 Тешко може да се повлече граница која култура е духовна, а која е народна во однос на водите. 161 Има и икона од Руса Среда, а според житијата православната црква не се согласува дека суштествува таква светица. 158

77


од постаро време, како на пример Самовилската вода162 во Кумановско. И ако направиме споредба обредите на вода се надополнуваат низ милениумите во македонската духовна и народна култура. Орфеј проштевал гревови на вода и свети Јован крштевал со вода, Елеусинските мистерии се влегување во вода и простување.163 И тој чин на барање прошка од Бог е една од основите двигателни сили на обредот.

Обредот

коренито

е

и:

барање

прошка,

прочистување од гревови, прочистување на телото, душата и духот во единство со Бог. Во тој чин имаме и обредни зборови во молитва и драмски стапки кои биле хор и оро. Обредните дејства се подредени на Бога во редот на обредот. На пример: Обредот на крштевање подразбира дејство на капење на верникот во света вода и одрекување од Сатаната, кое го прави

Кумот

во

негово

име

во

православното

христијанство. Тоа подразбира свесен избор на личноста да Во неа е најден храм на Митра, Бог на јасното сонце од предолимпската митологија 163 „Зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше.“ Јован 5: 4 162

78


го избере Исус Христос за Спасител. А во нашата духовна култура бидејќи се крштеваат мали деца, кумот ја презема одговорност на изборот?164 Во молитвените обредни терапии-дејства кај Пастор Константин Кајшаров165, се применува одрекување на пациентот, сам за себе, да го направи својот избор, да се откаже од Сатаната и демоните и демонски влијанија, од сето она што го оттргнува од Исуса Христа и Светото писмо, во еден молитвен обреден процес. Тука личноста, единката сама го прави одрекувањето од Нечестивиот како обреден процес и изборот на Исуса Христа за Спасител за разлика од Кумот при крштевање на мали деца. И тука се настанати поделби кај христијанските заедници и по начинот на кој се врши обредното крштевање на: евангелисти, католици, православни, методисти, баптисти,

Тука се поставува дилемата дали е тоа вистинско крштевање или само претставување пред Бога. Оти личноста би требало самата да се одрече од сатаната, да побара прошка, да се покае и да посака да биде водно крстена. 165 Скоро две години помагам и сум дел до тимот кај Пастор Константин Кајшаров, на молитвени терапии, како дел од моите истражувања на обредот и тоа ми дава согледби да спознавам за обредниот процес со живо учество во него. 164

79


протестанти, Јеховини сведоци166 и други деноминации, иако Христос е еден, но обредите се грстови и многу, и толкувањата

се

повеќе

по

начинот

на

изведување,

извршување на обредите. Но, да поместам еден дел кој е важен како појаснувач на обредот, а тоа е: Дијалогот на искушувањето на Исус во пустината 40 дена со Сатаната кој за мене е духовна драма167, во која се гледаат прашања и одговори од Светото писмо, со кои спорат, разговараат, и е искушуван Исус Христос од паднатиот ангел168. Дејството во Светото писмо има пишан текст, има учесници кои го озвучуваат тој текст, се случува драма и тоа е Новиот завет и дијалогот по него. Вистинска духовна драматургија, духовен театар... тоа е уште еден показател за врската на религијата и театарот како длабока и суштинска...

“А кога се приближи до Него, искушувачот му рече: Ако си син Божји, кажи овие камења да станат лебови“. Истите не веруваат дека Исус е Син Божји и е прашање дали може да се наречат Христијани. 167 Светото писмо е книга напишана од Бога. 168 Сатаната е паднат, исфрлен ангел од небесното царство оти се одметнал од Бога. 166

80


А Он му одговори и рече: „Напишано е - Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога...“169 Имаме драмски дијалог по напишан текст, со оглед дека Исус Христос цитира делови од текстот со кој се брани од искушувачот. Кога го тера да скокне долу Исус му одговара повторно со цитат од светото писмо. „Напишано е исто така - Не искушувај Го Господа, Твојот Бог...“170 И понатаму искушението продолжува со ветувањето и понудата дека сè ќе му даде ако му се поклони нему на Сатаната, а Исус повторно одговара со пишан текст во драмски дијалог на духовната христијанска драма-тургија: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш...“171 Оттука можеме да видиме дека на Бога би требало обредно да му се поклонуваме и да му служиме. Нема 169

Матеј, 4: 1-6

170Матеј, 171

4: 7

Матеј, 4: 10

81


сомневање дека се работи за свето-дејствие или сценодејствие на дијалог од духовна драма, со пишан текст, барем оној кој го зборува Исус Христос. Тука можеме да зборуваме за образовната нитка на духовната драма. Тогаш Христос кој го носи во себе словото на Бога172 е првиот актер, жрец, уметник, духовен сведок за светлината и вистината. Во големата духовна драма посветена на Бога, вистинскиот Создател. А тоа е оној: „оној кој крштева со вода , со оган и со свет дух...“ 173

Понатаму можеме да сведочиме за крштевање со словата на Бога и Бог кој е во словата174 и во оние кои дејствуваат, сведочат за Бога и за оние кои го слушаат проповедувањето. А јас би одел и потаму и би сведочел за крштевање со љубов на сцената, во атерот на театарот, каде се вградува со сето срце и душа актерот сцено-служителот или народниот учесник на обредот или црковно свештено-

Јован 1:1-2 „Јас крштевам со вода...“ Јован 1: 26 / „Тој е кој ќе крштева со Дух Свети“ Јован 1: 33 174 Јован 1 : 1-2 172 173

82


служителот кој ја врши литургијата175 со срце и душа и предизвикува

духовна

возбуда

кај

верниците

и

слушателите. И можеме да поставиме прашање во стилот: Зошто обредот е религија и е дел од религиските системи? И зошто суштествуваат

основните обредни структури кои се

применуваат со векови? Како на пример: покајување, простување, крштевање, избор да се биде со Бога. И дејства кои сведочат, објавуваат, го слават Бога во редовите на обредите. И можеме да потврдиме дека обредот е драма, сооднос, духовно дејство кое нè поврзува и го бара Господ да биде со нас и дел од нас и нашето суштествување. „Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови: ако некој служи, нека служи според силата, која Бог ја дава, та во сè да се прослави Бог, преку Исуса Христа, Чија слава и владеење се вечни...“176 Имаме

показ

каков

е

соодносот

на

јавното

зборување, служење, играње, озвучување и кога тоа има врска со Бог. Во христијанските храмови тоа се именува

Извадок од Духовната драма Светото писмо во обредната Богослужба. 176 Петар 1, 4: 11 175

83


како литургија, проповед, но тоа е самото по себе обредност, потчинетост кон Господа. Било да се обожува Бог или да се обидуваме ние да бидеме Господ за обожување177

и

обоготворување

како

на

пример

хиерархискиот обреден ред во црквите и во театарот, кога челниците во храмовите имаат улога на Бога, како поглавари, избраници, духовни-водачи на религиските заедници, пастори178, а уметникот го остава Бога и помислува дека тој е Создателот. Насоката е од едно кон друго. Од религија кон култура. Од обред кон уметност. Со Бог или без него. Одредница за крштевање во нова обредност. И да се потсетиме дека: Фрлањето на крстот во водата за Богојавление на 19.01 секоја година, во водите, во македонската духовна култура, е имитативен обреден театар според кршевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован Крстителот. Во македонскиот случај на осветување на водите на реката Вардар, и другите води во македонската

Поточно негов избран преставник. Спореди со пастир-овчар кој го бара своето стадо, како Христос, јагнето Божјо и пастиро-началникот. 177

178

84


библиска179 и благословена земја, народот во Македонија верува дека ако се фати крстот се добива здравје и благодет од Бога, покрај тоа што на тој ден, и со тој обреден чин, се осветува водата и завршуваат некрстените денови од родението до крштевањето180 на Исуса Христа. Потоа тајфата, избраникот, благословениот кој го фатил крстот по фрлањето во реката, со светиот симбол181 изваден од реката за кој се верува дека има обредна исцелувачка моќ, оди по домовите на луѓето и таму верниците го бакнуваат истиот и оставаат дарови, најчесто во парични средства, на луѓето кои го носат во нивните домови. И го имаме и Вевчанскиот карневал кој е имитативен Дионисов обреден театар182. Истото важи и за Тримери и Мечкари во Прилеп и Струмица кои се потпираат на истата обредност која преминала во народна

„Преку ноќта Павле имаше видение. Стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: Дојди во Македонија и помогни ни! По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нè повикал таму да го разгласуваме Евангелието“ Дела 16, 9-10 180 Претставувањето пред Бога. 181 Обреден предмет. 182 „Во Артемидините култови чести се игри и маскирања“ Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989: 55 179

85


игра183. Која се преобразила во ден за слава со песни и ора, пеење и играње со зурли и топани во обредни ора на македонската народна култура. Во однос на верските заедници во христијанството, нивните избрани водачи како: папата, владиката, поглаварот на верската зедница и другите именувања се: обожени, обоготворени, избрани да бидат Бог-ови на земјата, застапници на Господ на земјата, а актерот уметникот мисли, верува, дека е Создател, Творец , Бог на сцената, а и во уметноста. И се работи за процес во кој „избраниците“, било во религијата или во народната култура, било во театарот да поверуваат или да веруваат дека се Богови на земјата или достојни да бидат тоа. Тоа значи дека тие играат Господ на земјата, ја преземаат неговата улога. Во обреден или уметнички начин го „играат“ Бога. И тоа веројатно како креативна обземеност со дарбите кои го носи Свет Дух184, вдахновување со Бог, 183 За разлика од записите од Стариот завет на Светото писмо, во трета глава Мојсеева каде се поместени обреди со крвни жртви, македонската народна и духовна култура еволуирала во обреди за песни, со ора, зурли, топани, пресвлекување и подражавачки народен театар, без крв, со леб и вино и веселби.

86


Исус Христос, поточно со Светиот Дух од тројството, со кое се добива водство и живеење во земна обредност со Исуса Христа. „Божјите луѓе ја добиваат способноста преку Светиот Дух да ги вршат Божјите дела и да ги зборуваат Божјите зборови... Божји луѓе... инспирирани од Светиот Дух...“185 Значи ли тоа дека и актерот, уметникот или народниот обреден дејствувач, исто така ги зборуваат зборовите дарувани од Господа? Ние можеме да повлечеме линија меѓу религијата и народната култура, но да не го заборавиме и театарот. Или уште понатаму во контекст за религијата и обредот да потцртаме за појаснување на обредот како духовна култура дека има: „...два вида на човек, внатрешен и надворешен...“186,

„...на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, преку истиот Дух, на еден вера, преку истиот Дух, на еден да чини чуда, на друг да пророкува, на еден да ги разликува духовите, на друг разни јазици, на трет да толкува јазици...“ 1Коринтјаните12:8-10 185 Книзер, 2003:8-9 184

186

Книзер, 2003:41

87


Можеме да потврдиме дека обредот се стреми кон оној внатрешниот кој те бара сиот, сака да веруваш кога си во неговите дејства, да бидеш едно со нив, исто како и во народната култура и во театарот. „Библијата не е книга напишана од луѓе, туку божествено спознание и божествено откровение...“187 Ете, токму за тоа зборувавме за духовната драма која од религија преминува во народна слава и игра и патува кон обредниот, светиот театар.188 А тоа е патека која има повратна духовна линија, како кружниот облик на сцената во античките театари, како орото кое врти во круг, како кружниот тек од родение кон вознесение според Исуса Христа и заветот со него.

Со други зборови кружен

духовен тек на себеспознаие и духовен раст. Друго е: „Mаската на религијата и безначајноста што многу цркви ја носат“.

189

Според зборовите на Пастор Пол

Сканлон, кој сака да ни каже, да ни посведочи за обредот кој е сам за себе и нема примена во секојдневната духовност по дела. Сметајќи дека духовникот треба да ibid Актерот е светец кој се распнува на сцената да ја просветли публиката ќе рече Ј. Гротовски. 189 Маер, 2009: 141

187

188

88


помага и реално, а не само да се моли во историско-обредна литургиска духовна драматургија. Ушер тоа го нарекува: „степен на верба дека се исполнуваат обредите...“190 Или едноставо обредот е препуштање во рацете на Бога со сето она што сме со тело и душа, со срце и ум, да ја допреме состојбата на духовност. Кајшаров таа врска, таа поврзаност ја именува со дефиницијата за молитвата: „...Молитвата не е монолог во кој се повторуваат многу и посебни зборови, таа е жива комуникација со Господ...“191 „Жива комуникација со Бог“. Или состојба на непрекината поврзаност, молитва, разговор, врска со Господ. Духовен обред во бесконечност со секој здив, воздишка, слово, дејство. Можеме ли тоа да го именуваме како состојба на МОЛЕПСТВИЕ. Обредно молепствие, света звучност меѓу зборување и пеење. Непрекината поврзаност, порамнување со Бога. Зборуваме за сооднос, општење, разговор со Господ. Тоа коренито е ред на посветеност, поточно обред. Константин молитвата ја нарекува: 190

Usher, 1971: 9

191

Кајшаров, 2012:92

89


„дијалог со Господ Исус Христос“.192 Суштински ја дава патеката за соодност на обредот, за неговото настанување, за неговата суштина. Да се биде во врска со Господ. Да се побара од него благодат и плодност. Да се помоли со збор, гест, песна, прослава, оро... понатаму авторот зборува за процес на „ослободување од демони“193, практика која се случува во католичката црква, а не и во православната, барем не во македонската. Муслиманските свештеници нејзе ја нарекуваат истерување на џинови.194 Кајшаров е обреден практичар во името на Исуса Христа изгонува демони со помош на Светиот Дух. И самиот сум бил учесник на молитвените терапии во просториите на „Центар Константин“ кај Кајшаров, на почетокот како молитвеник195, а потоа и како молител за други

лица

во

тимот

кој

учествува

во

обредните

молепствија. Кајшаров објаснува што всушност значи: Кајшаров, 2012:128 Кајшаров, 2012:136 194 Во моите истражувања на обредите имам присуствувано на таква, со покриена глава со платно и врзан конец, ортома во круг околу пациентот, се читаат дови-староперсиски молитви, и се пали конопот. На тој начин се истерува џинот. 195 Врз кого се применува обредната молитва. 192 193

90


„застапничка молитва за мноштвото“.196 Како што вели тој: „...за држави...“

група

луѓе,

семејства,

градови,

нации,

197

И тогаш можеме да зборуваме за молитва обред не за нас, туку за сите околу нас. И на некој начин ние стануваме служители - обредно-молители за општо добро, а не само за нас самите. Ушер има интересна сознајност за тоа и вели: „Каде се исполнуваат обредите прашајте некој христијанин... прослава за Бог, учење за Господ...“198 И тоа е обредот прослава и учење за Господ во дејство исполнето со верба и посветеност. Но, ајде уште еднаш да видиме какво сведоштво за обредите во Стариот завет сме добиле од нашите прадедовци: Трета книга Мојсеева за крвните и бескрвните дарови и обреди: „жртва сепаленица и лебен принос на жртвеникот пред Господа“.199 Кајшаров, 2012:163 ibid 198 Usher, 1971:8 196 197

199

3Мојсеева, 14: 20

91


Имаме жртва заклана, пуштена крв и лебен дар. Во дваесетина поглавја детално се опишуваат крвните обредни жртви: јагниња, живи птици, овци, има и пченично брашно200 и има: „мачкање на крајчето од десното уво со крвта на жртвата на оној кој се очистува и палецот на десната рака и палецот на десната нога“201, и се разбира свешетникот кажува и молитва. Од денешна гледна точка овие обреди ни изгледаат застрашувачки да се мачкаш со крв на убиени животни, за да се очистиш од болести и гревови. Сепак некој од нив останале, допреле до нашево време посебно при приготвување на оброци за јадење на славите во христијанството кај нас. Иако е пишано во Светото писмо: „Бидејќи, крајната цел на законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува“.202 Тоа подразбира дека не се потребни повеќе крвни и други жртви, барем кај христијаните, а сепак ги има. Тоа значи дека обредот е посилен од системот на актуелната Интересно пченица и денес се служи на слави и погреби во православието. 201 3Мојсеева, 14:1-20. 202 Рим.10:4 200

92


религија? И е над неа? И еве уште еден патоказ од Новиот завет кој појаснува каков би требало да е обредот со Исус Христос: „Зашто ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш“.203 И ете појаснување какви би требало да се обредите во македонската духовна култура, кај христијаните: Со исповед и верба во Христос. И не се бараат крвни жртви. Сепак старозаветниот обред преживеал и е активен и покрај сè. Но, фала му на Бога во македонската народна и духовна култура можеме да зборуваме за еволуиран обред кој преминува, од крвни жртви во: игра, славење, песни и ора, обреди на свети вода и одредени места и сл. Во нив ја има

разиграноста,

распеаноста,

богодаруваноста

на

македонската народна култура. Ушер вели: „Литургија, патека на обредите за себе и како целина“.204 203

Рим.10:9 1971: 10

204Usher,

93


Ако обредот е драма сам за себе и ако може да се издвои од поредокот на религискиот систем и да се преобрази во народно толкување, во понатамошната состојба во обредно-народен духовен театар. Можеме да зборуваме за обредот и религијата како: „Драма - преживеана до сегашни времиња...“205, или духовна приказна со поучен карактер која има: „место, помнење, посветеност, пасија, рамнотежа меѓу умот телото и душата...“206 Колку и да се обидувам да подвлечам дека се работи за обред, кој е и ќе биде дел од религиски систем, сè повеќе ме навраќа согледбата дека не е можна поделба, строго утврдена граница, со народната култура, а тоа подразбира и драмски код на духовна обредна драма, она што е суштински

прво-настанатиот

театар.

Дионисовиот,

посветен на Бог или кокинскиот неолитски во чест на Светиот брак, а тука коренито се работи и за верба во Бога и за толкување, и за служба и за игра, и за молитва и за 205

Usher, 1971: 11

206

Usher, 1971: 12

94


дејство на имитативност... но, еве да видиме што вели Картер за тоа: „...духовна сила и обред кон Бога...“207 Се разбира дека за да се биде обреден, посветен на дејствието и воведен во мистеријата треба да се има духовна сила. Тоа подразбира и: „...стравови, надежи, молби, очекувања...“208 Од Бога, од самите нас, од сите верници учесници во религискиот сооднос со Бога, и се наметнува прашањето: „...кој е свештеникот во модерниот театар?“209 Добро поставен опит. Кој ме допирал многупати кога настапував

како

кокискиот

жрец

на

мегалитската

опсерваторија Кокино и ми ги отворал размислите дали сум актер или свештенослужител на возобновен обред? Каде обредот станува театар, а каде останува религија? Каде е тука народната, а каде духовна култура?210

Carter, 2002:33 Ibid 209 Ibid 210 Христијанскиот блог Правоверие за настапите на Кокино на интернет ме нападна дека сум водач на нео паганизмот, заборавајќи дека јас не сум свештеник, туку актер, професор по Сценски говор со техника на глас на ФДУ и уметнички директор на театар.. 207

208

95


Одговорот на тој опит се таи веројатно во непрекинатата врска меѓу нив. Во секое време, во секое дејство. И тие преминуваат, се преобразуваат еден во друг. Само менувајќи го аголот, односно почетната кота за кого се игра и кој е создателот и вистинскиот творец?211 Дали е тоа Господ или народот или пак актерот? Но, еве уште еден истражувач на обредот кој ни дава сознанија и податоци за свето-дејствијата кон Бога, обидувајќи да даде дефиниција за него: „...мноштво форми на искуства, или театар како образовна институција...“212 Тој дава поставување на обредот како театар на искуства кои минуваат низ нашето срце и душа со живо учество, не како гледачи во театрите-згради во современиот свет, туку како дел од него. Од дејствието. Од играта. Од постановката. Односно, поточно кажано по системот по кој се извршува, по кој го извршуваме ние. Тоа може да се именува и како:

211 212

Автор Carter,2002:37

96


„...уметност со социјални и духовни искусти на суштествувањето...“213 Добро кажано. Уметност со социјални и духовни искуства. Добра дефиниција и за театарот. Но, не секој, туку оној театар кој има што да му каже или претскаже на своето време. И еве уште едно сознание и податок изведен од Картер, преку сопствените истражувања: „...традиционална дефиниција на помнењето...“214 А тоа е нешто што е жива практика и богатство во македонската обредна, народна култура да се пее и игра, да се слави Бог, да се бара поврзаност со Господ низ сценодејствија и свето-дејствија.215 И „...географски и нови идентитети...“216, тоа на македонскиот217 полуостров, не е непознато и денес се поставува под прашање македонскиот идентитет од скоро сите наши соседи, кои завзеле со сила дел од македонската

Carter,2002: 39 Carter,2002: 43 215 Во едните се игра за Бога, во другите се подзаборава Господ и актерот е самиот во улогата на Создател, творец, на делото кое се изведува. 216 Ibid 217 Преименуван од Султанот со декрет на 27.031903, Најдовска,2008:16 213

214

97


земја, и уште нешто кое е важен дел од обредот, поточно од еволуираниот, култивизиран, обнароден обред, а тоа е: „... пеење и движење...“218 Погоре го поставивме местото на еволуираниот обред од крвни жртви, колење животни, прскање и мачкање со крвта до обредот со славење, со песни и ора каков што се изнедрил,

фала

му

на

Господа

во

македонската

Богодарувана народна култура. И ако Ушер е во право дека ние во обредот испраќаме порака за Господ. „...сооднос на човек и Бог, порака за Господ...“219. Тогаш

веројатно

на

некое

културолошко,

социолошко, духовно ниво е важно каква е таа порака кон Творецот, Седржителот, Создателот, сеприсутниот Бог. Каква порака испраќаме во обредот, во духовната драма? Со крв и колење, со жртвување животни или со песни и ора за благодарност за сè што имаме. Добра точка во која се прекршува обредноста од душевно кон духовно ниво. Од

218 219

Carter,2002: 46 Usher, 1971: 14

98


земниот човек220, кон небесниот. Хагард има интересно размислување за еволуирањето на обредот. Тоа го нарекува: „поинаков стил на славење и богослужба... производ на културно влијание...“221. Македонската народна, обредна култура со своето богато сиже, состав, разновидност, посебност: со своите испресечени ритми на ората, со богатството на носиите како дел од тој костим со кој се слави Бог, со песните кои во себе имаат космогена и духовна, безвремена димензија, како земја пра-родилка на театарот, на песните и ората, како земја на словата на Бога преку светите свети Кирил222 и свети Климент223 дарители на азбуката, преку митскиот македонски цар Орфеј224 , само ја потврдува оваа теза за духовната сила на нашата култура. За нејзината поврзаност

220„

Првиот човек е од земја, земјен, вториот човек е Господ од небото...И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и образот на небесниот“ 1 Коринтјаните, 15:47-49 221 Хагард, 1998: 63 Кој по Божја волја ја создава глаголицата. Кој во името на Исус Христос ја создава кирилицата. 224 „Им дарил обредни мистерии на Македонците...го сметале за пероснификација на Христос...го сметале за пронаоѓач на азбуката“ Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989: 310-312 222 223

99


со Господа при нејзиното создавање и дарување. Хагард вели вака: „...Копнежот по Бог, по вечност и бесмртност, по обоготворување и Богочовек, спасител...“225 Можам да поврдам преку сопствените истражувања за настанокот на театарот дека навистина е така. Настапите на Кокино се токму тој копнеж, не само за мене, како учесник, туку и за сите други, кои ја чекаат, сакаат да ја доживеат, да бидат таму со божјата светлина и милост во соодносот на обред-театар-душевност и духовност. „...имај мисли на вечна личност...“226. Токму за тоа станува збор за вечноста. За повик кон неа. За победата на животот над смртта227 која е основната нитка, зародиш на театарот обред. За театарот духовност. Но за тоа ќе зборуваме во поглавјето кое ќе се бави со театарот и обредот. Еве уште една интересна насока од Хагард со која се појаснува обредот:

225

Хагард, 1998: 142

Ibid И Дионис и Исус во основата се тоа, победата над смртта и нејзината власт. 226 227

100


„барање Божјата слава да го исполни тоа место...“228. Важен дел од дејствување во името на Бога е барањето на „божјата слава“. Дали можеме да помислиме дека се работи само за местото на дејствие или и за оние кои се таму и дејствуваат и учествуваат во светиот театар. Кому му е нужна „божјата слава“? На просторот или на луѓето кои се во него? Нели е тоа повик за ново крштение, ново родение, за нов човек, обоготворен, избран од Бога или оној кој избрал да биде со Бога и во Бога. Има еден израз кај христијанските деноминации, кои се посветени на Исуса Христа и се именува како НОВОРОДЕН човек. Ќе поместам податоци кои зборуваат за тоа: „...новородение со Исус Христос...“229 Тоа подразбира човек, кој се покајува за своите гревови, прави исповед на гревовите, им простува на сите кои му згрешиле, се откажува од гревовите, ја потврдува својата верба во Исус Христос и го поканува Исуса да застане на тронот на неговиот живот. 228

Хагард, 1998: 161

229

Usher, 1971: 13

101


„Размисли за што размислуваш“.230 Авторката Маер Џојс во својата книга „ Бојното поле на умот“ крстена во Свет Дух231 добива порака од Бога.

Има

постојана

врска,

комуникација,

сооднос,

обредност со Господа. Интересно за нас. Книгата зборува за „бојното поле“ кое се наоѓа во нашиот ум. Да се крстиш во Свет Дух е исто така обред со Бога, сооднос, ред со Господ Исус Христос. Заемно дејствие на човекот и Господ. „Моќта на животот и смртта е во јазикот… имаме власт да изговараме живот или смрт за другите и за себе...“232 Тука повторно нè допира вербата како основна двигателна сила на обредот, на преобразувањето, на исцелувањето, на крштевањето со Дух Свет за да се биде „едно со Бога“. И се потврдува силата на изговорениот збор со степен на верба и посветен на Бога, како во молитвените обреди, каде се случуваат исцелувања и чуда во името на Исус Христос, така и во јавните настапи, во народната Маер,2012: 67 Христијани крстени во Свет Дух, зборуваат на разни јазици, ракополагаат раце над болни, имаат жив сооднос со Светиот Дух од тројството. 232 Маер, 2009: 228

230 231

102


култура и во обредниот театар. Секој изговорен збор е насоченост кон остварување на изговореното. „...смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат ќе го вкусат од плодовите негови...“233 Да се дејствува во зборот со дарба од Бога, или во обредна духовност е даденост, но и одговорност. Тоа се однесува и за верските храмови и обредите и за народната обредна

култура

и

за

театарот

и

за

сите

јавни

гласноговорници. Еве што вели Аврамовска во таа насока: „Силата на неговата (актерова) обредна или жртвена изведба - избор на кој му е иманентен елитизмот и кој подразбира малкумина посветени жртви-паленици способно да

го

досегнат

ова

рамниште

на

постоењето

на

возвишеноста“. 234 Ако обредот е духовно дејство кое се стреми за промена на светот кон подобро под Божјо водство, ако народната култура во игрите верува дека се менува светот низ играта и по милост на Бога, ако актерот верува дека театарот може да го направи светот подобар, ние можеме да 233

Соломонови изреки, 18: 22

234

Аврамовска,2004: 357

103


зборуваме за духовна војна со злото. За сеење на слова низ дејствија за луѓето да го препознаат Бога и вистината. Да се променат на подобро со водството на Господа. Но, да се вратиме на крштевањето со Свет Дух кој е важен процес во обредноста и во тој духовен сооднос меѓу земното и небесното. Хагард зборува за разликите околу: „крштевање во Светиот Дух“,235 „исполнување со Светиот Дух“,236 „општење со Светиот Дух237“, а базично скоро сите хрстијански деноминации се согласуваат: „за неопходноста на службата на Светиот Дух“. Понатаму за обредниот процес

именувана како

„молитвена постапка за ослободување од демони и демонски влијанија“ кај пастор Константин Кајшаров се содржи објаснување, опис на постапката по стапки како се случува тој процес во името на Исус Христос: 1. Потврдување на верата во Господ Исус Христос. 2.Исповед. 3.Покајание. 4. Простување.

Хагард, 1998: 59 Ibid 237 Ibid 235

236

104


5. Одрекување. 6. Потврдување на жртвувањето на Господ Исус Христос. 7. Заземање став. 8. Заповедување и прогонување. 9. Прославување на Господ Исус Христос.238 Како што можеме да заклучиме се работи за духовна обредна молитвена постапка, систем, која се случува по востановен ред. Со речникот на театарската наука ние имаме духовна драматургија, која е условена потчинета од Бога во насока кон земниот човек и во која се случуваат душевни и духовни промени кај учесниците ако имаат верба и го прифатат Бога, поточно Исуса Христа за Спасител, по гореутврдениот ред.239 „...Божјата присутност го исполнуваше храмот, кога целата заедница го обожаваше Бог, кога целата заедница во единство на Духот повикуваше на Бог, го славеше и му

238

Кајшаров, 121-125: 2013

Впрочем на македонските фрески по црквите има многу сликовити примери, како на пример свети Наум изгонува демони кај луѓето, како Свети Ѓорѓи ја убива ламјата и слично. 239

105


благодареше... но, претходно сите мораа да се исчистат и да се осветат...“240 Тоа подразбира да ја поминат обредно-молитвената исповедна постапка за да можат да бидат свети241, осветени, да го примат Бога во душата и срцето, да бидат крстени во Свети Дух. Ако човекот е храм Божји242, тогаш обредот е воспоставување сооднос и прочистување, односно повторно исчистување на нашето тело од земните наслаги врз нас како последица од нашето однесување кон светот и живите битија околу нас, за да можеме да го примиме Бога, да биде во едно со него во единство. Но, пак ќе дојдеме во Хагард кој тоа го објаснува на впечатлив начин.

240

241

Хагард, 1998: 59 „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“ 1 Петар, 1: 16

принцип на поистоветување со Бог, како актерот со улогата и уметникот со своето или Божјото дело. 242 „...се сее тело душевно - воскреснува тело духовно...првиот човек Адам стана жива душа, а последниот Адам животворен дух...обликот на земниот и образот на небесниот...“ 1Коринтјаните, 15:44-49

106


„...Божјото слово е тоа што го одвраќа човештвото дека секој си е свој Бог... токму затоа се молиме според Божјото слово, го пееме Божјото слово, го говориме Божјото слово, размислуваме за Божјото слово и копнееме да бидеме исполнети со Божјото слово...“243 И можеме да претпоставиме како е започнат првиот, основиот пра -обред со која желба, со каква надеж и љубов. Како првиот: актер, свештено-служител, жрец, избраникот Господов, помазаникот, пророкот Божји, духовниот мартир, се молел, дејствувал, пеел, играл, дарувал дарови и слова за да биде „исполнет со Божјото слово“. Нели е тоа премин, друм,

духовна

патека,

аџилак

од

служење

кон

обоготворување и умеење. Или е даденост, уметност, авторот244 помислува дека

сам си е Бог, го остава и

заборава Бога, дарбите со кои го исполнил... на крајот, робува на својата слава, себе-воспевање, фалење и ја губи духовната сила, станува естрада, себе претставување245... само земна душевност?

Хагард, 1998: 143 Учесник, служител. 245 Публикотропизам, себеафирмација по Ј. Гротовски и неговите ставови за светоста на актерот во театарот. 243

244

107


Хагард нè потсетува за важен сегмент, дел од обредот и духовноста: „принцип на говорење на вистината...“246 и „молитвата ја поттикнува активноста на Светиот Дух и ја попречува демонската активност...“247 Принцип на говорење на вистината248, е нешто што нè определува дали сме духовни или душевни. А молитвата е зборовен обред, служење, духовна врска со Создателот, Отецот Небесен и како што вели Хагард, ја спречува „демонската активност“.249 Процеси на истерување, изгонување, ослободување од демони, се познати во католицизмот, протестантизмот и другите христијански деноминации. Во моите истражувања на обредот имам можност да бидам директен учесник истражувач на такви молитвени терапии кај пастор Константин Кајшаров во Интернационалната христијанска академија и можам да сведочам за тој обредно-молитвен процес служба. 246Хагард,

1998: 145 Ibid 248 Духот на вистината 249 Демони се паднатите ангели на Сатаната, како што ангелите кои се небесата му служат на Бога. 247

108


И понатаму еве што вели Хагард тоа е: „...битка која не смее да се загуби е вечна борба за духовно ослободување на поединци...“250 Можеме ли на обредот и обредната постапка да му го додадеме значењето за ослободување. Тоа подразбира ослободување на телесно и духовно ниво, на ум, срце, душа и духовно во обредно-молитвена постапка на поврзаност со Бога. Тоа го именува и како: „Терапевт и драма-терапевт-ритуал“.251 Познати

се

опитите

на

Едгар

Морено

со

психодрамата252 во Швајцарија, кои влачат корени од духовните обредни молитви. „Театар и ритуал во заедништво и брак. Брак на две силни форми театар и ритуал кои имаат своја историја, структура и усогласеност. Можеме во еден ден да бидеме на религиозна церемонија и театарска претстава, првата нè враќа навнатре во себе си, втората нè шокира, расплакува, 250

Хагард, 1998: 51

251

Schrader, 2012: 15

Правел театарски претстави со деца кои имале трауми и ги играле на сцена во театарски настапи и се ослободувале од нив. Тој процес е наречен психодрама.

252

109


насмејува... душата се поврзува со предците пред нас со длабоко искуство внатре во нас... почеток на ритуален театар е однос со универзумот... се поврзуваме со изворот на сè...“253 А по моите сознанија и искуства од практиката можеме да бидеме на едно место со двете од нив кои се допираат и случуваат на едно место254. Во театар кој игра за Бога и во обред кој е славење на Бога, поточно во еволуиран обред, славење и објавување, сведочење за Божјата милост255 и Божјите дарби на Свети Дух256 со песни и ора и свети чествувања на вдахновена духовна култура. Другата димензија на обредите и театарот е: 253

Schrader, 2012: 16

Настапите на Кокино и искуствата со театарот „Скрб и утеха“ за кои ќе зборувам во главата за театарот и обредот. 255 Со театарот „Скрб и утеха“ веќе 20 лета Господови имаме културни средби наречени „Дионисови слави“, во чест на патронот на театарот Богот Дионис, а од оваа година се преименувани во „Дион-Исус-ови“ слави. На нив ни доаѓаат македонските заедници од Пиринско, Егејско, Гора, Голо Брдо, Корча, Тирана. И тоа е еден процес на славење на Бога. 256 „...оти на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, преку истиот Дух, на еден - вера, преку истиот Дух, на друг - дар за лекување преку истиот Дух, на еден - да чини чуда, на друг - да пророкува, на еден -да ги разликува духовите, на друг -разни јазици, на трет - да толкува јазици.. .“ 1 Коринтјаните, 12: 8-10 254

110


„...потрага по здравје и сигурност, физичка изразност (дејствена) на душата, и драма-терапија тренинг“257 Нели во контекст на исцелителната улога на обредот и на театарот, како и понатаму како што подвлекува Шредер: „свесност за себе и другите... здравствени аспекти на театарот... врска меѓу театар, здравје и духовност во сила на драмскиот ритуал“.258 А

тоа

нели

е

патеката

на

преминување,

видоизменување, преобразба еден во друг, на трите делови на обредот: обредот-религија, обредот - народна култура и обредот-театар. Тука е и духовниот раст ако можеме да бидеме во врската со Бог и неговата милост, да играме и да му служиме нему во: „...митодрама за духовен развој“. 259 Ако е верно тврдењето дека: „Сите драматизираме и ритуализираме“.260 257

Schrader, 2012: 17

258

Schrader, 2012: 20

259

Ibid Ibid

260

111


Си правиме свештен ред и во самиот живот, на кој начин, се однесуваме во време, место и дејствија, по единството на Аристотел кажано за театарот и сценските законитости за да биде разбрана играта, дејствието во претставата и да го разбереме и живееме и самиот живот. Шрадер отвора многу сознајни порти за театаротобред и обредот театар. А тоа се соодноси меѓу вербата и културата. Меѓу религијата и уметноста. Ние можеме да зборуваме за религиозна верба и практика која се одразува во обредите и начинот на кој се слави и служи за Бога. Како вербата за прочистување со вода, поточно со свети води, раширена и активна и денес во македонската народна и духовна култура.261 Халанд тоа го нарекува: „...Водно крштение со Исус новороден...“262

Со штец Златко Давидковски од црквата Свети Јован Опсечен од село Режановце, Кумановско имам снимето 3о-тина такви свети места на кои се случуваат обреди на исцелување со свети води, денес христијанизирани и именувани по светци. 262 Haland, 2012:1 261

112


Нели асоцирајќи на крштевањето на Исус од страна на свети Јован Крстителот во реката Јордан263. Терминот,

именувањето

НОВОРОДЕН,

се

употребува во христијанските деноминации, за некој кој е крстен во Свети Дух и со водно крштение264 и го примил Исуса Христа за Спасител и Бог. Инаку Халанд добро ја гледа врската на обредите и нивните премини низ религиските системи. На пример, појаснува некои состојби на преминување на обредите од еден религиски ситем во другиот, кога вели: „Антички

култ

на

пролет,

родение,

будење,

плодородие, преобразен во христијанска религија, денес... старите антички светилишта кои се преобразени во христијански храмови на истите темели“.265 Такви примери во македонската култура имаме многу, речиси нема храм кој не е подигнат на постар храм.266 Јован, 1:26-34 „ ...Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо...“Јован,2:5 265 Haland, 2012:3 266 Свети Кузман и Дамјан во Говрлево на темел на неолитски храм, манастирот на Трескавец над Прилеп, Успение на Света Богородица на храм на Аполон и сл. 263

264

113


Тоа ни ја покажува длабоката потреба, врска на македонската народна култура со Бога. Потребата да се игра за него. Да се слави Бог, да се дејствува за него, да се биде во единство со него, а тоа го потврдува и богатството на македонската народна култура, надалеку позната по песните и ората, носиите, градењето храмови, фрескосликарство, неизмерно богата духовна драматургија на обреди и игри обнародени на верските и народните игри, слави

и

прослави. Тоа го вели и Халанд: „Верба во магична сила на икони, сооднос меѓу паганизам и христијанство“.267 Длабоко свесно и живо присутно во Македонија денес. Понатаму тоа го именува како: „поврзаност со народни игри... делење на леб како причест... пример на поистоветување на антички богови со христијанство... фестивали помешани со претхристијанство и христијанство-панагии ... светилишта на води.268 Сето тоа го имаме во македонската народна и духовна култура. Обреди и верувања кои се живи и се 267 268

Haland, 2012:10 Haland, 2012:14-31

114


влезени во секојдневниот живот според начинот на кој се однесуваме едните кон другите во сооднос со Господа. Тоа се традиционални македонски обредни слави во кои се пее, се игра, се радува и се тажи во обредна посветеност меѓу животот и смртта. Тоа се обреди кои ги надминале преименувањата на верските системи и правила и живеат паралелно или поврзани со нив.269 Тие бараат одговори на прашањата: „...кои сме, од каде сме и каде одиме...?“270 Ќе приложам уште едно истражување за обредот во Егејска Македонија во соседна Грција.271 Бев присутен на обредно молење во методистичка црква во Солун,272, со пастор Константин Кајшаров и пасторот Александар Вулетиќ,

каде

полуостров273

пастори

од

цркви

од

македонскиот

од: Бугарија, Грција, Албанија, Косово и

Македонија извршија обредно молење во името на Исуса Христа, каде се поставија четворица луѓе од Македонија, МПЦ се обидела да спречи колење, и давање курбан за слави, ама тие сè уште се прават.Народот не се откажува лесно од старите обнародени традиции. Да не речам старозаветни традиции. 270 Фиданоски, 2012:63 271 Док. филм „Луѓе по патот“, Дион& Авид, 2013 272 коложег 2013 273 Балкански 269

115


Грција, Албанија, Косово, покриени со плаштеница од Ерусалим, и врз нив се изврши молепствие земјите кои тие симболично ги преставуваат да живеат во мир, да се разберат и да си простат, додека една девојка верничка од Бразил клекна на колена и по нејзината сознајност274 им ги соблече чорапите на сите од нив и им ги помаза со миро, како што тоа го направил Исус Христос со учениците си...275

Од горенаведениот духовен настан имаме пример како се создава, дејствието во молитвен обред со посредство од Бога преку сознанија кои верниците ги добиваат како вдахновување и дарба од Светиот Дух. Наредниот ден целата група од црквата во Солун се молеше за македонските политичари и за нашата земја, во круг, а во средината бевме ние живите претставници од Македонија. Тоа беше молитва276 во името на Исуса Христа. Харизматската црква варува дека се крстени од Светиот Дух и пророкуваат, толкуваат, беседат, читаат извадоци од 274

275

Добиена од Свети Дух Не ли е тоа атер, имитативен театар, молба и дејство кое се

бара од Бога. 276

Молитвен обред

116


Светото писмо, тоа е на некој начин духовна драматургија, толкување на пораките кои ни ги оставил Господ, редот кој тој ни го дал пишан во словата на Светото писмо. Сите овие духовни дејствија се поврзани со незимерна верба во нивната нужност и дека се дадени од Исуса Христа.277 Ќе поместам уште еден податок од претставата „Будење на ангелите“278 на театарот „Скрб и утеха“. Во текот на претставата се појавуваат ликови на свети Климент и Наум. Тие дејствуваат во молбените сцени во сценскодејствие и со тоа преминува во свето-дејствие, Свети Кимент во еден миг, се моли и ги повикува нациите на Балканот да клекнат на колена и да си простат, да побараат прошка од Македонците за убиствата и проблемите кои им ги правеле и да побараат прошка од Бога.279 Тоа се тие искуствени моменти кога се допираат во дејство со верба и посвета кон обредот и театарот. Поточно религијата и театарот, а тоа на сценското дејство му дава

„Се што Ми дава Отецот, ќе дојде при Мене, а кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор“ Јован 6: 37 278 Текст на Тихомир Стојановски, режија на Слободанка Чичевска, 2009. 279 Нели е и тоа е славење, служба кон Бога? 277

117


нова, поточно го враќа на духовната димензија од која произлегол самиот. Но, еве уште еден пишан документ ќе го именувам : Опис на обред во светото писмо: „уредби за богослужба и за земно светилиште“. Небаре тоа е сценарио за обредна драма: „во надорешен дел на шаторот беа светилникот, трпезата и обредните лебови“280 „зад втората завеса... златен олтар за кадење и ковчегот на заветот опкован со злато од сите страни, во кој имаше златен сад со мана, расцутениот Аронов жезол и плочите на заветот...“281 Потоа следува опис кој влегува во првот дел на шаторот (храмот) кој во вториот: „во првиот дел на шаторот влегуваат свештениците кога вршат богослужба“, „во вториот дел само врховниот свештеник еднаш во годината...“282 И ние можеме да направиме споредба со олтарот и литургиите во македонската православна црква. Имаме сценографија и мизансцен како за в театар Нов завет, 2011, Послание до Евреите, 9: 1-8 282 Ibid 280 281

118


обреден мизансцен, начин на однесување и движење, поточно утврден обреден ред. Тоа можеме да го именуваме и како: „духовна богослужба“. 283 Свештеникот чита делови од Библијата, како во нашите православни храмови, има дијалог зад олтарот и пред олтарот, со учесници во службата, има пеење, хор, има пролог кажува што ќе чита од кое евенгелие, на Велигден се врти до трипати со запалени свеќи околу црквата, храмот, и светлината ја дава свештеникот, за да се запалат свеќите, и тоа е света литургија, обред-служење, свештенослужење на Бога. Но, ако донесете еден актер кој има дар од Бога и со срце и душа го прочита текстот од Светото писмо во црквата и кај слушателите предизвика солзи и духовна возбуда, тогаш кој ќе направи граница каде завршува обредот и почнува театарот?284

Рим.12:1 Претставата „Посланија“ е според Евангелие по Матеј и посланијата на Апостол Павле, продукција на театар „Скрб и утеха“, 2013 во режија на Тихомир Стојановски со вокална христијанска група Молепствие со пастор Константин Кајшаров, христијанскиот блог „Првоверие“ ја нападна истата дека го 283

284

119


Можам да поставам уште едно прашање кој е вистинскиот свештено-служител на светото писмо, оној кој предизвикува возбуда од живите слова кај присутните или оној кој тоа го прави од немукает, како работа? Добра точка за поглед и разбирање на обредот-театар. И исто така и обредот религија. Но, да видиме колку религии имаме денес во современиот свет: „...под религија денес се определени 4200 духовни правци...“285 Интересно, поголем дел од нив веруваат дека тие се вистинските кои имаат веродостојност да му служат, да зборуваат, да проповедаат, да нè учат за Бога. Дека се избраните.286

осквернила манастирот Свети Јоаким Осоговски каде игравме претстава на 12.07 2013. 285

Кајшаров, 2013:95

Избран народ, интересна теза, кога после потопот сите произлегуваме од трите сина на Ное. Сим, Јефет и Хам. Тогаш нели сите сме роднини. 286

120


„И иако сте покориле сè под нозете си, препашете се со добрина, љубов, кроткост, чистина, трезвеност и милост, зашто тоа покрива многу гревови со Исуса Христа, кому му е слава сега и во векови на вековите“.287 Свети Климент, христијански светец288 кој ја дарувал кирилицата, христијански мисионер, учител, проповедник, свештено-служител, и црковен организатор. Роден околу 840 некаде во Македонија, како што вели приредувачот Атанасиј Бојчев. Кога ќе ги прочитате неговите пофални слова вие гледате духовни текстови кои се предлошка, монолози, сценарија за духовна драма. Нема сомнение дека свети Климент е духовен водач и народен просветител. И сега повторно можеме да го поставиме следниот искуст, дека кога еден актер во театарски чин ќе изговори еден од тие текстови и предизвика духовна возбуда кај гледачите за какво дејство може да стане збор: за театар, за духовен чин, 287

Поучение

за

рождество

Богородично,

свети

Климент

Охридски, 1970:128 Можеме ли да заклучиме дека кирилицата е од Бога, а што да кажеме за глаголицата дадена од свети Кирил, кој исто така е светец од Македонија и таа азбука ни е дарувана од Господа. 288

121


за религија или за сценски обред со оглед дека текстовите се верски и му се посветени на Исуса Христа и неговите светии, или за истороден процес кој повторно се поврзува во тројство289: вера, народ, дејствие. Односно религија, народна култура и уметност. За значењето на обредната молитва кај христијаните и нејзиното повратно дејство е добар примерот на Хагард: „...некои криминални дела се извршуваат од луѓе кои се

контролирани

христијаните

од

страна

на

зли

духови.

Кога

молат за сите луѓе во еден град, нивните

молитви го попречуваат влијанието на злите духови во однос на криминалот...“290 Потоа авторот ни дава преглед на пад на степенот на криминалот во градот во период од 13 години, степенот на неговото намалување, како последица од молитвата. Тоа покажува дека обредната молитва има повратно дејство. Исто како и секој изговорен збор, посебно во јавноста. Тоа се однесува на театарот. Зборовите оставаат траги во помнењето и предизвикуваат дејствија според степенот со 289

Отецот, Синот и Светиот Дух Хагард, 1998: 43.

290

122


кој ги допираат чувствата на гледачите. Тоа подразбира дали се работи за мир и љубов или за омраза и насилие. Ќе поместам сознанија од книгата на Фидановски кои зборуваат за непрекината духовност на македонските простори од времето на неолитот: „култ на лебот во неолитот„291 Истиот поминал низ античката македонска култура и со Апостолот Павле и крштевањето на Македонката Лидија дошол, поточно останал со светата причест со леб и вино292 на Исуса Христа и денес во македонската духовна култура. Значи ние можеме да зборуваме за употреба на обредните лебови уште од времето на неолитот.293 „Суштина на самиот човек, неговата духовност“294 Авторот зборува за Адам од Говрлево. За местото каде е најден, за сите елементи кои се дел од таа света духовност која нè одржала како култура на леб и вино,

291

Фиданоски, 2012:65

292„

Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв ќе биде во Мене и Јас во него“ Јован 6:56 293 4500 години пред Исуса Христа 294 Фиданоски, 2012:67

123


песни и ора и еволуиран обред со: славење, пеење играње, драмување295 до денеска. И секако нè потсетува за култовите на свети води: „извор на лековита вода, кој бил култно место во сите периоди, почнувајќи од праисторијата, антиката и римскиот период“296 А, тоа нè посетува на Самовилска вода, денес христијанизирана во Томина недела, а под неа има храм на Митра од пред олимпискиот период во кумановското село Биљаковце297, на која има активен обред на прочистување со света вода и денес. Во документарниот филм снимен на тоа место, имаме податоци за луѓе кои доживеале исцелување. Тоа би значело дека обредот има повратно дејство од Бога. Но, тоа е дел од моите истражувања со штец Златко Давидковски на терен за живите обредни форми во македонската народна култура за кои ќе зборуваме во наредната глава на овој труд.

295

Доримување Фиданоски, 2012:71

296

297

Док. Филм „Самовилска вода“

124


Да потсетиме уште на едно нешто за обредот дека тој е: „наследен обред од предците... обред преобразен во пост-обред... точка на гледање на обред: психолошка, културолошка, социјална... крај на обредот...“298 Наследноста

на

обредите

е

важен

дел

во

македонската духовна култура. Обред преобразен во постобред е исто така честа појава. За мене тоа е обред кој останува, а религиите се менуваат. Поинтересен е мигот наречен „крајот на обредот“, и каде е тој. Дали во единство со Бога, кога нема да имаме потреба од обреди или во самиот чин на вознес на славење и играње за Бога во кое за миг се преобразуваме во

богодадени, обоготворени,

дарувани, миро-помазани, крстени во Дух Свет за да бидеме едно со Бога. Или во нешто друго на пример во молитвен обред за исцелување? Еве што вели обредниот практичар во име на Исус Христос, пастор Константин Кајшаров:

298

Franko, 12 :2007

125


„ритуалите

и

традицијата

би

можеле

да

се

потикнувачи на верата, но никако не би требало да ја заменат живата вера во Исус Христос“299 Кајшаров е во право, секако но да не заборавиме дека и народот има право да го бара Бога на свој начин, или на традиционалниот начин, ако не е задоволен и не може да го најде во постојаниот религиски ситем и неговите службеници300. Народот има внатрешна потреба од единство со Бог. А другото е постапката на службата и како да му се даде пример301, да му се доближат словата на Бога од Светото писмо со лични примери и дела

302

на свештено-

служителите. Кајшаров го појаснува обредниот молитвен процес на изгонување од демони и демонски влијанија, молитвен

299

Кајшаров, 11: 2013

300

Свето-Служители.

301

„И така верата ако нема дела, сама по себе е мртва.“ Јаков 2:17

„Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамајќи се самите себе“ Јаков 1:22 302

126


процес и зборување на јазици како влијание од крштевање со Светиот Дух.303 Кајшаров објаснува како влегуваат демони во човекот и како излегуваат. Ја појаснува и обредната постапка: „Изгонување демони со заповед во името на Исус Христос“: „Во името на Господ Исус Христос заповедувам да излезе секаков демон и демонска сила, секаков зол дух од сите луѓе во просторијава“.304 За оваа обредно-молитвена постапка зборувам, сведочам како човек, истражувач, учесник во неа, кој скоро две години помага на истата обредна практика. На која поминале неброен број пациенти. Тоа е жив обреден молитвен процес во името на Исус Христос на кој се случуваат исцелувања, промени кај пациентите, за слава и фала му на Бога.305

303

Кајшаров, 11-14: 2013

304

Кајшаров, 1о5: 2013.

305 Познавам и други служители на Бога како штец Златко Давидковски кој исто така има обредна практика со пациенти во името на Исус Христос, со кој поминав подолго време на истражувања, снимање и разговори. И пред се Ѓорѓи Филев со

127


Понатаму кај Кајшаров следи опис какви се манифестациите на излегувањето на демоните од луѓето со: „плукање, кашлање, грчење на мускулите, ’ржење, смеење. Скоро на сите им излегуваше од устата бела пена, а потоа животински врескања кои луѓето не можеа да ги контролираат...“ 306 Тука станува збор за обред со исцелителна молитва, служење кон Бога со молитвен збор и верба во Исуса. Ќе поместам два извадока од Светото писмо како еден

врховен

духовен

авторитет

за

обредите

и

однесувањето меѓу човекот и Господ. Пишан обред на заколнување: „И ја стави слугата раката своја под бедрото на Аврама, господарот негов, и му се заколна на тоа“.307 Имаме обред на заколнување, колнење со физичко дејство. И уште нешто за потребата на Бога во однос на човекот: кого исто така имам поминато подолго време, во разговори за обредите и неговото служење на Господа и кого го имам снимано трипати на Кокино. Док, филм. „Вдаховение светлина“, „Молитва кон Свети Дух“, „Поблиску до Бога- Родение светлина“. 306 307

ibid

1Мојсеева,24: 12

128


„Бог кој го создаде светот и сè, што е во него; Тој, кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови, ниту, пак прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сè“.308 И ако носиме заклучоци и поука од поместениот извадок од Светото писмо не би требало да имаме потреба од обредите денес, барем ние кои сме христијани. Но, тие се сè уште тука. Дури и самиот проучувајќи ги обредните структури, законитости, редови сум на распетие на двомислата дали се нужни или не? Па нели и науката се согласува дека театарот и самиот настанал од ними? Или како да се откажеме од богатата народна култура која е изобилие од обредност. Како да му кажеме на народот кој е обредно обоготворен да сопре, да застане со песните, ората, адетите, дејствијата на обредни игри со кои тој со милениуми го бара Бога. Го кани, поканува да му се доближи, да му се објави, да биде во преграб и единство со него да биде негов близок создател и творец, а тоа е место каде завршува религија и 308

Дела, 17:25

129


почнува играта за него. Од народот кон Бога. А тоа е веќе третата глава на овој труд. Да напишам нешто во духот на молитвените обреди: „Отвори ми ги словата мил Христосе...“ И повторно ми се отвораат страниците од книгата на Шредер во обредна поставеност кои сведочат токму за тоа со словата на Бога за суштината на обредите и нивната заемна нужност: „...спој на игра, песна драма, внатрешна реалност... ги губиме ритуалите за плодност пубертет, смрт... ритуал на патување со срцето, не со церемонија...“309 Обред за патување со срцето. Добра насоченост и духовна поука. Поука за: „... длабоко разбирање на себе си и на другите...во обредни игри за здравје и исцелување... обред за да го пополни празниот простор на секој од нас310... не можам да ти дадам ништо што ти го немаш во себе, да ги отвориш сликите во твојата душа...“311 Schrader, 2012:13 Питер Бруковски, „дајте ми празен простор и ќе го наречам сцена“... 311 Schrader, 2012:14 309 310

130


Сликите и празниот простор кој треба да се пополни во душата. Да се пополни со Господа. Потрага по Бога. Молитвен восклик и почнува обредното молепствие. Копнеж по Создателот. Обреден процес на сооднос во молитвеност и покорност кон Бога. И верата, надеж и љубов како обредност понатаму од она што сме СЕГА и ОВДЕ на почетната линија на

обредот

и народната култура.

Новородени, преродени во обредна духовност.

ОБРЕДОТ КАКО НАРОДНА КУЛТУРА

Ние имаме едно народно предание кое се преплетува со митологијата, и можеби е тоа добар податок кој ни е одредница како митологијата соработува, се надополнува или живее со народната култура. Или поточно дека митологијата е неделива од народната култура. И да одиме уште понатаму тоа ни покажува дека таа произлегува од неа.

131


„Според едно предание, Пиер од Македонија дошол во Теспија по совет на пророците или на некој Тракиец го востановил култот на деветте Музи и ги нарекол по имињата на неговите ќерки“.312 Тоа е датација од околу 1000-1500 години пред Исуса Христа. И можеби од минатото Пиер Македонецот ни испратил порака за иднината, да се сетиме пред да почнеме да

во оваа глава да се фатиме за ората и песните. Да

запееме и да заиграме. Песните кои биле хор, оро во стапки, па од нив се извела понатаму и поезијата во стихови, како и драмската поезија. Македонија е надалеку позната по богатсвото на народната култура и

позната е изреката дека „во

Македонија ќе те натпеат, надсвират и надиграат.“. Интересно е дека метричките стапки од антиката, ние и денес ги играме во народните песна и ората. Хомеровиот дактил на пример можеме да го одиграме како оро. 313

312

Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989:340

Тоа е 17/8- мински такт ако се разложи во ороводно оро неговата драмска поезија. 313

132


Најпозната

метричка

стапка

која

и

денес

е

најприкладна во македонската поезија е дактилот314. Ние имаме податоци од македонската антика за Аполон и Дионис315 на кои им се играни и пеени прикладни метрички стапки, дитирамби и пеани. Понатаму пеењето и играта се развиле од дактили, пеани и песни за Христос во византиско црковно пеење, а имаме и народни песни за сите христијански светци, до денес. Поврзаноста на обредите и народната култура е длабоко и нерскинливо. Дали се работи за обнародување или за систем кој суштествувал од самата форма на човековиот душевен и духовен опстој316, ние можеме да донесуваме заклучоци, но едно е сигурно, обредите се широко обнародени, посебно во македонската култура и нивната разновидност од место до место е нешто за што вреди да се потроши истражувачкиот век.

Една нагласена и две помалку нагласени удари, тросложна метричка стапка. 315 „На Дионис му се пеени дитирамби, а на Аполон Пеани.“ Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989:40 316 „Има тело душевно, има и тело духовно“ 1Коринтјаните, 15:44 314

133


Македонската народна култура има најразновидни обредни дејствија поврзани со верувања во: исцелителни води, вакафски места, свети камења и пештерски цркви, Господови предели, мошти на светии, обреди на баења, обредни песни и ора посветени на слави и празници, и други, верско-народни адети и дејствија. Суштински во длабоката врска на дејствијата на обредите се содржи потребата од блискост со Бога, да се победи смртта и сатаната, приказна која се допира и кај Диониса и кај Исуса Христа. И кој може да ја повлече линијата на разграничување меѓу религијата и народната култура? Посебно во Македонија каде имаме култови од Митра кои суштествуваат и денес317, кои помнале низ религиски системи и се активни и денес, во случај на Самовилската вода, како вода која исцелува, а се празнува во христијански празник Томина недела.318

Самовилска вода кумановско Биљаковце, док. Филм „Самовилска вода“ 317

Светоста на местото е од пред-олимпската митологија со Богот Митра на јасното сонце, а денес се слави христијански празник, тоа е период од најмалку 3000 години. 318

134


„Така и денес во македонските обичаи среќаваме повеќе слоеви на народната култура, а христијанството зазело доминантно место.“.319 Тоа всушност ја покажува длабоката врска меѓу религијата и народната култура, како

две состојби

неразделени една од друга, а сепак навидум посебни и свои, а суштествуваат во длабока духовна поврзаност. И тешко некој ќе може да направи строга граница, разграничување, каде завршува религијата и почнува народната култура, затоа што тие двете се толку поврзани и испреплетни, што често не можете да тврдите со сигурност дали некое обредно дејство, игра или песна се произлезени од вербата кон Бога или се творештво, авторско на народот и неговата вдахната богодаруваност. Ние имаме народни приказни, песни, творби во кои во македонската култура како ликови се појавуваат Господ, светиите, библиски и митолошки личности, како да се нераскинлив дел од народот, како да се роднини со него, а всушност и тоа се: „Исус Христос, Пресвета Богородица, Свети Никола, Свети Илија, Света Недела и другите кои ги зазеле местата

319

Китевски,2007:7

135


на старите божества и во верувањата и во народните умотворби“.320 Марко Китевски еден од најдоблесните познавачи на македонската народна култура не случајно ќе заклучи: „Честопати се прашуваме како можел народ, за кој велиме дека бил без образование, да создаде така совршени литературни форми (и поетски и прозни) на кои можат да им позавидат и најголемите мајстори на литературата “.321 Одговорот на горниот опит се таи во обредите и поврзаноста

со

Бога,

Впрочем

истото

ги

запишал

Константин Миладинов, а е поместено во истата книга на Китевски. „...Народот наш во најголемата простота ја развил во себе Божјата дарба...“322 Божја дарба, добра предлошка за обредот и врската со Бога. А има ли нешто без таа дарба?323 И ете го истото тоа

што

Ребека

Вест

го

нарекува

поврзаност

македонската култура со Бога: Китевски, 2007: 7 Китевски, 2007: 5 322 Ibid и „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно“ Матеј, 5:3 323 „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото“ Јован, 3:27 320 321

136

на


„...уметноста во Македонија не е технички трик, туку реален

духовен

процес...

како

идеја

за

Господ

владетелот“.324 Китевски е во право кога го споменува Коста Солев во својата изјава кој вели дека: „...песната на Македонија е нејзината молитва...“.325 И тука повторно сме до врска на македонската култура со Бога, со Создателот, дека таа е всушност копнеж да се допре до Господ, да се биде со него, да се пее и игра за него, да се доживее неговата слава низ делата на народната култура во традиционална поврзаност низ вековите. Истражувајќи ги обредите во народната култура снимив

документарни

приказни

со

штец

Златко

Давидковски за исцелителни, свети води во кои се поврзуваат верувањата и народните преданија, но исто така и

пред христијански обреди

дејствија вметнати

во

православието. Тоа ми дава практично искуство за живите обредни форми во македонската народна култура. Народот има долгогодишна, вековна традиција да пее, да игра, да го слави Бога, тоа подразбира богата, 324 325

West,1969 : 638-639 Китевски, 2007: 8

137


богодарувана духовна култура, која преминувајќи ја религиската строгост и утврденост, се развива во духовниот дар на македонскиот народ да создава најразновидни народни-обредни постапки на славење на Бог и самиот дар на животот, што подразбира култови и обреди на плодност, песни, зборови, поезија, ора во стапки и постапки на светодејствие, или сцено-дејствие. Но, еве да видиме еден дел до Светото писмо кој сведочи за култ на исцелување со света вода: „Зашто одвреме-навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата, и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше„ 326 Во македонската народна култура имаме многу обреди на свети води, фала му на Господа сè уште се активни и денес. Од снимениот матријал, на моите истражувања со обредниот практичар Златко Давидковски, имаме свети води именувани по имиња на светци, кои на луѓето им дошле на сон, или да се замијат од нив и да понесат од нив дома, и од тоа дејствие им се случуваат 326

Јован 4.5:4

138


исцелувања. Едно од нив е местото наречено Самовилска вода. Речиси идентична приказна на местото на светата исцелителна вода327, човекот кој служи на тоа место зборува дека ги слуша како пеат Самовилите и влегуваат во водата, водата која е исцелителна, инаку претходно на истото место имало култ на Митра328 со камен релјеф на Божицата на јасното сонце, потврден од археолозите, а денес местото е христијанизирано и се слави Томина недела. И тука имаме пример како постар култ на вода, преминал религиски системи и денес е активен, воведен во рамките на православното христијанство како света вода, Томина недела329. И тоа ја поткрепува нашата теза дека обредите кои имаат повеќе милениумска традиција, посебно во македонската култура,

остануваат активни, и после

смената на верскиот код, религискиот систем, и начинот на кој се слави и му се служи на Господ. А тука е улогата на богодаруваната македонска народна култура која ја презема улогата носител на тие дејства, кои не можат да се одделат Док. филм. „Самовилска вода“ Дион, Авид. „Митра- периска божица на светлината... култ кон вода, оган, земја и воздух... култни места крај извори и пештери...верниците се крштевани и воведувани во мистериите...“ Срејовиќ, Кузмановиќ, 1989:270-271 329 Се празнува првата недела после Велигден. 327

328

139


од религијата и од Бога, пред се затоа што базично му се посветени нему, на вистинскиот Создател и народот со својата култура го презема тоа служење на Бога330. И народот ги надополнува тие служења, пеења, слави, обредни игри по својата вдаховеност и оттаму е богатството на македонската народна култура. Кога ќе ги погледнеме Зборниците на народни творби од минатиот век ние пред нас имаме енциклопедиски систем, космогонија, сооднос на причинско-последична врска меѓу човекот и Бога, нешто што било секојдневие на нашите прадедовци. „Фолклорна обредна изведба“ и “сиже на ритуален театар“ „театар на посветеноста на Брук“331 Аврамовска ја загатнува и се прашува за нивната поврзаност. Таа врска е произлезена од подолг временски сооднос на театарот и обредот во самиот негов прапочеток и зародиш. Настапував меѓу другото на локалитетот „Цоцев камен“, заедно со вокалната група „Пела“ каде се случуваше обредно пеење, леб и вино и молбен монолог на актер. И тоа е на некој начин единство на религија, народна

Жени кои пејат обредни народни песни ги именуваат како служење. Док. филм. „Обредно пеење од Паланка“ Дион, Авид. 331 Аврамовска,2004:26 330

140


култура и театар. Еве што вели Алексовски за местото и неговата посебност: „Под пештерата се изделкани два реда камени седишта, кои заедно со дрвената платформа...формирале театарски комплекс...“332 Несомено се работи за вид на свет брак, симболично спојување на небото и земјата, она што е и обреден театарски комплекс и на Кокино. Инаку локалитетот „Цоцев камен“ е важен за нас и обредите оти е: „единствен во светот на едно место соединува: место за жртвување, светилиште, сликана карпеста уметност, праисториска опсерваторија...“333 И тука имаме и обреден молител, жрец, актер, свештенослужител, чедо на светиот брак, избраник и помазаник, со оглед дека на „Цоцев камен“ има обла форма на сценски простор и престол од камен, предвиден, употребуван

за

настапи,

објавувања

на

Бога

и

молепствување во системот на обредот. И секогаш во основата на народната култура, на односот на човекот и Бог е родението на БОГО-ЧОВЕКОТ, производ, вдахновнение 332 333

Алексовски, 2008:5 Ibid

141


на светиот брак, на првичниот праобред, Хиерос Гамос.334 И потоа се „словата на Бога“.335 Еве неколку од нив од македонската народна култура кои нè поврзуваат со Бога: „Ти и Господ...Тој што рано станува и Господ му помага...Толку му делил Господ...“.336 Неколку слова, а толку мудости, како од Светото писмо,

мудрост

и

духовна

зрелост

протната

низ

милениумската традиција на Македонците во сооднос со Бога. И ќе поместам едно место на премин од обредна во народна култура, според мене кога молитвата, поточно здравицата преминува од молитва во народна култура од расказот „Прошедба“ на Р. Жинзифов, поместена од Китевски: „Господи Исусе Христе! Пречиста Богородица. Сватиј Никола и вси светци да сет напомош! И денешна Свјата Троица да ет напомош! Бог да даит што ни срце сакат! Да сја родит жито и вино! Колку зрна, толку осмаци! За ова кај нас поопширно има пишувано, Ленка Татаровска во „Народна ризница„ -„Космичкиот Hieros Gamos, во македонската усна книжевност, 9-36. 335 „Во почетокот беше словото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото“ Јован, 1:1 336 Китевски, 2011:147 334

142


Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади хубави невести! А вам моми - хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били...“337 И ние можеме да забележиме како молитвата преминува во народни благослови, се прелева неосетно во народна култура и повторно се враќа на молитва, здравица и благослови. И оттука се гледа таа непрекината поврзаност на обредот – молитва - здравица со обредот благослови во народната култура. Во овој случај се случуваат дејства во зборовите, но да се вратиме на ритамот и стапките како обредни предлошки. Зборувавме за дактилот како најпозната стапка од антиката која е всадена и денес а најпојќе му прилега на македонскиот јазик и на ората во нашата народна култура. Но, да видиме што вели митологијата за дактилите: „...левите дактили поседувале моќ да нè маѓепсаат, а десните да ги отстранат сите маѓепства...“338 Коренито дактилите се обредни метрички стапки. Тука нема сомневање и наоѓаме потврда дека и метричките стапки се во служба на религијата. 337 338

Китевски, 2011: 51 Срејовиќ, Кумановиќ, 1989: 100

143


„покасно дактилите се под влијание на религиозниот синкретизам... ја негувале и музиката... го научиле Орфеј на свирење... се смета дека тој е еден од пронаоѓачите на метричката стапка дактил...“.339 И од тука се гледа поврзаноста на музиката како плод на соодносот, врската на земниот со небесниот принцип на суштествување. Потребата да се игра и пее за Бога, што е основа на богатата македонска народна музика. Ајде сега да зборуваме за ритамот. Видовме погоре кои се дактилите. И не се само тие. И пеанот, како четирисложна метричка стапка е присутен во македонското едноставно оро и денес, а потекнува од обредните молитвени песни за исцелување со Аполон. И тие се дел од древна обредност. Од посветен ритам. И ќе поместам едно искуство од обредните „Дион-Исус-ови слави“.340 Ни беа гости Мемишевци, Македонци од село Орешек, Гора во Р Албанија на славите. Нивната група се состои од два топана и две зурли. Кога ќе ги слушнете тие обредни зурли и тапани, кои корнат до небесата, а

Ibid Посветени на Богот Дионис, а од оваа година, 2013 , со поврзувачко именување „Дион-Исус-ови слави“. 339

340

144


почнуваат со топанот положен на земја, тоа е симболот на удар, топот, дамар кој ја буди земјата и ги поканува небесата, за Светиот брак, тоа е повик за крштевање со Дух Свети, за да се овоплоти Бого-човек. И основниот ритам на тоа свештено оро, посветен ритам е дактил341, хомеровиот ритам, тросложна стапка каде првиот удар е најсилен, а следните два послаби, а Мемишевци со топанот вртат во круг во полустапки како игра меѓу земјата и небесата, потоа го префрлаат тапанот и го креваат високо над главата како дар за небото или повик за кршение, плодност, дарување, топанот во еден миг лета над главата и се спушта со силен ропот. А тоа е топан од земјата над глава кон небесата, повикот да се случи крштение и НОВОРОДЕНИЕ , во обреден такт на свештенодејствен ритам, во случајот дактилот, и топанџијата се врти на една нога во круг како да лета... симболичен повик за крштевање со светлината и Дух Свети.342

Еден нагласен, два ненагласени. Снимка „Мемишевци од Гора“ од настапот на „Дион-Исусовите слави“ цутар 2013. Дион и ТВ Сонце. Види: http://youtu.be/sj68CKOFQnY?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 341

342

145


Просторот каде се случуваше културно-обредниот настан,343 градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се осветли и сета публика беше на нозе во вознесение, со кренати раце играше кон небесата. „...Божјиот дом, служеше пред сè за поклонение и откровение...кога на посебен ден ќе се собереше во него Божјиот народ заедно со хорот, трубачите, свештениците и ќе почнеа во еден глас и со едно срце да го издигнуваат Божјото име...“.344 Ете еден пример од верски чин на славење како споредба со народниот. Тоа е впечатлив опис на прослава на Бог, на обред на славење на Господ, елементи од него има во Дионисовите слави и во денешната македонска народна култура. Понатаму мислата продолжува вака: Суштинската разлика во обредната постапка и славата е кој се обожува и слави? На пример во театарот тоа е човекот, актерот, уметникот, даруваниот создател, кој сака да биде славен и обоготворен и обожуван, небаре станува Господ и во случајот на обредот станува славење и

Настанот е културен, но се случува во името на Бога, ДионИсус 344 Книзер, 2003: 74 343

146


прославување на Бога, во случајот на народната култура се испреплетуваат верско, народното со сценско-авторските елементи. Тоа е момент на вдахнатост кога народот ја надополнува дадената обредност во еволуиран обред со славење и играње како против тежа на обредот со колење и крвни жртви. „Превземање на проверени вредности од поранешни религиозни системи... Свети Трифун има значајно место... во

него

христијанството

го

преточува

Дионисовиот

концепт... Свети Труфун од Фригија добива ролја да го апсорбира сиот Дионисов концепт... будење на природата преку лозата, која се зарежува на 14 сечко, испуштајќи сок и најавувајќи го новиот циклус на обновување на природата... виното во обредот на причестување и како симбол на Исусовата крв... во Говрлево постои рид кој го носи името Свети Трифун...“.345 Авторот е посебно важен за нас, бидејќи ги подредува ставовите на археологот Милош Билбија кој имаше духовни сознанија од теренско истражување на

345

Фиданоски, 2012:103

147


локалитетот Говрлево-Церје, каде е откопан Адам346 од Говрлево, најзначајното откритие и единствена машка фигура од тој период.347 „Адам од Говрлево, духовна дименизија на човекот ... житни зрна од керамика со никулци на нив... македонски неолит... Библија пишувана 1800 г.п.н.е., а Адам е како нејзин преттекст... потекнува 3000 години пред тоа слово да биде кажано во Библијата...348 Зошто го поместувам ова во трудот за обредот и народната култура, за тоа што култот на лебот е присутен и тогаш, затоа што на истото светилиште на вода од неолитот денес има култ на вода христијанизиран во црквичето Свети Кузман и Дамјан - кои се христијански лечители и исцелители. Затоа што во неолитот имало и се најдени канали за топла и ладна вода, што покажува сооднос со водата, затоа што Билбија сето тоа со Адам од Говрлево го именува како: „Драма во керамика“.349 Од страна на словенечките археолози прогласен за откритие на векот. 347 4500 години пред Исуса Христа 348 Фиданоски, 2012:101 349 Ibid 346

148


Затоа што и таму имам настапувано со уметнички монолог беседа за Бога, во некаков театарски обред. Во еволуиран обред со вера и народна традиција и култура. Нешто што е системска вредност во македонската народна култура. Но, еве што вели Светото писмо за христијаните: „Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух“.350 И не ли е тоа порака за еволуирање на обредите со крвни жртви после Исуса Христа? А, сепак тие опстануваат и остануваат како народна култура, како дел од постара религија и обреден циклус од кој народот не се откажува. Но еве што вели Билбија за македонската народна и духовна култура, за нејзината сила и посебност: „Земја древна, земја Библиска, меморија на сонце, никулец на ѕвезда, земја на сознавање, папокот на светот, катена мунди...сеопфатност

што

се кристализира во

созвучието - Македонија... Адам351.... вообличување на абдоменално вдахновување... го доловува битието- духот, проникнати во едноставност на боженствената природа...

350 351

Римјаните, 14:17 апсолутна дата Ц-14, 4569 г. пр. Христа

149


голема порта... на светската археолошка сцена... во ризницата на човештвото... за Македонија“. 352 Видете само во неколку реда Билбија вдаховен од Бога, дава поука за македонската народна култура, каква е таа, како се развивала, што е нејзината посебност. И секако зборува за „вдахновување со боженствена природа“ што е основната нитка двигател на обредот. Да се дојде до Бог, да се биде во содејство со него. Да се биде како него. „бидете свети, затоа што сум свет...“353 И уште појасно и поразбирливо: „Бидете свети, зашто Јас, вашиот Господ Бог, сум свет...“354 И уште неоколкупати споменато во објаснувањата на десетте Божји заповеди: „Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, оти Јас сум Господ, Кој ве осветува“.355 И ние можеме да зборуваме за процес на осветување и просветлување со обредот и обредните дејства покрај 352

Фиданоски, 2012:131

3Мојсеева19:2 3Мојсеева20:8 355 3Мојсеева20:7 353

354

150


состојбата на славење со песни и ора и зурли и топани во македонската народна култура. И за просветлителен процес на обредот, кој нè спотнува да научиме за Бога и односот со светот околу нас преку себе си. Со целосно учество. Препуштени на процес на себеспознание низ песни и игри, низ ора и молитви, низ обредни дејанија и зададености. Секако можеме да зборуваме и за исцелителната улога на обредот356, за неговата неизбежна поврзаност со театарот, со неговите прапочетоци, за потребата, внатрешна – духовна, за себе, изразување на единката во потрагата по Бог и обоготворувањето. „Театар што работи митолошки теми е ритуален театар, со духовен фокус, малку поинаку од класичното разбирање за театарот денес“.357 Се разбира и театар кој се посветил и игра за Бога, кој се заблагодарува низ играта на сцената за даровите кои му се дадени од Господа да се игра и создаваат духовни приказни на сцената. За среќа во македонската народна култура имаме сочувани митолошки и обредни песни, кои

356 357

Schrader, 2012: 20 Schrader, 2012:21

151


се живи сведоштва за таа нераскинлива врска. Кои се предлошки за обредни игри во народната култура. „...Многу од овие песни во далечното минато биле поврзани со обредот, магија или слични дејствија, но подоцна се одделиле од нив и продолжиле да живеат самостојно...“.358 Тоа подразбира раст и еволуција на обредот и самата народна култура. Еве некој од тие обредни стихови на македонската народна култура: „Оро ми играле триста самовили, на врв на планина, на рамна рудина“359 и: „Ме армаса змеј од гора, дејња бара по планина, на вечера дома греди...“360 и: „Не изловил сури елене, а ми изловил болнега змеја“361 И поезијата изобилува со митолошки суштества: змејови, ламји, чуми, самовили, понатаму како лик се јавува Китевски, 2007:11 Китевски, 2007:57 360 Китевски, 2007: 75 361 Китевски, 2007:79 358 359

152


јасното сонце, ликови на сите светии со Исус Христос, со еден збор народот пишувал создавал во содејство со неговата духовна и душевна наобразба, со неговата секојдневна потреба да верува во Бога, со неговото искуство на македонската земја со милениумите. Еве што вели еден друг истражувач на македонската народна култура: „...обредни народни песни сврзани со обредите за Божик, Водици, Цветници, Велигден, што речито говори дека обичаите претставувале и сè уште преставуваат ритуали

што

длабоко

се

врежале

во

свеста

на

Македонецот...“.362 Секако во потполност се согласувам со Стоичковски, дека обредите се длабоко влезени во суштината на македонската народна култура. Со дополна дека се работи за постојан сооднос со Бог и Создателот, што на нашата култура и дава духовна сила и светлина Господова.363 362

Стоичковски, 1992:14

Не се согласувам со К. Пенушлиски дека сме земале заемки од влашкиот и албанскиот фолклор и дека „македонската лирска песна се потпира , особено мелодиски, врз турската, грчката и албанската народна песна.“ Пенушлиски, 2003:7-9 Пред сè тоа го побива самото богатство на метрички стапки во македонските 363

153


И еве една од тие митолошки песни: „ Пила Неда ноќе, ничкум вода што испила лута змија, лута змија со три глави, со три- девет змиурчина. Никој Неда не верует, ни мајка је, ни татко је, ни нејзини девет браќа, само Неда веруеше, нејзиното лудо младо. Тогај Неда му велеше: Ај, земи си брушко ноже, распарај ми клето срце, да излезет лута змија, лута змија тројоглава. И однесе лута змија, на мајка ле,

на татко је,

тогај Неда веруваа“364

песни и ора, кои се намалуваат како се оддалечуваме до македонската етничка територија на сите четири страни на светот. 364 Стоичковски, 1992:67

154


Како што можеме да заклучиме имаме поетска приказна во ритам на оро, која се пеела како хор, се играла во оро и која опфаќа видлив и невидлив свет, со метафора за змијата која е видлива и не е видлива, со метафора на распарување на срцето, што можеме да го разбереме како поетски обред, за да се отвори срцето, да се поверува, и да се направи обред во време, место (простор) и свест, во трите дименизи на постоењето. Сетне зборуваме за обред во своето срце.365 А тоа го опфаќа обредот низ трите категории: време, простор и свест. Во кое време, на кој простор и со каква свест се случуваат обредите денес? И да се потсетиме на бесконечоста, како време за обредност, додека простор е нашето срце и душата, а свест е да се соединиме со Бога. Во кружното, облото оро. Во кружниот тек на животот и смртта. На родението и новородението.366 Орото е еден од позначајните македонски симболи, по кои сме дарувани од Бога, за да го славиме и да играме за него и е: круг-сонце, круг живот и смрт- до воскресение, до новородение, кружен облик на преобразба, од колективот

За ова ќе зборуваме во последната глава на докторскиот труд. Сите што го примиле Исуса Христа за Спасител се новородени. 365

366

155


излегува крстен367 со свети Дух, новороден, обоготворен, Божјиот син да драмува да сведочи, да се моли на Севишниот, да нè застапува пред него. Да ги кажува неговите слова и заповеди. Две најзначајни ора во македонската народна култура се: „Копачка“ и „Тешкото „. Тоа се обредни македонски ора со драмска приказна, со драмско дејствие во себе, со ритам кој има драматургија во себе. За „Тешкото“ се поместени студии за неговата обредност и посветеност. Како и да се толкува и анализира, неговата основна нитка е посветеност кон Бога, верба и степен на духовност. Токму тој дел плени во ова богодарувано македонско оро. За орото „Копачка“, Димитар Узунски, раководител на групата од Делчево, тврди дека е од антиката368. Го поврзува со

село Драмче од Делчевско во кое живеат

Македонци избегани од Драмско, Егејска Македонија. И тоа оро се игра само во тоа село, и никаде на друго место, ниту во околината на Делчево ниту во Пиринско, од другата

Избран, одреден, миропомозан, вдахновен. Док. Филм „Деветте вретена на Јана“, Дион ,Тв Сонце. Види: http://youtu.be/SI1adKsYlFs 367

368

156


страна на границата и така е и до нас дојдено, преку селото Драмче. Кога ќе зататнат топаните, и ќе се фатат играорците, мислите, сеќавате како ве наткрева некаков духовен дамар. Се игра само со топани, без пеење, и на неколку пати се менува ритамот на строгиот чекор. Се разбира почнува со дактиклот, рам пам пам. И тогаш сеќавате дека се работи за обредна приказна кога се разгорува меѓу животот и смртта со свештен оган. Во неа има сила, духовност, посветен чекор и верба во неговата нужност. И во него се сеќава она што Шредер го нарекува: „...размената меѓу човек и Бог, како јадење на телото на Христ и пиење од неговата крв...“369 И обредот е секако размена со Бог, посебно во вдахновеноста на народната македонска култура, која е плод, берба на повеќе милениумската традиција на Македонците да играат и да го слават Бога.370

Schrader, 2012:37 „Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметникнародната песна, најбогатото и најценето наследство, останато од минатиот живот и културата на Македонецот, зачувано и денес“ Китевски, 2007:7

369 370

157


И секако, кога ороводците го забораваат Бога орото станува Дионисово, играат оро самите за себе, за свое обожување, со сладост и страст занесени и вознесени од играта,

инаку

изразот

оро-геја,

кој

се

ползува

за

Дионисовите слави371 е женско обредно оро, служење, слично како и денешното играње со занес на свадбите и веселбите, во македонската култура, а потоа во торжествен миг, пијани од виното се иставаат од Отецот372 кон Дионис, го заборават Бога и играат во телесна возбуда, вознес, пијано, баханалиски373, во дитирамб374 или дактил375, во удар на македонскиот топан, во кружен занес во обреден ритам. И сетете се на сликата на свадбите и веселбите како мажот клекнал на колена и игра, додека пред него се крши тенката снага на жената со чувство на Божица, самиот играч, се доживува Боженствен, како пат од Бог кон себе Бог, себе Боженственост, а тоа е раскрсница на премин од Оргија погрешно употребено за Дионисовите ора. Оро и Геја , женско оро. 372 Го заборават Бога и имаат чувство дека самите се Господ, Создатели, обоготворени. 373 Бах е одреден ритам кој удира во топанот, кој се свирел за Баханалиите Дионисови.Бах е синонимно именување за Дионис. А воедно и метричка стапка на обредно оро, посветено на Бога. 374 Обредниот ритам на Дионисовото оро. 375 Хомеровиот ритам на „Илијада“ и „Одисеја“. 371

158


обред кон народна култура и секоја уметност. Тоа е како да ве зафати пламенот на обредното оро и ве носи понатаму од сега и овде во обредна посветеност. Како место на палење обреден оган. Еве што вели Гребенарова: „околу куќата, пред вратата, до ѕидовите, пред пората, на патот... очистителен отхранителен оган... за стимулирање на плодност на животните, за посеви и овошки на ниви, градини и под дрвјата, над селата по гори и ливади, за мртвите по гробовите, во двор на куќа каде се верува дека се умрени, на свети обредни места...“376 Огнот е имитативно дејство на сонце, осветлување, крштевање

со

светлината

Божја,

Свети

Дух

,

во

современиот театар заменет со рефлекотори и современо осветлување на сцената. И суштински е копнеж по светлина, но не обичната, ординарната, туку по светлината Божја, поточно по духовната светлина. Еве на што нè потсетува Аврамовска: „...новогодишен обреден комплекс којшто и денес се практикува...“377

376 377

Гребенарова, 2009: 129 Аврамовска, 2004: 308

159


Потребата да изгрее сонце, да ги осветли, да ги загрее, да им дарува нова плодност, како материјална и душевна, така и духовна. Можеме да зборуваме и за потребата од светлина, како физичка, така и духовна. Аврамовска нè потсетува на новогодишно обредно сценарио кога се моли, се игра, се слави новото плодородие. И ги

споменува ликовите кои се појавуваат во него,

преземени од Чаусидис: „Бог-Сонце, Новороден Бог – сонце - година, стар Бог-сонце година, Мајка на Богот сонце, Врховен Бог, хтонско божество... се игра раѓањето...“378 Тоа е секако култ кон светлината и не е случајно што свети Илија379, кој со четирите ата го разнесува Сонцето по небесата е култна слава на Македонците. Денес е и национален и верски празник. Во предговорот на книгата на Шекнер, Виктор Турнер дава кратка спецификација на обредот и театарот. Тоа го нарекува и одредува во повеќе категории, првин како:

Аврамовска, 2004:310 Свети Илија е старозаветен пророк 900 години пред Исуса Христа. 378 379

160


„...Играна етнографија (драмска)...“.380 Можеме да зборуваме за принципот во нашата народна култура: хор за пеење, хор за зборување,

оро,

стапки во орото, еден од посветениците излегува од орото со молбена поезија во стапки, во ритам и рима.381 Обредите можат да послужат како предлошка за: „...за антрополошки истражувања“.382 Од обредите може да се научи суштинската врска меѓу човекот и Господ. Да се сведочи за неа низ повеќемилениумската практика, протната во дејствија и верувања и игри. Како што вели Турнер: “Претставата е побрз чекор во развојот на обредот и театарот. Културата е свесно изразување во обред и театар... Начин на однесување... Визија за културно разбирање.... поврзаност меѓу луѓето...“.383 Сите елементи кои ги наведува Турнер се дел од носечкото движење, сила на обредот. Под тоа подразбирам Schechner , 1990: 1-3 Овој принцип го поставувам со студентите на ФДУ и го нарекуваме крштевање со театар. 382 Ibid 383 Ibid 380 381

161


процес на еволуција, духовен раст на обредите, од примитивните со крвна жртва до оние вдахновените со песни и ора како во народната македонска култура. И како двигател за културно разбирање меѓу луѓето.384 За поврзаност. Ајде да направиме поврзаност и со докуменарните филмови во кои го истражував обредот во македонската култура. Во документарниот филм: „Арангелов ден во Драмче“, е снимено славењето на христијанска слава Свети Архангел Михаил, со обредно јадење и оро. На височинка над селото се играше орото „Копачка“ кое потекнува од Егејска Македонија, од

Драма. Луѓето помнат дека се

преселени от таму, затоа посветено се однесуваат кон обредната игра, кога се игра орото, останало тоа чувство со посвета... кон Бога... во обреден пристап, посветеност на играта, културата, општење со Бога... „Село Оглавци, Кумановско има 6 лековити води, регистрирани од свештеници“. 385

Потсетува на Гоце Делчев и визијата за културен натпревар меѓу народите. 385 Док. филм. „Свети води-Кумановско“ Дион, Авид 384

162


Како што вели штец Златко Давидковски сите се признати од православната црква. И тој вели дека: „Свети Дух ја благословил водата“.386 Тоа значи дека исцелувањето доаѓа преку Светиот Дух.387 Водата не исцелува, туку Светиот Дух. Во обредите на исцелување на вода се пали свеќа, се кажува молитва, се покоруваме на Бога, оставаме дар, се замиваме со водата, до трипати се прекрстуваме и замиваме и пивнуваме.388 Со штец Златко Давидковски поминав повеќе време на терен да ги истражувам обредите во македонската народна, но и духовна култура. Тоа е човек кој преку 40 лета Господови му служи на Исуса Христа389, во црквата Свети Јован Опсечен во село Режановце. Кај него поминале неброен број на луѓе да им помогне со Божја помош и си го нашле лекот. Тој е и познавач на лековити води и народни обреди. Во црквата има собрано преку 900 народни носии, преку 400 килими и илјадници други експонати. Тој е жив Ibid Духот утешител 388 Обредните дејствија се разликуваат во нијанси на палењето свеќи, оставањето дар, некаде се остават алишта на одредено место да киниса, да остане лошото од нас. 389 24 часа има треска и повторува Исус Христос, потоа доаѓа со Божјо водство во с. Режановце и ја обновува црквата. 386 387

163


пример за врската на религијата и народната култура. Славите кои ги слави на Свети Јован Опсечен 11 септември и Павловден 12 јули, после литургиите, имаат и народен фестивал на изворни инструменти во црковниот двор. И тоа е дејствен спој на религијата и народната култура. За него има и две книги кои сведочат за неговите дела.390 Тој ме посетува и вели дека: „светецот се моли за нас грешниците...“391 Златко Давидковски зборува за да имаме икони дома, за односот кон иконите.392 Ми го објаснува

обредот на

ставање пари во водата и оставање на алишта на местото каде е водата, за да киниса лошото од ними. И оставањето алишта, симболично е како преслекување со нова кожа. Оставање на стариот човек, со желба да се роди нов човек. Можеби Бого-човек, исцелен, здрав, налик на Господа.

Црква Св. Јован Опсечен- духовен и културен центар, подг. Слаѓана Стојанова, 2009. 391 док. филм „Света тројца- вода –Исусова“ 392 Поклонување и крстење пред икони е обред исто така. 390

164


„...Колку има верба во Господа , толку му се помага на човекот...“.393 Кога ќе тргнете по обредите ќе дојдете до нивната исцелителна сила, ќе сретнете луѓе кои се исцелиле, луѓе на кои им поминала болеста, маката, болката. Ние зборуваме за обредна практика и служба која ја служи штецот Давидковски. 394 Зборува за обредното дејствие кое се изведува со верба.395 „Со вера разбираме дека световите се создадени со Божјиот

збор,

така

што

видливото

произлегло

од

невидливото“.396 Во

документарниот

филм

„Руса

Среда-вода

Христова“, штец Златко сведочи за исцелување на жена од Ibid „Го послушав гласот на Божјата сила“, „...од 17 часот поладне до 5 часот наутро повторувал само Исус, Исус...“ „...Ништо не работам по своја волја...“ „имав дарба од Господ да им помагам на луѓето...“ Стојанова, 2009: 88-91 395 „Но да моли со вера и никако да не се сомнева... таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господа...“ Јаков, 1:6-7 396 Евреите, 11:3 393

394

165


водата, која на тој ден, од стравопочит, не јаде ни леб ни вода не пие, тоа покажува обредна поврзаност и славење со дејство на пост, од благодарност што за дејството на молитвата кое го барала ѝ била слушната.397 Тоа покажува принцип на верба во Бога, и посветена обредност, а секако верба е потребна и за да се создава уметност, инаку како ќе ти поверуваат и ќе ги допреш гледачите и слушателите со своите дејства, со својата игра, со својот обред. Чинот на верба е двигател и во обредот и во народната култура и во театарот. Тоа е поврзувачка нитка која се провлекува низ сите. „...Начин на пиење и миење со водата трипати или петпати, на гладно се пие и челото се мие, обврзно се прекрстуваш пред пиење, во обредна поставеност... и водата се истура во цвеќе, да не ја газиш оти е света, да не оградисаш...“398

Злате, вели дека има дарба од Свети Дух да ги пронаоѓа водите лековити, свети.399.

Разговор со Бога. док.филм „Руса среда- вода Христова“, Дион, Тв Сонце 399 Док. филм. „Света Петка“Дион, Авид. 397

398

166


Луѓето кои доаѓаат да побарат помош од него, треба да имаат и верба во Бога. Тоа е основното, да не се сомневаат во него, во Бога , во исцелителната сила на Свети Дух. Ние зборуваме, за него како, за молитвен обреден практичар кој им помага на луѓето и му служи на Исуса Христа. Ристевски дава добра насока за македонската народна кутура: „категоријата народна култура во Македонија била носечки културен модел во историјата“400 и уште нешто кое е од полза за нашево тврдење, користи интересен термин: „термин народна религија“401 Добро одредено, народна религија. Тоа е религија која го надживејува религискиот систем и останува како нешто трајно, или потрајно од неа. Инаку како да објасниме дека религиските системи се менувале, а култот кон водата останал, курбанот исто така, дионисовите песни и ора кои се христијанизирани останале, и обредните народни игри на

400 401

Ристески, 2005:423 Ристески, 2005: 424

167


пресвлекување кои ги имаме и во македонската антика, и култот кон Сонцето и Свети Илија 900 години пред Исуса Христа, и баења за исцелувања и други делови од народната религија на Македонците. Татаровска тоа го одредува како: „...подолготраен синкретички процес на асимилација и на транспонирање на преживеаните обредни диференции...“402 Ќе поместам уште едно теренско истражување на Обред на света вода, Црн Камен на излезот од Велес, недалеку од црката Свети Никола. Човекот кој служи во црквата ми ја раскажа постапката на обредот кој се прави за жени кои немаат сè уште пород. И оваа света вода е осветена од Македонската православна црква. Водата се именува како „Црн камен“. Се смета дека е свето место каде се убиени како жртви за Исус Христос поголема група на монаси.403

Постапката е ваква:

Се палат три свеќи, пред водата која паѓа од високо од една карпа. И обредникот404 потоа се моли и врти три

402

Татаровска, 2000:29 док. филм „Света вода-Црн камен“ Дион,ТВ Сонце 404 Учесник во обредот. 403

168


круга на местото каде паѓа водата. Ако е прав405, водата ќе го искапе и водени, ако не е прав, водата ќе бега од него. Може да се забележи дека водата го менува правецот на паѓање

и некој учесници остануваат суви, не воденети.

Потоа се зема камче од водата и се враќа на истиот ден в година. Златко Давидковски406 ми ја до објасни постапката на обредот. Пред да се оди на водата на „Црн камен“, се замотува црн и бел конец трипати околу црквата Свети Димитрија.

Локалното

христијанско

светштенско

го

дозволува тоа. А после изведениот обред на местото, со водата, се одмотува конецот и се прави потка откако ќе се роди

детето, во неговите пелени. Како што може да се

забележи имаме систем на дејствија, поткрепени со вера, во кои има драмска напнатост, протната низ временска дистанца.407 Ристевски со право се залага за: „посебни

истражувања

на

„имплицитна

митологија“... посебно на обредноста... живи и запишани Да е чесен, да не правел гревови, да верува и да му се покорува на Бога. 406 док.филм „Самовилска вода“ Дион, ТВ сонце 407 Да се врати камчето, по една година, да се направи потка кога ќе се роди детето. и сл. 405

169


митови во народна митологија... да се анализира некои сегменти од обредноста на Македонците да се добијат позначајни резултати во анализата...“408 Секако македонската народна култура и со овие примери ја покажува духовната длабочина, повеќеслојност, повеќе милениумското траење на еден систем на славење, служење и играње за Бога. Но,

еве

уште

едно

искуство

од

теренско

истражување за живите-активни обреди од струшко. Во црквата Свети Спас во Вишни, има мошти на светецот Свети Спас.409 На денот на славата на светецот410, немажена мома со сребрена маска на своето лице од истата црква, ги пренесува моштите во пештерска црква Света Спаса недалеку од селото и таму преноќева.411 Доаѓањето до пештерската црка е непристапно, на некој места треба да се лази. Според зборовите на изворот412, после тоа дејство

Ристески, 2005:299 док. филм „Седумте цркви во Вишни“, Дион. 410 Свети Спас 411 Во обредната практика тоа се именува како бдеење, го има и во христијанството и пред него. „...Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!...“Лука, 22:46 412 Роза Ѓоргоска. 408

409

170


извршено од мома од Битола, таа се омажила.413 А оваа година биле две чупи и заедно ги носеле моштите и маската, а за нив се очекува резултатот по Божја волја. Ние тука имаме системски обред, внесен во христијанство, кој има постари елементи, како маска414, која можеби симболизира, погребување на стариот човек и новородение, за да киниса лошото. Слично дејство е оставање алишта да киниса лошото на повеќето води. Симболично погребување и НОВОРОДЕНИЕ. „Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина“.415 И тука станува за духовно општење на македонската народна култура, како нужна потреба од едно и единство со Бога. А тоа е почетниот обред, пра обред, востановен, рекоструиран на Кокино и Цоцина томба: "hieros gamos"свет брак и плодородие. Соединување со духот на Спасителот и Создателот. Шредер тоа го подвлекува и вели:

2012 Погребен и театарски елемент. Требеништа и други некрополи. 415 Јован 4: 24 413

414

171


„Исцелителна форма на театарот“ 416 Ние зборуваме, токму за тоа, за исцелителна форма и содржина на обредот во народната култура. Ќе поместам еден вовед на дедо Иван Сингартиски, Македонец од село Мосомиште, Пиринска Македонија, предградие на Гоце Делчев, кој одржа беседа на 20-тите „Дион-Исус-ови слави“,417 и направи споредба на театарот и црквата. Тој е свештеник во пензија и е долгогодишен борец за правата на Македонците во пиринско, инаку е беседник од висок ранг, има дарба од Бога да пренесува духовни знаења и сознанија. Вака го почна својот говор: „Дали може да се одигра светец, и како се игра светец на сцената?“418 Направи споредба со дејствијата на театарот „Скрб и утеха“ во кој ги игравме ликовите на свети Климент и Наум во претставата „Будење на ангелите“. Тој зборуваше за театарот кој игра за да го слави Бога. За театарот обред, за театарот кој свештено -дејствува на сцената во литургиска Schrader, 2012:21 Снимка „Дион-Исус-ови слави“ 2013 , Дион, ТВ Сонце. Види: http://youtu.be/opfmhXBteM8?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 418 Ibid 416 417

172


поставеност со вера, љубов и надеж. Зборуваше за врската на обредот и театарот. За нераскинливата нитка на религијата и културата. Кога еден свештеник го гледа и разбира тоа, ние имаме, патоказ, доказ за длабоката врска на духовната култура на религијата, обредот и народната култура, во Македонија, посебно. Ќе поместам уште еден извадок од Светото писмо кој појаснува еден дел од обредот и врската со Создателот: „ А ние не го примивме духот на овој свет, туку Духот Кој е од Бог, за да ги знаеме нештата што Бог дарум ни ги дал. Нешта кои не ги зборуваме со зборови научени од човечка мудрост, туку научени од Духот, изразувајќи го духовното со духовни зборови. А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, за што тоа е безумство за него и не може да го разбере, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин“.419 И уште еден печат на сето тоа е: „А ние го имаме Христовиот ум“.420

419 420

1Коринтјаните, 2: 12-16 Ibid

173


И сега можеме да зборуваме за духовен и душевен човек. За човек кој е во посветен обред и ги бара Божјите, духовни зборови. Зборови научени од Духот Божји. За да дејствуваме духовно со духовни зборови. За да дојдеме до еволуиран обред појден од крвна жртва поточно душевност, во поистоветување, крштевање со Свети Дух, единство со духот Божји до духовност, обред на песни и ора и славење на Бога, за да бидеме новородени, преродени од Бога. Еве неколку одредници од Аврамовска. „народна

драма...масовно

учество...обредна

драма...“421 Народната драма е тргната од обредот и со масовното учество се омасовува. Ќе поместам еден интересен пример за славење на Исуса Христа со песни и ора кој опфаќа масовност и посветеност кон Бога. На музичките работилници во „Центар Константин“ , се пеат хорски песни во чест на Бога и се играат во ора, цела група од стотина учесници, гостува по домови на луѓе, членови на клубот „Луѓе по патот“ и сето тоа се претвора во славење и служење. Се пеат песни за Христос и се играат во

421

Аврамовска, 2004: 268

174


оро во стапките на музиката. Можеме да ги вреднуваме во категоријата обредни славења на Бога. 422 Ако ги погледнете лицата на учесниците ќе забележите, радост, вознес, вдахновение, не ретко се случуваат и чуда на исцелувања. Имам уште еден интересен пример на славење, на снимен

матријал423

каде

христијански

заедници

од

Македонија, слават во хотел „Континентал“, со кренати раце кон небесата и вознес, играјќи во ритамот на песните пеат за слава на Исус Христос. Сите се обземени со радост и имате чувство дека Исус Христос слегол и се радува со нив и во нив. И не е случајно богатството на македонските народни песни и ора кога тие се обредни, потекнуваат од еден совршен систем кој се развивал во живо општење со Бога повеќе милениуми кога духовно растела македонската народна култура во служење и посветеност кон Бога, во радост и славење, споделување на дарбите слезени од Создателот.

Архива, Центар Константин, двд „Црковно единство во Македонија, Заедничко славење“- Хотел Континентал, 10.03.2006. Евангелско единство, двд

422 423

175


Во динамичниот превод на Светото писмо, Нов завет на меѓународното здружение „Гидеони“ доаѓаме до главата Небесен хор. „...бројот на ангелите беше многу милиони тие пееја, громогласно во хор“.424 Значи имаме небесен хор, имаме обреден хор, имаме хор во народни песни и за свадби425, имаме хор во театар, имаме хор во црква, и сега хор на славеници за Исуса Христа во нашево, сега и овде време. А тоа е хорско поврзувања на религијата, народната култура и театарот и Божјото царство на небесата. И имаме момент на возродување на театарот кога еден од хорот и орото излегол426 и почнал да драмува со стиховите на драмската поезија. Фреските и иконите по македонските цркви427, како дарови на Свети Дух да се „слика лицето на Бога“, како и делови од светите евангелија, по македонските цркви, се показ, знак, симбол, поука дека дарбата да се биде уметност е дар од Господа и дека со неа би требало него да го Откровение 5 :11 Дафина од Серез која на Стефан Верковиќ му ги кажувала и пеела песните била водачка на женски хор за свадби. 426 Избраникот. 427 Ние можеме да зборуваме за македонска фреско-сликарска школа. 424 425

176


славиме на прво место и да му се покоруваме... а тоа е на некој начин духовна - обредна посветена на Божја култура... или култура на светлината. Де Смет тоа го именува како: „...религиозна верба и практика...“428 А во македонската култура имаме практика на народно-обредна429 култура дарувана во изобилие. Еве што вели Розик за играњето за Бога: „песни и игри во чест на Бога... свештеник облечен во животински кожи, смрт... родение воскрес... Обредот станува

уметност...

Грчкиот

театар430

е

роден

од

Дионисовиот обред, христијанскиот од христијанскиот обред ... Религиознте правила се срцевина на театарот? Театарот суштествува независно од религиозните правила на обредот. Во модерниот свет тоа се два различни културни ентитета. Забораваме дека уметноста е изведена

428

De Smet,2012:3

Нема култура која е народна, а не е посвенета на Бога, што би рекле не е обредна. 430 Ние зборуваме за македонскиот антички театар. 429

177


од обредот. Обред е модус на дејство, а театарот е вид на медиум“.431 Интересно зборот медиум во духовна смисла значи човек кој работи со Бог, со повисоката сила. А тоа не ли е театарот? Театарот не ли работи за и со Бога? Интересен е терминот за христијанскиот театар. Авторката подразбира дејствија на литургиите по црквите кои се ведат од театарот.432 И со тоа ја подвлекува нивната непрекината врска. Втора книга Мојсеева, 29 глава, опишува обредни дејствија со: бесквасни лебови, жртвување на овни, елеј за помазание, попрскување со крв за осветување, опишува обредни дејства за жртвување и принесување жртва, положување на раце врз глава на овенот, жртви сепаленици кои се принесуваат и горат за Бога, јагниња и нивно принесување пред Бога... откуп за душата своја и принос на Господа...433

Rozik Eli, 2002:10-11 Во македонската антика театарот и црквата беа една институција за: свадби, бирање на царот, духовни прослави. 433 Втора книга Мојсееја, 29: 1-46 , 30:1-38

431

432

178


Опишаните обредни дејствија во Стариот завет, се сликовити и интересни и потсетуваат на игрите во овчи кожи кои се во чест на Дионис како претеча на театарот и неговото создавање на европски тло, само што во дионисиството нема крвни жртви, туку пеење и играње во чест на Бога434. Тие спаѓаат во: „Фестивали за давање на живот, прочистување со вода и просветлување, состојба на култ, (свети фигури) поврзаност со култура, култ на вода што дава живот (животворна вода, жива вода)“.435 Истото е пишано во светото писмо: „... Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода...“436 Сето тоа е белег, карактеристика на македонската народна култура. Денес, полека се заборава врската со Бога и таа народна култура, посебно во песната и ората, станува

434 435 436

Еволуиран обред. De Smet,2012:3 Јован, 7: 33

179


себе – афирмација437, а тоа е патека од

естрада, пазар

духовност кон душевност. „...свадбениот обред... вклучува игра, музика, песна, со точна поделба на улогите на сите учесници во свадбениот ритуал, во определено време и место... драмски карактер на свадбата... драмски елементи во зимските и пролетните

народни обредни

игри.... обредни игри

џамалари, познати и под други имиња: бабари, василичари, ешколи и др. Маскирани мажи со поделени улоги... “ 438 Воглавно

дејствијата

кои

се

претходница

на

свадбените обреди се преоблечени учесници во животински кожи439 и играат народен, обреден театар за плодност и благовест.440 Останати од постари народни обреди. И така можеме да зборуваме за принципот на игра за Бога. Славење со играње и пеење. Можеме да го наречеме духовен народен обред.

Термин воведен од Ј. Гротовски публикотопизам и себеафирмацја. Или актер кој се жртвува и актер кој се продава и игра како на пазар. 438 Пенушлиски,2003,13/ И во античките театари и во времето на Шекспир жеснките улоги ги играле мажите. 439 Во чест на Артемида и Дионис. 440 Ние можеме да зборуваме за благовестен театар за духовно родение. 437

180


Еве уште еден податок на разбирање на свадбата како драмска и обредна целост: „...секоја песна претставува целосна сцена. Ако некој ја следи свадбата од почеток до крај, ќе си помисли дека гледа едно филмувано дело...“441 Секако свадбата може да се подели на етапи, делови, сцени, дејствија, за секој дел има посебна песна и оро, има адети, непишани сценарија кои се пренесуваат од колено на колено во народната култура и се видо-изменуваат и прилагодуваат на новите технологии на живеењето. Еден таков пример на обид за зачувување е и Галичката свадба , која се претвора во културна манифестација. „На Сирово 13 јануари, одат сировари и тропаат со метални предмети и ја бркаат караконџулата, црна жена невидлива претворена во црна кокошка...“442 Тука станува збор за борба, битка истерување на темнината, темната сила, невидлива од домовите и животите на луѓето. Иако, денес овие дејствија изгледаат нереални, тие се дел од духовната култура на Македонците. Станува збор за борба меѓу светлината и темнината. Борба 441 442

Раптис, 1977:61 Георгиевски, 2006: 64

181


меѓу Господ и нечестивиот. И учесниците, свесно ја избираат страната на светлината443 и ја бркаат темнината. „...на Прочка се палат огнови кои се викаат „калавешница“. Деца скокаат преку нив за да бидат здрави, и со пепел им се црнат лицата за да немаат болви и да бидат чисти“444 Ете

две

народни

обредни

игри,

кои

полека

исчезнуваат и преминуваат од обредност во естрадност, од религија , преку народна култура во современа култура, со оглед дека горните народни дејствија преминуваат од обред и религија во култура и се претставуваат на карневалите како Вевчанскиот и Струмичкиот, како експонати, како прикажувања од минатото, кое полека исчезнува и се заборава. Еве некои обреди за тажење познати и кај нас:

Иако обредот е веројатно пред - христијански, тој совршено се прилагодува на Исус Христос, „...Вие сте светлината на светот...“ Матеј, 5: 14 444 Георгиевски, 2006: 65 443

182


„...ја раскина горната облека, ја острига главата и падна на земја да се поклони...“445 „...секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои...“ 446 Обреди на тажење, на голема жал, тажна вест и слично, човекот сам се унижува пред Бога, имитативно покажува колку е мал и ништожен пред Бога и ја бара неговата милост. Слични дејства се присутни и денес, кај нас,

минати

низ

народната

обредна

култура

низ

милениумите. Еве што вели Картер за обредите и народната култура: „Духовен темперамент... Прослави и социјални делби. Предок чиишто песни, ора и уметност, умеење, се манифестација кон креаторот кој не создавал... духовен центар на суштествување...“. 447 445 446 447

Книга Јов, 1:20 Книга Јов, 2: 12 Carter, 2002: 1

183


Токму тоа е народната култура, која во исто време е и религија и степен на духовност. Нејзиното богатство и разновидност се плод на богата традиција, да се игра и пее, да се слави Бог и да се бараат од него: исцелување, плодност, заемност, водство, дела кои ќе бидат дарувани, да се бара тој да покаже како, каде, што да се прави во нашето суштествување и да избере да возроди НОВОРОДЕН човек кој треба да го води народот. Понатаму Картер вели вака: „...волшебен круг кој се развил (живот) спасение на умот и срцето, преобразба во свесност... симболична промена, свети кодови...

универзум, со регенеративен

процес (сила) ... 448 Сите категории се веродостојни, тоа е круг Божји за спасние, обредот е преобразба секако и пред сè, се работи за регенерација, овоплотување, ново плодородие, духовно крштевање... и понатаму:

448

Carter, 2002: 1-3

184


„музички форми на креативна изразност... дарувани ритуали... не дидактички театар... сосредоточени на духот, театар на уживање, посвета, пасија и убавина кон позитивна осветлување...“449 И тоа е потврда за обредот како двигател на човековата духовност. Посебно е изразена категоријата „сосредоточени во духот“, што е основа на обредот да се возроди од душевен, духовен човек, обоготворен и даруван од Бога. Кајшаров тоа го споменува исто така: „...христијанство (месијанство) не е примитивност, не значи отсутност од реалност или дисциплина која угнетува...“450 Месијанство, очекување да слезе, да се овоплоти Бого-Човек451, доктрина присутна во македонската култура од најраните духовни пројави... а кокинскиот обред е

449

Carter, 2002: 6-9

450

Кајшаров, 2013:8

Можни се за споредба приказната за Дионис, чедо на небесен отец Теос и земна мајка Семела и Исус, овоплотен бессемено преку Свети Дух и Благовестието со Архангелот Гаврил кој и се јавува на Марија. 451

185


истото452, се чека Бого-човекот да се овоплоти, оплоди , вдахне преку Свети Дух, светлината во земно тело... Но, да не ја заборавиме молбената суштина на обредот453, дека тоа е молба кон Бога за нашите човечки желби и надежи. Еве неколку примери од обредите за исцелување, присутни во голем број и разноводност во македонската народна култура: „за баењата: вид на молитвена поезија... вербални формули на народната медицина во проза и стихови... епско-драмски

жанр

поделени:

баења

за

болести,

атмосферски непогодици и услови, стопански дејности, други“.454 Добро дадена дефиниција е „молитвена поезија“. Во документарниот филм „Белата ластовичка на баба Стојна“, имам, меѓу другото, снимен обред на чистење на сугреби од баба Стојна од паланечкото село Гиновце. Нејзините зборови се во ритам и рима.455 Во нив има структура на

Хиерос Гамос, Свет Брак на небесен Отец земна мајка за да се роди, возроди Бого-човек. 453 Ние можеме да зборуваме за молитвен те-атар. 454 Пенушлиски, 2005, 130-131. 455 „Ластавице бела ластавице, на бел град изнесе, на бел камен падна, се расипа и се разнесе, како мгле по ридови, како праој по 452

186


метафорична логика што е својствена за поезијата и драмската поезија. Во стиховите има мудрост, порака, има стил како се наредени зборовите, и тогаш разбирате дека се работи за систем, на сооднос на дарбите од Светиот Дух да му се служи на Бога, со дадени зборови, исцелитени – формули, но не секому и не секаде, и се разбира по Божјата волја. А тоа е традиционален, обнароден систем на сооднос на Господ и избран служител од народот, како што е баба Стојна. Величковска ни дава добар преглед за тоа од што и за што се бае: „Баења за: болести, епилепсија, за градна болест, црвеница, треска, сугреб, костобол, главоболие, наметка в око, јачменок, клинови за руса, заодлива кашлица, уплав, чума, уроци, секаква болест, за дожд, градоносни и поројни

друмои, како вода по долови...уплав што има у Мару се да се разнесе...“

187


облаци, баење за засакување и љубов456, баења за змии, за нави, за ѓаволи, ограци457, вампири“.458 И погледнете за каков опфат на проблеми и болести се посветувала народната медицина. За поголем дел од горните „болести“ и состојби медицната и денес не знае ништо. Ако имате психички проблем и болест, завршувате со апчиња во болниците за умоболни. За дел од тие состојби народната медицина имала содветен третман во сооднос со Господа и по неговата волја. Ги третирала пациентите. За народните обреди пишува и Величковска. Ги дели според временскиот циклус на промени како: „обреди и обредно пеење: варварушки, божиќни и водичарски

обреди

и

песни...

пролетно-

летниот

календарски обреден систем се: лозарски, велигденски, ѓурѓовденски...“.459 Авторката ни дава интересна одредница за ората: Обредна песна е и: „ Дотекла вода студена, роди се Јана убава ...мајка и магија сторила, живо пиле в оган фрлила, како што се врти пилето така да се вртат ергени по мојта Јана убава...“ песната и денес се пее за Јана убава, на свадби и веселби во македонската народна култура. 457 На 184 стр. авторот има поместено народен обред за изгонување демони. 458 Пенушлиски, 2005: 133-188 459 Величковска,2012:57 456

188


„ороводни песни... проследени со разни магиски практики...„образец на организирано движење“.460 Терминот „образец за организирано движење“ е интерсен. Ние секако видовме дека и метричките стапки од антиката461, кои и денес ги играме во македонските ора се посветени на обред и однос со Бог. Дека коренито се обредни ритми и обредни пеења и песни. „обредни песни...молби и желби стремеж кон магиско делување врз природата, кое се темели врз верување во моќта на говорот“.462 Можеме ли да воведеме термин покрај еволуиран обред, кој се преобразил од крвни жртви во пеење и играње и народна молитва. А тоа е молитва за исцелување, обраќање кон Бога со свои зборови, искрено од срце, молба со сето срце и душата. Вражиновски го споменува тоа: „молитва застапена во семејни обредни и култни дејства... молитва за култ и почит кон Бога...“.463 Величковска,2012:58 Дактил- тросложна, Пеан-четвороложна, Дитирамб(детерима)-пеен на Дионис. 462 Величковска,2012: 59 463 Вражиновски, 2002:266 460 461

189


Највисока

категорија

на

јавно

зборување

е

молитвата, која сушински е стремеж за разговор, допир, со Бога. Има луѓе кои зборуваат молитви не научени наизуст, туку од срце, вдахновени од Свети Дух, и тие се креации, уметност и духовност истовремено, ги создаваат, им доаѓаат во надарен, богодаден миг и истите предизвикуваат солзи, чувства... Исто како и впрочем добрите претстави во театарот и настаните во животот кога дејствуваме со верба, љубов и посвета. Кога ги допираме гледачите со силата на вербата и љубовта. А ние суштински раскажуваме, зборуваме, се молиме со чувства, од срцето и душата ни, со молитва во создавање во мигот, како да создаваме со Светиот Дух духовна драма која се озвучува во Боженствен миг... во разговор со Бога. И нели Апостолот Павле рече: „ако љубов немам ништо не сум...“464 И можеме ли да заклучиме дека истото важи и за обредот, дека тој е љубов и искажување на љубовта кон Бога. Место за дарување на љубовта. Атер465, атар, теа-атар, 464 465

Павле 1 Коринтјаните,13:2 Теа -гледам и атар љубов, место за гледање на љубовта.

190


место за гледање на љубовта, односно место каде се гледа љубовта.466 Каде се огледува нашата вера, љубов и надеж, за сè околу нас. Во документарниот филм „Гуљачки кладенец“, штец Злате Давидковски вели: „Без Бога нема ништо. Верата ќе нè спаси. Да не се откажуваме од Бога. Ако имаме силна вера Бог ќе ни ги исполни сите желби“.467 Како служител на Бога и жив обреден практичар ни подвлекува дека за народните обреди верата има големо значење. На местото наречено „Самовилска вода“, кое пред тоа било култ на Митра, со камена икона , на која се гледал надземниот дел на светилиштето, бев со штец Златко, на теренски истражувања. И денес истото место е култ на Самовилска вода, христијанизирано и се слави Томина недела

468

. И тој податок ни покажува, дека обредите

минуваат милениуми и остануваат во народната култура. Тоа ни докажува дека народот не се откажува лесно од За ова поопширно имам пишувано во магистерскиот труд „Театарот како елитна и масовна култура“. 467 Док. Филм „Гуљачки кладенец“ Дион, Авид. 468 док. Филм. „Папок на светот-родение љубов“ Дион, ТВ Сонце и „Самовилска вода“, Дион, ТВ Сонце. 466

191


старите обредни практики, дека живее со нив, сраснува со нив и ги пренесува низ вековите и милениумите. Интересен е податокот дека храм на Митра има и во Пелгониско: „На Маркови кули храм на Митра“.469 А тоа е култот на сонцето, присутен и потврден во македонската народна култура, како во минатото, така и денес. Вражиновски опфаќа еден дел од обредите во народната култура, кој претходно не беше истражуван. Тој тоа го нарекува: „македонска демонологија, народна култура, група на верување во демони, натприродни суштества поврзани со магиско-религиозни практики“.470 Понатаму тој зборува за: „научно разбирање на демонологијата... од два аспекти: религиозен и етнолошки“.471 Исто така ги одредува видовите, посебноста на демоните, како: 469 470 471

Димитриоски, 2000:63 Вражиновски, 2002:9 Вражиновски, 2002:10

192


„демонски суштества: змевот, ламјата, вампирот, караконџолот, навите, наречниците, стопанот-покровител, ѓаволот, болестите и сл. “472 Ако

народот

ги

познавал

демоните,

имал

богодарувани луѓе кои се борат со нив, и истите ги поделиле на категории, и истите ги има во Светото писмо473, а познати се практики на нивно ослободување од луѓе запоседнати од нив како егзорсисти474, не ли е тоа доказ дека суштествуваат. Еве ги нивните карактеристики и поделби и понатаму: „1.Атмосферски демони, 2.Демони на природата. 3.Демони на судбина. 4. Штетни демони.“ 475 „Митологијата ја раѓа верата во богови и други натприродни суштества како култот сврзан со неа (магија, молитва,

жртвено-принесување

и

обреди)...

смисловна интерпретација на стварноста...“.

472

обред

476

Вражиновски, 2002:11

Исус полага раце и изгонува демони. Егзорсис-истерување на демони од луѓе, утврдена практика ка католичката црква. 475 Вражиновски, 2002:13 473

474

476

Вражиновски, 2002:13

193


Но ајде да поместиме сведоштва од молитвената практика на пастор Константин Кајшаров, каде што слава му на Бога сум присутен на молитвена служба и истражување на живата обредна практика. Тој вели за: „Нужноста од крштевање со Светиот Дух за да можат да се изгонуваат, со ослободителен процес на ослободување од демони по Божјата милост“.477 И понатаму ја поместувам обредната постапка за ослободување од проклетства на живеалиштето во име на Господ Исус Христос. Системот наликува на претходните обредни постапки, но има своја посебност во наведениот ред: „...исповед,

покајување,

одрекување,

ветување,

повикување на цитат од Светото писмо, потврдување, одврзување, прославување, препуштање...“478 Како што гледате се работи за процес на исповед, пред Бога, покајување за гревовите, одрекување од Сатаната

477

Кајшаров, 122: 2013

478

Кајшаров, 2013:131-143.

194


и злото, ветувања да се биде со Исуса Христа, озвучување на делови од Свето писмо, потврдување на верата во Господ Исус Христос, одврзување на личноста од демони и демонски влијанија, прославување на Бога, препуштање на нашиот живот во рацете на Исуса Христа. Некој ќе помисли дека се работи за драма и драмско дејство, но за жал тоа е вистински процес на обредномолитвено исцелување, односно изгонување на демони и демонски влијанија од луѓето, на кој бев и èе уште сум учесник како соработник479, како дел од тимот и јас, слава му на Исуса Христа. Тоа е на некој начин обредно- молитвен процес кој потсетува

на

драмско

дејство

според

зборовите

и

дејствијата, односно драма која е вистинска, не е замислена и е поврзана со вечната битка меѓу Господ и нечестивиот, која е запишана и посведочена во македонската народна култура и секако во Светото писмо. Нам ни е важно и толкувањето на пастор Кајшаров за баењето како народна медицина:

479

Служење на Бога.

195


„...го разбирам терминот баење како некој кој бае со мистични

зборови

повикувајќи

духовни

сили

на

месечината, духовите, самовилите, што паѓа во паганско суеверие и е грешно...“480 Се разбира тој зборува за постарите обредни баења, кои иако сме христијани остануваат во народот и народната култура, како наследство од претходните религиски системи. Во документарниот филм „Огнена Марија“, женатаслужител на Бога зборува за откривање на црквата Огнена Марија и светата вода покрај неа, раскажува како и се јавува со глас свети Илија и и вели: „ бијте со камбаните, и молете се, станува зло во Скопје....“ Зборува за војната 2001 година во македонската света земја481 ...Значи таа, слуша глас, и се јавува свети Илија, го слуша Бога и сведочи за него, а тоа е почеток на обред, свето-дејствие, обреден атер, служење. Има повеќе луѓе кои

Кајшаров, 2013:135 Благословена од Апостол Павле, кој по сонот на Македонецот, Господ го повика во Македонија да го шири Светото евангелие. 480 481

196


служат на Бога, претежно зборувам за христијани во кои може да се препознаат и постари обредни постапки. За тоа Светото писмо вели: „Да ги испитуваме духовите...“482, но тоа е дел од македонската традиција во народната култура да има дарувани луѓе да имаат соработка, служба, да му служат на Бога, да им помагаат на другите. Зборувавме за култот на Митра од Биљановце, Кумановско, денеска именува како Самовилска вода, а се слави

Томина

недела,

христијанизирано

постаро

светилиште, на кое има икони, крст, мало црквиче. Имам сличен пример во Пиринско, кај Македонците во село Кремен, каде на врвот на една планина имало култ на Митра, а денес се слави свети Димитрија.483 Да не заборавиме дека култ кон светлината е присутен и во христијанство: „Вие сте светлината на светот“. 484

Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот. (1 Јован 4:1) 483 док, филм. „Молитва за Кремен“ втор дел, Дион, Авид. Види: http://youtu.be/60lTPeUuyIE?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 484 Матеј, 5: 14 482

197


Тоа подразбира да не правиме култ на светлината, туку ние да бидеме светлината на светот, со тоа што ќе одбереме да живееме со Бога во молитвена обредност. Пример на обредно пеење за Христа, е славењето, во хотелска сала485 , на група верници христијани, кои пеат со кренати раце и го слават Бога. Тие веруват дека се крстени со Свети Дух, и дека добиват пораки, сознанија, од Бога и се радуват и сплотуват во Христа. Пеат од срце, се молат за многумина, за земји и цели региони. Пеат современи песни за Исус. И сега се поставува прашањето: дали е тоа религија, народна култура или културен настан? Тоа е исто како да се обидувате да поставите строга граница каде обредот преминува во народна култура и каде народната култура и обредот поминуваат во театар и уметност? Луѓето на снимениот матријал држат беседи за мир и љубов. Маса луѓе верници во Исуса Христа кои се крстени со Свет Дух, се молат му пеат на Бога на разни јазици.486

Црковно единство во Македонија , Заедничко славење Хотел Континентал, 10.03.2006. Евангелско единство, двд снимка. 486 „Постојат разни дарови...“, „...на друг разни јазици, на трет да толкува јазици...“ , „...и луѓе што зборуваат разни јазици...“,

485

198


На истата снимка, Рут Руибал дава сведошто за чуда кои се случуваат кога луѓето се сраснати со молитвата: се појавува риба чијшто вид исчезнал, зеленчукот расне енормно, удира молња во океанот кога барат абер од Бога и се прави дупка во дното на океанот која е полна со риби, и доволно за да се прехранат неколку села и тоа се повторува наредниот период и тие живеат од рибите. Руибал сведочи за силата на молитвата како со молитва на 25.000 луѓе се менуваат случувањата во нивниот град Кали... на фудбалски стадион со 40.000 луѓе, се случува крштевање со Свети Дух. Кога се крстат се нарекуваат новородени крстени во Свет Дух. И таа вели: „...да бидеме заедно со оние кои го бараат Бога...“487 Исто така зборува за: „целосна зависност од Бога, за јазик кој го наоѓаме во Светото писмо...“ Го цитира Џон Лок и познатиот провик и восклик: „Дајте ми ја Шкотска или ќе умрам!“

„...сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?“ 1Коринтјаните12:4-30 487 Ibid

199


Сведочи за: „...страст за промена на подобро на својата земја...488 Страст за својот народ и земја, страст и љубов кон Исуса“. Руибал нè поттикнува за да правиме: „ ... молитва за своите градови, земји нации489...“ Ни вели дека: „Страдаме

дека

Бог

сака

да

направи

нешто

невозможно за Македонскиот полуостров490.“ Нели: „ за Господ сè е можно“.491 Потоа

на

снимениот

матријал

е

поместена

молитвата492 на Рут Руибал во која на крајот вели, се моли на Исуса со восклик: „Дај ми го Скопје или ќе умрам!“

Познавам еден Македонец кој 2001, за време на војната, се заложи себе си и побара од Бога: „Земи ме мене, спаси го мојот народ“ во Дион, светиот град на Македонците под Олимп. 489 Молитвата на Кокино, и моите настапи таму се всушност токму за тоа. 490 Балкански, што всушност значи планински, Балкан е планина на архаичен јазик. 491 Марко, 10: 27 и Матеј, 19:26 и Лука 18:27. 492 Црковно единство во Македонија , Заедничко славење Хотел Континентал, 10.03.2006. Евангелско единство, двд снимка. 1.23.55 – 1.27.11 488

200


Ете што значи обредна посветеност и верба. Овој пример го поместувам во поглавјето за народната култура, за тоа што сметам дека ова навистина е народна култура, која е жива и делува на настаните понатаму од она што сме сега. Еве уште неколку примери од истражувањата: Во „Огнена Марија“, документарен филм, се гледа како жената, служител, посветена на Бога се моли во стихувана форма кон Бога и светиите да заврне дожд пред црквата Свети Јован Опсечен во Режановце со очите кон небесата. И тоа е обредна молитва за дожд. Од снимката се гледа дека таа се моли со свои зборови и од срце. Дека нема напишан текст. Тоа нè носи во сознание дека молитвата се создава во вдаховение во срцето и потребата, жедта за Господа. Но, го споменавме и терминот службарски песни. Или служење со пеење во нашата народна култура: „службарски песни... за слави со седење“.493 Го именува како: свадбарски и за првиче или кога се оди по невестата. Песните се долги по 20- тина минути една, има редење на зборови, напевна мелодија со Вели жената во филмот „ Обредно пеење од Паланечко.“, Дион, Авид. 493

201


непрекинат глас, потсетуваат на црковно пеење, што пак нè доведува до врската на песната и Бог, кому всушност му е посветена, му се пеела, му се играла во оро, му се зборувала во хор, и еден од посветните потоа ја кажувал во драмските стапки како молитва, па сè до денешната современа уметност. „невестински песни кои се пејат кога се изнесува невестата од дома…“494 И тоа се обредни песни посветени на чинот на разделба од домот и одење кај младоженецот во нов дом495. Нели е тоа обожување на самиот чин на свадбата како процес на промена на врската со семејството кон нов дом? Интонацијата на песните, звуковниот одраз, звучната енергијата е слична, да не речам идентична, истоветна со звук на обредни кристални садови, кои се употребуваат во службите кон Бога. Начинот на пеење на обредните песни од Крива Паланка, редење е хорски, тука се гледа преминот од обреден хор кон Бога во обреден хор за земна прослава за 494 495

Ibid Споредба на свадбата како драма.

202


свадбата, каков што бил оној на Дафина од Серез496, главниот извор на песни, инаку членка на таков хор за свадби... Врската на македонските песни со обредот е нераскинлив и денес, инаку само кога се пее за Бог се враќа обредноста и нивната богодаденост и посветеност, без Господ останува приземноста и естрадноста, а тоа е суштинската разлика во поттикот кому му се пее и зошто се пее. Жените од Крива Паланка ни ја раскажуваа драмската структура на свадбата. За одење во сватови, за тоа дека пее целото семејство и целото село и сите свадбари, за тоа дека има одредена песна, по драмско сценарио, за одредено дејство, со мизансцена497, за тоа дека песната е отворање и заедништво, за пресек на енергијата Господова, за славење на самиот живот и Бог, за преминот од молитва кон зборување... Потоа ги гледам во ороводни песни кои ја имаат истата хорска и обредна поставеност, на свеченост,

Види Стефан Верковиќ „Македонски народни умотворби“, Македонска книга, Скопје, 1985. 497 Утврден начин на однесување и движење.

496

203


посветеност, воведеност, орото е стамено и ситно, кругот е цврст, во заедништво едни со други и секако пред сè е симболична , метафорична и суштинска покорност и почит кон Бога... Потоа пеат во две групи кои меѓу себе водат музички разговор, дијалог, една од нив ги предводи, а другите од групата ја следат, исто е и во ороводните песни, а со тоа се покажува намерата една од нив да излезе од орото и хорот и да зборува од драмските стихови во стапките како драмска поезија.498 Една од жените, сама ги нарекува службарски песни. И ги именува како: жетварски, ороводни, за првиче, за свадба, кога оди невестата од дома кон зетот и сл. Обредните

песни

Дионисови,

во

македонската

антика, пред Исуса Христа, се премин од обред кон уметност, кога му се пеело на Бога и се создал театарот во вдахновение и процес од хор, оро, и еден избран, даруван излегол и почнал да зборува со словата на Бога од драмската поезија.

498

Показ како е настанат театарот.

204


Да си спомнеме за Морено кој ја открива драма терапијата. Со тоа нè поврзува за исцелителната улога на театарот-обред. Тој тоа го именувал како: „Театар

на

спонтаноста,

импровизацијата.

Психодрама“.499 Потоа направиле и Dance - теарпија со Marian Chase.(Мариен Чеис) Инаку методот се состои во: „...психијатриско интервју, потоа и игра на одреден зададен проблем, за да го одиграат својот проблем ...“500 Пациентите го играле својот проблем како во театарска претстава. Денес, тој процес е познат и раширен како психодрама. Од него се гледа комплексноста на театарот кој е соединување со Бога во својот пра-првичен поттик и срж. А тоа го прави обред, религија и народна култура во исто време во единство на место, време и дејство. Во сите познати димензии на современиот свет: во време, простор и свест.

499

Read, 2009:5-6

500

Ibid

205


И повторно излегуваат цитати од Светото писмо кои нè посетуваат на она што навистина сме: „Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го урива Божјиот храм, Бог ќе го урне него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие“.501

И навистина сме Божји храм во кој може да се насели Божјиот Дух на Создателот. “Затоа ве молам, угледајте се на мене“. 502 Убав показ да се угледаш на Бога, на Исуса Христа. И понатаму: „Зашто иако во телото сум отсутен, присутен сум во духот“.503 Присуство во Духот. Нешто што е стремеж и двигател на ова патека од себе кон обредите и Бога. Од молитва-служење, кон народна култура и еволуиран обред со песни и ора, до атерот на театарот. Место за љубов кон Исуса и духовно присуство. Амин. 501

1Коринтјаните, 3:16

502

1 Коринтјаните, 4:16 1Коринтјаните, 5:3

503

206


ОБРЕДОТ КАКО ТЕАТАР И УМЕТНОСТ

Поминав соодветен образовен систем на Факултетот за драмски уметности, кој мошне малку ни пренесуваше знаење за македонскиот театар. Пред сè мислам на некаква поврзувачка линија која би го оправдала, потврдила богатството на матријална и духовна култура кое го има македонската култура. На часовите по „Македонска драма и театар“, претежно се зборуваше за Војдан Поп Георгиев Чернодрински и неговиот, првиот театар „Скрб и утеха“504, за кој професорот Александар Алексиев пренесуваше податоци и предаваше со посебна жар, посветеност и засегнатост.505 А тоа е периодот пред Илинденското востание и по него, до создавањето на Р Македонија во рамките на СФРЈ. Театарот во антиката и пред тоа и театарот до 19 век речиси воопшто не се споменуваше506. Мене како на тогашен студент во класата по актерска игра, ми се наметнуваше едно ординарно, но логичко прашање: Именуван така на 13.05.1901, види Алексиев, 1976:59 „Основоположници на македонската драмска литература“ Александар Алексиев, Култура, Скопје, 1976. 506 Алексиев тој период го обработува со 4 реда на самиот почетокот на книгата. Види : Алексиев, 1976:5 504 505

207


„Како само Македонија и македонската култура да немаше право на континуитет, за разлика од сите наши соседни земји?“ И приказната востановено од политички причини си течеше, по предметот „Македонска драма“, се учеше само тоа што беше дозволено. А околу нас, ако ги погледневте македонските народни подтеатарски форми и содржини, ќе видевте наплив од драмски игри, пораки, сведоштва, кои зборуваа за еден непрекинат сценско-обреден живот што е двигател, темел, сила на современиот театар, пред сè како негов корен и поттикнувач. А приказната дека се почнало ете таму од 19 век, не држеше, ниту, тогаш, ниту пак сега кога малку се дозволи да се цитираат и други извори освен оние догматски востановените.507. За моите спротиставени ставови бев и држен под контрола, од страна на надлежните508 и на научниот симпозиум509 не ми беше дадено да зборувам на тема за „Македонските антички Во науката не се дозволени догми и утврдени вистини еднаш за секогаш, таа е подложна на менување и прилагодување на новите научни сознанија. 508 На мојата институција ФДУ, Скопје . 509 Трет симпозиум “Прилози за историјата на македонскиот театар“, хотел Монтана, Крушево, 2000, во рамките на театарските игри „Војдан Чернодрински“

507

208


театри“, текстот кој потоа го дадов за симпозиумот, да биде објавен во зборникот, колешката не сакаше да го објави и не беше објавен како приложен труд... и сл. Истиот текст го поместив како предговор на мојата книга: “ДрамиДеноносии“ во издание на едицијата “Лицеум“510. Имаше некоја чудна „наука“ во нашата македонска наука, посебно тогаш и за тој период, но за среќа сега се менуваат состојбите и се дозволуваат споредби и на други извори за македонската наука и македонскиот театар. Нели Господ ни дал: „зборови за општење еден со друг, но се разбираме и без нив“.511 Се разбира дека е така посебно во обредот и театарот, посебно во оние уметници и научници во кои престојува

духот

на

вистината512.

И

ја

имаат

таа

разбудувачка нота да бидат со вистината и покрај сè и покрај притисоците на властите. Хант имаат уште едно Стојановски,2001: 5-30. Види: http://pdfcast.org/pdf/1398775031 511 Hunt, 1964:7 512 „Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.„ Јован: 14:17 Свето писмо 510

209


интересено сознание за театарот, а исто така и за обредот. Тие велат: „театарот како чувство“.513 Ни пренесуваат податоци дека : “жените му носат цвеќиња на Дионис и играат и пеат“514, ни даваат споредба со Зуни - индијанците кои играат во круг за Духот на Бога за умрените. И во двата случаи имаме предходница на театарско дејство, обред посветен на Бога. Можеме да направиме споредба со Исусовото влегување во Ерусалим и празникот Цветници, кога се послал патот со цвеќиња и исто така со носење цвеќиња и оставање на олтарот, на вратата, на иконите

во

православните храмови во нашата духовна култура. И можеме да го споредиме со хорот и орото во македонската народна култура од која се изнедрил театарот515. Секако заедничко на сите тие дејствија од обред до театар е нивната поврзаност со Господ и потребата да играат за него, Hunt, 1964:9 Hunt, 1964:13 515 Реконструкција на првиот актер кој излегол, од орото и почнал да зборува драмска поезија, правиме секоја година на ФДУ со студентите на прва година во класите по актерска игра по предметот Сценски говор со техника на глас. 513

514

210


да бидат со него, да му се обратат нему, за да добијат повратна реакција на молбите, желбите, игрите, славите на обредите, на обредните драмски дејствија. Еден интересен автор Пор, ни дава поврзување на египетските обредни дејства со настанокот на театарот. Тој вели: „...драматизација на смрт и воскреснување на египетскиот бог Озирис... 2500 години пред Исуса Христа…“516 Ние секако го имаме практичното искуството со мегалитската опсерваторија и света планина Кокино, каде ја баравме врската на обредот и театарот и чија датација е 2000 години пред Исуса Христа. И се разбира задничката нитка на сите тие обредни дејства е потребата од соединување со Бога. Пор ни дава приказ на Та зиех517, или Шабих, исламска форма на драма, чија што содржина ја опфаќа патењето и смртта на Имам Хусеин син и пророк на исламот. За која се детерминира како: обред, историја, Pour, 2004: 39 За ова има пишувано и Питер Брук, каде раскажува доживувања од таква претстава која ја гледал во Иран. Употребува термин да бидеш воведен во претставата. Види „Точка на преврт“ Питер Брук, Лицеум,2005. и „Не постојат тајни„ Лицеум,1999. 516 517

211


поезија,

раскажување,

музика,

песна,

импровизација

чиишто корени водат од погребните обредни дејствија. И сите горенаведени дејствија се содржат во театарот денес, а секако и во обредот сега и овде. Don Ribin (Дон Рибин) во предговорот на книгата употребува една интересена одредница, дека Та Зиех е : „...повеќе од само религија... дека е мартирство поточно сведочење...“ И тоа е добра одредница за театарот денес, дали има сила да сведочи за своето време и своите состојби што му се случуваат. Авторот нè потсетува дека: „етимолошки зборот ислам значи предаденост и покорност...“518 Се разбира и двете категории, се нужни и во обредот и во театарот. Предаденост519 и покорност, поточно чувство дека се служи во храм, било тоа да е театар или верски храм. Сепак имам сознанија дека нешто недостасува во тој опис. Браун употребува една полезна споредба. Зборува за тројството:

Pour, 2004:20 „Сакај го својот бог со сето срце, со сета душа со сиот разум?“ е првата Божја заповед во Христијанството.

518 519

212


„Актер, текст и режисер во споредба со Отецот, Синот и Светиот Дух“.520 Можеби за некого кој е горделив во верата, оваа споредба ќе биде неумесна. Но има во неа патоказ за нашава тема меѓу обредот и театарот. За обредот и театарот е нужен и Светиот Дух. Тоа подразбира Божјо присуство во делувањето, за дејствијата да бидат духовни. „Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери“.521 И штец Златко зборува за Светиот Дух

во

документарниот филм „Свети води-благословени“. Тој вели во една молитва кон Исуса Христа: „...Да ни го дадеш Духот Свети да не одиме во искушенија...“522 Еве што вели Кајшаров за Светиот Дух: „...присуство

и

престој

на

Светиот

човекот...“523 За да се има: Braun, 1969: 38 2 Тимотеј, 1: 14 522 Док. Филм „Свети води-благословени“ Дион, Авид 523 Кајшаров, 2013:6 520 521

213

Дух

во


„повторно родение...“524 И секако: „...Изразување на Божјата љубов...“525 Повторно родение е она што е двигател и на дионисовиот антички526 театар. Се разбира и суштината на Исусовата жртва и воскресението. На некој начин и актерот се раѓа и умира на почетокот и крајот на претставата во театарот. А ние би рекле дека ако имаме Свет Дух во обредот и театарот, тоа е присуство на Бог и тогаш во дејствијата

има

духовност.

Интересен

е

ставот

на

Џенингсен за ова. Таа вели: „...исцелителен театар и обреден ритуал...“ 527 И дава поврзувачка нитка на двете крајни точки на соединувањето на земниот човек со небесниот Создател. Ни ја отвора портата за премин и сврзување на обредот и театарот. Она што Лебрех и Кеј го нарекуваат: „...премин од обред до театар...“528 524

Кајшаров, 2013:8

525

Кајшаров, 2013:10

Македонски Jenningsen ,1995:28 528 Kaye,Lebrecht,2000:2 526 527

214


И секако, што за нас е точка на пресврт и менување, преобразување на обредот во театар и спротивно на театарот во обред и обредност. И пак да се навратиме на образовниот систем за македонскиот театар и неговите почетоци и да принесеме еден податок кој е тотално непознат во македонската наука. А тоа е системот на македонскиот царски хроничар Еврипид.529 „Еврипид се придржувал до практиката, на крајот на трагедијата го повикувал да се спушти Бог, кој е способен да ги разреши сите проблеми“.530 Ете тоа е токму нитката која недостасува, покрај предаденоста и покорноста во исламската драма. Покана да дојде Господ и да игра со нас на „мајката сцена“531 што е традиција во македонската народна и обредна култура. И во театарот. И во христијанството, исто така каде имаме крштевање со Дух Свети, како допир на религијата и културата. Бил дворски хроничар на македонскиот цар Архелај, на македонскиот двор во Пела ги напишал Баханалиите, најзачајното дело во македонската антика потикнат од култот кон Дионис кај Македонците. 530 Павис, 2002: 71 531 Термин воведен за сцената на часовите по Сценски говор и техника на глас, на ФДУ. 529

215


Нели за: „...оние

што

со

чисто

срце

Го

повикуваат

Господ...“532 И секако да се потсетиме дека: „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух. Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете го Бога, во своите тела и во своите души, кои се Божји“.533 Прослава на Бога во своите тела и души. Добра точка за почеток на обредот. И на театарот. Прослава. Има ли намерници кои сакаат или не сакаат да слават? Славењето во македонската култура е длабоко всадена појава, дејство, адет, традиција и можам да одам уште понатаму доведено е до обредност, со песни и ора во Дионисов занес, со кренати раце и отворени срце и души, играјќи и пеејќи на свадбите и другите прослави. Мислам дека тоа е основната нитка на театарот и на обредот прослава. Славење. И во кокинскиот

532 533

2 Тимотеј, 2:22 1Коринтјаните, 6:19-20

216


обреден театар534 се работи за слава. Оддавање почит кон Создателот. Покана да дојде Господ и да игра со нас, да нè облее со светлината, да нè вдахне и надари со вистината. Ист е принципот и во игрите на Дионис во антиката, од кои се возродил европскиот театар, каде се славел и поканувал Господ да игра и да биде со посветениците. Меиснер кога зборува за театарот вели дека: „...чувствата доаѓаат од дејствијата...“535 А обредот и театарот имаат дејствија. И исто така ја истакнува и потребата од вербата како важен поттикнувач на двете состојби на тие дејствувања. И ние можеме да одредиме два основни типа на дејствување во обредот и театарот и тоа: сцено-дејствија и свето-дејствија. Првите се однесуваат строго за сцената и театарските претстави, вторите

за

верско-обредната

литургиско

службарска

практика. Но, еве што вели за вербата:

534 Археолог, Јовица Станковски го воведува тоа именување, „неолитски театар“, док. Филм „Кокино - духовност и Боженственост“, Дион, ТВ Сонце. Види: http://youtu.be/_mJ7b25ZEpI 535 Meisner, 1987: 170

217


„...Верба што е вистина, во нас, е корен на актерството...“536 Добро согледано. И уште: „ ...актерот е поголем од обичниот човек...“,537 И сознанието дека театарот е преобразба.538 Авторот

остава

самите

да

одредиме

чија

е

преобразбата? На актерот или на гледачите? Или како што вели Аристотел се работи за катарза на сите учесници во дејствијата. Сцено и свето-дејствијата на театарот-обред. На театарот со верба. И нели актерот е поголем539 човек, оти не се работи само за душевни дејствија, туку за духовни, поврзани со потрагата и барањето на Бога, што е основна сила во обредот-театар. Ќе поместам еден настан, истражување со Клиниката за психијатрија во Скопје, кое ја допира обредноста и театарот.

536 537

540

Сетне со театарот „Скрб и утеха“ одигравме

Meisner, 1987:48 Meisner, 1987:111

Meisner, 1987:137 Се мисли духовно. 540 Кај нив имаме играно неколку претстави со театарот Скрб и утеха“ во дворот на Клиниката во Скопје, пред сè: „Ќелавата П...“ на Е. Јонеско, и „Дрвеница“на В.В. Мајаковски, обете во режија на 538 539

218


театарски маратон541 во МКЦ со претставата „Студен тушДрвеница“ на Мајаковски, и игравме 12 часа без прекин во чест на врската на Еврипид со Чернодрински, како обреден протест за поврзување на заборавената или забранетата историја на македонскиот театар. Во настанот имаше обредна поставеност, актери кои играат со мотив на посветување и славење на театарот како институција во македонската култура и чин на потсетување дека ги славиме Еврипид и Војдан Чернодрински како дел од една иста целина, а тоа е македонскиот театар. Клиниката за психијатрија, од Скопје, вршеше, истражување со анкети и проверка на нашата здравствена состојба,

истражувања

кои

отидоа

на

меѓународен

симпозиум и чии резулатати беа дека актерите после 12 часа играње на сцената, имаат подобри резултати на ниво на: внимание, брзина, прилагодување, размена на чувства, забележување од пред почетокот на настанот, што В. Денчов. Од истите имаме собрано анкети од пациентите и докторите. 541 На 22.05.1995 на Театарскиот маратон „Мину Угриновска“ ( денес Дион-Исусови слави) во МКЦ одигравме 6 претстави една по друга со „Дрвеница“ . Да не заборавиме дека во античка Македонија фестивалите на комедиите траеле 24 часа без прекин, а на трагедиите три деноноќија без прекин. Види: http://youtu.be/F4IjgSadRyU

219


докажуваше дека мотивот има голема улога на нашите душевни и духовни способности, дека заморот не делуваше на нив. Претставите ги следеа гледачи кои доаѓаа и заминуваа, а за нас актерите во претставата тоа беа незаборавни мигови кога од претстава во претстава се случуваа нови вдахновенија, промени на подобро во креативниот миг и решенија на играњето на улогите и целата претстава на Мајаковски. И секако да не го заборавиме чувството за нас, како учесници, дека се случува нешто свето и по-светено, што е дел од обредноста и театарот. Може да се нарече тоa како душевно-духовен процес или: „...култивирање на замислата...“542 И пред сè: „...Визија на човек и практика со Бога...“543, што дава добра насока за нашето истражување на обредот и театарот. Тоа подразбира пат од човекот кон Бог. Од душевното кон духовното. Од кога помнам за себе како актер секогаш имам чувство дека не сум сам на сцената и дека мотивот за моето 542 543

Aston Elaine, 1991: 91 Aston Elaine, 1991: 95

220


сцено-дејствие не е себеобожување туку играње за Бог, за вистина, за промена на светот. Го имав тоа чувство на посебност, не за да се истакнам себе си, туку самото место сцената и театарот ги сметав за место кое е свето и е единство со Бога. Светото писмо тоа го одредува како: „А кој се соединува со Господ еден дух е со Него“.544 Тоа е принципот за кој имав претчувство, го знаев некаде длабоко во душата и по кој се водев иако сè уште го немав прочитано Светото писмо. Играта на сцена за мене беше

возвишена,

Божји

свет,

и

така

наместо

во

институциите на македонските театри згради, создадов по Божја воља свој, или богодаруван театар. А тоа е театарот „Скрб и утеха“ со кој можев да ја истражувам преку практични дела и слободен од догмите и правилата во државните театари, состојбата на неговата обредност и поврзаност со Господа. Никој нема да негира дека театарот, според признатата историска верзија на вистината е настанат од култните обредни игри во чест на Диониса. Тоа подразбира играње, славење и служење на Господа. 544

1Коринтјаните, 6:17

221


Врската на театарот со народните обредни игри и песни и ора, во македонската народна култура е несомнена, пред сè, преку метричките стапки од антиката кои и денес ги играме во ората, преку службарски песни, преку народните обредни дејствија кои се сценарија и драми за еден духовен систем на општење со Бога, и пред сè во помнењето на народот, неговата насушна потреба да игра, да слави, да пее, да се радува и да тажи спомнувајќи си на Создателот. Мичел во овој контекст упатува едно интересно и загадаточно прашање: „...што се случува меѓу сцената и играта...?“545 Мислејќи на нашето тело, зборовите, однесувањето, нели

како

сооднос

меѓу

актерот,

дејствувачот

и

ординарниот човек. Тоа подвлекува друг опит како на пример: „...каде завршува претставата и почнуваме ние? И каде почнува претставата и завршуваме ние...?“546

Mitchell, 2009: 36 Док. Филм „1000 години како денот од вчера“ МТВ и Дион. Види: http://youtu.be/x3LJqeKCU7Q?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 545

546

222


Тие прашања и самите ги поставуваме во театарската претстава „Ние“ со театарот „Скрб и утеха“.547 Како на пример кои сме ние актерите? Која е потребата да се игра? Во право ли е Гротовски кој вели дека: „актерот е светец кој се жртвува и распнува на сцената за да ја освети публиката“548 и понатаму од тоа. И неизбежно ќе дојдеме до потребата на Питер Брук, Јержи Гротовски, Еуџенио Барба кои имаа духовна нужност да се вратат на корените на театарот која не е случајна. Гротовски ја создаде теоријата за „актер-светец“ и „свет театар“, Брук549 дојде до основната поттикнувачка кота дека: „театарот е потрага по Бога“, играјќи по Африка и Азија, во истражување на раните обредни театарски форми и содржини, додека Барба550 бараше универзален театарски јазик за зближување на луѓето,

како парафраза на

Текст на Тихомир Стојановски, режија на Владе Денчов. Ј. Гротовски со „Театарот на 13 редови“ во Ополе, Полска, создаде своја театарска лабараторија и актерот го доживуваше како свет човек. 549 Основач на Интернационален центар за театарски истражувања во Париз, играл со претставата „Махабхарата“, по цел свет, која траела 9 часа во обредна посветеност и др. 550 Основач на „Один“ театарот во Осло, со луѓе одбиени од приемен испит на театарска школа во Осло, игра по селата во Италија, таканаречен театар „размена“ со локалните жители. 547

548

223


Вавилонската кула551 и мешањето на јазиците на луѓето, по библиската приказна. Како што гледаме не сме сами во таа света обредност ниту во религијата ниту во културата. Еве уште еден собеседник на таа тема. Хаген размислува на обреден начин кога зборува за театарот. Вели: „...Верба во родение на сцената...“552 Ова е исто така основен обреден принцип за плодност и родение. Потоа оди уште понатаму и вели: „...Патување во друго време...“553 На сцената имаме единство на време, место и дејство по Аристотел. Тоа е јасно и докажано. Имаме исто така и тро време, на ниво на иднина, минато и сегашност554. И понатаму доаѓаме до првичниот обреден принцип: „...Чувство за смртност и бесмртност...“555 Секако присутно и во религијата, како на пример во христијанството и воскреснувањето на Исус Христос. Исто така и мотив од античкиот театар на Дионис и неговото Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја. Битие: 11:9 551

Hagen, 1991: 149 Hagen, 1991: 229 554 Текст напишан во минато, го играме во сегашност и зборуваме за иднината. На сцената постои времето сега и овде. 555 Hagen, 1991: 281 552 553

224


воскреснување и победата на животот над смртта, и пред сè актерот кој на крајот на претставата симболично умира за да се возроди во нова претстава. И тука се и основите прашања за сите нас и во и вон театарот и во и вон религијата како на пример: „...што правам, од каде доаѓам, дали треба да сум тука, каде одам и што сакам...?“556 Добра предлошка да тргнеме кон обред, кон театар. Тоа се прашања кои нè засегаат сите и оние во обредот и оние во театарот и оние во животот. Кога би ги знаеле одговорите би живееле во: мир, благодет, заедништво и љубов. Или во обредна посветеност со песни и славење на Бога. Или во нова димензија: „нова дименизија натпироден живот... кога човек има заеднички живот со Бога...“557 Заеднички живот со Бога тоа е одлика на театарот и на обредот. Ние познаваме само три дименизи: време, простор и свест. Времето за обреден театар е: бесконечност и безвременост, просторот за обреден театар е вашето срце и препуштање во дејствијата на славењето, а свеста е 556 557

Hagen, 1991: 149 Кајшаров, 2013:3

225


свесност за Бога во себе и посветеност кон него. Можеме да кажеме и уште нешто што е полезно во обредот и театарот, а тоа е препуштање се во негови раце, на Бога, по примерот на македонскиот антички трагичар Еврипид. Тоа е една од патеките на театарот обред. Секако не можеме да кажеме дека е само таа и дека е единствена. Но, еве уште еден собеседник кој ја допира таа тема. Изјавата на Жак Копе доаѓа до длабока сознајност за театарот како феномен на човековата активност со светот и Бога: „... актерот ризикува да си ја загуби душата постојано живеејќи на сцената како некој друг...“558 Верувајте дека е така. Кога ќе видам како завршуваат големите

актери559,

се

посетувам

на

Еврипидовиот,

македонски принцип да се повика Господ да го разреши секој проблем кој го играме, живееме на сцената. Актерот игра со сето срце и душата, и ја преминува границата и сцените кои ги игра на сцена, и тие почнуваат да му се случуваат во приватниот живот. Не е случајно што Hodge, 2000: 58 Ричард Бартон во алкохолизм, Лоренс Оливие со стравови, Ентони Перкинс на психијатрија, Ентони Хопкинс зборува за демони кои влегуваат во него и др. Примери кои нè потсетуваат дека ако не се верува во Бога, а се игра на сцената е опасна работа. 558 559

226


„Илијадата“ на Хомер почнува со обраќање кон Бога.560 Што античката драматургија се бави со односот на човекот и Господ. Што во драмската класика на Шекспир, Чехов, Молиер го има принципот на сооднос на човекот со Господа. Тоа е основната линија на обредноста и играта произлезена од неа, она што е театарот и она што денес е современиот театар, кој го заборавил Бога и игра за себе си. А тоа е разликата меѓу духовноста и душевноста. Еве уште еден пример кој нè води натаму: „...актерот се движи кон бесмртност, кон обредност... не да поверуваме, туку да веруваме...“561 Авторот ни ја потврдува длабоката поврзаност на актерот со својата игра, дејство, сцено-дејствие кон светодејствие. И се разбира нè потсетува на библиското: „...Поверува и затоа зборува и ние веруваме и затоа зборуваме...“562

„Гневот о Божице спеј го на Ахила синот Пелеев...“ Hodge, 2000:58 562 2Коринтјаните, 4: 13 560 561

227


И доаѓа до принципот на Гротовски: „...не да те распнат, туку да бидеш распнат, да те распнат...“563 Тоа е длабока верба дека театарот има повисока духовна димензија која му ја дава токму суштинската поврзаност со Бога и играњето за него, како што е случај кај посветените обреди посведочени во македонската народна култура. Тоа Елам го нарекува: „...Правила и вдаховение... духовност...„564 Што е верно, јасно е дека правила се нужни и во обредот и во театарот. Тоа подвлекува и: „...правила и сооднос...“565 И прилагодување на редот на обредот и во театарот и во верската институција и нивните литургиски дејства. „...каде претставата се допира до општеството?...“566 И тоа е сериозно прашање. И ние можеме да поставиме уште едно прашање на пример: Каде обредот се допира до општеството? Претходно посведочивме дека во македонската народна и духовна Hodge, 2000:121 Elam, 1980: 85 565 Elam, 1980: 52 566 Elam, 1980: 53 563

564

228


култура сè уште има живи обредни форми кои имаат милениумска традиција и трајност. И каде се допираат тие во нашево индустриско, модерно живеење со сета таа техника и цивилизација. Моите искуства за обредниот, посветен театар доаѓаат од практиката на живо искуство со театарот „Скрб и утеха“. Можам да посочам примери од практиката кога театарот се допира до опшеството. Еве неколку од настапите во Мала Преспа кај Македонците во Р Албанија. За прв пат бевме таму во 1994-та година со претставата „Ќелавата П...“ на Ежен Јонеско и игравме пред селската црква во Пустец. Ни дадоа да се пресвлечеме во црквата која во времето на владењето на Енвер Оџа беше престорена во Културен дом567. Помнам дека на една црвена земја ја одигравме најкреативната претстава на Јонеско. Помнам дека за време на претставата, се држевме за стомак од смеење, дека гледачите со својата наивност568, не правеа јасна разлика меѓу театарот и животот. Меѓу претставата и гледачите настана несекојдневна невидлива но длабока поврзаност и се надполнуваат едното со другото. Тоа е едно

Ете како повторно се допираат религијата и културата во едно исто место. 568 За прв пат имаа можност да гледаат театар.

567

229


од искуствата каде театарот се допира до самиот живот и се преплетува со него, во некаков избран обред и поредок. Грахам тоа го нарекува: „...чувство на групно изразување...“569 и „...каде играте таму е сцената...“570 Овие два принципа сме ги провериле повеќе пати во практиката. Во нашиот театар создадовме кодекс на однесување и едно од правилата е дека: „...бројот на публиката не одлучува за интензитетот на претставата...“.571 Тоа ни даваше чувство на служба. На служење. Нашите актери играле и ќе играат и за еден гледач. И тоа беше дел од обредната поставеност на односот кон сцената и публиката и нашето сцено-дејствие. Но, еве уште еден пример од практиката. Во документарниот филм : „За театарските пророци кои беа пред вас“, снимен 2000 година, а измонтиран и прикажан на ТВ Сонце во 2012, е снимен момент на настап на театарот

Graham, 1993: 41 Graham, 1993: 121 571 Стојановски, 1998:97 569 570

230


„Скрб и утеха“ со претставата „Зајдисонце“572, пред селската гимназија во Пустец, кога еден чичко за време на дејствувањето на претставата, се грчи во лицето и почнува да

плаче,

за

време

на

монологот

на

Александар

Македонски. Додека трае сцената тој полека се расплакува , со грч во лицето и се потпира на соседниот гледач. Тоа е она што Аристотел го нарекува катарза573 во сценското дејствие на театарот. Дејството од играта го допира длабоко во душата. На истата снимка на истата претстава во соседното село Лески, играна истиот ден574 пред селската продавница,

додека

траеше

претставата,

локалното

население оставаше пари и палеше свеќи пред иконата на Света Богородица со Исус инаку дел од сценографија од претставата, која стоеше на предниот дел од местото каде игравме со „Зајдисонце“. Тоа значи дека локалното население не прави разлика меѓу театарот и животот. Или дека религијата ни влегува во претставата. Инаку оставање пари на икони и прекрстување и бакнување на истите со Текст на Тихомир Стојановски, во режија на Владе Денчов. Види: http://youtu.be/fHLHGWdu6GE?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 573 Прочистување. 574 Април, 2000.

572

231


метании575 е православен обред. Флеминг дава интересна согледба за театарот и обредот: „...Агол и степен на игра...“576 Важен момент секако, потоа додава: „...социјални, верски, етички ритуали...“577 Тоа е она што ги поврзуваше претставите со гледачите во руралните средини каде беа останати Македонците во соседните земји и секако потврдата дека: „обредот е вид на драма...“578 И тие ја препознаваа таа заемност меѓу претставата, верата и самиот живот. Ние можеме да зборуваме за: театар на верба, љубов и надеж.

Театар во кој можете да се

препознаете самите себе си.

Театар кој ве допира со

духовност, кој е поврзан со Бога579, кој носи порака за повисока свесност и заедништво...и го пренесува дарот на свети дух од Бога. Тоа подразбира обреден сооднос со Богот Обредни поклонувања. Fleming, 1997: 156 577 Fleming, 1997: 157 575

576

578

Fleming, 1997: 159

Сетете се на Ј. Гротовски, П. Брук, Е. Барба и нивната верба и посвета. 579

232


слово580, со словата на Бога, со создавањето на видливото и невидливото581, присутен во театарот и во обредот. Тоа подразбира служење кон Духот на вистината582 и уште еден дел до обредниот кодекс на театарот „Скрб и утеха“ кој вели: „...Актерот ја зборува вистината која другите не смеат да ја кажат...“583 Тие создадени правила, рамки, мерки ни помагаа кога

ќе

се

случеше

некоја

невообичаеност

или

несекојдневно искушение на претставата да имаме обредна одредница, подредница како да се однесуваме со доблест, достоинство и посветеност на сцено-дејствувањата. Креснер вели:

Јован 1: 1-3 „...зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни...“ 2 Коринтјани, 4:18 582 „...И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека...„ Јован, 14:16 Се мисли на Духот на вистината или Светиот Дух. 583 Стојановски, 1998: 97 580 581

233


„...Вистинско

однесување

во

вистинска

ситуација...“584 Секако дека тоа е еден од условите на сценското прилагодување.

На

услови

и

ситуации

за

игра

и

дејствување. „...Да ја чувствуваш вистината во себе...“585 Тоа е добар поттик да се врви напред. Да имаш голем двигател зошто играш и кому му се обраќаш и во обредот и во театарот. Другото е: „...Дадена околност и дарувана од Бога...“586 И кога си во таа обредна поставеност се случуваат настани кои навистина се благословени како на пример: Во театарската претствата „Деноносии“587 играна пред

гимназијата

во

Требиште588,

Голо

Брдо,

Krasner, 2000: 5 Krasner, 2000: 203 586 Krasner, 2000: 203 587 Текст и режија на Тихомир Стојановски, играна на 2002 584 585

234

кај


Македонците во Р Албанија, актерот Марјан Коцев во улогата на Филип Втори го подаде мечот на едно дете од публиката589, тоа го позема и мечот, инаку театарски реквизит од претставата се престори во метафора на поврзување на театарот и животот. Потоа тој симбол, на премин од театарот во животот, се прошета низ целата публика пред гимназијата. Истото дејство се повтори и во Мениса, Р Турција кај Македонците таму590. Пред неколку илјади луѓе кои се кренаа на нозе со восклици и вознес. Во Гора, над Кукс, кај Македонците во Р. Албанија, бев со монолог на Александар Македонски591 на Ѓурѓовден, инаку обредна слава, и настапував на една ливада на сртот на планината. Во еден миг поставив прашање: „Кој сака да биде Александар Македонски?“592 и се втурнаа децата од Гора да го поземат мечот на Александар. Док. Филм „Камен меѓу две ниви“, МТВ Дион. Види: http://youtu.be/9ddG6KpcGiI 589 Гледачите стоеја простум, оти властите ја заклучија гимназијата и не дадоа столчиња, а се играше на зајдисонце оти ноќите снемуваше струја. 590 „Деноносии“ играна на 25.05 2004 во Мениса, во Измир кај Македонците во Турција. 591 Док. Филм „Ѓурѓовден во Гора“ Дион. Види: http://youtu.be/cOwWslMk4qo?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 592 Ibid 588

235


Потоа истото се случи и во Пустец, Мала Преспа кај нашинците таму,

имав настап на средсело и кога го

поставив истото прашање593, излезе едно дете го позема мечот и почна да кажува стихови со свои зборови за ослободување

и

обединување на

Македонците пред

зграгорената публика. И сега можеме да дојдеме до точката каде театарот прераснува во единство со гледачите како во некој посветен обред, каде посветениците и народот имаат потреба да станат едно, дел од посветено свето-дејствие, произлезено од сцено-дејствие, во богодаден обреден процес. „...суштината на образованието е студентот сам да се оспособи да доаѓа до нови сознанија, а не да учи да репродуцира готови знаења...“ 594 Фала му на Бога моите сознанија и искуства со театарот и обредот се преку живо учество во претставите на терен, со минат труд на дејствија и состојби кои навистина се случуваа.

Док. филм „Фреско-живо-пишување“ Дион. Види: http://youtu.be/R1VUcXw3By0?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 594 Панзова, 2011:8 593

236


Ќе поместам уште едно искуство од гостувањето кај Македонците во Пиринско во село Кремен, на 1000 метри надморска височина. Бевме со претставата „Олесни, разреши, прости“595 и каде и да појдевме наоѓавме заклучени сцени и исплашени гледачи. На крајот, не се плашеа да не прифатат Македонците од гордиот Кремен и таму ја отворивме претставата на сцена во културниот дом кој беше престорен во столарска работилница. Се сеќавам пред полната сала, после секоја сцена се качуваше еден чичко и на актерите после секоја сцена им даруваше здравец. На сцената грееше ќумбе и кога завршивме, некој од гледачите рече: „Ајде сега поповите да го благословат народот?!“ Во претставата како ликови се појавуваа свети Кирил и Методија596 и актерите направија благослов слично како што прават свештениците во црквите и одеднаш засвиреја зурли и топани и актерите од сцената со костими и гледачите во еден миг сите беа фатени на македонското оро. Текст на Тихомир Стојановски, режија на Владе Денчов, играна на 07.02.2002 во Кремен, Пиринска Македонија. Види: http://pdfcast.org/pdf/1398775031 596 Ги играа актерите Страшко Милошевски и Владе Денчов, кој беше и режисер на претставата. 595

237


Тоа се искуства во кои се случуваше длабоко зедништво на духовно ниво со гледачите и театарските дејства. Во секоја од нив имаше обреден пристап. Во „Деноносии“ имаше обреден хор на почетокот на претставата и обредни дејствија597 за благословување за време на претставата. Во „Зајдисонце“598 имаше благослови од христијанство со дело од текстот на Светото писмо и молитви за помирување, во „Олесни,

разреши,

прости“

имаше

раскинување

на

македонската клетва за самоуништување со народен обред599, во „Ние“600 имаше молитви и обреди и се појавуваше ликот на Апостол Павле601 кој ја крштеваше Македонката Лидија, со обраќања кон Бога, претставата „Бакни ме Чернодрински“602 зборува за односот на човекот и Бог, во „Чернодрински експрес“603 е поместен текст од Откровението на Свети Јован Богослов од Светото писмо, Света вода, темјан, истурање на жито за да се огради сцената и сл. 598 Снимена за МРТВ 1998 на 13 .05 никогаш не емитувана на програмата има снимка во библиотеката на ФДУ, Скопје. 599 http://youtu.be/ydY15LVFOPc 600 „Ние“ текст на Тихомир Стојановски, режија на Владе Денчов. 601 Го играше актерот Страшко Милошевски. 602 Текст и режија на Тихомир Стојановски.Види: http://pdfcast.org/pdf/2-49 603 Текст на Тихомир Стојановски, режија Јордан Витанов. Види: http://youtu.be/waa9ZwHZlOA?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA

597

238


во „Сердарот- засекогаш љубов“ има хор и молитва на Тиха604 и повторно во целата драма се зборува за Бога, во „Будење на ангелите“605 се појавуваат Свети Климент и Наум, и има молитва за Македонија. Со еден збор нема претстава која поминала во театарот да не имало врска со духовноста и со Господ. И за тоа претставите на театарот Скрб и утеха“ имаа своја посебност заради мигот на поврзаност и обредност кон Создателот и Седржителот. Во преставата „Бакни ме Чернодрински“ напишав дека : „...да се создава театар, а да не се верува во Бога е опасна работа...“ И навистина тоа го мислам. Еве што се вели во книга за Исидора Данкан за нејзината игра, обредна игра на сцената:

Древно-македонска Божица на среќата и судбата. Види: http://youtu.be/HYQTpmzUja0?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA и: http://youtu.be/E38pTZfuYZM?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 605 Текст на Тихомир Стојановски, режија Слободанка Чичевска. Види: http://youtu.be/_AUOMjRkVB4?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 604

239


„...движење во светлосен обред... света енергија и Господ... игра за Господ... театар и духовност... игра и религија во заедништво...“606 И уште понатаму во обредноста и светоста: “...Исус играл во славење со игра... свети Јован... Исус играл кружен танц... Господ нè спотнува да играме... митски и духовни врски нè водат во кружни танци...“607 Кружни танци или по македонски ора. И во нив има метрички стапки кои и денес ги играме во ората. А по тоа е позната македонската народно-духовна култура. И во право се ставовите на Данкан, дека: „танцот е обред сам за себе“608, Пред сè затоа што се игра за Бога, а видовме дека и метричките стапки се обредни категории како на пример дактилите.609 Искуствата на Данкан610 ни се веродостојни, Graham, 2004: предговор на Alonzo King Graham, 2004: 3-6 608 Graham, 2004: 9 609 Тросложна метричка стапка, од македонската антика, со еден нагласен и два ненагласени удари, и денес најприкладна во македонските ора и современата поезија, инаку метричка стапка на епот „Илијада“ на Хомер. 610 Исидора Ангела Данкан, американска танчерка (1877-1927), живеела во Зап. Европа и Советскиот Сојуз, основач на филозофија на игра како своја мисија. En.wikipedia.org/wiki/Isadora_Duncan 606 607

240


бидејќи се работи за богодаруван практичар на уметноста кој оставил траги на сцената. И кој сè уште зрачи и сведочи за посветеноста, обредноста и поврзаноста со Бога. Еве уште неколку нејзини сознанија дојдени преку своите дела : „... Свет посветен театар... идеја за Божја енергија... да се доближиме до Бога... играта е света... Господ создал сè...“611, Тоа

е

основен

обреден

принцип

играње

за

Сеприсутниот седржител. За нас важен податок е и искуството за ората. Таа ги нарекува: „...свети ора...“612 Тоа ни покажува зошто македонскиот фолкор е посебен, затоа што бил и е посветен за Бога. Кружните танци ората се играле на славите за него. Се пеело за него, се славела плодноста дадена од него. И еве нешто што расветлува погрешно утврдена карактеристика за оргија613 и оро-геја614

Graham, 2004: 12 Graham, 2004: 17 613 Погрешно се толкува како разврат и похотливост. 614 Оро и геја -жена, женско посветено оро на Дионис, син на небесен Отец и земна мајка. 611

612

241


„...женско оро на Дионис - оро геја...“,615 А тоа подразбира : „...Низ игра да се просветлиш...“616, И Аристотел вели токму така за обредите, дека учеството во нив е да се научи, сети, доживее низ себе врската со Бог. И ете ја првичната кота на секоја игра, на посветеноста на обредот и театарот. Да го повикаш Бог да игра со тебе. Да бидеш крстен со Свети Дух, сила Божја, да се соединиш со него. А тоа е мигот кога дејствувачот верува дека кажува зборови од Бога, дека : „...пренесувам Божја порака низ играта...“617 И моите искуства со театарските премрежија ме доведуваат до тоа сознание низ искуството на престој и сцено-дејствие и свето-дејствие на сцената. Хорнби ни дава слични примери: „...повторно родение... митско-религиозно искуство кое треба да се заслужи... искуство на слобода... себе

Ibid Graham, 2004: 130 617 Ibid 615

616

242


преобразба во актерство... во нешто неочекувано... како монах...“618 Сите кои подлабоко и духовно го разбираат и живеат театарот доаѓаат до точката на Бога. Доаѓаат до точката на поврзување со Господ и играње за него и играње заедно со него.619 Македонската народна култура има задржано многу примери на тоа заедништво и одтаму се дава благослов на нејзиното духовно богатство и изворна сила. Во системите на Питер Брук, Еуџенио Барба за истражување на коренот, прапочетокот на театарот ја нема македонската народна култура, македонските песни и ора, метричките стапки кои се задржале од антиката и порано до денес и живите обредни содржини во современата македонска

духовна

култура.

Тие

немале

увид

во

богатството на обредни-литургии, служби, песни и ора кои се

обнародени и наречени служење, не се сретнале со

постојаната поврзаност со Создателот и Бог присутна во македонската народна култура, што прави еден постојан непрекинат

обреден

сооднос

со

духовноста,

Бог,

Hornby, 1992: 75 Моите настапи на Кокино на таканаречениот возобновен обред за плодност се всушност токму тоа. 618 619

243


светлината, повисоката сила... затоа е посебна и богата и богодарувана македонската култура низ милениумите... и Ребека Вест е во право кога вели дека: „Уметноста во Македонија не технички трик, туку реален духовен процес со идеја за Господ и Владетелот... 620 Хорнби тоа добро го подвлекува како: „...има актери кои играат на границата меѓу животот и смртта...“621 Тоа е принципот на Дионис и секако на денешното христијанство со победата на Исус Христос над смртта и сатаната. Тоа повторно ни ја дава врската на театарот и обредот како нужна и коренита. И сериозните, посветените театарски служители, никогаш не се оддлени од Бога и религијата во играта на сцена и во јавните дејствувања. Но да истакнеме уште неколку важни сегменти од Хорнби: „...психолошка

длабочина

и

картезијански

дуализам... идејата за Господ, дарбите, судбината, на владење со сопствениот живот е нешто што е работа на театарот...“622

West, 1969: 638-639 Hornby, 1992: 88 622 Hornby, 1992: 231-232 620 621

244


Ќе поместам едно искуство од постапка на служење со пост за Бога во кое имаше и културни дејствија. Со обредниот практичар623 Ѓорѓи Филев имавме на два наврати пост со вода за не менување на името на нашата земја Македонија со „Здружение за неменување на името Македонија“624.

Постот е нејадење , оддавање почит на

Бог, сооднос на прочистување и обредност. Да се потсетиме дека не се храниме само со храна, туку и со „словата на Бога“625 Еве дел од изјавата на Филев за македонските медиуми на 16 снежник 2010, ден пред 24-часовниот пост. Тој вели дека има: „...контакт со другиот свет...“626, Кажува дека :

30 години извршува служба кон Бога и работа со луѓе. Од 1986 д0 1989 бил во 17 држави, врз него се вршени истражувања од страна на: војска, полиција, психолози за да ги утврдат, неговите способности и дека е поврзан со Божји свет. 624 Основано 2011 год. Види: http://youtu.be/4clD03M8_z8 625 „...А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’...” Матеј, 4:4 626 Док. филм „Белег на светлина“, Дион, Тв Сонце. Види: http://youtu.be/ZNm7EpvaOZU 623

245


„...морав

да

го

основам

ова

здружение,

за

сплотување, оти се вознемирени нашите предци, затоа што некој сака да нè исклучи од земјина топка...“627 Тоа подразбира задача, служба и мисија. Потоа кажува за нашите предци дека се: „...растревожени... за да ја сплотиме цела енергија во Македонија...“628 На крајот ги повикува сите да се приклучат на постот, на обредното постење за иднината на нашата татковина. „...ги повикувам сите да се приклучат на постот...“629 И таму на тој 24-часовен пост настапија уметници на таа обредна посветеност. И секако во играта и настапот по тој повод и тие се вовлечени во дејствие кое е пред сè врска со Бога. Ние постевме за тоа, за милоста Божја, да се излее во македонската земја. Да се сетиме дека му припаѓаме на Бога, дека Господ одредил имиња и суштествување на

627 628 629

Ibid Ibid Ibid

246


народите630, а не земните луѓе. Дека ние сме со Бога, а „ ако Господ е со нас, кој е тогаш против нас“.631 Алшиц дава добра дефиниција за тоа: „...Секоја култура има свој систем за ползување на енергијата...“632 Македонската култура е еволуиран обред633, кој ги напуштил базично крвните жртви634 и го слави Бога со песни и ора, носии, обредни игри, хор, оро, стапки во драмска поезија, исцелителни обреди поврзани со Отецот небесен од најраните периоди на суштествувањето до Исусовите молитвеници, светии, маченици. Тоа подразбира обредна практика во дејство. Во сцено-дејствие и светодејствие.

Тоа

подразбира

милениумско

траење

на

Сите наши соседи имаат отпор кон македонското суштествување, кој кон јазикот, кој кон името, кој кон културата, кој кон територијата, што е душевен и земен принцип, за разлика од македонскиот кој е духовен и поврзан со Отецот небесен. 631 „... И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?...“ Римјаните, 8:31 632 Alschitz, 2003: 87 633 Потрага по Бог, очекување, молба Небесниот Отец да оплоди земна жена и да се роди Бого-човекот, принцип кој поаѓа од Кокино и завршува со Исуса Христа. 634 Има остатоци од нив на славите во храмовите при ставање темели и за одредни прозби од Господа. 630

247


македонската култура.635 И длабока духовна поврзаност, дружба, служба и жед за Бога. Но, да го поместам во докторскиот труд и вториот пост сега веќе 48 часовен во шатор на плоштадот во центарот на градот. Истото здружение со Ѓорѓи Филев, беше дел од таа посветена обредност. Тоа беше во октомври 2011. Постот започна со обредна православна молитва во црквата Свети Димитрија, во Скопје со хор кој пееше в црква народна македонска песна во посветен, духовен стил.636 И заврши исто така со молитва во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Еве дел од изјавата на Филев: „...издржуваат никој не сака да јаде 68 часа можеме да продолжиме... да докажеме дека имаме големо широко енергетско поле во Македонија и да се приклучат сите да ја задржиме, татковината... сме дале писменост на милиони луѓе... сите кои се против Македонија да престанат да вршат туѓи наредби за пари оти со тоа си навлекуваат И со постарите именувања: како Хетејци, Хананајци, Аматијци, Мирмидонци, Едонци, Пеонци, Пелагонци до денешните Македонци. 636 Вокалната група „Пелла“ од Љубљана со Љубен Димкаровски пее исто така македонски народни песни со духовна сила, посветени на Бога и тие имаат сила духовна. 635

248


проклетство... да се свртат против својот народ,

свои

против свои, да не се јадеме сами себеси, тоа е грев пред Бога и истите ќе завршат во пропаст... ќе ја гледаат гибелта на своите наследници...“637 Тоа е дел од јавната изјава на обредниот практичар Ѓорѓи Филев. Во неговиот дом е секојдневно врвулица од луѓе кои доаѓаат на терапија кај него. Тој е во служба на Бога.638 И постот го прави како долг и служба. На истиот пост имаше културна програма, хор, музика, молитви, благослови, а јас настапив со монолог кој преминува од култура во религија, од театар во обредна молитвена постапка, од душевност во духовност, преминува како порака од Бога639. Го кажував монологот на свети Наум од претставата „Будење на ангелите“ и како што бидува на крајот на монологот ја почнувам живата проповед, молитва, порака, следа на словата кои стануваат живи слова, кажувам нешто што доаѓа како благослов во миг, нешто од срцето, вдаховение од Светиот Дух и Бога, кажувам нешто што не е 637 Док. филм „За навек Македонија 1„ и „За навек Македонија 2“, Дион, Авид. Види: http://youtu.be/4clD03M8_z8 638 Пациентите доаѓаат кај него и тој само положува раце врз нив, како што самиот вели ја засилува енергијата кај нив. 639 Како што вели Исидора Данкан.

249


научено напамет, туку доаѓа како дарба од Бога, а тоа е местото каде театарот, преминува во молитвен обред. Тоа е почетната точка на преминување на театарот во обред, на културата во вера, љубов и надеж и понатаму кон посветеност и духовност. Она што Хароп го именува како: „...ефектот од искуството за настап пред јавноста, како театарско сознание...“640 Тоа подразбира живо искуство и присуство во обредната практика како дел од неа, или таа како дел од твоето суштествување. Тоа подразбира начин на живеење на само во храмот и на сцената, туку и во личниот живот. Она што Дарио Фо го нарекува неприфаќање и прифаќање. Неприпаѓање и припаѓање на Бога. „...Енергија на смртта која не ја прифаќам и ја има не само во театарот...“641 За да не се прифати таа енергија е потребно заедништво со Господа. Ако сакате да дејствувате духовно, не душевно, треба играта да му ја посветите на Бога, да го поканите Господ да игра со вас, сетне да се вратите на 640 641

Harrop, 1992: 45 Fo, 1987: 187

250


обредната светост и посветеност на театарот. Да го вратите на неговата суштина. На неговите пра-почетоци. Не е случајно што Питер Брук, Јержи Гротовски, Еуџенио Барба трагаа по корените на театарот: по селата во Италија, во Африка, Азија, Мексико, Перу, не нè оделе таму случајно туку водени од Свети Дух, барајќи изворни обредни форми кои ја враќаат живоста и духовноста во театарот. Ќе

споменам

една

обредна

молитва

и

благословување во документарниот филм „Како свеќа“642 од страна на обредниот практичар Мирјана Соколова која велеше: „...мир,

духовен

мир

спокојство,

заедништво,

сплотеност, дајте љубов да се шири за Македонците на целиот полуостров...“ Во филм за баба Ванѓа и Македонците во Пиринско таа изврши молбен обред молитва, која остана во културна творба. Инаку, Мирјана молбениот обред го применуваше на пациенти, а беше верен соработник на театарот „Скрб и утеха“

во

нашите

културно-духовни

битки,

овојпат

Сценариот и режија на Тихомир Стојановски, учесник на повеќе меѓународни фестивали меѓу кои и на Ганди Панорама во Индија-фестивал по принципите на Ганди. Види: http://youtu.be/r4KVfVvC2Fc 642

251


молитвата се однесуваше на сиот народ на македонскиот полуостров,

со

благослови

за

мир,

духовен

мир,

обединување. И тоа е уште еден пример на преминување на културата во религија, на театарот и филмот во обредност. Кристоферсон тоа го нарекува будење: „...да ги разбудиш гледачите ти си со потполно ново чувство во себе...“643 А

тоа

е

всушност

потсетувања

за

нивната

Боженствена природа која ја имаат заборавено низ земните искушенија. Линдова има убав термин за тоа чувство и спомнување. Го нарекува: „...Просветлување

во

сеопфатниот

универзум...

обреден простор... просветлување ...“644 Обреден простор е добар термин. Но кој е тој простор. Земен ли е или небесен? Физички ли е или духовен? Или е тоа простор во нашето срце и душа кој е условен од нашата верба и посвета. Актерот го освојува својот простор со силата на своето присуство. Го осветлува

643 644

Christoffersen, 1993: 171 Lindova, 1994: 10-12

252


со духовна сила. За тоа е потребно просветлување. Еве еден пример од практиката. Со театарот „Скрб и утеха“ често играме на неформални театарски простори и сме освоиле и осветиле многу места каде сме дарувале сцено-дејствија. На една претстава во Прилеп во локален ресторан, преполн со народ кажувавме сцени од преставите: „Деноносии“, „Упатство за лудеење“, „Ние“ и имаше силен чувствен наплив и возбуда. Беа тоа ликови од македонската историја Александар Македонски , Апостол Павле и Ѓорѓија Кастриот. На крајот на монологот

на Ѓорѓи Кастриот актерот Страшко

Милошевски имаше силен восклик,645 и се гледа како гледачите се кренати на нозе и се во духовна возбуда, доаѓаат го прегрнуваат, некои дури клекнуваат на колена пред него и му оддаваат почит како на свет човек. Тоа е показ дека актерот со своето дејство, со силата и вербата во зборовите, го освети просторот и го претвори во сцена, во сцено-дејствие со духовна сила, во свето-дејствие. Мемет вели:

645Док.

филм „Ѓорѓи Кастриот“ Дион, Авид. Види: http://youtu.be/nTP_ouiAm4E

253


„...Публиката ќе те научи како да играш и како да пишуваш...“646 Тоа е длабоката училница на нашата практика и искуството. За кого играме? Зошто играме? Кому му се обраќаме? Кој ни дарувал дарби? Кој е вистинскиот Создател? Тоа се опити кои имаат пат од душевност кон духовност. Од земна душа овопотена кон Духот на Бога. И тоа е разликата меѓу духовната уметност и естрадата и себеафирмацијата, публико-тропизмот, театарскиот туризам647 и другите ординарности. Ќе потсетам на обредното пеење на вокалната група „Пелла“ од Љубљана, Р. Словенија кои пеат македонски народни песни како црковна и духовна музика во четворогласие. Кога ги слушате имате впечаток дека тоа не е истата ороводна песна, дека се работи за некоја песна посветена за

Mamet, 1999: 19 Термини користени од Ј. Гротовски за да одреди „актер кој игра како да продава на пазар“ и „свет актер кој се жртвува за осветување на гледачите“. 646 647

254


некоја слава на Господа.648 Нивната посебност е дека пеат, пееле и ќе му пеат на Бога. Со нив имав настапено на Цоцев камен и се препознавме. Тоа е простор за кој Алексовски649 тврди дека е опсерваторија, света планина, и обреден театар го подвлекува како „место за жртвување“. Настапот на Цоцев камен дава чувство за поврзување и играње за Господа. Македонската народна музика звучи духовно.650 Пеењето за Бога дава друга енергија на озвучувањето и восприемањето на настапите. Искуствата со театарот „Скрб и утеха“ каде се трудевме да ја имаме таа духовна нитка, беше во молитвите и обредите кои беа поместувани во претставите и ликовите кои се играни на сцената како: свети Климент и Наум, свети Кирил и Методија, Апостол Павле и други молитвените обредни дејствија. Еве што вели Вангс токму за тоа: „...Човекот е проектирано суштество ги исполнува нештата, зборовите со нашите мисли кои не се секогаш 648

кон

док. Филмови: „Фреско-живописување“ Дион, Авид, „Молитва Свети

Дух“

Дион,

ТВ

Сонце.

Види:

http://youtu.be/R1VUcXw3By0?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 649 650

Алексовски „Локалитет Цоцев камен“, 2008. Затоа што пеат за Бога, а не за себеафирмација.

255


исполнети со љубов. Се поврзуваме со предмети и состојби. Многу антички религии се базираат на вербата дека секое нешто има свој дух...“651 Еве што вели Светото писмо за духот и родението: „...зашто, роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, дух е...“652 Интересно прашање кое нè носи и ние да се загледаме во себе си? Како на пример од што е роден обредот од тело или од духот Божји? Истото важи и за театарот? Театарот и уметничките дела дали се од тело или од дух? Битна разлика. Дали се душевни или духовни е разликата меѓу обред и земна уметност, односно душевна уметност за разлика од духовноста која доаѓа од Бога и е за славење и сведочење на Бога. Јас би рекол: „...озвучување на збор во Боженствен сооднос земнонебесно...“ Тоа е пат кон Бога. Кон свети и живи слова кои ја допираат и просветлуваат публиката. Пат кон обреден театар.

651 652

Wangh Stephen, 2000: 217 Јован 3: 5

256


Во претставата „Зајдисонце“653 во античкиот театар во Охрид, во молбениот монолог, обраќање кон Бога, актерот кој го игра Александар Македонски, клекнат на колена, а над него небото и ѕвездите, бара одговор од Господ за судбината на својот народ. За мене тоа е момент на премин од обред кон уметност и театар.654 Кога ги крева рацете

кон

небесата,

се

поставува

прашањето

за

веродостојноста и обраќањето кон Господ Создателот на сè. Моментот е многу сличен на улогата на кокинскиот жрец во возобновувањето на обредот за плодност на светата планина и опсерваторија „Кокино“. Актер клекнат на колена му се обраќа со молба на Бога. Тоа е почеток на обред. И исто така дел од свет театар. И не може да се направи строга поделба. Реинхард има еден израз кој вели: „...провокативна дразба врз општеството...“655 Врз

контролираниот

општествен

поредок,

на

властите, врз лажните идолопоклонства и тривијални Текст на Тихомир Стојановски, режија на Владе Денчов, театар „Скрб и утеха“ 1997, снимена за МРТВ на 13.05.1998 и никогаш не емитувана на програмата, инаку култна претстава играна преку 60 пати. Види: http://youtu.be/fHLHGWdu6GE?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 654 Го играв јас, слава му на Бога. 655 Styan, 1982: 15 653

257


правила кои сакаат да ги направат божемни, свети и значајни обреди. И пред се, врз земните Богови кои сакаат да го заменат Бога. Има уште едно сознание на Реинхард кое е обредно по начинот на размислата. Кое нè посетува на суштината на нашето сега и овде: „...кога е тишина, секој го слуша ѕвоното, секој човек плаче и се смее, зборува и е свесен за смртта - дека е на поминување...“656 Миг на почеток на обред и театар. Копнеж да се пишува во вечноста. Да се биде во соживот со Бога. Да се остане неминлив и да се победи смртта. Документарниот филм „1000 години како денот од вчера“657 снимен по претставите „Зајдиосонце“ и „Ние“ започнува со блаженствата. Со сцени од Светото писмо. Снимен е во манастирот Свети Пантелејмон, Нерези, во духовен православен храм над Скопје. Во него се поместени молитви за раскинување на клетви и раздори, преземени од

Styan, 1982: 92 МРТВ, Дион, Скрб и утеха, снимен 1998, режија Владе Денчов, сценарио Тихомир Стојановски, учесник на документарни филмски фестивали во Шпанија, Шведска, Австралија. Види: http://youtu.be/x3LJqeKCU7Q?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 656 657

258


обредната практика на живи обреди кои ги кажуваат две актерки658. И тоа е блиска средба на обредот и театарот. Во документарниот филм „Илинден во Требишта“659 има монолог на актер660, кој кажува молитва од срцето, ненаучена напамен, кој ја создава во вдахновен миг, почнува со текст од Стариот завет и Светото писмо и продолжува

со

молитвата

и

благослови.

Кога

ја

прегледувам снимката се гледа дека тоа не е само култура, не е само театар, туку е нешто повеќе од тоа. Заедништво на верба и игра, служење кон вистината и својот народ, оддавање благодарност на Бога. Дека не се работи за научен монолог, туку за молитва која извира во мигот од срцето. За зборување одвнатре: „...да се зборува со внатрешно чувство... на принцип на ситуации...“661 Тоа со други зборови е посветеност на дејствието со степен на религиска верба. Тоа подразбира обреден

Слободанка Чичевска и Зорица Панчиќ. Сценарио и режија Тихомир Стојановски, ТВ Сонце и Дион, 2013. Види: http://youtu.be/UUHuXXg2oMc 660 Тихомир Стојановски 661 Edwards, 2004:55 658 659

259


принцип на внесеност во играта, дејството. И поврзаност со духовната сила со Бог. Еве да ги споменеме уште еднаш театарските претстави во кои се поместени обредни форми и играни пред гледачи: „Зајдисонце“ има повеќе молитвени сцени662, „Олесни, разреши, прости“663 е со обред за раскинување клетва и проклетство, „Деноносии“664 со молитва на Тиха стара 1700 г.п.н.е., „Ние“665

обредно осветување на

сценскиот простор со темјан и света вода, „ЏамалариДионис“666 со обредни дејствија од македонската народна култура сите од Тихомир Стојановски играни во театарот „Скрб и утеха“.

Претставата

„Дрвеница“

од

В.Мајаковски е играна во обредна посветеност 12 часа без прекин на сцената во МКЦ, 6 претстави една по друга со различна

публика

и

истражувања

од

Клиника

за

Од христијанство и обредна практика, ДВД архива ФДУ. Стојановски, 2001: 143-172. Види: http://youtu.be/ydY15LVFOPc 664 Стојановски, 2007: 9-49 665 Стојановски, 2001: 113-121 666 Не е објавена сè уште со оглед дека 6 години немам добиено финансирање на авторска книга, а 4 години театарска премиера со „Скрб и утеха“ од страна на Мин. за култура на Р.М. 662 663

260


психијатрија и психологија. Претставата „Посланија“667 е работена по Евангелие по Матеј, и посланијата на Апостол Павле од Новиот завет на Светото писмо. Речиси во сите претстави, документарни филмови кои се поврзани со театарот „Скрб и утеха“ се провлекува обредниот принцип. Сер Џон Гилгуд тоа го нарекува: „...чувство да пронајдеш собеседници...“668 Тоа

подразбира:

верници,

истомисленици,

посветеници, луѓе кои веруваат во театарот како нешто посебно и свето, луѓе кои живеат и дишат со театарот, луѓе кои веруваат во посебноста и богодаденоста на театарот. Тој уште вели: „...се извинувам кога не сум направил некоја улога до крај...“669 Убав однос, но кому му се извинува? Извинување? Барање прошка за обредната театарска верност.

Режија на Тихомир Стојановски со музика во живо со хор „Молепствие“ со пастор Константин Кајшаров.Види: http://youtu.be/sLhJdG2oz8Q 668 Gielgud, 1996: 47 669 Gielgud, 1996: 209 667

261


Во

документарните филмови „Република Ново

Лески 1 и 2“670 се гледа дека за време на театарската претстава се поместуваат христијански молитви, позната: „Оче наш кој си на набесата...“671 ...така го започнав настапот во село Ново Лески, а потоа

молитвата

тргна

од

срце

со

благослови

и

благодарност на Бога, молитва која се создаваше во миг на вдаховение... а тоа е повторно состојба меѓу обред и уметност. Актерот кажува молитва и преминува во молитвеност во претстава која му е посветена на Бога. И да се потсетиме на сите обредни и театарски дејствија во нашите дела кои се матријален доказ за врската на религијата и културата. Во документарниот филм „Фрескоживописување“ снимен во Пустец, Мала Преспа, кај Македонците во Р Албанија672, едно дете влезе во претставата го позема мечот на Александар Македонски и почна да кажува свои стихови, понесен од изведбата на улогата на актерот. Тоа е чин кога

670 671

Сценарио и режија на Тихомир Стојановски, Дион и ТВ Сонце. Матеј, 6: 9-13

672

http://youtu.be/R1VUcXw3By0?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA

262


животот и театарот се порамнуваат во обреден ред, поточно во духовен ред. Во документарниот филм „За пророците кои беа пред вас“, снимен 1999 година на истите простори, во Пустец и Лески, луѓето се крстеа и оставаа пари за време на претставата

пред

сценографијата

иконата

од

Света

Богородица со Исус Христос673. Во филмот се гледа дека еден постар чичко доживува катарза по Аристотел, се расплакува

за

време

на

монологот

на

Александар

Македонски. Во село Кремен, Пиринска Македонија, еден чичко се качуваше после секоја одиграна сцена од претставата на сцената и се прегрнуваше со актерите и им подаваше китки со здравец.674

На крајот од гладачите некој замоли,

поповите да го благословат народот, во претставата се појавуваа актерите како свети Кирил и Методија, и тие кажаа благослов, сетне засвиреа зурлите и топаните и актерите со костимите и гледачите од сцената се фатија на 673

http://youtu.be/ncy5m1NVL_0?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA претстава „Олесни разреши, прости“. Види: http://pdfcast.org/pdf/1398775031 674

263


оро. Нели е тоа обред кој се порамнува со театарот и животот? Претставите „Ќелавата П...“ на Јонеско и „Дрвеница“ на В. Мајаковски ги игравме во дворот на Клиника за психијатрија. Еден пациент побегна влезе во автомобилот и тргна да нè гази. Додека дејствувам со монологот, слушам како завива автомобил, а ние играме претстава. Потоа ни раскажуваат што се случило. Влегува истиот пациент по претставата во канцеларијата на директорката и ни се извинува. Ни вели: „Видовте како глумам...?“ и додава: „Простете...половина сум добар, половина не сум...“ ни покажува на своето срце... Сите културни настани се дел од еден подолготраен процес каде е дејствувано во театарските дела на обреден принцип и поврзаност со Господа. Гилгуд има неколку умни и искуствени сознанија за тоа и ги поместувам во трудов: „...актеровата амбиција е важна зашто го носи преку физичките ограничувања...“675

675

Gielgud, 1997: 1

264


Се разбира кога играте со степен на верба како во религија, ве носи Господ понатаму, и чувството кога се работи некоја драма е важно како принцип на верност и верба до обред. Како што вели Сер Џон Гилгуд: „...вклучен во драмата уште пред да го обземе цел...“676 И категорија на обземеност е од делото кое се работи, како во обред. Имам настапувано и во Говрлево,677 со Милош Билбија после Нова Година, во месец јануари, на отворен не-театарски простор678, кога станував од столчето да кажам некоја молитвена дума, дуваше некаков светол ветер, врнеше снег и дожд истовремено и седевме со кратки ракави, на истото место, каде е најден Адам од Говрлево, беше тоа обреден настап и пристап со молитви и светодејствија. Еве што забележал тој како обреден миг на премин низ милениумите: „пештера со форма на матка од која е донесен каменот од кој е направен Адам од Говрлево, тука е најдена Gielgud, 1997: 73 Каде е ископан Адам од Говрлево со духовен папок. 678 Мислам дека не суштествува нетеатарски простор, Брук вели дајте ми празен простор и ќе го наречам гола сцена. 676 677

265


и

познатата

Дионисова

глава...

божица

мајка

на

плодност...“679 Зборува за топонимот Матка и ги поврзува во една приказна. Билбија постојано инсистираше на врска на актерот со природата, со Создателот, со Бога... категорија играње на свети места, постари светилишта, како обреден принцип. Данкан вели: „...да се вратиш илјадници години наназад во едноставност и убавина, под водство на Бога...“680 Во овој исказ на Исидора Данкан се содржи голема вистина и суштина за духовната култура. Водство на Бога за дух и духовност. Себе обожување и душевност. За мене театар е: патека на заемен сооднос меѓу човекот и Бог, патека на потребата да се достигне до Бога, да се биде во неговата светлина, љубов, прегратка, да се разбере сопствената природа, да се биде крстен со Дух Свети, да се

679

Фиданоски, 2012:89

680

Duncan, 1995: 134

266


биде крстен со оган681, со светлина со словата на Бога, да се биде крстен со љубовта Господова. Но, исто така театарот го сметам како: драма на преобразба, крштение, поврзаност со Бога, театар во молепствие682, воскреснување на животот наспроти смртта. Тоа подразбира дека умира актерот, се раѓа човек, крстен во Свети Дух, бого-човек во прегратките на Бога, во Божјото царство, актер кој ја дарува својата љубов на Бога и светот во божјото-сценско време. А тоа е на сцената, на свето место за сведочење за вистината. А тоа е: систем на драма во драма, театар во театар, обред во драма, религија во драма, Господ во драмата, а од кого е инаку и за кого е таа драма, тоа свето-дејствие и сцено-дејствие.

Без поврзување на театарот со Бога вие останувате земен, душевен, и ви недостасува духовната нитка на театарот, која

ја има во неолитскиот, античкиот,

литургискиот христијански театар, и не се случајни трагањата на Брук, Гротовски, Барба, по таа духовна следа на атерот на театарот, оти без неа тој останува приземен и ја 681 682

„ ...Тој е оној што ќе кршева со Дух Свети...“Јован,1: 33 Во непрекината духовна молитва.

267


нема Божјата сила и поврзаност, која од секогаш ја носел во себе. „...ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо...“683 Значи станува збор за новородение одозгора. Од Бога. Или како што вели Данкан: „...ја

допрев

точката

на

мојата

Боженствена

природа...“684 Боженствена природа на актерот. На човекот. На жрецот. На посветеникот, верникот, играчот кој крикнува по Бога меѓу скрбта и утехата.

И еве што вели понатаму

Данкан од своето духовно искуство на играњето на сцената за Бога и со Господа: „...Верба во нова љубов која носи простување, која се враќа во мене...“685 Нова љубов. Простување. И зборот атер значи место за дарување на својата љубов. Те-атар. Или те-атар. Ете сум, во одбран миг на вера, на Кокинската светост и посвета. 683Јован,

684 685

3:3

Duncan, 1995: 286 Duncan, 1995: 297

268


Рана мугрина и сончевиот лач, само што не изгреал, како претеча686 за крштевање со светлината, со свети дух, со Бога. Господ ме донесе четири пати на тоа свето место на сведен на 31.07, во 6 и 40 часот наутро, кога сончевиот лач осветлува само еден од петте камени престоли на обредниот театар.687 И ете го актерот-жрец се готви да проглаголи во молитвено дејство. А Шредер се прашува: „...Можеме во еден ден да бидеме на религиозна церемонија и театарска претстава?“688 Добро

поставен

опит?

Коренит

и

силен

да

придвижува. Според настаните на Кокино и оние на театарот „Скрб и утеха“ можеме. Затоа што: „...Првата не враќа навнатре во себе си, втората не шокира, расплакува, насмејува..., а душата се поврзува со предците пред нас со длабоко искуство внатре во нас во

Име за Јован Крстител, Претеча, кој иде пред Христа.Претекне, затекне, затече некого. 687 Така го именува археологот Јовица Станковски, док. филм „Кокино од духовост кон Божественост“, Дион, ТВ Сонце 688 Schrader, 2012: 16 686

269


почеток на ритуален театар и однос со универзумот... се поврзуваме со изворот на сè...“689 „...Поврзување со изворот на сè. Основен обред. И пратеатар. Да не заборавиме дека театарот зближува, ги поврзува луѓето за да се создадат големи дела, тоа истото го правеле античките македонски театри. Театарот ги отвора срцето и умот на гледачите, да го спознаваат светот, причината и последицата на нештата. Во него енергијата се пресоздава од еден во друг квалитет, не тера на длабока размисла, на пример дека животот е вечен, а човекот е смртен... нè потсетува на катарзата690 во духовен миг да ги надминеш сите лични болки, катарзата има дименизи, да се победиш себе си, да ја примиш да созрее во тебе во душата катарза... очовечен збор... радост и плач на актерот и атерот, распнување, раскрстување со Дух Свет... вдахнат со Дух и вистина, со словата на Бога, со светлината на светот, пат од религија до уметност...“

Ibid Израз користен од македонскиот антички филозоф Аристотел, кој подразбира да се прочистиш од трагизмот во тебе за време на претставата. 689

690

270


Овие сознајни зборови ми го сведочеше професорот Петар Башески во неговиот дом во Прилеп, во посебно вдахновение. Сега гледам дека тој зборува за патување со духот. За пат. А тоа е патот на Исус Христос... „...вие сте светлината на светот...“691 И тишина. Се ближи посакуваниот миг. Свет брак, Соединување. На Отецот небесен и земна мајка692 за да се роди, возроди избраниот, да се крсти со Свети Дух и светлината. Но, еве што вели Фореман: „...тишината е потрага по светлина, нè отвора кон внатрешна светлина...“693 Отворање кон внатрешна светлина на театарската претстава. И потребата да се биде осветлен на кокинската кота на обред и театар. Можеме ли симболиката на осветлувањето на еден од петте камени престоли на Матеј, 5: 14 Земјата. 693 Foreman, 1999: 190 691

692

271


Кокино694 да ја споредиме со крштевање со Свети Дух. Со потребата да се соединиме со Бога, со духовноста на Создателот. И каде е мигот кога настанот на Кокино станува театар и уметност? Или сепак си останува само обред? Можеби така би размислувале ако го немавме созреаното искуство од настапите на кокинската светост? И крајот зошто доаѓаат сите тие луѓе секоја година сè повеќе на кокинската светост? Дали ние „возобновуваме обред за плодност“695 или даваме дел од театарска претстава? И тие дилеми не беа само кај нас, кај гледачите, туку и кај црквата.

На 31.07 во 6 часот и 40 минути, сончев лач низ три нишани од околу 100 тина метри осветлува еден од 5 камени престоли на свето место на Кокино, археолозите тоа го нарекуваат Свет брак меѓу небото и земјата за да се возроди Бого-човек, син на Отецот. 694

Локалната самоуправа, има манифестација со такво именување за тој ден на Кокино, која базично е културна, не е верска. 695

272


Православниот блог „Правоверие“696 ме обвинува за паганизам. Уште на првиот настап на Кокино697 со професорот Драган Даутовски кој свиреше на окарината и неолитско свирче, ме обвиниле. Подоцна ме нападнаа дека сум го осквернал и Осоговскиот манастир Свети Јоаким Осоговски со претставата „Посланија“ работена по Светото писмо.698 И со тоа ми даваат поттик, и им благодарам од сè

Актерот Стојановски е ... учесник во неопаганските ритуали на Кокино...Организатор е и на “патриотската” манифестација Дионисови слави, која сега го носи и богохулното име Дион-Исусови слави. За еден од локалните медиуми, актерите велат дека во минатото “театарот и црквата билe едно”. http://pravoverie.wordpress.com/2013/07/16/осквернетосоговскиот-манастир/ 696

Една од најстрашните пројави на неопаганзимот, секако е годишната “обредна молитва” во античката опсерваторија Кокино. Најтрагичното во овој чин е што без грижа на совеста на него присуствуваат и учествуваат православни христијани. Зарем заборавиле дека древните маченици не сакале да фрлат ни зрно темјан на идолиштата, а камо ли да му се поклонат на Сонцето или која било друга стихија или лажно божество (=демон)? Во продолжение новинарски извештај за овој ритуал од 2010 год. Со музичкиот перформанс на Даутовски и интерперетацијата на обредната молитва во изведба на актерот Тихомир Стојановски, беше претставен начинот на кој овдешните жители на опсерваторијата Кокино пред 4000 ијлади години на овој ден го славеле спојот помеѓу небото и земјата и раѓањето новиот живот. 698 Повеќе од десетина години наназад таму ги даваме нашите театарски премиери, сме играле секакви текстови и од антиката, и 697

273


срце и на Бога и ним, дека театарот и обредот суштински се дел од една целина каква што и тие ја доживуваат и живеат. Тоа покажува дека тие театарот го доживуваат како вера и обредност, а не како уметност. Интересно е секако како црквата не прави разлика за настапот меѓу театар и обред? Го порамнува во единство. Го доживува како религиско дејство. Тие секако знаат дека јас сум пред сè: актер, потоа професор на Факултет за драмски уметности699, и на крајот директор на театар. Секако знаат дека и Драган Даутовски е професор. Знаат дека ние сме уметници пред сè, а потоа сме дел од образовниот систем на УКИМ. А сепак нашиот настап го доживуваат како верски чин и паганство, отстапување од православната обредна практика. Ним веројатно тоа им смета,

отстапувањето

од

нивниот

зацртан

обреден

правилник, од нивната обредна догма. Отстапување од нивниот православен обредник.

никогаш не нè напаѓале, а сега со Свето писмо и славење на христијанството и Христос не напаѓаат. 699 По предметот Сценски говор со техника на глас.

274


Всушност по тоа и се делат разделбите и поделбите во христијанството, по тоа како се вршат „обредите и молитвите, литургиите, службите“ иако сите веруваат во Исуса Христа...700 Или веруваат во него туку само во своите обредни практики... во своите обредни догми кои немаат врска со живото христијанство, со живото слово на Светото писмо... а всушност тоа е она што луѓето ги тера, самите низ постарите обреди и дејанија, молитви, адети народни игри да го бараат и да доаѓаат до Бога. Како впрочем и на Кокино. Начманович има убав термин за тоа вели: „...Боженствена игра, игра за Создателот, игра за Господ што подразбира љубов...“701 Тоа е жед за љубов. Но, да не го заборавиме Светото писмо кое е авторитет за христијаните да видиме што вели за именување на луѓе за пагани:

Дали веруваат иако се поделени. „По тоа ќе вè познаат сите дека сте Мои ученици ако имате љубов меѓу себе...„Јован,13:35 701 Nachmanovitch, 2006: 1 700

275


„Но, мене Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист„702 Ете сведоштво на Апостолот Петар дека не треба претходните Богови да го нарекуваме Пагани. Дека би требало се работи за духовен раст и развој, на зрелост на човековиот род меѓу земните принципи и небесата, „да не судиме за да не бидеме судени“.703 Негирањето на религиски системи и кодови, посебно на христијанските задници меѓу себе е драматургија, различно читање на Библијата, толкување, слично како што истиот драмски текст во театар, кој режисерите го читаат, толкуваат и поставуваат на сцената различно. Во црквата поставувањето е во литуриските разлики, а во тоа се всушност и нивните поделби. Но, да поместам два примера од практиката кои потврдуваат врска на црквата

со

театарот.

„Вие

ме

благословивте

претставата“.704

702

Дела 10:29

Матеј, 7: 1-2 Документарен филм „Ѕид“, Дион, ТВ Сонце. Види: http://youtu.be/LR-QrDNnRV8 703

704

276

со


Така изјавува една жена кога ја гледаше претставата „Сердарот-засекогаш љубов“705 на театарот „Скрб и утеха“ во село Мосомиште, Пиринска Македонија. Благослов со театарско дејство. Или со свето дејствие. И уште еден пример со претставата „Деноносии“ кога го осветивме скупскиот антички театар706 со сите нишани. Беше тоа со три свештеници, од православната црква кои изведоа литургија со леб и вино, со песни и ора, а потоа настапивме со античка претстава. Ете како и преходно сме соработувале со црквата. А претставата беше полна со молитви од антиката. Црквата и театарот, едноставно во режија на самиот живот, на Бога, тие двамина707 се допираат, надополнуваат и наретко се сплотуваат во едно исто свето-дејствие кон Бога. А тоа е патот од обредот до театарот. Можам да дадам многу примери и кога играјќи со театарот ме споредувале со црква, духовен храм, со нешто Играна пред Црквата Свети Ѓорѓи во Мосомиште, предградие на Гоце Делчев. 706 Доколку се возобнови собира преку 9000 гледачи и се наоѓа на само три километри од строгиот центар на Скопје. 707 Театарот и црквата 705

277


свето и посветено. Но, за тоа во наредната глава на овој докторски труд. „...Соништата на кои сме посветени нè водат до извор на длабока сознајност...“708 Верувајте дека е така. Внатрешното чувсто додека играм на сцената ми дава чувство на едност со Бога. Ми дава чувство на служење. На споделување на дарбите дадени од Господа. Ми дава чувство за повисока свесност и одговорност пред светот и светоста. Театарот секогаш за мене беше духовност, не душевност. И молитвен процес кон Бога. Заемнодејствие меѓу земното и небесното. „... првиот човек е од земја, земјен, вториот човек е Господ од небото...“709 За тоа се работи во обредот и театарот. „И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме образот на Небесниот...“710 708 709 710

Nachmanovitch, 2006: 157 1Коринтјаните, Павле 15: 47 1Коринтјаните, Павле 15: 49

278


Имаме потреба да се носи “образот на небесниот“. Потреба од врска меѓу небото и земјата, меѓу двата света. А тоа е почеток на верба, нужност од народна култура и следа од уметност. Нитка меѓу пеење и плачење. Меѓу трагедијата и комедијата, за да се преобрази обредната драма. „кој го пее, кој го плаче текстот...“ Професорот Александар Прокопиев ми го покажа документарниот анимиран филм: „Кружно патување на сенката“ 711 во Институтот за македонска литература. Во него има пеење, кое е народен обред - редење за умрен, а во истото пеење, во него има и чин на свеченост и уметност и чин на редење и тажење и самиот се фатив во небрано со изјавата, детерминацијата на обредното пеење, да не можам да утврдам дали дејството е: плачење, редење или пеење и славење? Тоа покажува колку е тенка границата меѓу народна и обредна култура. Меѓу уметноста и обредот, меѓу тагата и радоста, меѓу животот и смртта. Лапаж дава добро појаснување на таа состојба:

сценар. Александар Прокопиев, анимација Александар Зафировски,Илија Прокопиев музика Оливер Јосифовски ,режија Жарко Иванов . 711

279


„...театарот ја прима светлината со мисли и дела, но не може да ја затвори и ограничи само за себе...“712 Примање светлина. Повторно ме носи на Кокино. „Крштевање со вода, оган и свети Дух“713, како повтеж за духовност. Секако на Кокино чекам да нè облее, осветли првиот сончев лач, додека

во театарот, тоа е светлината на

сценското светло. Има уште една интересна желба кај Лапаж. Тој сака: „...да видам претстава која не се случила претходно, тоа сакам да се случи...“714 и уште: „...претстава која ќе се преобразува и никогаш нема да биде истата...“715 Затоа ли одам на Кокино? Затоа ли доаѓаат сите тие луѓе, со секоја година се помногубројни? Или се работи за потребата од Бога и крштевање со Свети Дух. Потреба да се биде „поблиску до Бога“.716 Доаѓаат ли за возродување, за Lepage, 1998: 155 Јован, 1: 26,-33 714 Lepage, 1998:143 715 Lepage, 1998: 171 716 Професорот Даутовски како го именува својот настап на Кокино 2010 год. Док. филм „Поблиску до Бога- Родение светлина“ Дион, ТВ Сонце. Види: http://youtu.be/hT8fBEfPEbQ 712 713

280


да бидат новородени и сплотени со Отецот небесен? Затоа ли ме напаѓа црквата? Или ме доживува како спротиставена духовност,

како конкуренција? Или само си

ја штити

својата обредна практика во која се има затворено и оградено? Или ме напаѓа затоа што мисли дека само таа има право да сведочи, да зборува, да дејствува за Бога? Можеби мисли дека има ексклузивно право да го застапува Господ во македонската култура. Кој знае? За среќа практиката и традицијата го зборуваат токму спротивното. Едно знам дека: „...без чувство на духовно патување, играта ќе биде само гимнастика...“717 Духовно патување. Токму за тоа се зборуваше пред малку. Тоа подразбира да се отвориш, а не да се затвориш во клишеата на религиозните догми и литургии. Да можеш да бидеш плод на Божјата љубов во стилот: „...сакај го својот ближен како себе си...“718 А не да осудуваш, да колнеш, да крадеш, да лажеш, да завидуваш и да му служиш на Мамона.719 Да живееш во

Dorcy, 1962: 31 „...Возљуби Го својот ближен како себе си...“ Марко, 12: 31 719 Матеј, 6: 24 717

718

281


религиозна гордост дека само ти си избран да општиш со Бога. Ние зборуваме за процес на предавање, играње, служење, пеење, славење на Бога без ограничувања со сето срце, душа, ум, до сплотување со духовноста и самиот Создател, до просветлување низ свето-сцено-дејство со верба и посвета. Она што Копе го нарекува: „...намера да нè разбуди просветлени...“720 Намера, спотнатост, стремеж кон просветлување низ игра и дејствија. Ете сме на Кокинската светост во миг на торжество. Музиката сопре, тишина и сончевиот лач осветлува. Кога надоаѓа зборот, словото на Бога, пак си спомнувам на Копе: „...Обредните

преобразби

не

носат

во

света

драматика, средно вековни цркви, свети мистерии, во раст на просветление...потикнувања кои ќе бидат пренесени на гледачите како духовно помирување...“721 Затоа ли сум тука? Да сведочам за Бога и да го славам молепствувајќи. Божјо лето 2013, 31 златец, 6 и 40. Хорот „Молепствие“ сопре со пеењето. Време е за Светото 720 721

Copeau, 1986: 49 Copeau, 1986:113

282


писмо. Сонцето го осветли актерот посветеник. Се исправа и има родение зборот. „...Ќе се глаголи светото евангелие по Јована...“ посведочи. „...На почетокот беше словото и словото беше во Бога...“722 Го озвучи зборот за духовно помирување. И ете сме во исто време за обред и театар. Во едновремие за вера и култура. Во сведен за славење на дарбите дадени од Свети Дух. Амин.

722

Јован 1:1

283


ОБРЕДОТ КАКО ПРЕМИН ОД РЕЛИГИЈА ДО ТЕАТАР

Во четвртата глава на книга Мојсеева во Стариот завет е поместен еден податок кој сметам дека е важен за процесот на преминувањето од религија до театар. Тоа е текст кој сведочи за Мојсеј и Божјиот глас кој го слушал како водство. И вели вака: „...Кога

Мојсеј

влегуваше

во

скинијата

на

сведоштвото да зборува со Господа, слушаше глас, кој му говореше

од

поклопецот,

што

е

над

ковчегот

на

откровението меѓу двата херувима и му говореше...“723 Во подвлечениот извадок имаме податок дека Мојсеј зборувал со Господа, имаме место наречено „скинија на сведоштвото“724, имаме глас кој го слуша избраникот725, и имаме ковчег на откровение.726 Сите истакнати елементи се

Четврта книга Мојсеева, 7: 89 Сцена, место за обраќање, гледање, сведоштво, дејствување со збор. 725 Даруваните уметници знаат дека делата доаѓаат како глас од Бога, пред сè мислам за духовната култура. 726 Има еден принцип во театарот кој, го применувам на моите студенти, кој вели што сакаш да направиш со себе: да се сокриеш

723

724

284


важни и за театарот и за обредот и за состојбата на преминување на едниот во другиот во две насоки. Но, тоа е разликата меѓу духовната и душевната култура. Како студент на Факултетот за драмски уметности, како надарен студент играв главни улоги по театаритезгради.727 Имав и една монодрама: „Последниот скок на Џек Лондон“ сценска исповед728 на Тихомир Стојановски. Тоа беа текстови од разни автори, претежно класика кои носеа во себе духовни пораки, а имаше и вид на разговор со гледачите.729 И тогаш ме носеше божјиот глас кон нешто повеќе. Бев единствен актер во македонскиот театар што сам на празна сцена ги играл големите ролји на Вилијам или да се откриеш? Поточно препознавање на својата Божја природа. 727 Во Кумановски театар „Бегалка“ на В. Иљовски, реж. В, Ќортошев и „Пурпурен остров“ на Булгаков, реж. В. Цветановски, во прилепски театар „Спиро Црне“, Б. Ристески, реж. В. Милчин, во Велешки театар „Прочистување“ С. Насев, реж. З. Славенски, во Драмски „Р“ Ј. Плевнеш, реж. Љ. Георгиевски, и „Ловечка сказна“ Пешиќ, реж. К. Ангеловски, на „Скопско лето“ со З. Славенски „Фауст“ од Гете, со С. Насев и З. Славенски „Трилогија“ во МКЦ, сите беа главни улоги за време на моите студентски денови на ФДУ. 728 Со театарската работилница ФФ, а именувањето „сценска исповед“ ми помогна да го срочам Владимир Милчин. 729 Денес имаме еден вид на Форум театар во кој се вовлечени гледачите во дејство со прашања и одговори со актери кои се измешани помеѓу нив.

285


Шекспир: Хамлет, Ричард Трети и Макбет, како чин на обредна духовност и посветеност730. Играв главни улоги по театарите- згради, а имав некаква

празнина,

не

исполнетост,

како

нешто

да

недостасуваше во сиот тој драмски опфат. Тогаш не знаев дека суштински ми недостасуваше духовност. Или патеката за премин. „...генералното

прашање

е

играме

ли

за

да

преживееме? И тогаш поаѓаме од почеток и тоа е работа на животот и смртта...“731 Почеток и живот и смрт. Како и да се зафатите со театарот посериозно и со дух на посвета повторно се навраќате на обредот и Бога. А тоа е основиот праобред на свет брак меѓу Небесен Отец и земна мајка за родението. А тоа е точката на кокинската света планина и обредниот театар која поминува низ религиските системи од Дионис732 и завршува со Исуса Христа.733 Можеме ли да се запрашаме дали нашите предци од кокинската светост имале водство На празна сцена, без костим и музика, само со богодаруваниот збор на Вилијам Шекспир. 731 Kumiega, 1987: 163 732 Син на Ѕеус(Теус) небесен Отец и земна мајка Семела. 733 Архангелот Гаврил објавува дека Марија е блажена оплодена со Свети Дух, бессемено. 730

286


од Божји глас и очекувале да дојде Спасителот. Посебно кога истата приказна се појавува и во случајот на Дионис патронот на европскиот театар? И завршува со Исус Христос Божјиот син, Месијата. Добра кота за обред и посветеност и духовно патување низ дејството од чувства и верба во атерот на театарот. Суштинското прашање е кога, каде и зошто обредот преминал во театар и уметност. Нели е тоа разликата меѓу духовноста и душевноста.734Меѓу земниот и небесниот човек.735 Нели е тоа е преминот од подреденост и игра за Бога,

до себе обоготворување и себе - прогласување за

Создател? На некој начин отфрлање и заборавање на Бога и преземање на улогата на Творец. „Кој говори сам од себе, тој ја бара својата слава: а кој ја бара славата на Оној кој Го пратил, Он е вистина и во Него нема неправда.736 Мислам дека тука се подвлекува линијата на преминот од религија кон театар. Основната насока е дали „...се сее тело душевно - воскреснува тело духовно.“ 1 Коринтјаните, 15: 44 „...Првиот човек Адам стана жива душа последниот Адам животворен дух ...“1Коринтјаните, 15: 45 735 „Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото“ 1 Коринтјаните, 15: 47 736 Јован 6.7: 18 734

287


играме за Бога и го славиме и му благодариме за сè што ни дал како Создател737, вклучувајќи ги и нашите дарби за сцената, или излегуваме од Бога, од религиските правила и стануваме самите Создатели, а тоа е всушност мигот кога Адам и Ева беа прелажани од сатаната: „...дека ќе бидат како Богови...“738, кога каснаа од забранетото дрвото со јаболкото на спознанието на доброто и злото. Така уметникот симболично, и дејствено, го остава Бога и самиот создава, толкува, твори, верува дека самиот е Бог, обоготворен, Создател на дела, сè до мигот кога од „тело душевно“ не созрее во „тело духовно“ за повторно да му се врати на Господа во создавање, односно содејство на духовна култура. Но, еве што вели Куменига, долгогодишен следбеник, собеседник и истражувач на Гротовски: „...човечки сооднос кој нè носи во промена... дејство кое ќе го редефинира зборот Господ. Тој миг е сон на

Го признаваме Бог за Создател, не себе си. Оти не живееме ние туку Господ живее во нас. 738 1 Коринтјаните, 15: 44-47

737

288


човекот. Секој сака да се преобрази да стане драма (тичен), да стане паталец, да стане Христов...“739 Тој ги дообјаснува ставовите на Ј. Гротовски дека „... актерот е

светец кој се распнува на сцената за да ја

просветли публиката...“, а нам ни е патоказ за нашиот премин од обред до театар. Ќе поместам уште еден интересен дел од Куменига за Ј. Гротовски кој сметам дека е ползен како искуство минато низ практиката на неговиот свет театар. Тој зборува за дарувани луѓе, поточно за човек кој: „...кој сака да се изрази, да сведочи, за луѓе кои веруваат во нови вистини... за индивидулано разбирање на благодетите што ги носат зборовите...“740 И тука повторно доаѓаме до евангелие по Јован за словата на Бога. На пример: „...И словото стана тело и се всели во нас полно со благодат и вистина...“741. Горниот библиски стих ни го покажува Божјиот принцип на овоплотување на словата во уметникот,

Kumiega, 1987: 220 Kumiega, 1987: 238 741 Јован, 1: 14 739

740

289


даруваниот, избраниот за јавно зборување. А тоа е вселување на живи слова во тело, полни со благодат и вистина. А тоа е исто така и принцип, ред на обредот и театарот. На тој пат и премин на едниот во другиот. Рот исто така ја подвлекува таа нитка на светиот театар. Ја нарекува: „...чувство за вистина во животот и на сцената...“742 Важна работа за дејствувачот во обред и во театар. Исус вели: „... и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи...”743 И навистина е така. Потоа Рот продолжува за: „...креативна сила пресоздадена во систем...“744 А системот подразбира ред и обредна посветеност. И на крајот ја дава суштинската полезност и двигател на играта и дејствијата на театарот - обред. Употребува израз: „...себеобновување...“745 Таа желба, молба е двигател на обредот за плодност. На светиот брак меѓу небото и земјата за да го возродат Rotte, 2000: 19 Јован, 8:32 744 Rotte, 2000: 17 745 Rotte, 2000: 188 742 743

290


Бого-човекот, односно новиот човек налик на Господа. Да дојде месијата, пратеникот, избраникот, помазаникот од Бога. Инаку зошто се случува дејството насочено кон Бога и се бара нешто од него, како на пример на Кокино746, за времето на Дионис747 и денес во: обредните, обреднонародните и театарско- обредните дејствија.748 „...Светост на театарот или театарот на светоста... каде е некаде, помеѓу нас, пред нас, далеку напред, што прави тој?“749 Полезни размислувања и барање на одговорите. Јас познавам еден таков театар, кој дејствува и истражува и не се откажува. Тоа е театарот „Скрб и утеха“. Со него настапувам

на

„возобновениот

обред

за

плодност“

четирипати по ред на Светата планина Кокино, и секако со последната претстава се допираме со него со играње на сцената изворен текст од Светото писмо750. Зборувам за 2000 години пред Исуса Христа. 500 години пред Исуса Христа. 748 Третиот театар со: П. Брук, Е. Барба, Ј. Гротовски и другите следбеници денес. 749 Yarrow, 2007: 13 750 Претставите: „Посланија“ по евангелие по Матеј и посланијата на Апостол Павле во режија на Т. Стојановски со хор во живо „Молепствие“ со пастор Константин Кајшаров во 2013 година и „Завет“ спред Матеј и Јован, во режија и изведба на Т. 746 747

291


живо искуство на играње во посветен театар. Понатаму Јароу процесот го нарекува; „... Ехо на светоста...“.751 Ние можеме да споделуваме сопствени искуства од барање, играње на таков театар, на сцено-дејствие кое се стреми кон свето-дејствие и да ги споредуваме со литургиите во храмовите. Можеме да ја мериме нивната верба и љубов со која дејствуваат и да ја споредуваме со нашата од сценскиот агол на живеење на обредноста. Едно е сигурно и во обата случаи се работи за: „...Чувство на присутност во мистерија- обред и светост...“752 Исто така дека се работи за : „...Театар и сон поврзаност во светост...“753

Стојановски, музика во живо со гитара на Давид Нешкоски, обете играни на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп. Види: http://youtu.be/iLa4jtWGtcc?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA Види : http://youtu.be/PNvVe6IRFZ4?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 751 Yarrow, 2007: 14 752 753

Yarrow, 2007: 21 Yarrow, 2007: 22

292


Дека е возможен и реален, нужен и следствен: „...Обред на ослободување...“754 И исто така дека се рабoти за: „...Високо чувство на драма во обред...“755 Во претставата „Посланија“ актерите зборуваат текстови од Библијата, Светото писмо, дејствуваат со верба, и можеме да поставиме прашање: каква е разликата меѓу нив и свештениците во храмовите кои на литургија го читаат текстот, понекогаш здодевно и рутински-формално. И ако направиме споредба со нив, актерите веруваат во текстот, го зборуваат од себе, од срцето и душата, додека во Светото писмо има термин живо слово756, и тие навистина го оживуваат словото во себе, а свештеникот кој понекогаш само технички ја изведува литургијата без чувства и не допира, со зборувањето до слушателите, можнa ли е таква споредба? Нели е тоа патеката од актер до свештеник и свештено-служител, треба ли да се потсетиме дека Дионис е Бог и за него е игран обредниот, свет театар, Yarrow, 2007: 42 Yarrow, 2007: 43 756 1 Петрово: 1:23 Евреите: 4:12

754 755

293

нели се


литургиите, истиот тој свет театар посветен на Бога, Господа, кои денес стануваат христијански обреден театар. Еве што вели писмото за тоа: „сè стана преку него и без него ништо не стана што постана“.757 И ние тогаш имаме молитвени терпии на кои се случуваат исцелувања во името на Исуса Христа. И имаме претстави во обреден-театар кои се благословува во името на Христа. Ние имаме поврзаност со Бога, како на пример: престој на Свети Дух во уметник, даруван со дарбите на Свети Дух758, и човек кој му служи на Бога, молитвеник, обреден практичар, имаме и настап на Кокино со молитва кој е молитвен обреден миг на сведоштво и проповед на Бога. Имаме пат и отворена порта за премин. Нужен е само верник и сцено-дејствувач. Ако играта, зборот, вербата е духовна во поврзаност со Бог, тука имаме свето-дејствие. Еве што вели Светото писмо: „И така кој е во Христа, тој е ново создание...“ 759

Јован, 1:3 2 Коринтјани: 5:17 759 2 Коринтјани,3:5

757

758

294


Ние зборуваме за ново-создавање, за преобразен човек, за вдаховен новороден избраник. Идниот свештеник и актер, идниот свето-дејствувач и сцено-дејствувач. Во христијанството имаме обредни правила, свети тајни како: „...Одење во

светлина...

крштевање

со

вода...

христоматија и евхаристија со леб и вино по првпат...“760 Дел од овие обредни постапки се присутни и во постарите религиски системи, но суштината е дали ние им служиме

ним

на

обредните

правила,

историски

детерминирани и утврдени еднаш засекогаш како догми, или на Бога и живото христијанство и религија. Ист е примерот и во театарот. Во културата. Дали таа е жива и му служи, го слави

Бога или на земните политички лажни

богови. Рутин тоа го спотнува како: „...Кога верата е театар и обратно...?“761 Добар патоказ за верата и театарот. За нивното преплетување низ степенот на вистина и верба. Или како што таа вели уште поточно кажано: „...драмска форма произлезена од религија...“762

Jeffery, 2007: 17 Rutnin, 1993: 111 762 Ibid 760 761

295


Што е верно и за македонската култура со кокинскиот неолитски и античко-македонскиот Дионисов театар, со народните обредни игри активни и денес, со литургиите и обредите во православието. И сето тоа е како заблагодарување во покорност кажано: „…благодарност за светлината Господова...“763 За тоа да се случи е потребна верба и посвета. И како свештеник, божји служител и како актер, сцено-дејствувач. Верба во полезноста на дејствијата кои се вршат за слава на Бога. Свештеникот проповедувајќи го Божјото слово, а актерот, бого-даруваниот, играјќи и сведочејќи со него. Еве интересна насока од Светото писмо: „...вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето...“764 Пишување со Духот на живиот Бог. Врз телесни плочки на срцето. Со две реченици се објаснува суштината на обредот и служењето, на театарот и духовноста која е

763 764

Rutnin, 1993: 160 2 Коринтјаните, 3:3

296


неговата движечка сила. И можеме да направиме споредба меѓу актерот и

свештеникот, за тоа кој чита со повеќе

страст и љубов, кој се поистоветува со текстот повеќе, ете на пример ако обата читаат, озвучуваат, служат со текстови од Светото писмо, како што е случајот со претставата „Посланија“ во која се играат, Евангелие по Матеј и Посланијата на Апостол Павле од двајца актери765 со хор кој му пее на Исуса Христа,766 и претставата предизвикува духовност и длабоки чувства767, каде снимени изјави на гледачите768

зборуваат

за

нејзината

духовна

сила.

Интересно блогот „Правоверие“ ја нападна претставата и театарот

за

настапот

во

Свети

Јоаким

Осоговски

обвинувајќи не дека сме го осквернавиле манастирот.769 И Страшко Милошевски и Тихомир Стојановски „Молепствие“ со Пастор К. Кајшаров. 767 Док. филм „Верба со дела“, сцен. и реж. Т. Стојановски, ТВ Сонце и Дион. Види: http://youtu.be/kzT8VeFQQjM 768 Играна на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп во црквата Свети Никола во Варош, и на град на култура К. Паланка во манастирот Свети Јоаким Осоговски, и на Факултет за драмски уметности во Скопје од јуни-ноември 2013. Види: http://youtu.be/0RQ0mjlURDY?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA и: http://youtu.be/BFwhigmYngM?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 765

766

769

ПРАВОВЕРИЕ Борба за чистотата на верата во време на апостасија Во организација на локалната самоуправа на Крива

297


секако фала му на Бога, што ги испрати да ни посведочат за портата на преминот меѓу обредот и театарот. Со оглед дека не прават разлика меѓу театарот и црквата! Меѓу уметноста и религијата. Меѓу живото христијанство и историската обредна практика која е само рутинско дејство во православните „литургиски драми“ за разлика од срцата и душите на актерите и луѓето кои му пеат и го слават Бога со „Молепствие“. И уште нешто како е можно со сцени од Паланка, секташи го осквернија Осоговскиот манастир. Имено, на Петровден оваа година во припратата на манастирската црква била изведена претставата “Посланија”. Како актери се појавиле Тихомир Стојановски и Страшко Милошевски. Новопечениот протестантски пастор Константин Кајшаров заедно со своја група следбеници наречена “Молепствие” бил задолжен за музиката...Пред моштите на свети Јоаким, наместо псалмопеења и молитви, се испеале псевдо-христијански тралалајки, авторско дело на Кајшаров. Претставата пак, се состои од цитати од Евангелието и Апостолот, извитоперени и истргнати од контекст, со посебен акцент на стиховите поврзани со Македонија... Актерот Стојановски, облечен како антички војник, ги рецитира Христовите зборови од Евангелието, а изведбата ја завршува со молитва во протестантски дух...Се прашуваме како епископатот и манастирското настојателство, дозволиле вакви антиправославни приредби во едно од најголемите светилишта во Македонија? Дали водени од духот на екуменизмот и лажната толеранција треба да дозволиме манастирите да станат места за неопротестанска проповед? Сегменти од претставата погледнете на следниве линкови: http://pravoverie.wordpress.com/2013/07/16/осквернетосоговскиот-манастир/

298


свето писмо и со пеење за Христос да се оскверни манастир770, кој суштински е Христов771. Да се посетиме на Гротовски кој постави печат на возобновениот духовен театар со неговите ставови минати низ искуството дека: „...актерот е светец, кој се качува на сцената да ја освети публиката... “,

а што да се каже кога актерот

чита делови од Библијата на сцена и во црквата? Ќе поместам уште еден дел од Светото писмо кој ни сведочи токму за тоа: „...Поверува и затоа зборува, и ние веруваме, па затоа зборуваме...“ 772 Очигледно е дека театарот и обредот се поврзани токму со степенот на вербата. Сме играле многу претстави во кои се поместувани молитви и се слави и се спомнува Бог. Но, во „Посланија“ за првпат игравме, делови од Светото писмо и ги поставивме на сцена, без многу Тие и за моите настапи на Кокино ме прогласуваат за водач на неопаганизмот, а еве сега и за секташ. Како е можно христијани да не го почитуваат познатото „... не судете за да не бидете судени. Зашто со каков суд судите со таков ќе бидете судени...“Матеј 7: 1-2 771 Сите сме христијани, веруваме во апсолутот Исус Христос. Најинересно е што никој од нас не е протестант, нити К. Кајшаров, кој е ракоположен за Пастор од пастори од Израел и Р. Бугарија но не е во никаква деноминација. 772 2 Коринтјаните, 4: 13

770

299


мизанцен, повеќе се потпревме на словото на Бога.

И

вечерта во храмот Свети Никола во Варош на МТФ Војдан Чернодрински, претставата „Посланија“, играна во јуни 2013, како театарска претстава, ги воодушеви гледачите.773 И двете групи театарот и хорот играат, пеат за да го слават Исуса Христа774?! И од тука се наметнува размислата каде завршува релгијата и почнува театарот, поточно уметноста во овој случај. И обратно каде завршува театарот и почнува религијата? Во обата случаи не се отстапува од Бога. Ходгсон ни посочува интересен податок: „Можеш да го изградиш своето разбирање на лично сознание

со

група

луѓе

кои

живеат

(дејствуваат)

заедно…“775 Практиката на живо учество за разбирањето на обредните дејствија е важна. Но, тоа не значи да се случи здодевна рутина. Да ги кажуваш зборовите без срце и душа, да ги заспиеш учесниците во литургиите како и во сцените

Док. филмови: „Посланија во Варош“ и „Верба со дела“ ТВ Сонце и Дион 774 Имам собрано и анкети за истата претстава од гледачите кои ќе ги обработам понатаму. 775 Hodgson, 1967: 27 773

300


во обредниот театар. Во театарот кој верува во Бога и игра за него. Еве што вели Ходгсон: „ ...Играј како да нема зборови, како карактерот да ги зборува заборовите...“ Тоа е она што Светото писмо го именува како „живо слово“.776 Нераспадливо и поостро од секаков меч, кое навлегува во душата и срцето и ги суди мислите и намерите на срцето. Можеби тое е она што му недостасува на живото дејствување на обредот и православието. Можеби токму тоа не го разбираат луѓето од блогот „Правоверие“?! А истото го има во претстава посвената на Исуса Христа. Но, тоа е патот меѓу обредот и театарот. Нивниот заемен премин, претоп едниот во другиот. Но кој е обреден во суштина, а кој е театарален? Кој има право да суди? Тука се разврските и спротиставувањата. Еве ни верниици во обредниот театар:

„...зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.“ 1 Петрово, 1:23 „...Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето“ Евреите: 4:12

776

301


„...Гротовски зборува за светоста, за просветлување, Шекнер за обред на промена, преобразба, Барба за света енергија на претставата, Брук за потрага по Бога… се зборува за свет театар за момент на движење и левитација... се движиме во круг ... во празна исполнетост, исполнета празнина кон светоста, надвор од свесноста“.777 Секако тоа се луѓе, дарувани од Бога да создаваат театар, не ординарен, туку како што самите веруваат СВЕТ ТЕАТАР. Немам податоци дека ги напаѓале локалните свештеници и религии во нивните земји. Но, тие се апостоли на театарот на 20 век. Можеме да речеме дека се полната сила на обредниот - свет театар. Но, да видиме како ги именува тие состојби Роуз: “...Литургиски култови на светци... приказни (драми) за Апостоли... литургиски текстови... “778 Авторите кои длабоко ја разбираат поставеноста и законитоста во театарот немаат проблем да го порамнуваат и споредуваат со црквата. Но имаме и автори кои ја

777 778

Yarrow, 2007: 17-20 Rose,2009:1-6

302


истакнуваат „исцелителната сила“ на театарот.779 Тука го повикувам Шредер да посведочи за своите искуства на тоа поле. Тој употребува интресни термин на поврзување: „…Терапевт и драматерапевт - ритуалот да се отворат и рашират во себе, во катедралите во умот... Театар и ритуал заедништво брак... Брак на две силни форми театар и

ритуал

кои

имаат

своја

историја,

структура

и

усогласеност. 780 И

ние

можеме

понатаму

да

зборуваме

за

исцелителните обреди и нивните дејствија. Ќе поместам една извонредна

книга на Хантер

за

обредите на

исцелување во име на Исус Христос, која ќе ни помогне да се доближиме до поврзаноста на театарот и обредот. Во книгата се поместени исцелувања на болни во името на Исус Христос, пред сè со положување на раце и заповед со вера во Исус Христос. Еве некои делови од неа:

Во античка Македонија театрите била градени покрај храмови на Асклепие, Хигиа, Панакеа, Дарон, Богови на исцелувањето во антиката и тоа не е случајно. 780 Schrader, 2012: 15-16 Предговор (James Roose- Evans-театарски режисер) 779

303


„...биди осетлив за Божјиот говор во тебе. Слушај го Божјиот глас...ако тој ти зборува, ќе знаеш дека тоа е неговиот глас едноставно и со помош на Светиот Дух и зборовите... ако не го читаш Божјото слово, нема да го препознаеш ни гласот Божји и Ѓаволот ќе те измами... свесност за Божјото присуство во себе…“781 Ова не се искуства од теоретичари на обредите, туку на живи практичари, кои на јавни собири по Америка, држеле служби, полагале раце и исцелувале во името на Исус Христос. Под тоа подразбирам живи обредни практичари во служба на Бога. Еве уште една важна кота за обредот и исцелувањето: „...уверена сум дека Бог плаче над црквите, во кои ни во недела пред пладне на богослужбите не полагаат раце на болните. А Бог милува да бидат здрави...“782 Брачниот пар Хантер зборува за обредна практика за исцелување по Божјата волја и во име на Исус Христос. За разлика од црквите каде службите, литургиите 781 782

Hanter, 1988 : 134-135 Hanter, 1988 : 151

304

се само


озвучување, претставување на делови од Светото писмо и наликуваат на култура и театар, без лечебна обредната практика.783 Еве каква дефиниција за демоните даваат тие: „...демони се бестелесни невидливи битија кои имаат способност да одат насекаде каде ги праќа сатаната... не напаствуваат, ги ставаат своите мисли во нашите, се обидуваат да фрлаат болести на нашите тела, се обидуваат да го завладеат нашиот ум и да станеме умоболни...“784 Да не заборавиме и свети Наум изгонувал демони, нив ги познава и македонската народна култура, ги имаме насликани и на фреските по храмовите, католичката црква, пентакосалците исто така изгонуваат демони, моите искуства со обредни практичари ми ја потврдуваат обредната практика од таков вид, и имав можност, слава Му на Бога во рамките на моите истражувања да служам

783 Во нашите православни цркви иако имаме традиција на обредни практичари како свети Наум, свети Климент, свети Кузман и Дамјан, свети Пантелејмон, свети мошти, сепак МПЦ не ја прифаќаат оваа Богодадена практика и службите остануваат во доменот на духовната култура и театарско преставување. 784 Hanter, 1988: 166

305


подолог период во тимот на Пастор Константин Кајшаров785 на таква молитвено-обредна практика.786 И сега можеме да повлечеме линија за цркви на кои службите им стануваат духовна култура и претстава, и реални обредни службеници на Бога преку кои луѓето наоѓаат лек, исцелување и го препознаваат Бога. Брачниот пар Хантер ни дава уште едно сознание од практиката: „...дарот на вера во човекот ќе направи таква храброст, што одвај ќе поверува што сторил...“787 И уште нешто за дарот на верата даден од Свети Дух: Учесник сум во обредна молитвена практика за изгонување на демони и проклетства во името на Исуса Христа. „Во името на Господ Исус Христос, сега заповедуваме да излезе секој демон од сите луѓе во просторијава...и .ја прославуваме победата на Годпод Исус Христос над смртта, над сатаната и во овие твои чеда“, се зборува во повеќегласен хор во обредна молитва во името на Исус Христос. 785

Ѓорѓи Филев исто така положува раце на пациентите во името на Бога, штец Златко Давдидковски им пренесува преку Божји глас што треба да направат, баба Стојна служи постара обреднапрактика позната во народот како баење, но и таа зборува за Богородица, светците, Исус Христос. 787 Hanter, 1988: 170 786

306


„...Кога

се

облеани

со

дар

на

вера,

тогаш

исчекоруваме од човечките ограничености и зачекоруваме во дименизиите и просторноста на семоќниот Бог...“788 Тоа подразбира обредно поврзување со Бог и Создателот. Посветеност. Начин на дејствување и живеење во согласие со Бога. Принцип на покајување, молитвена понизност и благодарност за дарбите кои ни се дадени како научници, уметници, свештеници, луѓе од образованието. Но, да видиме што вели Светото писмо789 за тоа: „...Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото...“ 790 А, обредот нели е токму тоа, премин од невидливото кон видливото, а театарот не ли е исто така токму тоа, премин

од

невидливото

кон

видливото?

Премин,

вдахновение од Бога кон човекот во благослови и дарби на Светиот Дух. Hanter, 1988 : 181 „Целото Писмо од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност“ 2Тимотеј, 3:16 790 Евреите, 11: 3

788 789

307


„...Драмите се мистика, нè учат, создаваат искуство и се претставуваат на сцената...“791 Убава согледба и понатаму: „...соодносот меѓу психодрамата и драмата е важен... тоа подразбира театарот да има исцелителна природа...“792 И уште еден податок кој ни го покажува патот за премин на обредот во театарот: „...театарот има покажувачка природа. Го покажува патот...“793 Се разбира ако сме избрале по кој пат одиме. Кон Бога или кон световното? Кон духовното или кон душевното? Кон земното или кон небесното и Божјото? Кон славење на Бога или кон себеобожување? А тие размисли се еднакво применливи и доктринарно важни и во црквата и во театарот. Во оваа насока не се неважни и сознанијата на Милош Билбија за соодносот на духовното и културата: Hodgson, 1972: 158 Hodgson, 1972: 140 793 Hodgson, 1972: 111 791

792

308


„...Виното е животот кој го дава Господ, а Господ е вистината...“ 794 Тој зборува за принципот на леб и вино за кој има археолошки сознанија дека е ист и во неолитот. „Церје - Говрлево... мост меѓу древноста и сегашност, откриеното и неоткриеното, сфатливото и несфатливото“.795 И тука зборува за принципот видливо - невидливо кој е библиски, новозаветен и вечен. Го коментира вовлечениот папок на Адама од Говрлево за да ја допре суштината: “...вовлечен

стомак

на

кој

е

налепен

предимезниониран папок... вдахнување живот, папок како духовен симбол преку кој влегуваат духот и мудроста... свесно суштество со духовна димензија... а таа трансмисија

794

Фиданоски, 2012:135

795

Фиданоски, 2012:139

309


го соединува со Господ којшто го создал и вдахновувањето на животот и Духот (Светиот) му го овозможил тоа...“796 Можеме оваа сознание на Милош Билбија, од практиката на археолог, да го земеме како една од патеките за премин од обред кон театар. Инаку каков е смисолот да играш за себефалење, да мислиш дека ти си Господ, да играш душевно, да мислиш дека си нешто што има вредност без Бога. Го кажувам ова како законитост на сцената, а сигурен сум дека важи и за обредите во верските институции денес. Ќе поместам примери од практиката на играње и пеење за Бога. Со „Молепствие“ именувано на почетокот како хор, а потоа како вокална група која пее, му пее на Исуса Христа, недела дена пред Божик или после Божик, условено како го мерат, му судат на времето различните христијански заедници на мајкава земја, пеевме пред споменикот на цар Самоил во центарот на градот Скопје797, по два часа дневно и собиравме средства за донирање во болницата „Бардовци“ Ibid Док. Филм „Пеење за Христа“,сц. Реж. Т. Стојановски, Дион и Авид. 796 797

310


на една кутија поставена пред нас. Луѓето застануваа и пееја со нас, се случуваше заедништво со минувачите, и нашето дејство предизвикуваше чувства кај слушателите и минувачите. Една жена со торби во рацете клекна на колена, ги остави купените работи покрај себе и плачеше 20 минути, додека ги пеевме авторските песни за Исуса Христа овоплотени преку пастор Константин Кајшаров. Потоа стана и си замина. Луѓе, пееја и славеа со нас. Нели е тоа обредно пеење во името на Бога, на Исуса Христа? Нели е тоа премин од култура кон религија на оваа трупа? Но, ајде да видиме што значи зборот трупа: „...Трупа - подразбира група луѓе кои работат заедно и ги истражуваат соодносите, меѓу нив, сцената, животот. Тоа се поединци во еден организам...“798 Тоа ме потсетвува на библиското: „ Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба, така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци членови сме еден на друг“.799

798 799

Zaporah, 1985: 4 Римјаните, 12: 4-5

311


Тоа е за единството во вера и дејство. Како и за главата и органите со Христос. За жедта за единство со Бога како патека на премин од култура кон религија. Од театар кон обред. Еве што вели Бери: „...внатрешни мисли, искуства за минатото, морал, гордост, пресудување. Тоа се случува во нашиот живот. Тоа е театарот...“800 Инаку Беру е еден од најзначајните истражувачи на гласот во театарот, работејќи меѓу другото и како асистент по Сценски говор на Питер Брук. Таа на театарот гледа како на духовна димензија. Начинот на пеење и зборување се менува на секој 50-тина години, доказ за тоа се снимките на Ричард Бартон, Сер Лоренс Оливие и Сер Џон Гилгуд со трагедијата „Хамлет“,801

на Вилијам Шекспир. Ако го

споредиме начинот на кој тие го зборуваат монологот на данскиот принц Хамлет „Да се биде или не...“ ќе забележиме дека кај Гилгуд зборувањето наликува на опера, кај Оливие, има романтичарски занес, кај Бартон реализам до страдание. Сите зборуваат како врвни актери во духот на Berry, 2008: 118 Famous Scenes From Sir John Gielgud's Production Of W. Shkespeare's Hamlet. 800 801

312


своето време. Затоа ништожни се обвинувањата на одредени црковни догматичари: „ дека така не се пее за Бога...“802 , а тие пејат средновековно803 за Бога, како да им застанало времето, слично како и обредите во црквите. Па исто така и пеењето се менува не е обред и догма, дадено еднаш засекогаш. Сепак, суштинската кота е дека тие ни помогнаа со своите негации, дека го препознаваат театарот како црква. Дека не ја прават разликата меѓу обредот и театарот. И дека се работи за точка на премин меѓу нив двете. Калов дава интересен миг за степенот на верба и посвета во дејствувањето на сцена: „...сè што имам е мојата оптегната кожа, се стремам за летање. Се движам споро како кога дува силен ветер. Сцената е празна, треба да се наполни...“804

Вокална група „Молепствие“, во претстава „Посланија“. Историско преповторување. 804 Callow, 1990: 143 802 803

313


Точно сознание да се наполни сцената. Но со што? Со безживотна обредност или со дух на верба и духовноста на Бога. Еве уште еден пример од практиката. Имаме снимено обредни молитвени монолози со театарот „Скрб и утеха при гостување кај Македонците во Пиринска Македонија805, во вдахновен миг, тече молитва со која актерот ги благословува и се моли за Македонците во Пиринско. Тој го остава текстот и почнува да реди молитва од своето срце и душа вдахновен од Бога. Такви молитвени дејства, терапии се случуваат кај Константин Кајшаров во ИХА и „Центарот за духовно и психофизичко здравје“. Молитви кои се моментални, кои не се напишан и и научени напамет, а се вдахновуваат од молитвата и посветеноста во неа и пациентот за кој се молиме.806 Можеме тука да зборуваме за лично толкување на молитвата. Уметничко вдаховение, надареност за молитвен монолог кој суштински е авторство во сооднос со Исуса Христа. И тоа е пример на премин од религија кон култура. 805 Док филмови: „Молитва за Кремен 1 и 2“ и „Република Ново Лески 1 и 2“ ТВ Сонце и Дион. Види: http://youtu.be/ZGsT7b0Y22E 806 The Miracles Of The Holy Whisper", Konstantin Kajsharov's

Teachning, International Holistic Academy, 2011, двд.

314


Актер кој дејствува со молитва на сцена и се моли и ги благословува гледачите. Тоа е живо христијанство, живо театарско дело поврзано со Бог и духовноста.807 „...Најважно е да се држиш жив... театарот е есенција на општеството... ни носи нова надеж, нов живот кој ни е нужен како вистината...“808 Овие констатации можат да се применат и за црквата. Да се држиш жив. Не во историска обредност. Не како еднаш засекогаш зададен литургиски обред, кој преминува во здодевност и безначајност. Туку да се држиш во живите слова на Христа. Истото важи и за театарот кој се заборавил и изгубил себе си во театрите- згради809 и наместо на Бога и народецот им служи на лажните - земни богови - политичарите. Тоа се однесува на театар кој нема зрелост да ја спознае вистината и да сведочи за неа. Кој нема духовна зрелост и храброст нешто да му порача на На молитвена терапија во „Центар Константин“, Пастор К. Кајшаров на 09.07.2014, почна да зборува, кажува псалми, поезија кои едноставно слегоа низ него, се овоплотија, не ги научил напамет, дојдени преку Светиот Дух, кои не се напишани, кои течеа вака: „...Радувај се душо моја...“ пред пациентите и тимот кој помага и служи таму. И тоа траеше 15-тина минути. 808 Martin, 1996: 69 809 Израз востановен од Питер Брук дека театарот не е зграда, туку трупа која диши заедно.

807

315


своето време, да ги врамува општествените судири810, да зборува за себе, за својата земја и своите состојби. Балдри нè посетува на принципот на настанокот на европскиот театар во античка Македонија: „...Дионисов фестивал на крајот на февруари...“811 И ние имаме токму таков фестивал следејќи ја обредноста и традицијата812: „...со активни учесници во играта која е важна точка на социјалниот живот. Актери, музичари, играчи, театарски луѓе, членови на хор, оро -водни ритми, дитирамби - тоа е обред за чест и слава на Господ...“813 И дава уште поточна определба и констатација: „...приказни за Богови и херои, со определено обредно

дејство

и

нивниот

сооднос

низ

драмска

поезија...“814

Кодекс на театар „Скрб и утеха“ , Стојановски, „Времето на скрбизмот“, 1998, стр.97. 811 Baldry, 1981: 21 812 Во истиот период 20 години со КЦ „Скрб и утеха-Тиха“, имаме фестивал, прослава, чествувања првин именувани како театарски маратон „Мину Угриновска“, потоа „Дионисови слави“ (чествувања), и денес „Дион-Исус-ови слави“. 810

813 814

Baldry, 1981:129 Baldry, 1981: 78

316


Моментот на активни ученици во играта е секако поттикнувачки. Тој дава повратен сознаен миг, дали вие ја допирате публиката во театарот и во црквата. Дали имате духовна сила да ги воведете во дејствијата или само произведувате звук, дејствија кои остануваат вон нив. Играв дел од претстава во празната црква на Ѓурѓовден 06 мај 2013 во Врница, Голо Брдо кај Македонците во Р Албанија815. Настанот го доживувам како служење. Го доживувам како славење на Бога. Замислете си актер во празна црква и гледачите, монологот е дел од претставата: „Будење на ангелите“, односно ликот на свети Наум.

Дел од присутните се

Македонци со исламска

вероисповест. Настапот завршува со благослови и молитви. Нели е тоа премин од обред до театар? Но кој преминува во кого? Театарот во обред или обредот во театар? За нас е интересен

е мигот

кога

атерот816,

посветеноста станува театар и обратно, кога од место за

Док, филм. „Напредија Голобрдцка“, сцен. и реж. Т Стојановски, Дион, Авид. Види: http://youtu.be/esl3RLB5irA?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 816 „Атер, љубов...атер за некого...атерот му е голем...атерџија...попустлив, предусретлив човек...“ Речник на македонскиот јазик, 1979:16 815

317


гледање те-атар според коине817, се преобразува во место за дејство, од атер преминува во те-атар, од обред во уметничко

творештво,

од

посветност

кон

Бога

во

обожување на себе си како творец. Атерџијата го заборава Бога

и

самиот

создава

и

истиот

преминува

во

обоготворување на себе-создател, уметник, според дарбите на Светиот Дух, во вдахновеност во дарба, надареност , од Бога и понатаму тоа е преминот од атер во театар, од обред во уметност, од место за славење и гледање во место за дејство, посветено на Бог или во современата уметност , како дар во обоготворено уметничко дело. Бредбрук дава интересен поглед за хорот како елемент на обредот, народната култура и театарот: „...значајна промена и богатство на учесници се црковните хорови818, кои служејќи му на словото на Бога пренесуваат пораки...“819

Царскиот македонски јазик на Александар Македонски, кој неточно намерно се именува како старо-грчки. 818 Имаме хор во антички театар, хор за свадби како оној на Дафина од Серез, хор во цркви, и небесен хор. Од хорот се извело орото. Имаме хор за зборување, имаме молитвен хор на молитвени терапии кај К. Кајшаров. 819 Bradbrook, 1962: 69 817

318


Секако хорот е важен елемент кој преминува време, место и дејствија. Пред сè од хор во обред и антички театар, каде се пеело, играло оро, се зборувало во рецитативен хор, кога еден од учесниците од хорот излегол и почнал да ја зборува драмската поезија посветена на Бог, што е реконструкција на настанот на македонскиот и европскиот театар820, и понатаму до хор за свадби на Дафина од Серез од која Стефан Веркович ги запишувал песните посветени на славењето на Седржителот со кои обилува македонската народна култура. Бредбрук е во право кога за театарот истакнува: „...морален лик на општество огледан преку сценска игра, за прослави, критика, за соблазна и слава... актерството не е забава, туку споредба на гледачите со нивните животи...“821 Секој духовен учесник во театарот доаѓа до таа точка на театарско сознание. Врската на театарот и моралниот лик на гледачите и времето во кое се живее. На прва година во класите по актерска игра на Факултетот за драмски Приказната за Теспис не е потполна, ја нема причинскопоследичната врска зошто се качил на колата и зборувал стихови . 821 Bradbrook, 1962: 47

820

319


уметности на испит по Сценски говор со техника на глас оваа година822 за првпат го работиме Евангелие по Матеј823, со студентите - кои учат за идни актери. Ние таа дисциплина ја нарекуваме духовно зборување. И кај нив отвора подлабок однос со зборовите изговорени на сцената. Како претстава оди целото евангелие со ритам на пропратен звук на тарабука, како оро со зборови и молитва во ритам. Како хор во збороред и песна. Како хор во оро. Испитот има суштински концеп на обред. Има текст од Свето писмо, се користи ударен инструмент, кој има во себе обредност и начинот на кој студентите говорат е духовен и поврзан со Бога. Браун дава убав приказ за врската на театарот и Господ: „ ...состојба меѓу прослава и погреб, меѓу зборување и молчење, помеѓу Божја волја и силата на дарбата...“824 Интересен е моментот на Божја волја што е основа на религијата, посебно на христијанството. Да не го заборавиме македонскиот принцип востановен од Еврипид, во македонската антика,

на крајот на претставата да го

2013/14 Во вториот семестар е работено и второто писмо на Апостол Павле до Тимотеј. 824 Braun, 1983: 14 822 823

320


повика Бога да го пресече случајот, наречен Деух анд махина.825 Ништо не е случајно, тоа се оставени траги за да нè потсетат на портата на премин меѓу обредот и театарот. Во претставата „Посланија“ пред манастирот Свети Јоаким Осоговски, актерот ја повика публиката заедно со него да ја кажуваат молитвата „...Отче наш кој си на небесата...“ од Евангелие по Матеј. Затворете ги очите и замислете си каква вдахновеност, хор од гледачи и актер стануваат едно, во театарска претстава по Светото писмо, пред манастирот Свети Јоаким Осоговски, и направете разлика што е тој чин обред или театар. Дали е култура или духовност? Дали е театар или црква? Гледачите го поземаа монологот, молитвата, и зборуваа во хор со актерот:826 „...Отче наш кој си на небесата, да се свети името твое...“ Беа едно со дејствувачот, со Светото писмо, со молитвата со Бога... како да слета духовен ангел во сите нас, и тоа е миг за помнење. Миг на духовна сила. Миг на 825 Во превод Господ пресекува или Господ мава, го има последниот збор. Од махери-ново грчки: нож, види „Современ македонско-грчки речник , 2011: 262“ и махи-битка, бој, види „ Современ грчко македонски речник“, Караџа, 2008: 158 826 „Посланија“ снимка , Дион, Авид. Види: http://youtu.be/KpZcaEI5EzQ

321


повторно соединување на првичната обредност за играње и славење на Бога. И замислете после овој миг, христијански блог нè обвинува за сквернавење? Бристол тоа го именува како: „...сценско постоење одвоено од општествената лага без обредни правила...“827 Ние можеме да додадеме и да го прилагодиме како духовно сведочење одвоено од црковната догма и лага. Жив пример на верба со дела и дејствија. Во Светото писмо има убав пример за тоа: „...зашто им беше помила човечката слава, отколку славата Божја...“828 Пред сè со тоа се објаснува соодносот свештеникглумец, кога обредниот дејствувач од свештено-служител преминува во уметник, актер, толкувач, или Бог сам за себе и кога самиот се обожува и обоготворува и самиот е „создавачот“, но исто така кога во религиозна гордост и слепило не се гледаат и препознаваат делата на славење на Бога, веројатно имајќи погрешен пристап дека само тие

827 828

Bristol, 1985: 49 Јован 12: 43

322


имаат полномошно да зборуваат служат, пејат и играат за Господа. И тоа e пример на заборавање и оставање на Бога и само пофаленост дека се Господ-ари на светот и земни Богови, или пак само тие се негови претставници. А пред сè ни се дава длабоката структурална поврзаност на обредот и театарот и нивната меѓусебна милениумска заемност, сè до денешните дни.829 Пред сè, се работи за славата човечка и славата Божја, патека од душевност кон духовност. Но еве уште еден пример од практиката. Во документарниот филм „Ербеле кум Бога“830, е снимен актерот кој кажува молитвен монолог во црквата Свето Преображение во Ербеле, после Дебар, денес на територија на Р. Албанија. Актерот во името на Исус Христос поставува прашања за правата на Македонците во Р. Албанија и сведочи за Армакедонската битка запишана во Откровенија по свети Јован Богослов. Молитвата монолог содржи: благослови, објави, славење на Бога, прослави, сведочења, служење, благодарствена молитва и Обвинувањата на блогот „Правоверие“ го докажуваат токму тоа. 830 „Ербеле кум Бога“ сцен. и реж. Т. Стојановски, Дион, Авид. Види: http://youtu.be/WGOZsxPn1k8 829

323


обраќање кум Бога. Инаку во таа црква доаѓаат и Албанци муслимани да се поклонат на денот на славата на Преображението Господово831. Во

документарниот

филм

„Спасовден

во

Крчишта“832 актерот кажува монолог пред црквата Свети Димитрија, дел од претставата „Будење на ангелите“. Тоа е убав пример за премин од обред до театар. Дејството е молитва на свети Наум за спасение на македонскиот народ. Имам снимена изјава од гледач кој изјавува, веднаш по претставата: „...вашиот монолог, вашата молитва што вие ја кажавте денеска ме изненади... јас сум верник... одам по манастири 40 години, одам на служба... вакво нешто не сум затекнал...од денеска од ваша страна сум благодарен и вознесен, ова молитва и реченици што ги дадовте ме вознесоа и ќе им пренесам на колегите... беше направено добро... што не може некојпат да биде...“833 Нели е тоа надрелигиски обред или е победа на Исуса Христа над смртта и сатаната. 832 „Спасовден во Крчишта 2 “ сцен. и реж. Т. Стојановски, Дион, Авид. Види: http://youtu.be/u0Me067pGEg 831

Док. филм. „Спасовден во Крчишта“- втор дел, сцен. и реж. Т. Стојановски, Дион, Авид. 833

324


Гледачот нè прави разлика меѓу театар и црква. Меѓу монолог и молитва, затоа што актерот дејствува и игра за Бога, а тоа го придвижува до црквата, до обредот, до духовната култура. Тоа го враќа на праизворот на театарот, кога беа една институција со храмот и црквата. Интересен е ставот на Бристол кој вели: „...играта

е

нетолерантна

кога

претставува

Боженствени работи...“834 Можеме ли да заклучиме дека некој забранува да се игра, за Бога? Или да ја подвлечеме линијата од Светото писмо до театарот, нешто што е реалност во претставата „Посланија“. Но, ете и на Факултетот за драмски уметности се игра за испит по Сценски говор со техника на глас: „Соборно послание на светиот апостол Јаков“ од Новиот завет на Библијата. И истиот се претстави пред учениците во гимназијата „Орце Николов“ и беше изведен на ДионИсус-овите слави“. Дали тоа е театар или обред? Нели: „Целото Свето писмо е од Бога вдахновено...“835

834 835

Bristol, 1985: 115 2 Тимотеј, 2:16

325


Ако словата се од Бога, тогаш и оној кој дејствува со словата ако има верба и духовна сила е со Бога и неговото дејство е по Бога и за славење на Бога, а тоа е тогаш духовна култура. За прославата има убав поглед Голдберг. Тој тоа го вели: „...важен фактор е прославата. Таа е причина за постоењето на театарот...“836 Ако актерот не игра за Бога, не го слави Господа и не му служи нему, не му благодари за даровите на Свети Дух, тогаш кому му служи за кого игра и од кого му се даровите? За себе или за гледачите, или за некого друг? Ако сценодејствието и јавното зборување е соодветна енергија која е тргната кон остварување, замисла, озвучување, кажување на замислата и желбата, таканаречен имитативен театар, за кого е тој тогаш, за себе обожување или за Бога? „...Он ни дал способност да бидеме слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживотворува...“837

836 837

Goldberg, 1979: 17 2Коринтјаните 3: 6

326


Актерот од буквата оживува дух на сцената. Молитвата на Кокино е од овоплотени букви кои се наредија во молитвен ред. Ние употребуваме термин живи слова кои ја допираат и воведуваат публиката во дејствијата. Ние зборуваме за духовна култура поврзана со Отецот небесен. Не за земна и душевна. Ние зборуваме за обреден, свет театар, не за естраден и комерцијален. Розик добро го објаснува тој сооднос: „…Обредот и театарот се придвижуваат еден со друг… Орфеј циклус на родение и воскреснување.. Врска на дитирамб и Бог... циклус на смрт и воскреснување... Дионис и хор кој игра... нарација, ритуално хор со оро и дитирамби... да веруваш во религија и театар... Вербата и однесувањето даваат обред , а тој се преобразува во драма...838 Вербата и однесувањето даваат обред. Но исто така и театар. А што е всушност разликата освен односот кон Бог. Или себе обоготворување. Но еве пример од Светото писмо. Исус со словата на Отецот сведочи за Бога и светлината на светот. Истиот текст ако го научи актер наизуст, кој има

838

Rozik, 2002: 28-32

327


верба, верува и игра за Бога дали тогаш тоа е сведоштво или театар? Каде е тогаш разделувањето од сведоштво, обредна поука, религија до театар. „...Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето...“839 Или молитва од молитвеник, или од Светото писмо: „Оче наш која си на небесата...“840, ако ја дадеме на актер и ја каже на сцената како литературна, уметничка вредност дали тогаш тој чин е молитва или театарска изведба, монолог? Сме имале искуства во театарски претстави со театарот „Скрб и утеха“, кога гледачите од дејствијата на актерите слушаат молитви, ама се во театарски сооднос со нив, несомнено потврдувајќи ја безграничната врска на обредот-молитва со театарот како чин и суштина. Во докуменатарниот филм „Одење по светлина“841, на снимка од пробата претпремиера во манастирот Свети 839

2Коринтјаните 3: 2-3

Матеј 6: 9-15 Дион, Авид, сцен. и реж. Т. Стојановски, види: http://youtu.be/aT2BcGSrAcY 840 841

328


Јоаким Осоговски, актерот Страшко Милошевски, од пред моштите не светецот зборува за театарот и црквата како едно. Кажува една своја сознајност од искуството од играње со театарот „Скрб и утеха“, претежно светци како: Апостол Павле, свети Кирил, свети Климент и други ликови, кажува дека не може да ја повлече границата меѓу театарот и црквата. Со него при една посета на Кокино, се сретнавме со професорката Маја Јакимовска - Тошиќ која носеше студенти на опсерваторијата и ние замолени од археологот Јовица Станковски настапивме, со колегата Страшко Милошевски и изведовме сцени од претставата „Будење на ангелите“, со ликовите на свети Климент и Наум пред воодушевните студенти. Тоа беше миг за: дејство, проповед, сведочење, служење со дарбите од Бога пред публиката. Тоа е миг на родение на обредниот театар. Актерот со верба и со своето дејство го осветлува и осветува просторот. Нè поканија да кажеме нешто и ете сме во свето-сценодејствие. Текст со ликови на двамина светии св. Климент и св. Наум. Харис дава интересна врска на театарот и црквата:

329


„...црквата исто така има потреба од актери, бидејќи тие доаѓаат од ропство кон слобода, кон крштевање и просветлување...“842 Харис ни дава податок за литургиската драма: „...литургиската драма нема оргинални тестови, тие се составуваат од делови од Светото писмо...“843 Овој термин е непознат во македонското духовно творештво до сега. И понатаму има интересни моменти важни за нас: „...момент

на

себе

-

прочистување

преку

Христос...“844 Тое е потребата да се игра, да се слави и да се соедините со Бога, да бидете крстени во Дух Свети. И пред сè: „...Да се одигра Господ...“845 Коти на обредниот театар. Да се одигра Господ и себепрочистување. Или да зборуваме за актерот кој го заборава Бога и мисли дека самиот е Бог. Режисерот поставува сцени, изведува на сцената ситуации и настани и Harris, 1992: 15 Таква беше и претставата „Посланија“. 844 Harris, 1992: 85 845 Harris, 1992: 139 842 843

330


мисли дека е Господ. И тоа е премин од обред кон театар. Од духовност кон душевност. Од Небесното кон земното и приземното. Кајшаров вели: „...во еден миг тоа лице треба да се појави пред Бог...“846 Зборува за мигот кога се гледаме во огледало, себе си, дали сме „испитувачи на духот“. А што прави уметникот со делата кои ги создава, дарувани од Дух Свет, освен што се претставува, сведочи, го слави Бога, другата приказна е за паднатиот ангел... дека му служи на спротивното... на себе си и личното, на земното и душевното, наспроти духовното и Божјото. Во документарниот филм „Засекогаш љубов - за театарот и црквата“847, е поместена снимка од настапот на театарот „Скрб и утеха“ , поточно денска проба пред црквата Свети Никола во Варош, на театарските македонски игри во Прилеп. На снимката се гледа како актерите и текстот да се дел од црквата. Во претставата се зборува за односот на човекот и Господ. Ние не можеме тоа да го

846

Кајшаров, 2013:15

847

http://youtu.be/E38pTZfuYZM

331


наречеме литургиска драма, ама можеме да го именуваме како духовна драма. Драма која зборува за Бога. Со сета свесност на душата и срцата на сцено- дејствувачите848 за кого играат. И според местото и односот кон Бога, на сценската игра, сцено-дејствието, можеме тоа да го наречеме свето-дејствие. Обреден-театар. Миг на премин и заедништво на културата и духот Господов. Девис ни дава интересен пример за судирот меѓу духовната и душевната култура: „...постои судир помеѓу независните театарски групи и

групи

што

ги

создава државата,

комерцијалниот

театар...“849 И

секако,

ограничува

пред

театарите

сè

државата

чијшто

економиски

продукција

не

ги ја

контролира850. А посебно театри кои имаат духовна сила да ја спознаат вистината851 и да останат со неа и во неа, каков Со години наназад играме во црквата Свети Никола во Варош и во манастирот Свети Јоаким Осоговски, а третата кота на која се овоплотувше обреден - духовен театар е Кокино. 849 Davis, 1987: 152 850 На театарот „Скрб и утеха“ во година кога слави јубилеј 25годишнина,(2013) трета години по ред, не му одобруваат средства за театарска премиера од страна на Мин. за култура на Р.М. 851 „...Ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи...“Јован, 8:32 848

332


што е театарот „Скрб и утеха“. Другите театари- згради, им служат на земните богови политичарите и власта, а ние му служиме на Бога и на македонската култура. И тоа е премин од приземност кон светост. Од матријално кон духовно. Од „мртва“ кон „жива“ култура. Од театарски полтронизам кон света обредност и играње за Бога. Ќе споменам еден служител, верник во духовната култура отец Добре, старешина од манастирот Свети Јоаким Осоговски за да го подвлечам примерот за живо христијанство. Кога пред 10 години за првпат ја одигравме театарската премиера таму, 852

отидовме кај него за да добиеме дозвола, благослов за да

се случи претставата, и бидејќи времето беше облачно спомнавме што ќе правиме ако заврне дожд и добро помнам што ми одговори: „...Ако врне ќе играте внатре во манастирот...“ Откако ја виде нашата вчудоневиденост додаде со благост на Христов молепственик. „...манастирот

е за луѓе... што ќе ни е ако нема

луѓе...“.

„Деноносии“ текст и реж. Т. Стојановски, играна во манастирот Св. Јоаким на 13.07 .2002. 852

333


Ми останале овие думи на овој богодаруван човек со дар на мудрост. Како Господ, Свети Дух да проговори од него. И тоа е миг на премин на обредот во театарот. Манастир853 и луѓе. Театар и гледачи. Сцено-дејствувачи кои веруваат и играат за да го слават и прослават Бога. Миг на премин од сцено-дејствие во свето- дејствие од еволуиран обред во култура на пеење, играње и сведочење. Премин од обред до духовен театарски чин. Долимур тоа го именува како: „...ефект на Бог во претставата, потреба од неговото присуство...“854 И тоа повторно нè потсетува на македонскиот принцип на Еврипид да го повикува Бога на крајот на претставата за да го разреши случајот кој се игра, за кој се сведочи на сцената855. Во истата претстава играјќи го ликот на Александар Македонски ги кренав рацете кон небесата таму на платото во манастирот меѓу храмовите Свети Во манстирот име повеќе обреди на вода еден од нив е источникот кој истекува од тремот на Црквата Света Богородица ,док, филм „Свети води- благословени’“сцен. и реж. Т. Стојановски, Дион Авид. 853

Dollimore, 1984: 140. Истиот принцип Деус анд Махина преземен и ползуван во времето на Молиер и во неговите драми. 854 855

334


Јоаким Осоговски и Света Богородица. Беше тоа молитва на Александар кон својот народ која повикуваше кон Бога со зборовите: „... Отвори им го срцето за љубов...“ И молитва за народот и потоа следуваше молба за себе: „...отвори ми го срцето за љубов...“ Зборовите отпатуваа високо кон небесата. Го помнам тој миг. Како директно да му се обраќав на Бога во молитвена обредна постапка. И навистина Тој отвори место во мене за љубовта.856 Слично чувство е и молитвата на Александар Македонски857 во претставата играна за осветување на античкиот театар во Охрид. Актерот клекнат на колена со рацете подадени кон Бога му се обраќа на Отецот небесен и го моли за спасение на својот македонски народ. Ете тоа е можната точка на премин. Отворена порта кон небесата. Од обреден миг на молитва кон Бога кон атерот на театарот. „...Ако посакате нешто во Мое име, јас ќе направам...“ Јован, 14:14 Потоа ја сретнав мојата сопруга Марија и денес живееме во единство со Исуса Христа. 857 Претстава „Зајдисонце“ текст. Т. Стојановски, реж. В. Денчов. Види: http://youtu.be/fHLHGWdu6GE 856

335


И сето тоа беа искуства пред да се случи чинот на Кокино. Искуствено чувство за вознес, духовност, потреба од Бога и славење на победата на животот над смртта.858 Молитвен однос на театарот кон Бога. Принципот на Еврипид. И лека полека доаѓаме до Кокинската светост. На живиот премин на обредот во театарот. Долимур тоа го именува како потреба, жед, нужност: „...зададеност кон обреди, мистерии за повторно присуство. За да се исполниш со духот Господов...“859 Тоа денес во христијанството значи да бидеш крстен во Свети Дух. За важноста на крштевањето со Свет Дух пишува и Кајшаров.860 Го спомнува тоа како: „Водно крштевање и крштевање со Свет Дух“861 А ние можеме да се повикаме и на Новиот завет на Светото писмо кој вели: Сигурен сум дека скоро сите ја знаеме обнародената духовна песна славење која се применува во православието кај нас: „...Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие во гробовите живот им подари...“ 859 Dollimore, 1984: 265 860 Кајшаров, 133: 2013

858

861

Кајшаров, 131: 2013

336


„...вашето тело е храм на Светиот Дух, кој е во вас, кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себе си...“862 Можеме да зборуваме за потребата на припадност на Бога. Пред сè како обреден мотив за дејствување и верување.

Кајшаров

дава

интересна

споредба

на

крштевањето во вода и крштевањето со Свет Дух и оган, и неговите сознанија се верни затоа што тој е жив обреден практичар863: „водното крштевање е чекор во спасенички живот преку Господ Исус Христос, а крштевањето во Духот е да се биде крстен, исполнет со Светиот Дух...“ 864 Ние можеме да зборуваме за внатрешен повтеж за родение од светлина, за крстение со светлина, за едно со светлина, Свет Дух... приказна која се повторува со милениуми во македонската култура.865 Актерот излегува 862

1Коринтјаните 6:19

Пет дена во неделата кај него има молитвени терапии за исцелување на луѓе во име на Господ Исус Христос, тој му служи на Христа. 864 Кајшаров, 2013: 97

863

Кокино, Дионис, Исус се приказна за небесен Отец и земна мајка за да се роди Бого-човек и Спасител.

865

337


пред Бога, со молитва, славење и дејствија, за да се соедини со него, со светлината, со Создателот, со Отецот небесен, и да биде едно со него, а тоа е родение, возродување, овоплотување на Бого-човекот, приказна која непрекинато е осведочена во македонската култура од македонскиот неолит до денес, до Исуса Христа. Тоа подразбира дека луѓето, нашите предци кои живееле на македонската земја, пред нас, знаеле и очекувале Месија, Спасител со миленимумите. И денес е пад на духот, кога во современата култура се заборава Бог, и човекот „станува“866 мисли дека е, верува дека е самиот Бог, Создател, се обожува и обоготворува самиот и станува творец на дела, уметност и слично. А тоа е линија од духовност кон душевност. Или заборавање на нашата Боженствена природа и сушност. „...Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е...“867 Ќе бидете како Богови , со тие зборови, сатаната ја прелажува Ева да касне од забранетото дрво на спознанието на доброто и злото. Битие 2-3 867 Јован 3.4: 31 866

338


Се гледа суштината на очекувањето да дојде човек од небесата. Роден од горе, богороден, овоплотен од Бога, Богодаруван, избран, крстен со Свет Дух, е таа основна, коренита потребата од: обред, служба, дејство во името на Бога, Создателот. Етертон зборува за отелотворување на Бога во претставата. „...Господ

се

појавува

на

актерството

е

сцената

во

отелотворување...“ 868 Суштината

на

отелотворување,

оживување на словата напишани од друг. Оживување на ликот, улогата, зборовите. Крштевањето со вода и Свети Дух подразбира да умре стариот грешен човек и да се возроди нов човек кој нема да греши повторно и во кого ќе престојува Духот Божји. Еве што вели за тоа Светото писмо: „Кого пак, Бог го испратил, он кажува Божји зборови; оти Бог не Го дава Духот со мерка.“869 Испратен од Бога и кажува Божји зборови, според состојбата се работи за длабока суштина на обредот за Бого-

868 869

Etherton, 1982: 113 Јован 3.4: 32

339


човек, свештено-служител, Божји човек кој кажува Божји зборови, пророкува, игра, дејствува, се моли, порачува, соопштува вистини од Духот, поточно од Светиот Дух. И тука се гледа точката каде духовноста се одделува од душевноста. Каде се одделува ординарниот театар од светиот и обредниот. Ние можеме да го споредиме евангелието по Матеј играно во претставата „Посланија“ и посланијата на Апостол Павле, снимени на двд и да ги споредиме со истите зборови кои ги кажуваат службениците, свештениците во црквата. Ќе забележиме дека нивиот однос е условен, се читаат делови од Светото писмо формално, без верба и чувства, како службеници во администрација, додека актерите со сето срце и душа

играат и ве допираат со

светите зборови на Бога. Веројатно тука е и прашањето што е театар, а што е црква во суштинско значење во овој случај? Можеби затоа е нападната

претставата, оти се

чувствуваат засегнати со верата, љубовта и надежта во играта, и сведочењето на актерите и пеењето на хорот, оти дејствијата беа за славење на Бога, не за славење на себе си... и тука е границата кога театарот преминува во свето-

340


дејствие, а црквата во здодевен театар, со востановени обредни правила на литургиите.870 Кога црквата преминува во: театар без верба, чувства, посветеност, без живот, со репризирани извршуваат

историско-обредни вез

вера,

надеж

и

принципи љубов...

кои во

се

празна

здодевност... тоа е како недарувани актери да играат на сцената и не знаат што се, каде се, зошто се таму и зошто ги споделуваат зборовите во јавноста... а обредно не знаат кои се самите, кому му припаѓаат... на Бога или на паднатиот ангел и земниот кнез...871 Ние го имаме познатото од Светото писмо за родение одозгора: „ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо“872

„Литургија- го ведат од грчки збор (веројатно коине) 1.во древниот свет должност исполнувана со свои средства за општа полза.2.Христијанско бого-служење, за време на кое стануваат осветувања на светите дарови. “ Речник на чуждите думи...,1970: 408 871 „...Не можете да му служите на Бога и на Мамона...“ Матеј, 6: 24 872 Јован 2.3: 3 870

341


Родение одозгора, Исус, Дионис, земна мајка и небесен татко, свет брак Хиерос Гамос на Кокино. Потоа имаме уште поуки: „...ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо...“873 Родение од вода е кршение со вода и родение од Дух е крштение со Свет Дух, што се исто така духовни обреди. Но, еве што вели Етертон за тоа: „...митска преобразба на вино во крв е кога Исус Христос на своите светии им дава да се напијат. Може да се направи споредба со Дионисовиот обред...светото вино на Дионис и Исус...“874 Интересен е терминот митска преобразба, кој е полезен во театарот и во основиот обред на бессемено оплодување, во светиот брак, на Отецот небесен и земна мајка. Во театарот актерот се преобразува во улогите секоја вечер на сцената. Преобразување нели подразбира да се земе образот на небесниот875, покрај образот на земниот 873

Јован 3: 5

Etherton, 1982: 134-135 „...и како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме образот на небесниот...“1Коринтјаните, 15: 49 874 874 875

342


човек. Да се преобразиме во единство со Бога. Еве уште еден патоказ од Светото писмо: „...Кој говори сам од себе, тој ја бара својата слава: а кој ја бара славата на Оној што го пратил, Он е вистина и во Него нема направда...“876 Играње за своја или за славата на Бога е важен миг на преобразба. Тоа е суштинскиот миг на премин на обредот

и

театарот

и

нивното

сплотување.

Хорот

„Молепствие“ , учесник во претставата „Посланија“ пее во театарска претстава, пее исто така и како дел од сведбен обреден процес,

пее на свечености по покани, пее на

свадби, масовни крштевања во вода и слично, му пее на Бога и го слави Бога, пее на музички работилници со пастор Константин Кајшаров. Истиот принцип го имaме историски потврдено кај Дафина од Серез, која на Стефан Веркович му ги пеела песните, која исто така била предводник на хор

876

Јован 7: 18

343


за свадби.877 Линдова ја има истакнато улогата на музиката во обредите посветени на Бог. Таа вели: „...Движење со топаните. Пеење песни. Света порака за космичка хармонија.

Обредна реплика кон космосот.

Пеење за земјата, природата, хармонија на хор...“878 Ние зборуваме со моите студенти, токму за тој миг на часовите по Сценски говор со техника на глас,

за

преминот на песната во зборување. Тоа е важен миг на спозание и сознание.879 Кога еден од хорот почнал да зборува стихови, молитви, обраќања кон Бога во стапките и ритамот на пееното. Розик го заклучува истото за непотполноста на приказната за Теспис880. Но, веќе за тоа имам пишувано во „Театарот како елитна и масовна

„Театарот како елитна и масовна култура„ Т. Стојановски, види: http://pdfcast.org/pdf/1392043700 878 Lindova, 1994: 13-14 879 На испитните матријали од прва и втора година со македонскита народни песни и „Сердарот“ на Г. Прличев, тие својот настап го почнуваат со пеење, па потоа преминуваат во говор. 880 Се качил на една запрежна кола во Атина и почнал да зборува стихови? 877

344


култура“881,

за

реконструкцијата

за

настанокот

на

македонскиот театар. „Приказна за Теспис е непотполна… театарот човечка креативност како песната и орото… дефиниција на обред и театар...“882 И таа ја согледува поврзаноста на песната, орото и театарот. Недостасува само хорот и еден да излезе од него, првиот актер, жрец, посветеник, избраниот за да го слави, да го претставува и да му се моли на Бога. Може ли така да се дефинира обредот и театарот? Излегување од хорот и орото и премин од пеење во зборување? Можеме ли да зборуваме за премин од хор и оро кон избраник883, од мноштво во единка на патот од обред кон театар. Еве слични ставови и на Линдова: „…химни во чест на Бога... обредни песни ... музиката во обредот и нејзината изведба има света улога... секојдневно сценско дејство во обредот и ни дава свето и

Стојановски 2010. Rozik Eli, 2002: 12-15 883 За разлика од приказната за Теспис ние имаме систем на славење и општење со Бога како традиционален код во македонската култура. 881

882

345


универзално толкување... Волшебно дејство тргнато од реално. 884 И сега ќе поместам анкети собрани од гледачи после претставата „Посланија“ во манастирот Свети Јоаким Осоговски. Aнкетата за претставата „Посланија“, одржана на 12.07.2013 година во манастирот Свети Јоаким на театарот „Скрб и утеха“ и вокалната христијанска група „Молепствие“. На анкетниот лист поставив три прашања, за кои сметав, дека даваат сознанија за преминот од обред до театар: 1.Дали настанот го гледате како културен чин или како духовен? 2.Дали настанот е театарска претстава или нешто повеќе од тоа? 3.Што е за вас духовна култура? Ќе поместам дел од одговорите: „Јас тој настан го доживувам како духовен чин или проповед, посебно затоа што знам оти играте делови од Словото Божјо... Култивирање на она кое Бог го посеал во 884

Lindova, 1994: 7-10

346


нашите срца, за Негова слава, преку разни форми на уметноста“.885 Како што можеме да погледнеме, гледачот настанот го доживува како духовна проповед, тоа ни дава податок дека тој не прави строга разлика меѓу театарот посветен на Бога и обредот посветен на Бога, дека настанот го гледа и како култура и како духовен миг. Но, да видиме што вели следниот: „Прекрасен чин во очите на светот културен кој има нешто посебно, а тоа допира до луѓето и тоа е духовноста која е Божја милост и се излева преку актерите. Прекрасен начин на проповед на словото. За мене лично духовна култура е да имаме јасно изграден став да му служиме на Господ во целосна понизност и кроткост. Нему нека му е вечна славата...“886 Уште една анкета која зборува за духовна култура и проповед. И понатаму: „... радосна сум што Господ нè собра и одново сведочевме за Божјата љубов. Настанот го доживеав како 885

Анкета од Горан Еленов, компјутерски програмер.

886

Анкета од Горан Андреевски,верник.

347


културно-духовен, бидејќи содржината на претставата е Божјото слово и песните се за слава на Господ Исус Христос, а местото Свети Јоаким Осоговски. Културен настан е, бидејќи театарскиот дел беше збогатен со песните за слава на Бога на Константин и „Молепствие“. Всушност за мене токму овој настан преставува духовна култура. Ова е нешто повеќе од театарска претстава и повеќе од културен настан, бидејќи се прослави светото и вечно име на нашиот Господ Исус Христос. Слава му на Бога. И нека Господ Исус Христос ги преумножи благодетите и секој дар нека се збидне во секој дел од нашето живеење. Благослов и ве сакам...“887 Како што може да се види од последната анкета се зборува за културно-духовен настан и нешто повеќе од културен и театарски настан. Но еве уште една анкета: „Претставата "Посланија" одржана во Св. Јоаким Осоговски за мене беше едно позитивно искуство. Немав

887

Анкета од Ѕвезда Тодоровска, правник

348


претстава дека тоа така ќе изгледа, и многу ми е мило што присуствував. За мене тоа беше спој на културен и духовен чин, многу добро вклопен и одигран од дното на душата и срцето. Тоа не беше обична театарска претстава, туку нешто многу повеќе од тоа. Нешто што ја отвора душата, го стоплува срцето и за момент си далеку од реалноста, се враќаш во најголемата вистина од нашето постоење. Тоа чувство кое ме исполни вечерта, се надевам и се молам да ме

прати

во

текот

на

животот.

Духовната култура е пат на живеење на вистински живот, воден од единствениот Господ Исус Христос, пат до вечен живот“.888 И оваа анкета зборува за духовни доживувања поврзани со Бога. И еве уште една:

888

Ѓоко Блажевски,Факултет за безбедност.

349


„...Настанот е културен и духовен чин. Генерално гледано, настанот беше дел од културниот план на градот, т.н. денови на културата. Од друга страна, претставата Посланија, во која се рецитираат делови од Евангелието, го гледаме како обид на режисерот, воедно и актерите во претставата, Словото Божјо, на прост, оглаголен од Бога, македонски јазик, да прозвучи низ етерот до небото, и оттаму да се врати на земјата, до срцата на гледачите. Живото песно-пеење, како славење на живиот Исус Христос, во паузите на претставата, уште повеќе го потенцира фактот на живоста и живототворноста на Словото, пренесено на овој начин, секако е ослободено од кои било постоечки религиозни деноминативни догми. Се надеваме дека на секој уметник - христијанин во оваа и другите области на уметничко дејствување, му е кристално јасно дека одговорноста за неговата работа е голема и може да биде оправдана единствено преку Бога, и никако поинаку “.889

889

Борка и Аспарух Хаџи-Христови, доктор на технолошки науки

и професор по виолина.

350


Поместените анкети сведочат за духовната сила и поврзаноста на театарската претстава со

Бога. Тоа

подразбира духовна, а не душевна култура. Тоа подразбира играње за Господ и славење на Бога, што е свет и посветен чин-обред. Тоа подразбира дека настанот не може да се нарече дека е само театар и култура, туку дека е нешто повеќе. Некој од анкетираните го нарекуваат настанот како: сведочење и

проповед, а тоа се термини

кои

се

употребуваат во религијата и верниците. Мислам дека ова е еден од живите примери за преминот на религијата во културата, за преминот на обредот во театарска претстава. Можеме да зборуваме за литургиски театар. Каули зборува токму за тоа: „...средновековни драми и сооднос со црквата... драматизација на библиски сцени, личности, епизоди, персонификација на Господ и судирот со лошото... транскрипции и текстови од Библија и нивно претставување пред гледачите...“890

890

Cawley, 1981: предговор

351


Го давам овој пример за да се види дека практика на играње делови од Светото писмо, не е непознато во европското и светското христијанство, за жал кај нас не напаѓаат, заради претставата „Посланија“ и славењето на Бога од незнаење или од знаење. Тоа ме потсетува дека:

„...никој не е пророк во своето село...“891 и „... Прости им Оче не знаат што прават...892“ Можеме тука да разговараме и анализираме што значи живо слово, слово кое се отелотворува во човек, од дух во душа, и како актерот ги прави словата живи на сцената, од слова кои се ставени во слика, запис, букви кон душата и духовноста. Актерот е самиот живо слово ако знае и избрал да игра, да го слави Бога и на тој начин со словата на Бога озвучени ја создава уметноста. Додека пак свештеникот го озвучува словото во храмот во службите, литургиите, но и актерот исто така озвучува слова на „...А Исус им рече: „Пророк не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.” Марко, 6:4 892 А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!” Лука, 23:34 891

352


претставите, и кога се пее словото се оживува исто така и во доживеаноста на гледачите и слушателите. Потоа можеме да зборуваме за степен на верба со што дејствуваме со текстовите од драмите и од Светото писмо. Шредер ни дава споредба за пробите во театарот и црквата: „...И театарот и обредот бараат проби. Мора да има скрипта и во театар и во религиска церемонија. Важни се проби да се знае кога, што, каде се прави дејствието во целината. Иако со години се провлекуваат исти дејства во обредот, но има и со мали промени...“893 Ние можеме да споредиме дека одредени драмски текстови од класиката со години се поставуваа на сцените ширум светот и секогаш се наоѓа нешто ново. Одредени драмски автори како: Еврипид, Шекспир, Молиер, Чехов се длабоко поврзани со Бога, со односот на човекот и Господ, како и во античката драматургија. Дали тоа не ги прави живи слова, слова дарувани од Бога, овоплотени во уметнички творби кои остануваат во времето? Харинол го

893

Schrader, 2012: 36

353


подвлекува тој историски момент на двоење на театарот од црквата: „...многу бргу се развива нова драма која излегла од црквата...“894 Нова драма излезена од црквата. Добра кота за премин од обред во театар. Од духовност во душевност. Од црква во театар. Од религија во култура. Патоказ дека театарот и духовниот храм во временски периоди од минатото биле едно пред да се поделат во современата култура на црква и театар. Авторот понатаму подвлекува уште еден момент значаен за нас: „...химни на Дионис пеени во хор, играни во оро... со леб и вино и драмска тензија меѓу човекот и Господ, раѓањето и смртта, доброто и злото...„895 И сето тоа е предмет на обработка на театарот и религијата во исто време; хор, пеење, игри, однос кон Бога, родение 894 895

и

воскреснување,

Harinoll, 1980: 38 Harinoll, 1980: 89

354

победата

над

темнината,


дарување и причест со леб и вино, истите теми се играат и во народната култура. Ние можеме да зборуваме за: живо слово - слово изнедрено од Бога кон пишан текст, кој влегува во нашата душа и се поврзуваме со Божјата духовност, кога зборовите стануваат нераскинлив дел од нас и ги зборуваме во наше име и тогаш сме актери, свештеници, служители, жреци, апостоли, проповедници, исцелувачи со словата на Бога, молители. Тоа подразбира духовна врска на играта, дејствието со Господ. Ќе поместам уште два цитата од Харинол кои сметам дека се суштински за нашата тема: „...Обожувањето беше театар кое се преобразува во човечка религија и човечка комуникација...“896 А тоа е миг кога избраникот, даруваниот од служење кон Бога се преминува кон обожување на самиот себе си, се остава Бог, не му се служи нему, туку на сопствените дела и самиот станува творец во земното и душевното. И уште еден податок за литургиска драма, непозната за нашата православна заедница: 896

Harinoll, 1980 : 10

355


„...мали сцени кои се играат на кружна сцена произлезени од Библијата...“897 Да

потсетиме

дека

и

сцената

во

античките

македонски театари е кружна, дека неолитската сцена на Цоцин камен е кружна, дека сцената на која играл Вилијам Шекспир била кружна. Мислам дека станува збор за: „...почит кон Бог (нешто кое е свето) преку културолошки, традиционални белези и систем на верувања изразувајќи морални вредности низ симболи, обреди, обичаи и однесувања...“ 898 Станува збор за

односот на уметноста со Бога.

Можеме да го споредиме со односот на актер кој кажува текстови од Светото писмо и свештеник кој држи литургија од истото. За да видиме кој верува повеќе и има сила да го овоплоти Божјиот збор во живо слово. Можеме да зборуваме за категорија на: молитвен говор, основен говор, збор на чувственост искреност, она што сме, врска со Бог и духовноста. Впрочем, таа категорија ја воведов на Факултетот за драмски уметности и на прва година во 897 898

Harinoll, 1980: 41 Кајшаров, 2013:94

356


класите по актерска игра се работи дел од Светото писмо.899 И тука имаме духовен текст кој го зборуваат, играат, живеат актерите. И тука имаме поврзаност на театарот и Господ. Поврзаноста на играта на сцена со духовноста. Интересен е ставот на Питер Брук во предговорот на книгата на Чарлс Маровиц за режисерот и Бог: „...режисерот е врата на Господ...“900 Луѓето кои сериозно и длабоко го разбираат и го живеат театарот разбираат дека се работи за нешто свето. Дека е тоа поврзаност со Господ, дека театарот настанал играјќи и славејќи го Бога и дека ако се сака да се има духовна сила театарот мора да се врати кај Него, кај Создателот, поточно да игра и да го слави Бога. Можеме да поставиме прашање, кој е тој кој може да одреди кој е обреден свештеник, а кој е актер. Ете кога обајцата

Оваа година во првиот семестар одеше „Послание на светиот апостол Јаков“, во вториот семестар Второто писмо на Апостолот Павле до Тимотеј играни од 13 студенти и го дадовме на јавни часови во гимназијата „Орце Николов“ и во училиптето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, МРТВ го сними вториот настап во документарна емисија „Петтиот ангел“ со новинарката Виолeта Савкаровска, ставен е на интернет и го имаат видено преку 270 луѓе. Види: http://youtu.be/bbXoOlsSDdY?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 900 Marowitz, 1991: предговор на П.Брук 899

357


дејствуваат со светите слова од Новиот завет, обајцата играат во цркви или дворови на црквите901 , а вреднувањето за духовноста тогаш се прекршува во степенот на вербата902. Духовноста може да се мери со тоа кој со колку верба го владее текстот и им го пренесува на слушателите и гледачите? И дали го прави тоа со чувственост или само звуковно и без срце и душа. Дали игра со љубов и страст или само го преповторува наученото? Тоа се прашања кои го засегаат театарот, но верувајте исто така и црквата. Јас велам вака, изберете еден свештеник и нека служи со дел од текстот од словата на Бога од светото писмо во литургија и истиот текст нека го земе еден актер кој верува и го сака Бога и нека го озвучат и двајцата во некој храм, „словото на Бога“ и да донесеме гледачи и верници и да забележиме што ќе се случи. Може да се утврди дека актерот ќе Манастир Свети Јоаким во Крива Паланка и црква Свети Никола во Варош со претстава „Посланија“. Види: http://youtu.be/sLhJdG2oz8Q?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA , и: http://youtu.be/BFwhigmYngM?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 902 А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно. Матеј, 17:20 901

358


предизвика чувства и возбуда кај гледачите, а свештеникот може да отслужи здодевна литургија. Ги имаме тоа доживеано со преставата „Посланија“ со театарот „Скрб и утеха“, но тука ќе дојдеме до спротиставувањата на црквата и театарот: „...спротиставувањето

на

црквата

дека

просветлувањето е само во неа, а не во театарот...“903 Тоа би требало да е така , но да не се заборави дека и црквата е театар и театарот е црква, бидејќи потекнуваат од едно исто место на кое се славел Господ. И можеме да подвлечеме една ваква можна линија дека: Театарот е црква која го заборавила Бога. Црквата е театар кој ја ограничува слободата дадена од Бога. Можеме да одиме уште понатаму и да кажеме дека црковните литургии се здодевен театар на преповторување без да се допираат подлабоко гледачите. Можеме да одиме уште понатаму дека црквата ограничува и поробува со догми и строго утврдени обреди. Додека Господ ослободува904. Можеме да зборуваме за свештеници кои не знаат за Бога.

Hodgson, 1972: 36 „...На угнетените им враќа правда, а на гладните им дава леб. Господ ги ослободува врзаните...“ Псалм, 146:7 903

904

359


За театарски дејци кои веруваат во Бога. Можеме да подвлечеме и дека црквата е театар кој смета дека е претставник на Господа. И дека актерот помислува дека кога игра тој е Бог. Тоа се патеките на премин на обредот во театарот. На религијата во културата. На духовноста во душевноста и обратно. И така нападите од одредени „христијани“ врз претставата „Посланија“905 се од таа природа. Од стравот, не од љубовта. Од стравот за потсетувањето на заедништвото на театарот и црквата. Тоа е неминовен факт. Еве што вели Ходгсон: „,,,народните ора се одраз на духовната зрелост на народната култура во сооднос со Бог... ората посветени на Бога ја преставуваат човечката сила која е дарувана од Боженствена природа...“906 Човечка сила во духовна зрелост дарувана од Боженствена природа. Ете податок и сознание зошто е „Правоверие“ ме обвинува дека сум бил облечен како антички војник и сум рецитирал стихови од Библијата. На македонските фрески по храмовите на Светците може да се види дека мојот костим од претставата е идентичен со нивните одежди, а моите дејствија од претставата може да се видат кога хор од гледачи ја прифати молитвата „Оче наш...“ и заедно со мене ја кажува до солзи. Док. филм: „Служење во манастир 1“ Дион, Авид. Види: http://youtu.be/BFwhigmYngM?list=UUEG__UrlZqQccExIfETeeJA 906 Hodgson, 1972: 80 905

360


богат,

богодаруван,

облеан

со

божествени

дела,

македонскиот народен дух и неговата духовно-народна култура која го слави Отецот со милениуми. Да не заборавиме религијата минува низ народната култура за да стаса до современата уметност и до театарот. И да не заборавиме колку драмски обредни дејствија, овоплотени во соодносот со Бога, има во македонската народна култура како премин од религијата кон културата. Како премин од обредот кон театарот. Уште една форма меѓу зборувањето и пеењето кој во себе има драматика и драма се ејгидите907, или дејгидите од антиката до денес: „средновековни пејачи кои изведувале епски драми со пеење и зборување... (китри, гусли, кеманиња)“.908 И тоа е долгогодишна традиција во македонската народна култура: гусларство, ќеманџии и раскажување, пеење, историја во драма и песни и ора, обредни дејствија и игри во сооднос со Господ. Ќе поместам уште еден важен миг од Ходгсон за театарот кој ни е нужен во приказната за обредот и театарот: Зборот спомнат кај Хомера, ајгиди-гуслари, во македонската народна култура е познат изразот ејгиди, дејгиди, спореди со ајгиди, ајгиди. 908 Hodgson, 1972:111

907

361


“...театарот нè исполнува, нè преобразува, нè држи заедно и нè прави луѓе...“909. Зарем не се однесува ова и за верскиот храм и црквата. Нели е таа нитката која ги поврзува во траен сооднос, кој одвреме - навреме се подзаборава за да одредени дарувани луѓе од Бога од театарот и од црквата нè потсетуваат на тоа со своите дела и постапки. Полека доаѓаме до котата на кокинскиот обреден свет неолитски театар. Панзова вели: „...нов оргинален метод на истражување...“910 Тоа подразбира да го истражувате обредот и самиот да бидете дел од него. 911 Ќе споменам уште неколку работи за театарот. Кога се спомнува љубовта и се игра со љубов на сцената доаѓа духовна сила и енергија од Бога. Така е и во црквата. Во монолози од Чехов каде се спомнува Господ , се зборува за Бога, се менува енергијата на сцената. Има луѓе 909 910

Hodgson, 1972: 217 Панзова, 2003:12

Јас сум и автор на молбениот монолог и режисер и актер, и пишувам за обредот. Но и В. Шекспир, Ж.Б.Молиер, Еврипид биле и актери и автори на текстовите и режисери во своите театри. 911

362


кои имаат во себе духовна сила и енергија, кои се крстени со Свети Дух, а не знаат за тоа. Има драмски автори поврзани духовно со Бога, како: Чехов и Шекспир, Молиер и други во кои се дејствува, зборува, сведочи за Бога. „...зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливо живо и вечно Божјо слово...“912 Родение од словото, од светото слово на Бога е нешто за што постојано се сведочи во Новиот завет. И тоа е мигот кога актерот има жед за словото, за да се роди во него словото на Бога, за да застане на местото на озвучувањето и родението од слово. Тоа е свето место за молитвен обред и сооднос со Бога. Место за простум пред Господа. Место каде словото е живо и животодавно. И тоа е внатрешна духовна потреба да се овоплоти, возроди, создаде, створи Бого-човек913 иста приказна, драматургија од Кокино, преку Дионис и Александар Трети Македонски, до синот на Отецот Небесен испратен да го спаси светот, месијата Исус Христос, блажество на Господ и земна мајка и родение на син Господов.

912

1 Петар, 1:16

913

актер, глумец, жрец, свештенослужител.

363


Тоа е потребата да се роди син на Бога. Богочовек и Спасител на душите наши, тоа е приказната за светиот брак од неолитот до денес. Има еден поучен стих во Светото писмо кој го појаснува ова и вели: „...Зашто ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно...„914 А што е трајно и минливо во обредот. Постапката е минлива и менлива, а траен е соодносот со Бога. Исто е во театарот. Постапката, начинот е минлив само дарбата и силата на единство со Бог е вечна. И има уште нешто понатаму кое вели: „...А Господ е Духот, а каде што е Духот Господов, таму има слобода...“915 Каде е Духот на Бога има слобода. Не пишува дека има

норми,

догми,

осудувања,

горделивост

и

самонадареност. А тоа е разликата од душевно и духовно: „...разлика од душевно до духовно. Душевно е: волја, ум, чувства, духовното доаѓа до Свети Дух од Бога...“916

2 Коринтјаните, 3: 11 2 Коринтјаните, 3: 17 916 Изјава на Пастор К. Кајшаров во док. филм „Мисија 1 дел“ сцен. и реж. Т.Стојановски, Дион и Авид. 914 915

364


Тоа е место каде се допираат театарот и храмот. Религијата и народната култура, театарот и обредот. И пред сè Духот Божји и душата овоплотена во човек. Каде се допираат небесното и земното. Хуриен оди понатаму и зборува за театарски ангел. „...ангел- бесконечно време, спремен да изгуби, а нема

што

да

изгуби.

Принцип

на

театарско

присуство...алтруизам...“917 Во претставата „Будење на ангелите“, во драмскиот лик на свети Наум се вели: „...Во секој од нас спие по еден заспан ангел... ајде да ги разбудиме ангелите...“918 Будење на ангели. Точка за премин и одговори. Дали играме за себе или за да го славиме Бога? Клучно прашање за да се премине од обредот во светиот театар. За кого играме? Еве еден пример од практиката. Ги однесов студентите од 4-та година да играат, даруваат претстава во „Димитар Влахов“919 кај децата со Hurren, 1977: 20 Драма „Будење на ангелите“ Т. Стојановски. Види: http://youtu.be/_AUOMjRkVB4 919 Центар за рехабилитација на младинци со оштетен вид „ Димитар Влахов“ 917

918

365


оштетен вид. Имаше кај нив некаков отпор и сомнеж на почетокот и им кажав неколку зборови. „...Господ ви дал дарба да бидете актери. Бидете благодарни што сте живи и здрави. Дарувајте за овие деца претстава... играјте со љубов и полна душа...“. И одиграа. Иако поголем дел од нив се сомневаа за време на дејствијата920, за нивната оправданост и нужност.

Имаа

поделени чувства. И тоа е миг на премин низ искушенија меѓу себеафирмација, обожување и играње со духовност за да се прослави Бог. Потоа по настапот кога слепите деца почнаа да пеат, некој од студентите пуштија и солзи, се гушкаа и играа и пееја со нив.921 „…теолошка позиција ...религиозна верба...“922 Или точка за кого се игра. Миг на премин од обред до театар. За себе фалење или за Бога. Естрада или духовност. Тоа е раскрсницата меѓу театрите- згради и светиот духовен театар. За што играме? За лична слава и обожување

или

за

нешто

повозвишено?

Дали

сме

„...Играј за гладните, бедните сиромашните....“ Џулијан Бек Тоа се случи со една класа актери кои, за жал, имаа подршка од професорот по актерска игра и не сакаа да играат во „ Димитар Влахов“. 922 Turner, 2008: 4 920

921

366


самобендисани или препуштени на Бога и служба за добробит на сите. Имаме случај и на обреди на лојалност кон власта и партијата, за себе- обожување на митинзи, со настапи и режија на актери и режисери уметници, кои се слуги и служба на „земните богови“ политичарите. Кои играат и ги славаат нив за одредена матријална полза. И тоа е платеништво од душевен вид и нема допир со духовноста и со Бога. Тоа е она што Франко го нарекува: „...Однос меѓу обред и политика, обред и секојдневен живот, обред и уметност...“923 Можеме да зборуваме за душевен, земен обред на лојалност кон владетелите за материјалната полезност или покажување: „...како обредот се соочува денес... спротиставува денес...“924

Или да зборуваме за:

923

Franko, 2 :2007

924

Ibid

367


„...пост-обред кој е претстава, уметност... сознајност за присутноста...“925 Сознајност за себеприсутноста меѓу земното и небесното. И одговор на опитите што е актерот: кловн, дворски шут, папагал кој учи туѓи фрази и ги озвучува, марионетка и слуга на политичарите или избраник кој има верба да застане со словата на Бога и вистината. И тоа е патека на преминот. Кога ќе видам како студенти од одредена класа немаат верба, не сакаат да играат, да даруваат претстава за своите врсници, меѓу другото и за децата кои имаат посебни потреби926, тогаш размислувам дека не е можен театар без Бога. За кого тогаш се игра? Тоа е прашањето. И повторно се отвора патеката меѓу светоста и приземноста. Меѓу светиот и естрадниот, пазарниот театар. Меѓу духот Божји и човечката душа. А тоа е време за да се тргне во нов возобновен обред за плодородие на духот. Тоа е време за Кокино. Почнува хорот „Молепствие“ да пее, да го слави Исуса Христа. Franko, 13 :2007 Слава му на Бога имам снимено настап со една духoвно зрела класа во документарниот филм: „ ФДУ во Димитар Влахов“, каде дарувавме испитна претстава кај тие деца. Види: http://youtu.be/nLE1yvI2ty0

925

926

368


„...хорот како гласник на приказната...“927 Празна обредна сцена со престоли на светата планина. Надоаѓаат словата на Бога во молитвата. Наткрева зборот во екот. Актерот свето шепоти во вдахновен миг облеан со светлината Господова, доаѓа молитвата, крштение со Дух Свети: „...Ќе се чита светото Евангелие по Јована...“ озвучува. Кокино, Божјо лето 2013, 31 златец во 6 и 40 во утрото. Тоа беше сега и овде. Сепак морам да се вратам, постапно за да објаснам, како започна таа обредност на духот од 2010 -та. Панзова вели: „...сопствен начин на регистрирање на изворите...“928 Добра забелешка на искусен истражувач. Помината низ сопствено искуство протнато низ себеспознание. Ѕвони телефонот, археологот Јовица Станковски ме кани да седнам на еден од петте камени престоли на Кокино. Минати се цели 25 години од нашата средба, а тој се сети на мене. Се запрашал кого да ставиме да седне на престолот на

927 928

Fraleigh, 1999: 95 Панзова, 2003:9

369


Кокино осветлен од сончевиот лач. И сум му излегол пред очи. Ако верувате во Бога ќе знаете од кого е пораката, ако не ќе мислите дека е совпаѓање и случајност. По телефонскиот разговор се мислев и премислував, дали сум достоен да го сторам тоа.929 Интересно е дека баш тие денови на хрватската телевизија гледав емисија за Кокино и Маркови Кули, над Прилеп, за кои беше кажано дека се важни енергетски точки за целата земјина топка. И така се помолив на Бога како и секогаш кога почнувам да пишувам, да настапувам на сцената со зборовите: „...отвори ми ги словата мој Боже...“ Молитвата за кокинскиот молитвен настап се нареди на хартијата. Како се пишува молитва? Добар опит. Имаме примери од: Орфеевите химни, антички молитви, од православните молитви, од Дови од Персија, целиот живот се бавев со тоа, имаме примери од обредни практичари во македонската духовна и народна култура. И молитвата се Со театарот „Скрб и утеха“ имам играно по: затвори, болници, центри за згрижување, имам настапувано за сите категории на инвалидност, во старски домови, за деца, за возрасни, во села каде не бил претходно театар, по цркви и манстири, на антички театри и на неолитски театар во Цоцев камен, во Говрлево, кај македонските заедници во пиринско, егејско, албанцко, српцко под закани и оневозможувања да играме претстави и на други места следејќи ја Божјата дарба да се биде на сцената. 929

370


нареди по Божја волја. Еве дел од неа, на почетокот започнува со пеан930: „…Светло сонце, мили Боже, огреј долу по земјата и оплоди ни чедата, божји род да се народи, мајкина утроба плоди, да славиме век векови мир и љубов благослови, те љубиме мили Боже прости ни ги гревовите благодарен дух на сите…“931 Молитвата

почнува

со

пеење,

потоа

пеењето

преминува во зборување. Можеме да направиме анализа на молитвата. Дали е молитва или е театар? Дали е религија или народна култура, дали е само култура. Дали е возбновен обред или премиера на сценско мајсторство? Еве дел од молитвата и претставата обред: „...И ден се дени. И би ден. И роди сонце оплоди в зрак нами свегдегоде и се присутнаја љубов. И сија светлост, лач на сонце огреат нас. Благороден дух оплодит. И сеприсутнаја светлина опскрби и сија и просветли духом плодороден донесе денес, ден, раздени, подени, надддени, ден над денови, свети ден, светлост и светлина в срцем Пеан света химна, во 4 -сложна метричка стапка од македонската антика. 931 Кокино 31.07.2010, Т. Стојановски, потоа истата беше играна на сцена во претставата „Џамалари-Дионис“ како театар. 930

371


нашим, деноносим, донеси ден, свет нами и сверодени и све живо, сеприсутно Божјим духом нек оплоди се в мир и духотворение Господе...“932 Можеби ќе изгледа чуден јазикот на молитвата, кој има некоја обредна поставеност, ритмичка структура на обраќање,

која

посетува

на

народното-македонско

творештво и црковно-словенскиот933 јазик, и која ја има во драмската поезија и драмите во стихови, но на слична јазична структура игравме и во претставата „Деноносии“934, која исто така имаше некој обреден редослед на зборовите и оставеше посебен впечаток на гледачите. Кокино е едно посебно место кое остава вознес и возбуда. Кога за првпат ја видов и се качив на планината ми се затресе нешто внатре во душава. Сум го запомнил тоа чувство. Професорот Драган Даутовски свиреше на окарината935 и неолитското

Кокино, молитва 2010. Види : http://youtu.be/hT8fBEfPEbQ Средно-вековно македонски јазик. 934 Е. Барба се обидувал да создаде универзален театарски јазик кој ќе биде разбирлив преку звучност и чувственост, за сите, како обид да се надмине мешањето на јазиците по градењето на Вавилонската кула,како казна од Бога. 935 31.07.2010 932 933

372


свирче, потоа кога ме осветли зракот на темето на главата и челото, го кажав молбениот монолог.936 Еве што вели Браун како ставови на Меерхолд: „...Драма - Боженствена преобразба на каменот сцена - во светлина и крв на жив човек, поттикнувајќи го животот од споменик на уметност во живот...“937 Живот. Преобразба во живот. И обредната постапка која се нарекува обред на плодност. И зборовите: ОБРЕД и ОБРОД самите ја раскажуваат својата блискост. Се работи за обродување и обредување, тоа подразбира Божји дух и покорност кон Бога и плодородие, физичко и духовно. Тоа не допира до Кокинскиот обреден театарски чин. Кој се случува за да нè потсети, дека театарот го има заборавено Бога, дека играњето има врска со служењето, дека обредот се пресоздава во театар, дека театарот се преобразува во обред. И дека не можеме да му служиме на создаденото и на себе си и да го заборавиме Бога, како во римјани во Светото писмо:

Док. филм „Поблиску до Бога-Родение светлина“, сцн. Реж. Т. Стојановски, ТВ Сонце Дион, види : http://youtu.be/hT8fBEfPEbQ 937 Braun, 1969: 87

936

373


„...му служеа на созданието повеќе, отколку на Создателот...“938 Тоа е порталот за премин од тривијалната култура и духовната. Место каде се поставува раскрсницата, основен опит и разврска кому му служиме, за кого играме? На Бога или на себе обожувањето? Можам да сведочам од лично искуство дека моите настапи на Кокино се молитви, не се ординарна сценска игра, туку нешто повозвишено од тоа, дека тие се молба кон Отецот небесен за спасение за земјата, за народот и не ги доживувам како театар, туку како служба. Кога ќе ги видите озарените лица на гледачите на тој чин ќе видите дека се случува нешто поврзано со Бога и духовно. И тие секоја година доаѓаат се помногубројни на таа свето богодадено место. И не прават разлика меѓу обред и театар. Туку истите ги доживуваат заедно и сплотено. Еве дел од изјавите на гледачите и учесниците: „...битно и јако место... верувам дека има и натписи кои еден ден ќе се пронајдат... енергетско место кое не се

938

Римјани, 1:29

374


раѓа на друго место, таа сила која може да се почуствува, само тука...“939 Ѓорѓи Филев така зборува за Кокино. Но, еве уште еден собеседник од духовната практика кој беше на местото на дејствието: „...тоа е меѓу димензионален портал, надвор од времето и просторот... сооднос и корелација со вселенските закони... земна и небесена енергија... еволуција на човек и преобразба

во 940

тројството...“

вдахновение

и

олицетворение

во

,

Тројството на Отецот, Синот и Светиот Дух, и професорот Даутовски кој вели: „... неолитско свирче, со старост од 7000 години, кое е Божја труба на која за првпат засвирев, тоа е симбол на изгубениот човек... отуѓен од себе и од Бога... место за да бидеме поблиску до Бога... човекот да се спаси ... да го славиме Бога, новиот ден човекот... свирењето е обврска кон Бога и нацијата...“ 941

Ѓорѓи Филев, практичар кој му служи на Бога. Констанитин Кајшаров тогаш молитвен практичар, денес христијански пастор. 941 Проф. Драган Даутовски. 939

940

375


Терминот поблиску до Бога го исползував и за наслов на документарниот филм. И еве што вели археологот: „...Светиот брак меѓу небо и земја да се роди Богочовек...“942 Но, ајде да ја анализираме состојбата со обичен јазик, да појасниме што всушност се случува, според реконструкцијата на настанот на археолозите. Зракот на Кокино на 31 златец

минува низ три

нишани и осветлува, оплодува, крштева во светлина, еден од петте камени престоли на кружно место на светата планина. Можеме да го споредиме мигот кога се возродува новородено чедо, речиси е истата приказна од крштевањето со

Светиот

Дух.

Тоа

христијаните

го

именуваат

новородение, а тоа е човек, кој го избрал Исус Христос за спасител, кој покрај тоа што е крстен со вода, е крстен со Светиот Дух. Можеме да зборуваме на Кокино за обреден поучен, имитативен атер, театар, кој се прави за да се повика за да се случи, настанот вистински. Де факто тоа е чин на крштевање со светлина, на симболично оплодување

942

Археолог Јовица Станковски

376


од светиот брак, меѓу Небесен Отец и земна мајка за да се роди БОГО -ЧОВЕК. А метафорично тоа е оплодување на духот на избраниот за да сведочи, да зборува, да порачува, да се моли, да пророкува во името на Бога. Да не го заборавиме Исусовото познато: „...вие сте светлината на светот...“943 Како што може да се заклучи се работи за просветлување, вдахновение, обоготворување и сл. И секако за приказна за бессемено оплодување, во светиот брак, кој денес го живееме и славиме во Исус Христос. „...театарот за црната култура е: Обред, церемонија, карневал, маскарада, дарување, ред на премин, блуз, импровизација, негро духовност, кажан збор, хип-хоп, раскажувач...“944 Можеме

да

направиме

слична

патека

за

македонската духовна култура. Театар за македонската култура се: Обреди на Кокино, Цоцев камен, Дионисовиот театар со песни и ора, пеани и дитирамби и женски ора, апостолски

943 944

свет

проповеднични

Матеј, 5: 14 Carter, 2002: 13

377

театар,

Богомилско-


молитвен

проповеден

скомрахи,

театар,

театар

на

литургиите,

патувачи, гуслари и други раскажувачи,

народните обредни игри, атери, обреди на исцелување. И уште и хорови во цркви и хорови за свадби и хорови за театар. И можеме да наредиме уште категории кои се поврзувачка нитка од обред, преку народна култура до театар. Воедно за Кокино, еве уште еден интересен податок од Линдова: „...Обред модел на универзумот пренесен на сценски простор од космичкото скалило...

граница на обредот и

универзумот... Од космос кон хаос...“945 Сè што поместила може да се однесува на Кокино и на обредниот театар. И на обредот во театарот. И на театарот во обредот. Интересно е дека на Кокино последната година е откриено и место за набљудување на Плејадите946, обредно созвездите според кое Евреите и 945 946

Lindova Natalia, 1994: 10-12 Набљудување на Плејадите, како кај Евреите, Еѓиптјаните и

Месопотамијците...староста и поместување на обредните слави и мерење според ѕвездите. (филм. „Папок на светот-родение љубов“Дион, Авид, Т. Стојановски

378


Месопотамијците ги одредувале славите и игрите во чест на Бога, а еве ги и во македонската земја на Кокинската светост. Еве Хагард што вели за своето искуство со молитвите: „…се молам за престанок на духовна сила на секој негативен збор или дејство кое надошло против нашето црковно тело, семејствата на нашата црква и моето семејство...молитва која влијае врз демонски сили кои дејствуваат врз цели подрачја...“ 947 Авторот кажува дека одат да се молат на клучни локации со духовна сила, повисоки места, возвишенија за да се види целата област и да се дејствува со молитва и благослов. Сега појасно станува што работам, зошто одам на Кокино кога има со што да се споредат, моите молитвенокултурни дејствија. Истиот мотив и сознание се случува и во мене. Молитва кон Бог. Да, јас сум актер, но исто така и избраник да застане и да дејствува на сведен на светото место. Хагард ни кажува каде се вршат, служат молитвите за поголеми региони. Тој зборува за луѓе кои се посветени 947

Хагард, 1998: 159

379


на

молитви

за

цели

региони,

за

живо

молитвено

христијанство. Можеме да ги споредиме нашите дела во таа насока меѓу обред и театар на Кокино и Цоцината томба, на врв на Водно948, на играње по свети места на театарот „Скрб и утеха“. Но, ајде да ја поместиме втората сесија на Кокино Божјо лето 2011, на 31.07 во 6 и 40 часот. Еве дел од изјавите снимени во документарен филм: „...Свето спојување за обновување на природата и побогат род... процесии од одредни денови, ансамбл од камени седишта, каде на второто седиште седи посветен, свет молитвеник, утринското сонце го осветлува само него, избраниот и така потврден од Бога го завршува обредот...“949

Играње со театарот “Скрб и утеха“.Види , театарска претстава „Дрвеница“ од Мајаковски: http://youtu.be/F4IjgSadRyU 949 Док. филм „Вдаховние со светлина“ Сцн. Реж. Т. Стојановски, Авид, Дион, изјава на археологот Јовица Станковски. Види: http://youtu.be/5johz0JgqXU 948

380


Свето-дејствието почнува со кавал и пеење на актерот. И кавалот цело време го прати зборувањето.950 Еве делови од зборовите на актерот -молител. Сцената почнува со: „Оче наш света светлино... “ Потоа се искажува благодарност што го облева сонцето на Отецот создател и синот богороден ангел што слезе да нè спаси, благодарност и за Светиот Дух што живот дарува... за божја љубов... се споменува и: „ден раздение света мугра... светиот Илија на колесница за второто пришествие... волјата Господова , книгата на самиот живот... раб Божји... бара спас од Бога и оплодување на Духот..: Се употребува и: „ Амин...“ се бара прошка од Бога и се благословува во името на Бога... и завршува со: „...оставам сè во твои раце Господи...“951

Кавалот совршено прилега на местото и дејствието, како показ дека народната култура во својата суштина е обредна и посветена на Бога. 951 Од молителниот монолог на актерот, Т. Стојановски 950

381


Молитвата не е одредена, временски но има христијански елементи, а базично се упатува кон Отецот небесен, Создателот. Еве дел од изјавите: „не се опишува чувството...“952 „Од овој настап воодушевен сум од актерот и од овој ден и спојот со кавалот ме воодушевува...“, еве и друг: „...Не може да се опише со зборови таа убавина, таа енергија и контакт со универзумот додека сум жив ќе доаѓам на Кокино...“953 „... Ова се места кои опстојуваат со илјада години и имаат енергија на човечност. Се радувам оти се наоѓа во близнина каде што сум роден. И овој објект сега го откривме, ако го знаев порано ќе бев подобар човек...“954„...Го дочекавме изгрејсонцето со благослов и благодарност што сме живи во радост и љубов му

952

Емил Адамски студент на проф. Д. Даутовски кој свиреше на

кавал. 953 954

Ѓорѓи Филев Божји служител Горан Илиќ- актер во кумановски театар.

382


благодарам на Бога што нè донесе да ја славиме неговата љубов и неговата волја...“955 „...Имам 78 години дојдов со цела фамилија на ова свето место...“956 Потоа после мојот настап поетите читаат поезија од цел Балкански Полуостров и тоа полека станува насушна традиција. Нели е тоа потврда дека поезијата е поврзана со духовноста и со Бога? Тоа ја подразбира и вклучува и поезијата од народната култура. „...Имав само 10 мин да се искачам, некаква сила ме искачи, како

невидлива рака да ме понесе горе, кога

актерот Тихомир Стојановски, „светиот жрец кокински“ го изговори првиот збор, со првата светлина преку неговото светло лице. Овде има луѓе од секаде кои се почитувачи на овој настан...“957 „... длабоко во мене изгреа сонцето, тоа чувство треба да се доживее, сето тоа...“958 Давид Нешкоски-студент по психологија и блуз гитарист. Круме Ивановски, геодет во пензија од Скопје. Интересно е да се види мотивот на овој човек да биде дел од таа културнодуховна средба, со оглед дека искачувањето до Кокино не е едноставно и лесно, за луѓе во поодмината возраст. 957 Страшко Милошевски- актер 958 Соња Николовска 955

956

383


„...Секој треба да дојде да ја доживее приказната на Кокино, каде се слави:

љубовта,

раѓањето, давањето

живот...“ Тоа се дел од изјавите, на луѓе од разни професии, возрасти, категории, кои доаѓаат на Кокино. И ете тука се случува секоја година и поетско читање, под организација на поетски клуб од Куманово. Меерхолд вели: „...да го оставиме театарот да е театар, а обредот, обред, стремејќи се да се достигне достоинството на обредот...“959 Убаво е подвлечена потребата на театарот за обредност. Да се постигне достоинството на обредот, но како се постигнува тоа? Тоа е прашањето. Со играње за земните Богови и себевоздигнување до степен на Бог или со играње за Бога. И од тоа има нешто во дејствијата околу Кокино. Тој настан од археологија и минато станува миг на возобновување и поврзување на културата и религијата, на луѓето со Бога. Тоа е миг на будење на нивната суштинска природа. Шекнер вели:

959

Braun, 1969: 121

384


„...во секоја забава има малку моќ, и во секој ритуал има малку театар...“960 Како општо тврдење може да издржи и тоа и уште нешто: „...кој било ритуал може да биде преместен од својата оргинална средина и да биде изведен во театар...“961 Но ние, на Кокино имаме Богодарувано свето место, минато низ милениумите, имаме посебно место, кое се возобновува и надоградува во духовност. Тоа не е ниту обред сам по себе, ниту театар сам по себе. Тоа е место за крштение со зрак светол. Место за осветлување. Место кое ни покажува како се овоплотува словото на поврзаност и молитва кон Бога. Зарем би можеле да го преместиме обредот од Кокино во театар? Зарем би можеле да го споредиме со забава и моќ. И понатаму со театарско дејство во обредот. Мислам дека се работи за чин на верба и служење на Бога, на ординарната прауметност, света уметност. Преминот на светиот брак во славење и обред и театар е токму тој миг. Посветеност и верба. И основната патека е кому му служиме со играњето на себефалењето и 960 961

Шекнер, 2009: 152 Ibid

385


помислата дека сме ние Бог или на Бога Господа. Еве како тоа го подредува Шредер: „...Драмски идентитет е: поезија, обред, драма состојби на умот низ драматуршка структура, желбена состојба, очекување, неверување... себепретствување и прочистување, откривање на сопствен извор, промена преку искуство, ново патување од свесно кон несвесно и назад...“962 Сето

ова

е

дел

од

кокинската

прослава

и

возобновувањето на светиот брак. Но, ајде да видиме што се случуваше на третото кокинско свето-дејствие. 31.07.2012 Кокино, 6 и 40 часот. Има повторно документарна снимка од настанот која почнува со цитат од Светото писмо: „...Јас ве крштевам со вода за покајание, но Оној што иде по мене е посилен од мене, јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките. Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган...“963

962

963

Schrader, 2012:226

Матеј, 3/4: 11

386


Потоа почнуваат да свират зурлите и да поземаат топаните. Така почна славата 2012. Еве што рече археологот дека на Кокино: „...Нема живеалишта од куќи...“ и дека е: „... опсерваторија и света планина...“ . Музичкиот дел на славата го донесе вокалната група „Пелла“ од Љубљана под водство на Љубен Димкароски. Еве ја неговата првична изјава: „... со радост да го дочекаме сонцето со песна, и со свирење на 60.000 години, најстариот музички инструмент направен од коска од мечка...“964 После дамарите на топаните пее и вокалната група „Пелла“ , додека во ритам ја пратат ударите на топаните, и тоа е чин на вистинска светост, заедно со нив пеат и гледачите, ги спотна Љубен, ги воведе во празненство. Тие пеат македонски народни песни, посветени на Бога,

Љубен Димкароски, академски музичар, Љубљана, свиреше на обереден инструмент, коска од мечка, најден во Р.Словенија во пештера, стар 60.000 години. Види док.филм „Молитва кон Свети Дух“ сцен.и реж. Т.Стојановски, ТВ Сонце и Дион, 2012. http://youtu.be/55HE7airMS8 964

387


акапелно и се добива чин на духовна музика. Еве еден стих од Библијата кој нè потсетува на тоа: „...и откако испејаа благодарствена песна, се искачија во Елеонската гора...“965 Благодарствена песна, песна во служење, службена посветена на Бога, патека од духовна посветеност кон уметност. А тоа е кога уметникот му пее на Бога, како обредните песни во македонската народна култура и ја задржува длабоката врска со духовноста и посветеноста, а другата страна е кога излегува и сам се обоготворува, го заборава Бога и неговите дарби на светиот дух, и преминува во уметност и понатаму во себеопевање - естрада, фалење, публикотропизам по Гротовски. Да не заборавиме дека од песната излегуваат метрички стапки, духовни стапки на обредот. Да не заборавиме дека пеењето е за поканување и пројава на Бога. Пеење за копнеж по Божјата љубов. Сооднос на Бог со човек. Тука има и служба кон Бога во подреденост. И исто така имитативно дејство кое се очекува и бара од Господа. Има и желбено дејство. Има пеење за Бога. И патека кон духовна уметност. Тоа е дарба да се умее 965

Матеј, 26: 30

388


и умеење. И на другата насока слободно изразување во народна култура. Потоа толкување по душевност. Дали тука се излегува од редот и веќе се толкува? Дали е тоа мигот на премин од религија кон култура? Љубен го позема најстариот инструмент неолитска фрула и свири цело време додека одат молитвите: „...Да се сетиме на бедните, понижените, да бараме милост и простување... Да го бараме Духот божји заборавен во световната темнина... раб Божји моли за Божјо царство да им царува во душите, и моли во благодарност и аминува и остава се во рацете Господови...“966 Потоа засвиреа топани и зурли и сите се фатија на орото и гледачите и актерите и свирачите во круг сонце, круг оро, во спој на народна и духовна култура, кои како никогаш да на сè одделиле. Музиката е нераскинлив дел од обредот, зурли и топани кои се дамари, ритмички повик кон Бога да слезе и да нè крштева со Дух Свети и со оган. Документарната приказна ја завршувам повторно со цитат од Светото писмо кој ја дообјаснува суштината на играта обред:

966

Краток синопсис на молитвениот монолог.

389


„...Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете - и ќе ви биде...“967 Тоа подразбира чин на верба, барање во молитва и понизност, и верба дека ќе се случи бараното, а тоа е на некој начин постапка на духовното создавање. Кај Леман има еден интерсен израз кој се именува како: „...драмски космос...“968 Тоа е израз што нас нè доближува до обредниот, духовниот театар. После орото и соединувањето на: играта, музиката, зборот пак има читање на поезија на Кокино. „... да раздени ден родение да биде, судбината наша запишана на небото...“969 Еве дел од изјавите на учесниците поместени во документарниот филм „Крштение со Свети Дух“: „...7 години доаѓам на Кокино... да се сети енергијата за да се носи во срцето... секој што има шанса да не го

Марко 11/12: 24 Lehman, 2006: 22 969 Стихови од поетеса, док. филм: „Молитва кон Свети Дух“, види: http://youtu.be/55HE7airMS8 967

968

390


пропушта Кокино овде има нешто што го нема никаде... мирен сон со години...“970 „...3 година доаѓам и оваа година настанот го именувавме како театарска премиера... духовна фаза на зрелост ... театарот е потрага по Бога од песна на „Пелла“ молбен монолог и оро се враќа принципот на играње и славење на Бога... независам од лажните земни Богови... принцип на дарување култура, чин на оддолжување...“971 Морам да забележам дека начинот на пеењето на „Пелла“ од македонските народни

песни, ама пеени и

посветени за Бога наликуваат на литургиски песни. Еве изјава од Љубен Димкароски: „...Сите македонски светилишта ми се залепени на душа... дојдов на покана на Тихо и го фативме изгревот на сонцето, се обрадувавме со светлина и вистина... сонцето е наш симбол во сè што имаме во: орото архитектура... во светлосен миг заигравме оро, и блесна во мене светлина и топлина и љубов, помнам чин на простување кон сите луѓе, ние како христијани... се вплотив со сите овие луѓе во

970 971

Ѓорѓи Филев Моја изјава после настапот.

391


заедништво... ритам на збор пишан, ритам на песна и ритам на орото...“ Интересна е забелешката за ритамот во зборот, песната и орото кое е основна поврзувачка нитка на светиот молитвен театарски чин, свето-дејствие. „...Прекрасна изведба, ви благодарам

што

ме

донесовте овде и молитвите што ги кажавте да даде Господ да се исполнат...“972 Тоа е дел од записот на документарната приказна, за мојот трет настап-служење, обред на Кокино. Ние ја имаме за пример повратната патека од обред кон народна култура и уметност до театар, онаа на: Брук, Гротовски, Барба, како повторна потрага нужда, копнеж по светоста на сценското уметничко дејство. Ја имаме и познатата изјава на Питер Брук дека: „театарот е потрага по Бога“. Нели

како

повторно

барање,

молење,

свето-

дејствување за Божјата прегратка?! Дејството на „Кокино“ е обред во возобновување и рекострукција во практика. Театарот суштински е настанат

972

Меланија Шерден, архитект.

392


од слави на Дионис, а во античките дела на почетокот секогаш се слави Бог, или пак обврзно му се обраќаат на Господа. Ние можеме на Кокино да зборуваме за „молитвен театар“ во кој имаме лично толкување (уметничко) на молитвата. Уметнички израз на напишан обреден текст. Текст кој содржи цитати, делови од

Свето писмо или

постара молитва од друг религиски систем во антиката и сето тоа применето во претстава како хор и како поединечно толкување. И пак сме на место на премин од драмска игра до обред. И доаѓаме до опитот каде почнува, а каде завршува обредот и театарот? Кокинскиот театар нели е молитва за исцеление и спасение на сиот народ, копнеж по Бога во сценска игра, матријализирана врска со Бог и сопствената суштина. Шекнер вели: „...пишувањето никогаш не е завршено...“973 И потрагата, играта за Бога исто така. Оваа студија беше пишувана во сценско дејство кое поминува во светодејствие и молитвен литургиски театар. Едно е сигурно што знам дека:

973

Schechner, 2004:9

393


„знам дека ќе дојде Месија (наречен Христос), Кога тој ќе дојде сè ќе ни објави...“974 Тоа е веќе мојот последен 4-ти настап, служба на Кокино, Божјо лето 2013, на сведен 31.07 во 6 часот и 40 минути.

Пак

сме

собрани

посветеници.

Пее

хорот

„Молепствие“ и го слави Христа. Миг на вдаховување и овоплотување. Крштевање со оган и Свети Дух и евангелие по Јована.975 Но, да се потсетам уште на нешто што сум заборавил да споделам со вас. Поминав на свети места каде театарот ја наоѓаше својата кота за да се поврзе со духовноста. Леман вели: „...боженствени зборови и преобразба, претстава обред која го менува гледачот...“976 Тоа подразбира живо слово, живи одбредни дејства со вера, љубов и надеж, кои се духовно зрели да ги воведат, возбудат и променат гледачите. И сето тоа ни сведочи дека е возможен преминот на обред во театар во две насоки. Има уште еден поинтересен израз: 974

Јован 4: 25

Док. филм. „Божјото слово на кокинската кота господова“. Види: http://youtu.be/jvWZIoMeZmg 976 Lehman, 2006: 138

975

394


„...Театар на молба...“977 Што е уште поблиску до случувањата на Кокино. Мислам дека тоа е најблиското толкување за Кокино. Театар на молитвените дејства. Меерхолд има една молитва исто така тој вели: „...Пресветли Боже, кој се грижи за нашата игра денес или било кога...“978 Убаво поставено прашање, кој се грижи за нашето свето-дејствие. И сцено-дејствие. Неколку основни работи се важни за преминот од обред, преку народна култура до театар, кои ги обработувме во овој труд: Првата е еволуиран обред. Тоа е духовен раст на културата од давање крвни жртви, за прочистување и простување на гревовите, да порасне во обреди со пеење и играње, за слава на Бога. Втората е прашањето за кого играме за себе или за Господ:? Тоа подразбира дали себе си се обожуваме, се обоготворуваме и славиме или играме за слава на Бога?

977 978

Boal, 2002: 9 Braun, 1969: 227

395


Тоа е исто така и премин од душевна кон духовна култура. Третото е системот на македонскиот драмски автор Еврипид и дворски хроничар на Архелај, покана Господ да пресече на крајот979, практика наречена Деус енд

махина.

Или

по

денешниот

јазик

во

христијанството: „Оставам се во твои раце Господи“, за да се оствари Божјата волја. Овие три коти се патека на преминување на театарот во црквата и обратно. Потоа можеме да зборуваме за разликата меѓу актерот и свештено-служителот, меѓу сценослужителот која е во соодносот кон Бог. Свештеникот во основа му служи на Бога, а актерот игра за себе и гледачите, значи го заборавил Бога и помислил дека самиот е Бог, Создател980. Но, има актери кои се враќаат и играат за Бога, славејќи ги даровите на светиот дух, да бидат дарувани. И кога играат претстава од Светото писмо и кога веруваат во Во народната култура е позната поканата на Бог, како „Повели дедо Боже на нашата трпеза“ кога го каниме на обедување за слава и сл. 980 Кога змијата ја прелажала Ева и рекла дека ако проба од дрвото на спознанието на доброто и злото, ќе бидат како Богови...Стар завет, Прва книга Мојсеева,3:5.

979

396


текстот и пренесуваат Божја порака тогаш, актерот, кој на основно ниво е сцено-служител, но сега се придвижува кон свето-служител и неговата игра, дејство е духовно, и тогаш можете да го споредите со начинот на кој свештеникот, праволински и без верба и посвета го чита истото тоа Божјо слово без да ве допре со чувствата, и во исто време да се запрашате кој е свештеник, а кој е актер, вистински? А тој статус на светост, свето-дејствие е нешто што се заслужува со верба и поврзаност со духовноста и Бога. Не ли е тоа културна литургија, кога играјќи и пеејќи му се служи на Бога и се слави Господ како во претставата „Посланија“? Руибал вели дека тогаш: „Не е важно дали

служи на толпа луѓе или на

поединци“.981 Тоа е кога е расчистена дилемата зошто, како, кому театар, кому молитва и за чија слава дејствуваме. И тогаш дејството е како служење и начин на живот, во посветеност и обредност. Тоа пак не враќа на преминот од обред до театар. Сцената е света. Била дадена од Бога и се играло за него. Треба да се има почит и соодветно однесување кон неа

981

Руибал,2004: 113

397


и на неа. Како и во црквата. Тоа е порта преку која може да се дознае и да се прими Бог. Тука сме во театар на молитвата. Молитвени стихови, слезени по вдахновение, како дар од Светиот Дух, за молбени пеани, посветни на Христа, за исцелување, прочистување, сведочење, славење на Бога, духовна поучност и свето-дејствие на Кокинската светост. Тоа подразбира и молитва кажана од срце, која доаѓа во мигот, во миг на вдахновение, во креативната духовност, не е напишана туку се кажува, се молиме во вдахновен миг со ненаучен текст, што е чин на креативност и уметност. Така кога на среде монолог надоаѓаат благослови и молбени зборови како дар од Бога. Тоа е молитвен театар. Премин. Поставен како кота за поврзување со Господа и духовноста. Понекогаш на молитвените терапии, Константин

982

во Центар

, го имам истото чувство на возбуда како пред

претставата, се дејствува на учесниците, со збор протнат низ срцето, со живи божји слова983, луѓе на кои им се Помагам во молитвениот тим кај пастор Константин Кајшаров, слава му на Бога, каде се случуваат исцелувања во име на Господ Исус Христос. 983 „...Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјена печка, пречистено седумпати...“ Псалм , 12:6 982

398


кажуваат молитви со даровите на Светиот Дух. Понекогаш молитвата оди во хор и сеќавате како се исполнувате со сила одозгора984 и ве обзема Божјата милост. И тоа е миг на вдаховение и премин. Од себе си кон Божјата милост и светлина. Ете сум повторно на местото за дејство. Цоцина Томба, Говрлево, светите води со штец Златко Давидковски, средбите со Ѓорѓи Филев, сцената на ФДУ, црквите и манастирите во кои свето-дејствувам со молитвениот театар, терпиите во ИХА, кај пастор Константин Кајшаров... Празна сцена , словата на Бога и верба во душата. Ве облева Божјата милост време е за молитва, да се соедините со Бога. Духовна сила е театарот да го придвижуваме кон црквата. Во македонската духовна култура преку 4000 години се очекува Спасителот кој произлегува од свет брак Хиерос Гамос меѓу небесен Отец и земна мајка за да го овоплотат Спасителот... денес Исус Христос, фала му на Бога.

984„...а

еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!” Лука, 24:49

399


„Секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси“. 985 Нели е тоа барање за собеседништво, дијалог, духовна драма со Бога? Духовна света драма со Бог. Точка на обредност и светост. А што е молитвата? Обреден процес со зборовни дејства, гласовни дејства. Разговор со Бог и дијалог со него. Драма со Бог, или поточно духовна драма. А во таа драма често се случуваат исцелителни процеси, и не е случајно што во антиката до театарите обврзно имало храм на: Дарон, Асклепие, Хигиа, Панакеа, богови посветеници на медицината за да ни ја посведочат исцелителната улога на театарот. И така зборот атер986, нели како ТЕ-атар (атер) му чиниш некому атер има друга насока, да му правиш атер на Бога, да му се покориш, да го славиш, да му се приближиш

985

Римјаните, 10:13

986

Види речник на македонскиот јазик, прв дел...

400


на Бога987 и тој тогаш ќе те подигне во духовни состојби и ќе добиеме духовна, не душевна уметност. Античките драми секогаш на крајот завршувале со обраќање кон Бога и кај Молиер е присутен механизмот на приказната Деус и махина, кај Шекспир е присутен Бог, кај Чехов се зборува за Господа, сè се тоа духовни автори оти ја нашле врската на „словата на Бога“ со нивните или зедничките драми со Господа, Создателот, Седржителот... „...а Господовиот збор останува во вечни векови...“988 Тоа е еден од темелите на обредот и театарот. Господов збор кој се кажува на фиљан место. Македонската наука го има оставено обредот во македонската култура како нешто заборавено и неповрзано со неговата суштина, со тоа македонската духовна култура е неистражена и недоволно

позната

и

од

тоа

доаѓа

проблемот

на

македонскиот идентитет и признавање. Нека овој труд биде еден зрак светлина на тоа поле.

„Приближете се кон Бога и Он ќе се приближи кон вас...“ Јаков,4: 8 987

988

1 Петар, 1: 25

401


„...како новороденчиња, копнејте по духовното, вистинското млеко на словото...“989 Копнеење по духовното. Тоа е уште една порта за поминување од обред кон театар. Да подвлечеме на крајот дека во театарот не сите играат за себе(афирмација), во црквата не сите му служат (дејсвуваат-играат) на Бога. Обредот е театар во суштината, додека пак театарот е обред. Мојата намера беше да се прочитаат (драматизираат) обредите и да се запознаат подобро. Да се размислува за обред во театар, за прилагоден обред, за обред во Исуса Христа, како и за обреди во архаичната народна култура. Да се одговори дали обредот е театар? Или театарот е дел од обредот? Да се подвлече каде завршува обредот и почнува театарот? А каде народната култура и религијата? Да се покаже каде народната култура преминува во театар? И како и зошто обредот издржал толку милениуми? И потоа зошто сè возобновува обредот на Кокино? Зошто доаѓаат сите тие луѓе во се поголем број, имаат ли жед за Бога? Едно знам го истражувам обредот како дел од театарот протнат преку себе си? И поминувам, преминувам 989

1Петар, 2: 2

402


низ размислата што сакам да откријам и истражам? Дали само дека театарот е култивизиран обред? А обредот е пратеатар?! Се сеќаваме дека Милош Билбија размислува вака: „...трансмисија на човечко и боженствено со духот... духовна димензија... вовлечен стомак на Адам, нагласен папок што го симболизира влегување на душата...“990 Трансмисија на човечко и боженствено. Духовна димензија. Молитвен театар. Или живо христијанство. Верба со дела. „човекот појава на која и е внесена душа... Господ им вдахнал душа, како истата да се спаси да не ти ја земат... затоа се појавуваат маските...“991 Вдахнување душа. Од дух до душа. Душа и дух. Душевност и духовност. И потреба да се спаси душата за да не ти ја земат? Кој друг ако не си во Бога и со Бога? Еве што се вели за тоа во Стариот завет:

990

Фиданоски, 2012:91

991

Фиданоски, 2012:93

403


„...А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен и човекот стана жива душа...“992 Оваа книга е Божјо вдаховние со Свети Дух да дообјаснам една патека меѓу човекот и Господ. Таа патека е понекогаш намерно заборавена

и оттаму нè води во

неплодност на телото и духот, во стравови, незнаење и страданија. Ќе поместам уште неколку сведоштва за молитвениот театар пред да ја завршам оваа потрага: „...директна размена со Божеството...да ги направи живи учесниците, гледачите... Воведување во обредот.... Чувствено,

потсвесно

ниво...

прослави

во

различен

контекст... суштинска прослава, ослободување на духот... преобразба... со намера и играње за да се оствари бараната намера...“ 993 Размена со Бога и ослободување на духот. Тоа е молитвен театар. Но еве го и Картер: „…Видлив и невидлив свет... Потрага по светлина и прочистување. Смилување... магична и света драма, пред

992 993

Прва кнга Мојсеева, 2: 7 Claire Schrader, 2012: 37-41

404


театарска форма до модерен театар... ритуалната драма те држи жив... пеење и играње, посебност... Молитва, песни, свештенослужител... Раскажувач и дејствувачи... Систем на верба и живеење...“994 Систем на верба и живеење. Тоа е патеката на преминувањето. „...обред барање одговор од Бога и природата... Светлина против темнина...

Порака, дар личен дар на

Бога... Умирање на старо родение на ново... Препознавање, составување воскреснување, апотеоза... преобразба од тага во

радост...

Сето

тоа

во

дитирамб.

Наративна

структура...“995 Барање одговор, дарување на Бога, ново-родение, воскреснување, преобразба на тага во радост. Патека на премин. Има ли некој кој сака да патува со Духот? До едно посебно место. „...место на кое Бог ќе се настани... тоа значи во тебе да живее Бог...“996 994

Carter, 2002: 20-29

995

Rozik , 2002: 19-33

996

Кајшаров, 2013:38-39

405


И не заборавајте зошто се играат ората, зошто се пејат песните, зошто се слават славите, зошто се служат службите, зошто се сцено-дејствуваат драмите, зошто се причествуваме со леб и вино? За кого играме всушност во нашиот живот? За себе или за Бога? Точка на промена и премин од душа кон духовност Господова. Свесност за секој изговорен, помислен збор. „ Обред е дејство преку кое откриваме кои сме во светот и како со светот да општиме (Theodore Jennings) теолог... Обредот игра важна улога во општествен живот... нè сплотува, нè поврзува...“997 Станува збор за откривање кои сме и како да одиме понатаму низ тој свет премин. Од посветен обред кон молитвен театар. Од смрт во живот, од темнина кон светлина, од себе си кон Бога. Истите думи важат и за театарот, за молитвениот театар. А велми каде е тука разликата и поделбата. Од театар до свет храм посветен на Создателот.

997

Schirch, 2005: 16-35

406


Блеснува лачот сончевина. Сведен 31.07.2013. Света мугра на Кокинската кота, 6 часот и 40 минути во земново време. Пеење на хор, Кајшаров со тајфата го слават Христа Исуса. Молепствие и радост во душите кон духот Господов. Пет камени престоли. Мегдан од вечноста. Сончев лач низ три нишани. Тука е посветениот актер, работ Божји кој се исправа простум пред Бога. Сеќава дека го облева светлината, крштение со Дух Свети. И има родение на збор, на живото слово Господово во душата му. И проглаголува драмувајќи, почнува свето празненство, молитвен театар според Светото евангелие по Јована: „...Ќе се сведочи светото евангелие по Јована... На почетокот беше словото и словото беше во Бога и Бог беше словото...“ И нема повеќе време, простор, свест, ограничувања, патуваме со Духот. Молепствие за навек. Непрекината поврзаност и единство со Создателот и неговиот син Исус Христос. Од обред до театар. И понатаму и понатаму, до второто пришествие и царството Божјо. Затоа што:

407


„...Он нè роди по своја волја преку словото на вистината, за да бидеме почеток на неговите созданија...“998 Почеток на неговите созданија , сплотени: „...заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Бога...“ 999 И тоа е премин од душевност кон духовност. Од обред, преку духовно-народна култура до атерот во театарот. Амин и Алелуја. Слава ти Господи што ме исполни со сила одозгора за да се овоплоти оваа книга по твојата волја. И: „...блажени се чистите по срце зашто тие ќе го видат Бога...“1000 Во свето-дејствие, сцено-дејствие во равенство го славиме, му пееме, играме и го гледаме Бога. Амин...

998

Јаков, 1: 17-18

999

2Тимотеј 2: 22

1000

Матеј, 5:8

408


И се разбира како што е традицијата од времето на Еврипид и македонската антика, го повикувам Бога да пресече и во однос на овие срочени слова. „...Оставам се во твои раце пресветол Господи...“ Во молбена благодарност и тихување.

ABSTRACT:

FROM RITES TO THE THEATER - THE PROCES OF TRASITION FROM RELIGION TO NATIONAL CULTURE AND ART TO CONTEMPORARY THEATRE

Few basic things are important for the process of transition from ritual, through folklore culture to theatre, and they are elaborated in this project work: The first is the evolved ritual. That is a spiritual growth of the culture from giving offerings (animal sacrifices) for purification and forgiveness of the sins, growing into ritual with singing and dancing for the Glory of God.

409


The second is the question: for whom are we playing, whether for ourselves or for God? That means whether we worship and praise ourselves as gods, or we play for the glory of God? That is also a passage from soul to spiritual culture. The third is the system of the Macedonian drama author Euripides and court chronicle writer of Arhelaos, an invitation God to end the practice called Deus end mahina. Or spoken with today’s Christian vocabulary: “I leave everything in Your hands Lord” in order God’s Will to be done. These are three benchmarks of the transition from theatre in church and vice versa. Then we can discuss about the difference among the actor, priest as a servant of God, and the servant of the stage who is in relation with God. The priest serves God, and the actor plays for him/herself and for the audience, which means he/she has forgotten God and thinks that he/she is God, Creator. We speak about spiritual art connected with the Spirit of God, which is the beginning and the end point of the ritualtheatre, mutual life, interaction with the Father and His Son Jesus Christ.

410


Библиографија:

Аврамовска Наташа, Во вителот на дереализацијата дупло дно на македонската драма, Култура, Скопје 2004.

Алексиев Александар, Основоположници на македонската драмска литература, 2 дополнително издание, Култура, Скопје, 1976

Алексовски

Душко,

„Локалитетот

„Цоцев

камен“-

единствен во светот, на едно место соединува: место за жртвување,

светилиште,

сликана

карпеста

уметност,

праисториска опсерваторија со сите придружни нишани“, Македонски центар за карпеста уметност, Куманово 2008.

Алексовски Душко, Монографија на ранохристијанска базилика- Ротонда, село Коњух, Кратовско“, Македонски центар за карпеста уметност, Куманово, 2007.

Alschitz Jurij, The Vertical Of The Role A Method For The Actor's Self- Preparation, Ars Incognita, Berlin, 2003 411


Aston Elaine and George Savona, Theatre as Sigh- Sistem, a Semiotic of Text and Performance, Routledge and New York, 1991.

Baldry H. C., Ancient Culture And Society The Greek Tragic Theatre, Chatto & Windus, London, 1981.

Барба Еуџенио, Земја на пеплишта и дијаманти, превод Игор Стојановски, Лицеум, Скрб и утеха, Скопје, 2010.

Бек Џулијан, Животот на театарот, превод Игор Стојановски, Лицеум, Скрб и утеха, Скопје, 2006.

Блавацка Елена, "Езотеричен речник" - дополнено издание на теософски толковник, Астрала, Софија, 1784.

"Блгарско-грчки речник", К. Илков, Д. К. Марицас, Ап. Михаилов, Д.И. Паткидис, БАНУ, Софија , 1960.

" Блгарски етимологичен речник 4 ", БАНУ, Софија 1995.

412


"Блгарски толковен речник"- дополнет и преработенДимитар Попов, Наука и изкуство, Софија, 1995.

Barba Eugenio, Nicola Savarese, A Dictionary Of Theatre Anthropology- Secret Art Of Performer, Routledge, London& New York, 1991.

Berry Cicely, From Word To Play, A Handbook For The Actors, Oberon, Books, London, 2008.

Boal Augusto, Games For Actors And Non- Actors, Routledge, London& New York, 2002.

Bradbrook M.C., The Rise Of The Common Player- A Study Of Actor

society

On

Shakespeare's

England,

Cambrodge

Universsity Press, 1962.

Bristol D. Michael, Carnival And Theater Plebian Cultura And The Structure Of Autority In renaisstance England, Routledge, London, New York, 1985.

413


Braun Edward, Meyerhold on Theatre, Eyre Methuen, London, 1969.

Braun Edward, The Director And The Stage, Methuen, London, 1983

Брук Питер, Не постојат тајни, прев. Игор Стојановски, Лицеум, Скопје, 1999.

Брук Питер, Точка на преврт, прев. Игор Стојановски, Лицеум, Скопје, 2003

Велев Илија, Низ преминот на традицијата, Книжевни истражувања- Дијалог, Скопје.

Величковска Родна, Македонско традиционално народно пеење, Маска, Скопје, 2012.

Верковиќ Стефан И., Македонски народни умотворби книга прва, Женски песни, Македонска книга, Скопје, 1985.

414


Вражиновски Танас, Македонска народна митологија народна

демонологија

на

Македонците,

Матица

Македонска, Скопје, 2002.

Вражиновски Танас, Македонска народна митологија -, Матица Македонска, Скопје, 2002.

Гаидарски Цветан, Тракиски Орфизам - за напреднали, Академија Орфија, Софија, 2007.

Георгиевски Драган, Народно верувања и обичаи во кратовскиот крај, Пеони, Кратово, 2006.

Георгиевски Михајло, Македонски лекарственици од 19 век, 2-ри Август С, Штип: 2012.

Gielgud John, An Actor And His Time, Pan Books, 1996

Gielgud John with John Miller, Acting Shakespeare, Pan Books, 1997

415


Goldberg Roselee, Performance Art From Futurisam To The Present, Revised And Ellarged Edition, 1979

Graham Ginny, First Stage, North Cote House, 1993.

Graham Martha and Ruth St. Denis, Dance Was Religion- The Spiritual Choreography Of Isadora Duncan, Hohm Press Prescott Arizona, 2004.

Гребенарова Славка, Огнот в обредите на Блгарите, Етнографско-ареално изследване, БАН, Софија, 2009.

Данов Христо,

Христоматија по историја на стариот

свет, Наука и изкуство, Софија, 1973.

Davis Andrew, Other Theatres- The Development Of Alternative And Experimental Theatre In Britain, Macmillan Education, 1987

De

Smet,

Etalon

Bauwens,

Frederique,

Religion

and

Spirituality/ Social Issues, Justice and Status : Rituals: Types,

416


Efficacy and Myths, Nova Science Publishers, Inc. ,New York, NY, USA ,2012.

Детев Иордан, Земјата на Орфеј между митове и артефакти,

Блгарско

обшество

за

мултимедијално

изкуство, Софија, 2004.

Димитриоски Тренчо, Древна цивилизација, Народен глас, Прилеп, 2000.

Dollimor Jonathan, Radical Tragedy-religion, Ideology, And Power In The Drama Of Shakespeare And His Contemporaris, The Harvester Press, 1984

Dorcy Jean, The Mime, Robert Speller& Sons, Publishers,inc. New York 1961.

Duncan Isadora, My Life, Live Righ, New York, 1955

Elam Keir, The Semiotics Of Theatre And Drama, Routledge, London, New York, 1980

417


Edwards Michael and Christopher Reid, Oratoty In Action, 2004

Etherton Michael, The Development Of African Drama, Hutcinson Universuty Library For Afica, London, 1982

Jenningsen Sue , Theatre, ritual, and transformation:the Senoi Temiars, Routledge, London, 1995.

Jeffery Peter, The Secret Gospel of Mark Unveiled, Yale Univesity Press, USA, 2007

Кајшаров Константин, Светиот шепот, Молитвен живот, книга 1, Интернационална холистичка академија, Скопје, 2012.

Кајшаров

Константин,

Светиот

шепот,

Практично

христијанство, Прирачник за ослободување од демони и демонски влијанија, книга 2, Интернационална холистичка академија, Скопје, 2013.

418


Кајшаров Константин, Светиот шепот во Божји благослов, книга 3, Прирачник за ослободување од проклетства, Интернационална холистичка академија, Скопје, 2013.

Кајшаров Константин, Трансформирај се! Прирачник за лична трансформација и духовно интервенирање во различни

ситуации,

Интернационална

холистичка

академија, Скопје, 2013.

Кајшаров Константин, Осветен живот, Интернационална христијанска академија, Скопје, 2013

Кајшаров Константин, Растурање на магии и заштита во Име

на

Господ

Исус

Христос,

Интернационална

христијанска академија, Скопје, 2013

Kaye Deena, James Lebrecht, Sound and music for the theatre, Focal press, Boston, Oxford, 2ooo.

Караџа

Васко,

Современ

печатница "Зора", Солун, 2008.

419

грчко-македонски

речник,


Караџа

Васко,

Современ

македонско-грчки

речник,

печатница "Зора", Солун, 2011

Китевски Марко, Митолошки и обредни песни, Камелеон, Скопје, 2007

Китевски Марко, Говорни народни умотворби, Камелеон, Скопје, 2011

Книзел

Вернер,

Светиот

Дух

во

животот

на

христијаните, Христијански центар 490, превод Саветка Пецеска, Скопје: 2003.

Kot Jan, Pozorishte esencije i drugi eseji, Prosveta, Beograd, 1986.

Krasner David, Method Acting Reconsidered, St. Marthi's Press, New York, 2000.

Kumiega Jennifer, The Theatre Of Gtorowski, Methuen, London and New York, 1987

420


Lindova Natalia, Drama and ritual of early Hinduism, Motilal Banarsidass Publishers Private Limited, Delhi, 1994.

Lepage Robert, Connecting Flights in Conversation with Remy Charest, Theatre Communications Group, 1998.

Lehman Thies Hans, Postdramatic theatre, Routledge, London and New York: 2006

Lerner Jay Alan, The Musical Theatre- A Celebration, Collins & Grafton Street London, 1986

Маер Џојс, Револуција на љубовта, превод Ана Мурадијан Ацковска, Христијански центар 490, Скопје , 2009.

Маер Џојс, Бојното поле на умот, превод Ана Мурадијан Ацковска, Прва Иницијатива Доо, Скопје , 2012.

Mamet David, True And False, Vintage Books, New York, 1999

Marowitz Charles, Directing The Action, Applause Theatre & Cinema books, New York: 1991. 421


Martin Carol, A Source Book Of Feminist Theatre And Performance, Routledge, London, New York, 1996

Meisner Sanford, On Acting, Dennis Long Well, Vintage Books, Division of Random House, New York, 1987.

Mitchell Katie, The Director's Craft, Routledge, London, New York, 2009.

Младенов Стефан, "Етимологически речник на блгарскија книжевен јазик", книгоиздателство "Христо Данов"-0,0,ДВО, Софија, 1941.

Nachmanovitch Stephen, Free Play- Improvisation in Life and Art, Penquin Putnam inc, New York, 2006.

Новиот завет, динамичен превод, Меѓународно здружение „Гидеони“, Скопје, 1999.

422


Нов

завет-

Константинов,

стандарден Љубители

превод, на

превод

Хрстијанско

Душан

Х.

Евангелие,

Скопје, 2011.

Оливие Лоренс, На актерство, превод Игор Стојановски, Скрб и утеха ,Лицеум, Скопје, 2002.

Панзова Виолета, Прирачник за изработка на студентски трудови, Филозофски факултет, Скопје, 2011.

Панзова Виолета, Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003.

Pandermalis Dimitrios,

Dion - the archaelogical state and

museum, Adam edition, 1997.

Патрис Павис, Речник на Театра, ИК Колибри, Софија, 2002.

Пенушлиски

Кирил,

Митот

Македонска, Скопје, 2005.

423

и

фолкорот,

Матица


Пенушлиски Кирил, Македонски фолкор - студии и прилози, Матица Македонска, Скопје, 2003.

Попов Димитар, “ Древна Тракија“, Лик, Софија, 2009.

Pour Malek Jamshid, The Islamic Drama, Frank Cass, London, Portland, 2004

Радциг С.И.,

„Историја древне-греческој литаратури“,

издателство Вишаја школа, 1977.

Раптис Михалис, Фолкорот на јановенските села во Костурско, Институт за фолкор, Скопје, 1977

Read David Johnson, Renee Emunah, Current approaches in drama therapy,Charles C. Thomas-Piblisher, ltd, Illinois, 2009.

J.L. Styan, Reinhard Max, Cambridge Univesrity Press, 1982

Rose Els, Ritual Memory- the Apocryphal Acts and Liturgical Commemoration in the Early Medieval West, Brill, LeidenBoston 2009. 424


Речник на македонскиот јазик, 1, второ неизменото издание, Институт за македонски јзик, Т. Димитровски, Б. Корубин, Т. Стаматоски , Скопје, 1979.

Речник на македонскиот јазик 2, Т. Димитровски, Б. Корубин, Т. Стаматоски,

Институт за македонски јазик.

Скопје, 1965.

Ристески С. Љупчо, Посмртниот обреден комплекс во традициската

култура

на

Мариово,

Институт

за

старословенска култура - Прилеп, 1999.

Ристески С. Љупчо, Категориите простор и време во народната култура на Македонците, Матица македонска, Скопје, 2005.

"Речник на чуждите думи в блгарскиот език", Александар Милев Иванов, Иоардан Милев Братков, Божил Николов Иванов, Наука и изкуство, Софија, 1970.

425


„Речник грчке и римске митологије“, Драгослав Срејовиќ, Александра Церкмановиќ- Кузмановиќ, Српска књижевна задруга, Београд, 1989.

"Речник

латинско-српско-хрватски",

Јован

Д.

Чолиќ,

књижара Влад.Н.Рајковиќа, Београд, 1936.

Rudlin John, Jacques Copeau - Director In Pesrpective, General Editor Cristopher Innes, Camridge Unoversity, 1986

Руибал Рут, Единство на духот, превод Борче Поповски, Мартина Комерц, Скопје, 2004.

Rutnin Mojdara Mattani, Dance, Drama And Thetare In Thailand, Silkworm Books, 1993

Read David Johnson, Renee Emunah, Current approaches in drama therapy, Charles C. Thomas-Piblisher, ltd, Illinois. 2009.

426


Rode Ervin, "Psyche"-kult dushe i vera u besmrtnost grka, izdavacka knizarnica Zorana Stojanovika, Sremski Karlovci, Novi Sad, 1991.

Rotte Joanna, Acting With Adler, Limeligh Editions, New York, 2000.

Rozik Eli, The roots of theatre: rethinking ritual and other theories of origin,University of Iowa Press, Iowa City, USA, 2002.

Schirch Lisa , Ritual and Symbol in Peacebulding , Kumarian press, Inc, 2005

Свети Климент Охридски, Слова и поученија, прев. Архимандрит д-р. Атанасиј Бојчев, Синедално издателство, Софија, 1970

Свето писмо на Стариот и Новиот завет ( Библија), МПЦ, Скопје: 1990.

427


Современ македонско-грчки речник, Дом за македонска култура, Зора, Солун, 2011

Современ грчко-македонски речник, Васко Караџа, Зора, Солун, 2008.

Стоичковски Благој, Македонски народни умотворби од Кичевско, Институт за фолкор „Марко Цепенков“- Скопје, 1992

Стојановски Тихомир, Времето на скрбизмот, Лицеум, Скрб и утеха Тиха, Скопје, 1998.

Стојановски Тихомир, Театарот како елитна и масовна култура, Лицеум, Скрб и утеха Тиха, Скопје, 2010.

Стојановски Тихомир, Драми - Деноносии, Лицеум, Скопје, Скрб и утеха, 2001.

428


Schrader Claire, Ritual Theatre- the power of dramatic ritual in personal development an clinical pratice, Jessica Kingsley Publishers, London, Great Britain, 2012.

Schechner Richard, Willa Appel, By Means of Performance: Intercultural Studies of Theatre and Ritual, University of Cambridge, USA, 1990.

Schechner Richard, The Future Of Ritual, Writings on Culture and Performance, Routledge, London & New York, 2004.

Татаровска Ленка, Дионизиски феномен и метаморфозите во македонската народна литература, Блесок бр. 10-11, Скопје, август-ноември, 1999. стр.4-13 Татаровска Ленка, Народна ризница, Институт за македоска литература, Скопје 2000.

Татаровска Ленка, Митологија на јаболкото и прстенот, Институт за македоска литература, Скопје 2000.

429


Turner W. Victor, The ritual process: structure and anti structure, The State Universuty, New Yersy, USA, 2008.

Turner W. Victor, , The Rutual Process- structure and Antistructure, Routledge & Kegan Paul Ltd, United States of America, 1969.

Turner Witter Victor, Dramas, Fields and Metaphors: Symbolic Action in Human Society, Cornell University, New York, 1974.

Haland, Evy Johanne, Religion and spirituality Rituals, Types, Efficacy and Myths, Etalon De Smet, Frederique Bauwens Editors, Nova Science Publishers, Inc, New York, 2012

Harinoll Phyllis, A Concise History Of The Theatre, Thames And Hudson, 1980

Harris John Wesley, Medieval Theatre In Context An Introduction, Routledge, London & New York, 1992

Harrop John, Acting, Routledge, London and New York, 1992.

430


Hunt Douglas and Kari, Pantomime- The Silent Theater, Athenum, New York, 1964.

Hunter Charles i Frances, Ozdravljavati bolesne, prevod Stojan Gajicki, Izvori, Zagreb- Osijek, 1988.

Hodge Alison, Actor Training- Twentieth Century, Routledge, London, New York, 2000.

Hodgson John, Cational Force- An Antology, Eyre Methuen LTD, London, 1972

Hornby Richard, The End Of Acting A Radick View, Applause Theatre Books, 1992

Hurren Kennet, Theatre Inside Out, W.H. Allen, London, 1977

Usher Anton, Replenishing ritual-Rediscovering the place of rituals i westะตrn christian liturgy, Marquette university press, 1971.

431


Фиданоски Љубо, Церје - Говрлево и Милош Билбија, Музеј на град Скопје, Скопје, 2012.

Fisher Lichte Erika, Theatre, sacriface, ritual: exploring forms of political theatre, Routledge, USA and Canada, 2005.

Fleming Michael, The Art Of Drama Teaching, David Fulton Publishers London, 1997.

Franko Mark, Ritual and Event, Interdisciplinary perspectives, Routledge, Taylor & Francis Grpup, London and New York, 2007

"Француско- српски речник", Д-р Филип Медиќ, Етиен Лаурент, штампарија "Давидовиќ , Павловиќа и друга", Београд, 1930.

Freeke Timothy, Gandy Peter , The Jesus Mysterries, , Thorsons, Great Britan, 1999.

Fo Dario, The Tricks Of The Trade, Methuen Drama, 1987

432


Foreman Richard, Art and Performance, Edited by Gerald Rabkin, Paj Books, Baltimore, London, 1999.

Фол Александар, Историја на блгарските земји во древноста, Тангра, Софија, 2008.

Фол Александар, Тракиска култура - казано и премолчено, Тангра, Софија 2009.

Хагард Тед, Примарна цел, превод Александар Вулетиќ, Христијанска пентекосна црква, Скопје, 1998.

Hagen Uta, A Challenge For The Actor, A Robert Stewaart book, Scribiner, 1991

Haland, Evy Johanne, Religion and spirituality Rituals, Types, Efficacy and Myths, Etalon De Smet, Frederique Bauwens Editors, Nova Science Publishers, Inc, New York, 2012

Hodgson John & Ernest Richaros, Improvisation, A Universuty Paperback Drama Book, Methuen & CO .LTD, 1967

433


Callow Simon, Shoting The Actor- or Choreography Of Conclusion, Vintage Books, 1990

Carter Paul, Victor Harison Leo Walker II,and Gus Edwards, Black theatre: ritual performance in the African diaspora, Temple Universuty Press Philadelphia, 2002.

Cawley Dent, Everyman And Medieval Miracle Plays, Everymans Library, Toronto, London, Melburn, 1981

Црква Св. Јован Опсечен - духовен и културен етно центар, подг. Слаѓана Стојанова, Куманово 2009.

Crabtree Susan and Deudert Peter, Scenic Art for the Theatre, history, tools, and techniques, Elsever, Focal Press, Ohford, UK, 2005.

Cristoffersen Erik Exe, The Actor's Way, Routledge, London, New York, 1993.

Yarrow Ralph , Sacred Theatre, Intellect Bristol, UK/Chicago, USA, 2007.

434


Yoshi Oida with Lorna Marshal, An Actor Adrift, Methuen, Great Britain, 1992.

Шекнер Ричард, „Теорија на изведбата“, Нампрес, Скопје, 2009.

Wangh Stephan, An Acrobat Of The Heart, Vintage books, New York, 2000.

West Rebecca, Black Lamb and Grey Falcon, Penquin Books, New York, 1969

Zaporah Ruta, Action Theater- The improvisation Of Presence, North Atlantic Books, 1985.

435


Библиографија од снимени матријали: Документарни филмови: (сите снимки ги има во двд архивите на: „ФДУ“, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“)

„Арангелов ден во Драмче“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2012.

„Бакни го сонцето“, сценарио Тихомир Стојановски, режија Владе Денчов, продукција „Дион“ и „МРТВ“, 1999.

„Белата ластовичка на баба Стојна“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2009.

„Вдахновение светлина“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“ 2011.

„Верба со дела“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“ 2013.

„Гуљачки

кладенец“,

сценарио

и

режија

Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013. 436

Тихомир


„Деветте вретена на Јана“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“ 2009.

„Ѓурѓовден

во

гора“,

сценарио

и

режија

Тихомир

режија

Тихомир

Стојановски, продукција „Дион“ 2008.

„Ербеле

кум

Бога“,

сценарио

и

Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Засекогаш љубов- за театарот и црквата“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

„Ѕид“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ ТВ Сонце “, 2008.

„Илинден во Требишта“сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ ТВ Сонце “, 2013.

437


„Илјада години како денот од вчера“, сценарио Тихомир Стојановски, режија Владе Денчов, продукција „Дион“ и „МРТВ“, 1998.

„Како свеќа“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ ТВ Сонце “, 2008.

„Кокино-духовност и боженственост“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“, 2010.

„Куманово-лековити води“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Луѓе по патот“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2013.

„Љубениот

од

Бога“,

сценарио

и

режија

Тихомир

Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2012.

„Мемишевци од Гора“ снимка од настап на „Дион -Исусовите слави“, Скопје 2013, ТВ Сонце и Дион 438


„Мисија“- 1 дел- сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Молитва за Кремен„ прв и втор дел, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2012.

„Молитва кон Свети-Дух“ сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2012.

„Напредија Голобрдцка“, сцн реж. Т Стојановски, Дион, Авид, 2013.

„Огнена Марија“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Обредно пеење од Паланка“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

439


„Одење по

светлина“, сценарио

и режија Тихомир

Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

„Павлов ден во Режановце“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2011.

„Пеење

за

Христа“,

сценарио

и

режија

Тихомир

Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Пиринци“- снимка од 20-ти „Дион-Исус-ови слави“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВСонце“, 2013.

„Поблиску до Бога - Родение светлина“ сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2010.

„Посланија во Варош“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“ 2013.

440


„Република Ново Лески“, прв и втор дел, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ТВ Сонце“, 2012.

„Руса среда - вода Христова“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013.

„Самовилска

вода“,

сценарио

и

режија

Тихомир

Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2012.

„Света вода - благословена“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „ Авид “, 2013. „Света вода - Црн камен“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и ТВ „Сонце“ , 2012.

„Света вода Јованова“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

„Света Петка“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

441


„Света тројца - вода Исусова“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“ , 2013

„Седумте цркви на Вишни“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2012.

„Служење во манастир 1“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2014.

„Спасовден во Крчишта“ 1, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2013.

„Спасовден во Крчишта“ 2, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2013.

"The Miracles Of The Holy Whisper", Konstantin Kajsharov's Teachning, International Holistic Academy, 2011

"Famous Scenes From Sir John Gielgud's Production Of W. Shkespeare's Hamlet, Richard Burton And Broad way Cast , CBS Masterworks.Аудио.

442


„ФДУ во Димитар Влахов“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2013. „Фреско-живописување“, сценарио и режија Тихомир Стојановски, продукција „Дион“ и „Авид“, 2012.

„Црковно единство во Македонија, Заедничко славење“Хотел Континентал, 10.03.2006. Евангелско единство, двд

Театарски претстави:

„Будење на ангелите“, Т. Стојановски, „Дрвеница“ , В. В. Мајаковски „Зајдисонце“, Т. Стојановски, „Засекогаш љубов“, Т. Стојановски, „Олесни, разреши , прости“, Т. Стојановски, „Чернодрински експрес“, Т. Стојановски, „Џамалари-Дионис“, Т. Стојановски,

443


СОДРЖИНА:

ВОВЕД

003

ОБРЕДОТ КАКО КАТЕГОРИЈА И СУШНОСТ

007

ОБРЕДОТ КАКО РЕЛИГИЈА

067

ОБРЕДОТ КАКО НАРОДНА КУЛТУРА

131

ОБРЕДОТ КАКО ТЕАТАР И УМЕТНОСТ

207

ОБРЕДОТ КАКО ПРЕМИН ОД РЕЛИГИЈА, ПРЕКУ НАРОДНА КУЛТУРА ДО ТЕАТАР

284

ABSTRACT

409

БИБЛИОГРАФИЈА

411

БИБЛИОГРАФИЈА - ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ

436

444


Tihomir Stojanovski (biografija na avtorot) Tihomir Stojanovski, vonreden profesor po predmetot "Scenski govor so tehnika na glas" na Fakultet za dramski umetnosti, Skopje, avtor na 18 knigi od oblasta na teatarot, romani, drami, poezija, isto taka vozobnovuva~ na teatarot "Skrb i uteha", vo koj igra i kako akter i re`ira. Avtor na preku

dvesta

dokumenatrni

filmovi i emisii od oblasta na umetnosta i istorijata, u~esnici na 20-etina me|unarodni festivali. Go istra`uva, obredot i teatarot, liturgisko-molitveniot-iscelitelen teatar posveten na Boga.

445


Dosega{ni izdanija :  01) Drum za Makedonija- Tihomir Stojanovski 02) Po tragite na slavnite Makedonci- Angelina Markus 03) Vremeto na skrbizmot - Tihomir Stojanovski 04) Ne postojat tajni- Piter Bruk * 05) Silata na scenskata glasnost- Tihomir Stojanovski 06) Makedonski drevni vrednosti- Angelina Markus 07) Drami - Denonosii- Tihomir Stojanovski 08) Son od strast- Li Strazberg * 09) Skr{enoto kopje na psevdonimot- Tihomir Stojanovski 10) Na akterstvo- Lorens Olivie * 11) Gimnazium- Tihomir Stojanovski 12) Mese~inski vozbudi- Serafim Gocev * 13) So rogovi i kopita- Ivan G. Singartijski * 14) To~ka na presvrt- Piter Bruk * 15) Makedonski drevni vrednosti 2- Angelina Markus 16) Poemi za makedonskite carevi- Angelina Markus 17) Pateka na svetiot zbor- Tihomir Stojanovski 18) Makedonija na Makedoncite- Angelina Markus 19) Filip 2 - Makedonecot- A. Markus i Risto Popovski 20) Liceto na Boga- Tihomir Stojanovski 21) Makedonska drevna medicina - Angelina Markus 22) Razbudete se Angeli - Tihomir Stojanovski 23) @ivotot na teatarot - Xulijan Bek *

446


24) Zasekoga{ qubov - Tihomir Stojanovski 25) Makedonijada - Ivan G. Singartijski * 26) Linija na du{ata - Tihomir Stojanovski 27) Drami- Denonosii 2 - Tihomir Stojanovski 28) Erinii po Makedonecot - Tihomir Stojanovski 29) Teatarot kako elitna i masovna kultura - Tihomir Stojanovski 30) Zemja na pepli{ta i dijamanti - Euxenio Barba * 31) Gugutot na gugutkite - Tihomir Stojanovski 32) Stranata na solzite - Tihomir Stojanovski 33) Kr{tevawe so qubovta - Tihomir Stojanovski 34) Ovoploten zbor - Tihomir Stojanovski (* - prevodi)

447


Izdava~ Edicija Urednik Naslov Avtor Lektor

K.C. SKRB I UTEHA - TIHA LICEUM IGOR STOJANOVSKI OD OBRED DO TEATAR TIHOMIR STOJANOVSKI ROZITA ZAKEVA

Pe~ati Tira`

RI-GRAFIKA 100  

 KULTUREN CENTAR SKRB I UTEHA - TIHA "DAME GRUEV" 3 / 2 -18 , 1000 SKOPJE , MAKEDONIJA Telefon: (++ 389 76) 488 359 E-po{ta: skrbiuteha@t-home.mk Internet: http://tihomirstojanovski.zyro.com/ 448


Интернет врски: https://www.youtube.com/channel/UCEG__UrlZqQccExIfE TeeJA/videos https://www.youtube.com/channel/UCEG__UrlZqQccExIfE TeeJA http://tihomirstojanovski.zyro.com/%D0%9A%D0%BD%D 0%B8%D0%B3%D0%B8/ http://tihomirstojanovski.zyro.com/%D0%94%D0%BE%D 0%BC%D0%B0/ https://plus.google.com/108235832770518500720/posts http://pdfcast.org/profile/tihomir1 http://pdfcast.org/profile/stoikot

449


450


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.