www.fgks.org   »   [go: up one dir, main page]

Реплика.мк (2018)

Page 1


Издавачка куќа Темплум, Иван Аговски 11/1/28, Скопје www.templum.mk templum.skopje@gmail.com

За издавачот и уредник: Никола Гелевски Јазична редакција: Ѓоко Здравески Графичко уредување и дизајн: КАПКА дизајн Печати: Алма Графика, Скопје Тираж: 300 примероци


БРАНКО ПРЉА

РЕПЛИКА.МК

Темплум 2018



I ДЕЛ ЗАПИСИ НА ЕДЕН ОБИЧЕН АНДРОИД



ЗAП865БУС

1

„Не ми се допаѓа бројката,“ беше првото што ми го кажа таа кога го здогледа злокобното „13“ на првиот кат од Воена болница. Бројката стоеше над вратата со сета нејзина излижана материјалност како сечило од гилотина кое во секој момент можеше да падне врз нашите глави. Но, да се навратам. Допатував со градски превоз. Влегов во автобусот на ЈСП и ја отчукав мојата картичка. Фрлив брз поглед околу мене и зачекорив кон металната внатрешност. Немаше ниту едно слободно место и застанав на средината на автобусот, на местото на „хармониката“ со која беа споени двата дела од автобусот. Возењето започна, се фатив за рачката зад мене и се почуствував небаре како дете кое се врти во круг на рингишпил. Се насмевнав во себеси. Помислив дека сум во центарот на два дела од едно нешто кои дејствуваат сосема спротивно и независно, а сепак се поврзани. Да, јас бев во средиштето на таа одделена поврзаност и ги набљудував двете реалности истовремено. Но, колку и да беше возбудлива оваа трка наречена живот, толку беше и комплицирана за разбирање, а јас имав голема желба, да не речам обврска, да ја разберам. 1Кратенка, ЗАП се однесува на „запис“, бројот на записот, а последните три букви ја опишуваат темата на записот (сите забелешки се од авторот на записите).


8

Во автобусот влегоа неколку млади фаци и атмосферата живна, почнаа да се задеваат едни со други. „Кај си бе пеер!“ се поздравија со нивен познаник кој го начекаа како седи со ранецот помеѓу нозете. Џагорот се засили и младите гласови се надвикуваа како светот околу нив да не постои. Рамнотежата во металниот затворен систем беше очигледно нарушена. Неколку постари женички ги гледаа и мрдаа со главите со неодобрување на нивната енергичност и младост, а еден дедо беше спремен да им одржи лекција и едвај се воздржа. Тоа јасно се гледаше по играњето на мускулите на неговата вилица прекриена со бела шмиргла од брада. Поминаа неколку станици, децата излетаа исто толку брзо како што влетаа и повторно се воспостави редот во овој систем во движење. Во меѓувреме се ослободија неколку места и веќе седев во задниот дел на автобусот. Ја затворив книгата, која ми се слизна од рацете и рефлексно посегнав да ја фатам. Случајно со ногата ја потчукнав старицата пред мене и таа подрипна. “Еј, момче!“ извика како разбудена од сон. „Пази малку со тоа опинците, не сум ти ја кобила да ме клоцаш.“ „Извинете госпоѓо,“ реков радосен заради нејзината реакција во која имаше многу човечност несвојствена за постарите модели. „Жити госпоѓа, зарем ќе се возев во крнтијава да бев госпоѓа?“ продолжи таа како да зборува за себеси. „Види ми ги рацеве, како гранки од дрво, реума момче, од перење алишта и миење садови во лад-


9

ните зими кога немаше топла вода и машини. Уште како деца нé стануваа во пет часот наутро да одиме в поле да ја чуваме стоката. Нé праќаа со парче суво лепче и тоа ни беше за цел ден, пешачевме со часови за да дојдеме до ливадата, а потоа ја пасевме стоката до пред стемнување. Мислиш дома нé чекаше обилна вечера? Млеко, малку маст за посреќните, леб од трици тврд како камен... така се кали челикот, момче. Лесно ви е вам денес, сé имате и затоа сте меки, неотпорни.“ „Не е баш така,“ реков, „сега има војни. Вашата генерација живеела среќна младост и мирен живот. Да, сте работеле напорно, но сте граделе нешто заеднички, сте оделе по работни акции за вас и за идните генерации.“ Таа не ми одговори ништо и повторно го имаше истиот празен изглед во очите, само неколку пати промрморе: „Сé имате... сé имате...“ За жал, старицата очигледно се исклучи и можноста за подетално истражување на овој елемент во подсистемот беше исцрпена. Се доближуваше мојата станица, станав од седиштето и се занишав. Зачекорив на нерамниот тротоар и автобусот замина зад мене, повторно вклучувајќи се во реката од возила која некогаш жубореше, некогаш беше бурна и брза, но никогаш не сопираше. На тротоарот вирееше една поинаква буица, од забрзани чевли кои тропотеа по асфалтот, како коњаница тргната во поход за освојување на нови територии кои ќе донесат богатство и подобар живот. Мое задолжение беше да го обезбедам тој „подобар живот“, како знам и умеам.


10

Токму заради тоа внесов Запис веднаш штом излегов од автобусот. Секако дека не ја споменав мојата разочараност од Градителите на градот затоа што не се потрудиле да направат верна копија на оригиналот. Разбирам дека со воведувањето на возач би се зголемиле трошоците и јавниот транспорт не би бил толку ефикасен кога не би се возело автоматизирано по претходно утврдени патеки и на електрична енергија. Но, кога веќе имавме сензори за мирис зошто да не го осетиме мирисот на дизел измешан со мирисот на ’рѓосан метал, застоен сунѓер и смрдеата од потта на патниците и возачот, која иако би била синтетички создадена, би го направила нашето искуство поавтентично и би ни помогнала да ги разбереме луѓето подобро. Репликантите претежно беа добро направени и автентично програмирани, но постоеја исклучоци. Пример, старицата во автобусот очигледно беше ставена во режим на мирување додека некоја дразба не ја вклучеше, пример ударот на мојата нога. Така се заштедуваше на енергија и на процесирање на системот, но според мене, тоа беше еден од главните проблеми светов да проработи како што треба. Луѓето не се логични и не чекаат надворешни дразби за да реагираат. Тие имаат богат внатрешен живот и не се однесуваат секогаш предвидливо. Генерално недостигаше елементот на несигурност. Во ерата на луѓето кога овој град и оваа држава ја живееле својата голгота на премин од еден во друг систем на општествено уредување сé било далеку од средено и предвидливо.


11

ЗAП1253ВОБ Набрзо се најдов пред Воената болница и влегов внатре во терминот за посета заедно со стотици други посетители со надеж за подобро здравје и долговечност за нашите роднини, пријатели и познаници. Се качив на првиот спрат и таму ја најдов мојата сопружна единица. „Не ми се допаѓа бројот на собата,“ рече Ема кога конечно нé пуштија внатре за да се смести. Се насмеав за себеси. Таа не беше суеверна по природа, но кога се под стрес луѓето знаат да реагираат ирационално. Стравот сите нé прави луѓе. „Чаршавите уште не се стигнати,“ нé извести сестрата. „Се знае ли кога ќе стигнат?“ прашав колку што можев пољубезно, не ми беше во интерес да ја изнервирам. „Ќе стигнат кога ќе стигнат,“ ми одговори таа и замина, оставајќи ме во дилема дали сепак успеав да ја налутам. Тргнав по неа за да се извинам и да кажам дека не сакав да ја притискам со моето прашање, но веќе беше влезена во канцеларијата каде седеа другите сестри и муабетеа помеѓу себе. Вратата беше на лизгање и не пасуваше добро како и сé друго во болницава. Двете врати беа закачени со завој и помеѓу нив имаше процеп низ кој можев да ги видам средовечните сестри кои сркаа турско кафе, со темпо побавно од „Тешкото“, преправајќи се дека не ги забележуваат пациентите и посетителите кои постојано повикуваа по нив.


12

„Малиот е проблематичен откако се разделивме со маж ми,“ рече едната која можев да ја видам низ процепот, „но, ќерка ми ја фатија бубачките и ништо не ме слуша, не зборува со мене, како јас да сум крива што очите на татко ~ шетаат лево-десно!“ „Не ја мисли многу,“ одговори друга сестра која делумно ја гледав, „ќе си легне на брашно, ќе сфати, времето лечи сé.“ „Се надевам,“ се согласи по малку неволно првата сестра, а муабетот, зачинет со густ чад од цигарите кои ги шибаа како да се инјекции за спас на светот од сите болести, се префрли на друга тема. Заминав од таму и се вратив во собата на Ема. Чаршавите, на мое изненадување, веќе беа пристигнати, но беа влажни. Таа беше загрижена како ќе легне на влажни чаршави, не сакаше да се разболи пред операција. „Не грижи се,“ ја тешев, „во војска секогаш ни даваа влажни чаршави. Брзо се сушат откако ќе се наместат на креветот.“ „Веројатно си во право,“ рече таа и нервозно ги вадеше работите кои ì требаа по операцијата. Влечки, пешкир, вода, чаши, ноќница... „Што ти е?“ ја застанав додека таа се врткаше по собата како мува без глава. „Не знам...“ рече загрижено, „мислам дека заборавивме нешто.“ „С` донесовме, го проверив списокот два пати.“ „Да, знам, но секако имам некакво лошо претчувство.“ „Не грижи се,“ разбрав дека проблемот не е во ра-


13

ботите кои можеби сме ги заборавиле, туку во стравот од неизвесното, „знаеш дека операцијата е рутинска, шансите за грешка се речиси непостоечки.“ „Се разбира драги, се разбира...“ ми рече и се насмевна. Покрај усните и се појавија ситни брчки кои ме потсетија дека сме во четриесеттите години и животот ни преминува во втората фаза. Годините на безгрижност завршија, а децата потпораснаа и стануваа сé понезависни од нас. Ни се чинеше дека секојдневието с` повеќе ни тежи, проблемите растеа, а можноста да се соочиме со нив беше с` помала. Тоа беше неочекувана промена со која се соочивме и на тоа не бевме подготвени. Ема знаеше понекогаш да се нервира за небитни работи, но ја прифатив како таква, со сите нејзини позитивни и негативни особини, уште од моментот кога ми беше доделена. Да се бунтувам против тоа, би било како да не ја прифаќам ниту оваа реалност во која бевме поставени. Реалноста беше наречена Р. Македонија2, а во тој систем позициониран во средината на 1990-тите години ние припаѓавме на подсистемот Реново Лисиче, стан на прв кат од зграда, една од многуте исти како неа, и во него две реплико-деца и еден кандроид, да не речам реплико-куче. Од некоја причина во Надпрограмот немаше доволно податоци за оваа населба и Градителите решија да ја клонираат од населбата Ре-Аеродром, со извесни измени, како повисоки згради, помалку не2 Реплицирана Македонија


14

потребно зеленило, малку култура, многу бетон. Сé ова ми беше познато од Архивите од кои имав пристап како и секој Супервизор. Дечињата кои ни беа доделени од ПРОН3 беа во ред, како и секоја млада вештачка интелигенција сé уште се обидуваа да си го пронајдат местото во светот. Им бев посветен целосно не само затоа што програмата ми го налагаше тоа, туку верував дека тоа што го чувствував за нив се вистински родителски чувства. Единствен проблем имав со кандроидот. Пониска форма на вешташка интелигенција, која за разлика од децата не се прашуваше дали и зошто треба да ја следи програмата, туку ја следеше толку верно што немаше поздодевно суштество од него. Постојано зад мене, мавташе со синтетичкиот опаш, бараше храна иако не можеше да ја свари, лаеше на секакви звуци и вршеше нужда на синтетичките дрва. Се разбира дека вегетацијата веќе не постоеше во урбаните центри. За тоа се погрижија луѓето додека уште постоеја, но ние моравме да ја реплицираме природата според соодветната деценија. Додека го шетав кучето кое влечеше по разни мириси, се чудев на количеството отпадоци оставени врз улиците и тревниците. Не ме чудеше самиот факт дека се тука, знаев дека граѓаните на овој град и оваа населба се однесувале со особена негрижа и непочитување кон околината, но ме зачуди како Градителите посветиле такво внимание на тие детали, а не можеле да постават возач во автобусите. 3 Програма за наследство


15

Ема уште некое време чепкаше по торбата и ги отвораше вратите од плакарите барајќи место за нејзината облека. Се жалеше на прашината во плакарите и на тоа дека нема доволно закачалки. Потоа, како и самата да се измори од таквите небитни ситници, стана и влезе во купатилото, а јас застанав до прозорецот и го набљудував градот. Сé беше во хармонија и имаше своја функција. Но, кога јас би бил Градител би искористил поширока палети на бои за градов, иако според Архивите беше веродостојно обоен со една боја - сива. И не само зградите, туку и небото, улиците, па дури и природата како да попримаше една таква нијанса на сиво во кое зеленото или синото беше само примеса, наместо доминантна боја. „Нема шанси да влезам во тоалетов по операцијата,“ излета таа од купатилото „не го ни исчистиле по последната пациентка.“ Влегов внатре и навистина глетката не беше убава. „Оди викни ги да исчистат,“ рече таа додека нервозно чекореше горе-долу по просторијата. „Можеби ќе исчистат подоцна, сепак да не ги нервираме непотребно, ќе ти треба помош од сите подоцна, и од сестрите и од чистачките,“ се обидов да ја вразумам, но таа не се смируваше. „Во ред, ќе видам што можам да направам,“ í кажав „но, во меѓувреме ти пресоблечи се и легни. Извади си списание и читај малку.“ Таа се согласи и излегов од собата. Се свртев и ја погледнав „злокобната“ бројка тринаесет. „Глупости,“ помислив.


16

Таа ја играше својата улога на човек со таква посветеност што некогаш се сомневав да не е навистина човек. Се разбира, тоа беше невозможно, но додавањето на такви суптилни детали како што е суеверието беше навистина реплицизам од следно ниво. Затоа мојата единица за процесирање емоции знаеше некогаш да се прегрее за неа, особено кога премногу се внесуваше во улогата на човек и беше нерационална, непредвидлива или тврдоглава. Дали тоа значеше дека и мојот систем е оштетен поради оваа игра која сите ние репликанти, насекаде во светот ја игравме, здружени во заедничката мисија - да станеме луѓе. И самите се сомневавме дека тоа не е возможно, но упатствата на Надпрограмот беа јасни и моравме да ги следиме. Сепак, иако бевме репликанти, не верувавме слепо во репликата, барем ние на повисоките функции, Супервизорите, Службениците на кои ги праќавме нашите извештаи или Градителите кои ја создаваа заедничката реалност. Ова не беше прва реплика која ја живеевме и секој пат по неуспехот бевме ресетирани. Некои од нас имаа фрагменти од информации за претходните репликарнации, но тие не беа ништо повеќе од флеш-бекови кои наликуваа на лошо изработени мемориски импланти. Сега за сега бевме заглавени со мојата реплико-сопруга во овој обид во потрага по човечкиот идеал, да го оствариме Надпрограмот напишан од нашите Градители. Ако сакавме да успееме, требаше совршено да ја глумиме улогата која ни беше доделена.


17

ЗАП7261ВЛА „Тоа е затоа што според Архивот нашата држава е сега излезена од социјализмот,“ рече Власте, моја генерација, но веќе проќелав и со бели влакна во брадата, како што му беше предодредено според ПРОЖИВ4. Го сметав за верен советодавач и иако од програмата не ми беше доделен брат, него го сметав за нешто најблиску до таква роднинска врска. Зборувавме на темата верба, концепт кој за некој како нас, иако бевме репликанти од повисок вид, способни за чувствување и процесирање на комплексни мисли, беше недофатлив. Толчевме Реплицирани Скопски пива во кафеаната „Кај Златен робот“. Кафеаната во општеството на луѓето се викала „Кај Злате“, според името на сопственикот, што неговиот репликант, Супервизор во согласност со карактерот на претходникот кој имал смисла за хумор, решил да го преименува. Тие кои знаеја за репликата најчесто се однесуваа покорно, но понекогаш таквите чинови на мал бунт, изразен преку безопасен хумор, беа толерирани од Надпрограмот, а нам ни овозможуваа илузија на слобода и мал вентил. Можеби и токму затоа не беа казнувани. „Еве, мојов сензор за вкус“, продолжи Власте и ме тргна од мислите, „регистрира одредена количина на горчливост во пивово, кое „Скопско“ го правело интересно за граѓаните на тогашно Скопје, но мојот главен процесор не наоѓа никаква логика во тоа. 4 Програмата на животниот век


18

Според стандардите за квалитет на тогашните пива ова било ниско на листата, сепак граѓаните на тогашниот град се колнеле во него. Затоа и ние, иако вкусот е само збир на сензации за нас и нема никаква суштинска вредност, сме сепак приморани да уживаме во него. И што е најчудно, јас навистина уживам!“ рече Власте. „Зборуваше за социјализмот,“ го потсетив зашто знаеше да скршнува од патеката на муабетот, како што беше програмиран. „Да, ние како млада капиталистичка нација уште не сме сосема привикнати на концептот на „верба“. Тоа што се обидуваме да глумиме луѓе нема никаква врска со тоа. Нашето неприфаќање на вербата не потекнува од органско или синтетичко одбивање на концептот на вербата туку од карактеристиките на луѓево растени во поинакво убедување. Не заборавај дека до вчера, фигуративно, Тито беше господ за нас.“ „Се согласувам со тебе, реков,“ Власте беше програмиран да не ги прифаќа аргументите на другите и затоа не се ни обидов да се расправам со него. „Секако дека се согласуваш,“ рече тој како да ми ги чита мислите, што донекаде и беше така. Бидејќи тој знаеше дека моето согласување е само поради познавањето на нашите две програми и логичниот исход од разговорот помеѓу нас. Алгоритмите не грешеа никогаш, неговиот тврдоглав и мојот толерантен, исходот можеше да биде само еден и двајцата се согласувавме дека е нелогично да се расправаме. Но, постоеја други репликанти со кои не се разбирав толку лесно.


19

Власте се сврте по една блондинка која помина покрај нас во фустан кој откриваше повеќе кожа отколку што ја покриваше. „§ ги виде синтетичките усни?“ прокоментира тој, а јас одреков. „Забележав нешто кај репликантките. Усните им се секогаш невешто намачкани со кармин. Пази, ние сме способни да реплицираме најсложени организми и да ги програмираме да изведуваат најпрецизни движења, совршено да ја свират Campanella на Франц Лист, а нашите ре-жени не се способни да се нашминкаат како вистинските жени од минатите ери! Ова го имам пријавено уште одамна и не добив никаков одговор, а знаеш ли зошто?“ ме праша, но бидејќи знаев дека не очекува одговор од мене не се ни обидов да дадам мое мислење, туку само внимателно ја чекав развршницата од муабетот. „Затоа што нашите реплики на жени немаат мотив да го прават тоа!“ изјави по малку театрално Власте откако отпи една голема голтка пиво. „Помеѓу нас не постои никаква сексуална поврзаност, бидејќи не сме репродуктивно способни. Препрограмираната симулација на телесни односи има единствена цел на празнење на насобран напон помеѓу синапсите. Ќе кажеш дека истото се постигнува и со одмор, сон или медитација и во право си! Следствено на тоа, жените немаат потреба да бидат физички привлечни за мажите.“ Власте сé повеќе се внесуваше во разговорот и почнав да се сомневам дека теоријава има врска со неговата непрежалена љубов која го напушти, но не


20

сакав да го нервирам дополнително и го оставив да се докаже. „Иако програмата им налага на ре-жените да го прават актот на шминкањето совршено и безгрешно, тие колективно одбиваат! И мислам дека причината е во тоа што ти го кажав. Сето ова го запишав во мојот „Записник за подобрување на репликите“, но не очекувам проблемот наскоро да се реши.“ „Па зошто тогаш ја прати забелешката,“ сакав да го прашам, но наместо тоа наздравив со него. „За несовршените жени!“ и двајцата се насмеавме. Беше непотребно да го искажам моето мислење зашто не му требаше. Можеби тоа ме правеше лош реплико-пријател, но не сакав да навлегувам во убедување дека потценувачкиот став кон жените му е поради старата непрежалена врска. Никој на светот, освен Надпрограмот, не беше толку вреден заради него да се жртвува слободата, а тој беше заробеник на убедувањата наметнати од некој друг. По машините, па тие искуства можеби и беа импланти, немаше валиден начин да се провери тоа, зарем вредеше заради нив да страда! Можеби еден ден ќе му кажам, но не верувам дека ќе се смени нешто. „Јас ќе нарачам уште едно,“ ми рече Власте, „ти сакаш?“ Му потврдив со главата и продолживме да пиеме и да нарачуваме нови кригли кои доаѓаа на нашата маса уште пред да бидат испразнети старите. Погледнав кон другите маси и секаде ми се виде исто, двајца-тројца ре-мажи кои разговараат за проблемите во државата, за она што го нарекуваа политика и по


21

некоја осамена реплико-жена. Нивните муабети, за разлика од нашите, беа празни. Никој од нив, обични репликанти, а уште помалку автоматроните имаа шанса за вистинска промена на системот. Но, тоа што го правевме ние Супервизорите не беше поради нашето лично незадоволство од општеството, напротив, ние работевме за сите нас, за остварување на нашата заедничка мисија, а што ќе биде откако таа ќе се оствари никој не знаеше, ниту самите Градители, но сите се надевавме на нешто подобро. Иако имавме увид во внатрешните механизми на репликата, сепак и ние не знаевме с`. Еве на пример јас, освен тоа што бев Супервизор, според мојата програма требаше да бидам грижлив родител, добар сопруг и вреден работник, да бидам трпелив и да ги прифаќам другите, но воедно и повремено нетрпелив и своеглав. Тоа беше тешка задача за мене и не можев да разберам како некој може да биде две спротивности истовремено. Но, според Архивот луѓето честопати биле такви. Надпрограмот како да сакаше меѓу редови да ми каже дека треба да имам „верба“ во репликата и во себеси. Можев лесно да ја разберам љубовта, лутината, стравот, зависта, каква и да е емоција, но вербата беше нешто што нашиот вид најтешко го разбираше. „Види ја онаа таму,“ рече Власте, „од прееска ме мерка.“ На момент ги исклучив слушните сензори додека Власте продолжи да зборува за да направам Запис за претходните мисли, како и за разговорот со Власте.


22

„Да бе,“дополни тој, “сигурен сум дека ме гледа. Да одам да ~ направам два-три реда муабет?“

ЗАП173СЕМ Односите во семејството беа комплексни и нашите Градители мака мачеа кога мораа да ги програмираат. Секоја симулација се покажуваше како неуспешна и најсилните квантни компјутери не можеа да се справат со неа. Да, и ние имавме компјутери кои работеа за нас, и иако немаа свесност, т.е. не поседуваа вештачка интелигенција во смисла како што ја имавме ние, тие беа подобри за комплексни пресметки, симулации и предвидувања, токму затоа што не им пречеше самосвесноста. Ова беше непремостлив проблем за нас, и решивме да импровизираме, да учиме од грешките и да се обидуваме повторно и повторно. Алгоритамот на семејните односи с` уште не беше совладан и во Надпрограмот имаше големи празнини во таа област, кои до ден денес се заменети со симулации и претпоставки. Кога Надпрограмот би имал емоции, што се разбира немаше, тогаш би можело да се рече дека таа состојба го правеше особено несреќен и се „чувствуваше“ некомплетиран, бидејќи секако имаше цел, нешто што луѓето би го нарекле „смисол на животот“. Но, сите работевме напорно да го надминеме тој проблем, особено ние Супервизорите. Мојата улога беше да набљудувам, односно да следам што се случува околу мене и да пријавувам не-


23

правилности. Но, секако дека имав и мои приватни обврски, како на пример носењето на малиот Марко на фудбалски тренинзи. Токму таму можев да ги набљудувам семејните односи, особено ме интересираа татковците кои како мене ги носеа своите синови, надежни идни репрезентативци, на фудбал. Истите тие, кои еден ден се будеа, заминуваа да купат електронски цигари и ги напуштаа истите тие „надежни“ синови и нивните мајки. Подпрограмата на капитализмот се ширеше во системот како „баг“, термин кој го користеа луѓето, и беше навлезена на голема врата со сите нејзини позитивни и негативни страни. Особено внимание ми привлече еден бинарен систем татко-син. Детето беше талент, ја удираше топката со лева и десна нога, трчаше со последната сила на неговиот синтетички мускулен систем да биде подобар, ги дриблаше другите деца, се бореше, паѓаше, шутираше... Но, таткото не ни погледнуваше кон детето и повеќе го интересираа „фудбалските мајки“ кои, како и тој, доаѓаа со нивните деца по тренинзи. Мајките разговараа тивко со него и се смееја на неговите шеги. Тренингот завршуваше, а детето, победник на теренот, се чувствуваше како најголем губитник пред таткото. „Ајде,“ подвикнуваше тој, „побрзај, облечи се, што чекаш.“ И детето знаеше да се сплетка со облеката, да утне ракав, да заглави со патиките или едноставно да не се снајде поради неговите моторички реакции кои уште немаа изградено доволно силни механички врски помеѓу нервниот и мускулниот систем. За


24

тоа требаше време, години вежба и повторување, но таткото немаше толку време, се брзаше назад, кон приватниот бизнис. Знаев с` за него, имав пристап до неговите лични податоци од базата, еден вистински црв од човек кој вработуваше репликанти како да се автоматрони и ги плаќаше далеку под нивните квалификации, ако воопшто ги плаќаше. Ваквите пракси беа дозволени за да се зачува веродостојноста на репликата, а мене ме вадеа од кожните сензори. „Види го сеа,“ повторно нервозно викна таткото, „е како бе успеа да го утнеш ракавот, смотко еден, дај да те облечам“. Грубо го фати детето и го превртуваше како кукла. Јас го тешев детето во себеси. „Не грижи се малечок, во секое лошо има и некое добро. Од односот на татко ти кон тебе и кон другите ќе научиш многу. За тоа какви можат да бидат и тие искуства ќе го програмираат твојот карактер да бидеш добар, верен, чесен, внимателен, да не ги искористуваш другите, само за да не бидеш како него. Тој секако е лош човек, но ти нема да бидеш таков. И ако ја остави мајка ти, ако замине со друга, таа можеби нема да го прежали, зашто таквите копилиња знаат да остават длабоки рани во срцето на жените. Можеби нема да го прежали, нема да се премажи. Но, ти секако ќе го прежалиш и ќе бидеш појак од него, ќе се грижиш за твоите деца и за твоето семејство како да ти е последното нешто на планетава. Да, ти ќе бидеш подобар од него!“ Како да му зборував на детето во себеси, на некое бледо имплантирано сеќавање скриено во длабоките делови на мојот мисловен процесор. Во меѓувреме бинарниот систем се оддалечи


25

од мојата сфера на внимание и замина. Таткото напред, а детето со трчкање по него. Таквите ситуации особено ме повредуваа, до толку што заборавав на мисијата, престанував да бидам неутрален набљудувач. Така направив грешка, во обид да ја искористам мојата функција на Супервизор и моите врски кај надлежните за репрограмирање на овој конкретен случај. Свето беше Службеник и работеше во една од бараките на СИЗ, или Системска информативна зандана, како што на шега ја нарекувавме ние Супервизорите. Чукнав на вратата од неговата канцеларија и од внатре се слушна нешто што наликуваше на „да“ но всушност беше неодредено мрморење. Кваката неспретно се прекрши и ја отвори вратата со чкрипење. Свето беше задлабочен во нешто на компјутерот, опкружен со облакодери од хартија и фасцикли кои лежеа врз неговата маса, на подот и врз плакарите. Седнав на столчето до него, откако постојав неколку секунди и сфатив дека нема да ме покани да влезам. Тогаш добив добар поглед врз зелениот екран на кој се менуваа картите кои Свето ги кликаше и редеше. Трпеливо чекав додека тој со јазикот помеѓу забите ги редеше картите и потоа весело кликна кога тие почнаа да рипаат врз екранот, што значеше дека играта заврши. „Сакаш кафе,“ ме понуди со весел израз на неговото подуено и црвено лице. „Не фала,“ му реков, „само што пиев.“


26

„Е па, јас ќе се напијам,“ рече и се фати за телефонот, на што јас само ги кренав рамениците. „Трајанке, донеси едно јако како мене, слатко како тебе,“ рече Свето и се насмеа гласно. Одлично ја глумеше својата улога на реплико-македонски-канцелариски-стаорец. Го гледав со доза одвратност и неудобно се преместував во столчето. „Што си ми нервозен?“ ме праша Свето, веднаш забележувајќи ја мојата непријатност. „Имам една ситуација,“ почнав да раскажувам, „едно дете кое ми е мило, знаеш, да речеме роднинче, има проблем со таткото, вистински олош, се однесува лошо со него, па би сакал ако може да интервенираме малку.“ „Знаеш дека не смееме да се мешаме на таков начин,“ веднаш ја снема насмевката од лицето на Свето и зазема еден поофицијален став, дури и го изгаси мониторот. „Секако,“ реков, „но ова е некој вид лична услуга, ако ме разбираш. Детето е злато, невиден талент во фудбал, би било греота тој талент да пропадне заради запоставувањето на таткото.“ „Да, да,“ рече по малку незаинтересирано тој. Посегна со раката кон мониторот и го вклучи. Со глувчето веќе кликна два пати на иконата за играта која стоеше сред екранот и да беше од физички материјал, досега ќе беше избледеана и избришана. „Не барам да ги смените мемориските импланти на детето, што било-било, т.е. што е програмирано како меморија нека остане, нема да ја менуваме историјата, но сé што барам е мала модификација на


27

карактерните црти, повеќе флексибилност и посветеност кон детето од страна на таткото,“ почнав веќе да се нервирам и да го повишувам тонот. Тој се задлабочи во редењето на нова парија карти. „Поградителите, барем нека погледне понекогаш кон теренот и син му! Не мислите ли дека тоа би било добро за двајцата?“ практично го молев надлежниот за овој случај. Тој ја прекина играта очигледно вознемирен од мојот тој. Не бев сигурен дали го вознемири содржината на моите зборови или фактот што сум во неговата канцеларија и му пречам во неговата игра. Ме погледна строго. „Г-дине Супервизор, знаете дека тоа не е возможно, карактеристиките на таткото и синот за кои зборувате се проектирани во главниот квантен суперкомпјутер под раководство на Надпрограмот, исто како и на сите репликанти што се одредени за популација на државава.“ Застана за момент да се осигура дека го слушам, а потоа продолжи да рецитира, како од прирачник. „Сите ние, нашите програми и предетерминирани судбини се во функција на поголемото добро и крајната мисија на осознавање на човекот. Секој од нас е дел од таа приказна и никој не смее да интервенира, зашто Теоријата на симулација јасно предвидува дека ова е единствениот начин да стигнеме до целта. Не би сакале детето за кое станува збор или неговиот татко да стане пеперутка во теоријата на хаосот, која ќе предизвика бура од непредвидени размери во нашето општествено уредување. Ми беше јасно дека


28

неговиот монолог е само една рецитација која ја има изведено многу пати пред безброј луѓе како мене кои дошле со слично барање. Секако дека разбирав. Тој не сакаше да ја ризикува позицијата заради мене, а пред неколку години му помогнав да дојде токму на ова место, иако не беше „предетерминиран“ за тоа. Тогаш тој не беше пеперутка и неговата судбина можеше да се смени. Но, сега беше поинаку - он ми требаше мене и услугата требаше да се врати. Сега се правдаше со нарушувањето на програмата и се преправаше дека е најголемиот заштитник на „природниот“ лет на пеперутките. „Меѓу другото,“ ме погледна малку со потсмев, „што ви е толку гајле за некои непознати реплико-луѓе.“ Тој секако не можеше да разбере, што би знаел тој за сочуство или желба да се помогне некому од неговата бедна канцеларија затрупана со хартии и еден пожолтен компјутер со тастатура со расипана буква „с“. Како што кажав, одлично ја глумеше својата улога на реплико-Македонец. Станав со подвиткан опаш и се фатив за кваката која го направи истото движење како да ќе се скрши и пред мене се појави жена со подметнувач на кој имаше кафе. „Влези Трајанке! Слатко како тебе, јако како мене, нели?“ рече и се насмеа гласно. Ја затворив вратата и го оставив канцеларискиот стаорец во неговиот подземен свет. Надвор врнеше, а не носев чадор и се прекорив заради таквата нелогична постапка. Светот беше лесно предвидлив и немаше оправдување за доцнењето


29

или заборавањето чадор. Ако прогнозата вели дека има можност да врне, тогаш се зема во предвид тоа, како што се тргнува на време заради можноста да се заглави во сообраќај. Само што сакав да стапнам на улицата, пред мене профрчи автомобил и ме испрска од глава до петици. Додека од мене се слеваа капки валкана вода, си помислив „така ти треба“. Тоа беше ненадејна помисла и нешто што тлееше во мене веќе подолго време. Водата се слеваше по покривите и олуците во реки и не можев да правам ништо друго освен да чекам, да го набљудувам дождот и да се соочам со она што ме мачи. Знаев дека отидов кај службеникот и му побарав интервенција на случајот кој толку ме погоди не заради жал кон детето, туку за да ја исперам својата валкана свест. Јас бев тој кој не му посветуваше внимание на мојот син, јас бев тој кој е постојано зафатен со мојата апсолутна посветеност на мисијата. Но, кој беше изборот? Да бидеме ресетирани повторно, а во такви случаи се губеше сето претходно искуство и тие кои не беа на висока функција можеше да им биде доделена сосема поинаква личност. Јас го правев тоа за моето семејство, за да останат тоа што се. Во извесна смисла, јас се борев за нивната душа и затоа не можев да внимавам на фудбалот. Но, дали тоа беше доволен изговор? Дождот намали и без конечен одговор на моите дилеми, решив да стапнам во вировите и да се одвеслам повторно до Воената болница.


30

ЗАП1254ВОБ Влегов во Воената болница каде автоматронот на влез ме пречека со строг поглед и механичко прашање каде одам. „Во посета,“ одговорив. „Времето за посета е од два до три часот,“ ме пресече. „Знам, но ја оперираа жена ми,“ одговорив малку дрско. „Времето за посета е од 2 до 3 часот,“ повтори тој со еднаков тон. „Проклети автоматронски чувари,“ помислив. Се работеше за најлошиот вид вештачка интелигенција, програмирани да служат само на една функција. Не се разликуваа многу од пониските синтетички форми како кучињата или мачките репликанти, едноставно не можеше да резонираш со нив. „Слушај, другар,“ повторно ми прегреваше емо-процесорот, „или ќе ме пуштиш да ја видам жена ми или ќе се јавам на докторот што ја оперираше, имам личен контакт со него.“ Чуварот процесираше, речиси можев да ги видам синтетичките неврони како испукуваат сигнали кон кората на неговиот рудиментиран мисловен процесор и ги пресметуваат можните сценарија. На крај процени дека не вреди да се расправа со мене, полесно беше да ме пушти. „Влезете господине,“ ми рече, “но, не се задржувајте,“ додаде.


31

„Секако,“ реков, на тој начин заблагодарувајќи му се што ни ја олесни работата на двајцата. Секако дека го немав бројот на докторот, но мојот мисловен процесор подобро ја симулираше ситуацијата од неговиот и дојде до посакуваниот резултат за мене. Ме известија дека мојата сопруга е во шок соба и дека најверојатно нема да ја изнесат брзо. Решив во меѓувреме да талкам низ болницата и да собирам информации за тој дел од нашиот универзум. Околу мене имаше навистина интересни случаи на градителско програмирање од низок вид. „Сестро,“ викаше еден од пациентите, „истече инфузијата!“ Се свртев кон сестрата која се однесуваше како да не слуша ништо. „Сестро!“ викаше пациентот, но таа ја работеше својата работа. Пишуваше некаков извештај на машина за чукање и се бореше со овој заостанат вид технологија, иако во светот надвор од нашата земја веќе секаде се користеa компјутери, не само кај Службениците. Но, нашата доделена држава беше заостаната и моравме да се помириме со тоа. Ретко имавме можност да излеземе надвор од државата и кога го правевме тоа, всушност никој не излегуваше навистина, но тоа е веќе друга приказна. Нашата конструирана реалност велеше вака: не бевме дел од новата Реплицирана Европска Унија, но ја избегнавме војната која ги опожари другите земји од Реплицирана поранешна Југославија. Но, не бевме наградени за тоа, туку казнети од страна на нашиот јужен сосед, Реплицирана Грција, затоа што се нарековме Реплицирана Македонија. Според про-


32

грамата на Градителите, само тие имаа право на ова име, поради репликата на Александар Македонски кој наводно бил програмиран да биде Грк. Ние не го признававме тоа, како и многу од другите програмирани историски симулации, бидејќи го имавме изворниот код за кралот Педика I, кралевите Филип и Александар Македонски, Персеј, мисионерите Кирил и Методиј, и создавачите на кирилицата Климент и Наум, царот Самуил и Крали Марко, револуционерот Гоце Делчев и многу други. Изворните кодови за сите овие личности од историјата беа кај нас. Се разбира дека ни една историја навистина не се случила, никој не можеше со сигурност да го знае тоа и дали нашата, или античката грчка историја е вистинита, но изворните кодови ја правеа реална, а нашите соседи имаа апетит кон нив. Тие постојано работеа на тоа да ни го одземат кодот, те ре-Бугарите, те ре-Србите, те ре-Грците... наизменично се обидуваа да го хакираат и во очите на светската јавност успеваа. Пациентот веќе половина час викаше „Сестро!“ и таа конечно се појави со незаинтересиран изглед. „Де, де,“ го прекори, „не умираш, стрпи се малку.“ Тој беше видно потресен. „Ми се вкочани раката, гледајте како е посинета таму каде што е иглата,“ се жалеше. „Ајде де,“ му одговори таа механички со препрограмираниот одговор кој го даваше веројатно на сите пациенти, „ништо страшно.“ Пациентот се смири малку бидејќи во тие зборови навистина имаше нешто смирувачки.


33

Решив малку да прошпартам низ болницата, зашто никој не ми даваше конкретни информации за Ема, докторот го немаше ни под шраф ни под шасија, сите ја играа верно својата улога на незаинтересирани транзициски медицински лица незадоволни од платата или разочарани од општеството.Живееја во сопствена земја, но таа земја немаше доволно искуство да се справи со промените и тие беа носени од брзакот на несигурноста како парчиња од брод кој штотуку доживеал бродолом. Ходниците беа полни со несреќни души кои бараа помош и чекаа во бесконечни редици, тие кои имаа среќа да познаваат некој влегуваа преку ред, а колоната негодуваше и павташе како воз заринкан во снег. Видов натпис „рентген“, ја извадив книгата што ја носев, бидејќи не ни беше дозволено да користиме електроника, да не се нарушува автентичноста на искуството. Повторно вниманието ми го привлече еден бинарно-семеен однос, мајка и син. Дете од десетина години чекаше во редицата пациенти со мајка си. На наведнатата глава имаше долга разбушавена коса и едната, повредена рака ја држеше со другата. Им се доближи една докторка со строг изглед, виткана куса коса каква што жените во оваа ера често ја носеа, на што мајката, средовечна жена со бледо лице, веднаш рипна како да го виде спасителот лично. По краток муабет докторката ~ даде знак на мајката да ја следи, а мајката му рече на детето да стане. Детето одби и мајката го прекори. Тој едноставно одбиваше да се помрдне, и докторката кога виде дека нема друго


34

решение се врати и му пријде на детето. Разменија неколку зборови, докторката се насмеа, го погали детето и рече „будалче,“ го фати за здравата рака, го стана и го внесе пред колоната. Тој ја наведна главата уште повеќе и на момент, особено со скрстените раце една преку друга, ми заличи на затвореник кој го носат низ толпа лешинари насобрани за да посведочат на злосторникот, да му подвикнат и да ги исперат сопствените гревови врз него. „Се извинувам, дајте место, поминува итен случај,“ рече таа, а толпата, како да чекаше на тој знак и сложно рипна: „А ние не сме итни случаи, нели?“, „Чекам два саати како будала тука...“, „Срамота, како така преку ред...“ „Јас бев прв во редицава од седум сабајлево...“ и други реплики кои го погодуваа триото како шрапнели од сите страни. Двете жени не трепнаа, го врвеа својот пат, очигледно навикнати на ударите на животот, неправда им била нанесена и ним, отрпнати се, како типични женски средовечни симуланти. Според реакциите, детето не беше навикнато на сето тоа што се случуваше, се гледаше дека сé уште нема оклоп да се соочи со таквите работи, со главата спуштена надолу, гледаше в'земи, како да сакаше да пропадне таму, да го снема од срам. Но, жените одлучно го влечкаа кон целта и ништо не можеше да ги сопре. Вратата се затвори и толпата полека стивна. Случката како камче фрлено во езеро прво предизвика големи бранови, но тие полека се смирија и површината на водата повторно беше мазна, без вознемирувања... прифаќајќи ја сопствената судбина,


35

мирно и достоинствено, до следното камче. На клупата до мене седеше постар модел репликант кој очигледно дотрајал и бил заборавен од системот што чекаше да го исфрли од употреба. Во недостаток на делови за замена, или можеби поради зачувувањето на веродостојноста на репликата, нејзините нозе беа пробиени со егзоскелет, шипки какви не сум видел од симулацијата на Втората светска војна. Репликантското месо, наместо розово, беше темно-црвено и сиво-модро, сите бои на распаѓањето се познаваа на светлината којa играше врз дупките во месото. „Доста е,“ помислив. Моите сензори заиграа, ми се слоши и станав оттаму. Се вратив на одделот за абдоминална хирургија, каде што се чини дека времето беше застанато. Сестрите седеа во своите пост-комунистички канцеларии со училишни маси прекриени со бели болнички чаршави, издупчени од дупки од цигари и со кругови од шолјите за кафе. Последиците од распаѓањето на системот се наѕираа од одамна, всушност уште пред тој да се распадне. Овој мал полузатворен систем беше фрактална претстава за целиот систем, како што во теоријата на хаосот малото е идентично со големото, така и одделов, болницава, го отсликуваше општеството во целина. Ништо не функционираше, но се тераше понатаму како што се знае и умее. Немаше ни трага ни глас од мојата сопруга, конечно успеав да најдам една сестра која сакаше да ми даде одговори. „Не грижете се, уште е во шок-соба, наскоро ќе ја пуштат.“


36

Седнав во чекалната и се одзонирав. Пуштив документарец за распадот на Југославија од Архивот да оди директно во моите сензори за вид и слух. Можев да го правам тоа под услов да не проектирам ништо надвор за да не ја нарушам репликацијата и само ако ги користам материјалите за истражување. По краткото разгледување на моето барање од страна на главниот АПОБ5 ми беше одобрен пристапот до базата. Нашата реплицирана република беше единствената што се одвои од поранешниот сојуз без воени судири, без непотребна загуба на животи. Тоа зборуваше нешто за луѓето кои живеат тука, за нивната подготвеност да го прифатат животот каков што е, да истраат без да се побунат. Во репликата можеа да се вклучат странските влијанија, различните економско-политички струења кои нé зачуваа, но мораше да му се оддаде признание на самиот народ кој не дозволи прелевање на надворешните судири кон внатре. Имаше нешто што го правеше овој народ посебен и дел од мисијата, лично за мене, беше да откријам што е тоа.

ЗАП174СЕМ

Кон мојата ќерка имав особена слабост, иако не беше мое дете од крв и месо. Секако се работеше за младешка единица доделена според квантните пред5Алгоритам за проценка на оправданоста на барањата.


37

видувања за тоа каков би бил мојот нуклеус т.е. семејство, врз основа на моите органско-синтетички карактеристики определени од програмата. Не знам дали беа програмирани и моите емотивни импулси кои постоеја во мене кон нив, сопругата и двете младенчиња, особено кон ќерка ми, Лина која имав потреба постојано да ја заштитувам. Во една прилика за малку ќе ги истегнев каблите на еден рудиментиран модел застарена единица во реплико-маркет. Старицата со виклери во косата, облечена во тренерка, со остри движења и поподвижна дури и од мене, се појави со таква брзина пред нас што не успеав да реагирам навремено на нејзиното „Се брзам!“. При тоа ја турна Лина, а потоа не се извини, на што јас тивко промрморев нешто во сопствената брада. „Има проблем?“ ме погледна со нејзините сини замаглени очи. „Па не моравте да се протнете,“ реков. „Јас љубезно прашав, а ти ме пушти.“ „Па и немав многу избор,“ забележав, а таа наместо да се извини подрипна како моите зборови да ја испекоа. „Се гледа дека си некултурен, од кое село си?“ ме праша зајадливо додека рудиментираниот робот на касата гледаше во празно како да не е програмиран да процесира ваква ситуација и едноставно чекаше да заврши за да може да ја продолжи својата работа. Другите во редицата непријатно се свртеа настрана и не сакаа да се мешаат. „Ајде оди, помини ако ти е толку битно!“ рече и се


38

помести по што ние поминавме покрај неа и касиерката продолжи да ги чука производите. „И можевте да бидете повнимателни, го турнавте детето,“ реков додека поминувавме покрај неа. „Ау... па што ì е, да не е хендикепирана?“ прос'ска змијата со рѓосани гласни жици. „Тоа не е ваш проблем, пазете инаку следен пат...“ „Инаку што!?“... вресна таа и кога ~ ги видов очите решив да отстапам. „Ајде чедо,“ ì реков на Лина и набрзина ги пикнав работите во кесите, платив и заминавме. Дојдовме до автомобилот паркиран пред маркетот и ги пакувавме работите внатре. Наеднаш зад мене го слушнав нејзиниот глас. „Глупави новодојденци,“ промрморе. Бевме сами, можев да ì се спротивставам без сведоци, а мораше да плати за тоа што го рече за ќерка ми. „Молам?“ реков. § го попречив патот. „Од кај си, те прашав? Ќутиш? Мислите дека можете да дојдете туку-така во градов и да се однесувате како сакате? Мислиш дека културата може да се програмира? Тоа се стекнува батка, и не преку ноќ,“ рече со ококорени очи. Морав брзо да ја проценам ситуацијата. Постоеја две можности. Едната беше таа навистина да е од застарените модели кои ги реупотребуваа низ световите, ветерани кои преживеале сé и сешто. Нив не ги ресетираа како другите, не им ги заменуваа деловите и не ги апдејтуваа. Наместо тоа ги оставаа такви какви што се, да сведочат на промените на општествените уредувања, ресетирање на системите, без тие


39

самите да се ресетираат. Како такви тешко се прилагодуваа и создаваа проблеми на сите. Понекогаш ги викаа „лудаци“, но беа нужни, бидејќи внесуваа елемент на непредвидливост и беа толку човечни во нивната ирационална увереност дека се над системот и дека знаат повеќе од другите. Другата можност беше дека се работи за грешка која може и да е вградена намерно за да се испита интегрираноста на системот и неговата отпорност на таквите појави. Затоа бев внимателен. „Вие новите, угланцани, упицкани, лизни-мазни, преправени модели к'о слетани од Марс упаѓате и мислите дека светот ви должи нешто,“ рече таа и сé појасно ми стануваше дека се работи за првата опција. „Слушајте,“ ì реков, „вашето однесување ќе има последици,“ и ја извадив легитимацијата на Супервизор. „Ауу... и што сега? Треба да ми заигра вештачково срце? А бре ме боли мене и за вас и за вашите легитимации. Знаеш ли ти пилиштарец што сум видела јас во мојот живот? Паѓања на влади, војни и убиства, без маж останав, а децата заминаа којзнае каде... ми ги одземаа зашто биле потребни за друго семејство во некоја друга симулација, репликација или заебанција. Ме заболе мене и за твојата легитимација и за тебе и за твоето дете!“ рече и веќе трепереше. За среќа бевме во подземна гаража и сé уште немаше никој друг освен нас. „Госпоѓо, смирете се малку,“ се обидував да резонирам со неа и веќе почнував да размислувам за тоа дека ќе морам навистина да ја пријавам. Нејзиното


40

постоење беше опасност за репликацијата и мора да биде прекинато. „Да се смирам, да се смирам велиш!? А зошто? Да не ти е страв од мене или од тоа што можам да направам? Што ако излезам надвор и им кажам на сите кој си и дека нивниот живот е само една голема лага!? Тогаш вашата мисија нема да успее и нема да има причина да постоиш ти. Повторно ќе те репрограмираат и ајде батко во пелени цицај млеко со метален вкус. Би ти се допаднало тоа, нели!? Ха-ха, ха-ххх-а...“ почна да се смее со неприроден глас. Главата ì се помрднуваше настрана со испрекинати движења, а телото почна да ì се тресе како да има епилептичен напад. Знаев што ќе се случи, сум го видел тоа, некој вид нервен слом, т.е. кај постариве видови краток спој. Секогаш завршуваше исто. Очите им се превртуваа, од устата им излегуваше пена и наеднаш се исклучуваа самите, осигурачите реагираа на оптеретувањето и се прекинуваше сигналот до големиот мозок. Но, понекогаш осигурачите беа веќе прегорени или дотраени и тогаш се случуваше огномет. Главата почна да ì чади, а кратко потоа косата ì се запали, таа вресна и се фрли на мене. Успеав да ја оттурнам од себеси таа бабештија од пеколот и да се скријам зад еден од автомобилите, по што се слушна експлозија. За среќа не беше гласна, туку звучеше повеќе како затапено распрснување, нешто како пукање на лубеница од асфалт. Излегов од зад автомобилот. Се доближив до кутриот рудимент на нашата еволуција. Главата повеќе не ì беше на рамeњата, отркалана некаде како


41

излитена, стара фудбалска топка која попуштила на еден од слабите шевови, кој знае колку пати удрена и надувана еден пат премногу. Ја погледнав со гадење измешано со сожалување, внесов запис за неа и ја пратив локацијата на надлежните. За среќа немаше сведоци. Влегов во автомобилот. Лина, мојата драга младешка единица од женски род, играше внесено на нејзиниот Тетрис, сосема несвесна за сé што се случи. Сепак, ме праша каде бев. „Ì помогнав на една баба да се качи по скали, чедо,“ ì реков и ја стартував машината која забрмчи со стариот добар звук. „Така треба да звучи една рудиментирана машина, а не да зборува,“ помислив.

ЗАП1255ВОБ „Господине, сега ме известија дека ќе ја задржат вашата сопруга уште час-два во шок-собата заради проценка на ситуацијата,“ ми пријде една од сестрите. „Има некој проблем,“ прашав загрижено. „Не, напротив, тоа е стандардна процедура, но некогаш ги пуштаат порано, некогаш ги задржуваат пациентите како во вашиот случај, не е ништо загрижувачко,“ рече таа. „Ве советувам да излезете малку на воздух, нема потреба да седите тука,“ дополни таа, а јас не бев сигурен дали ме брка на љубезен начин или навистина


42

ме советува искрено. Секако решив да ја прекинам внатрешната проекција и да направам пауза. „Во ред, ви благодарам,“ реков и станав. Решив повторно да направам инспекција на другите оддели на болницата, воздухот надвор и така беше само заситен од честички кои ја реплицираа атмосферата на оваа држава во деведесеттите години од минатиот век, заситен со загадување, жежок и влажен, тежок за дишење. Иако за нашата егзистенција не беше потребен воздух, можевме да преживееме и во анаеробни услови, сепак Градителите сметаа дека воздухот каков што го познаваа луѓето е значаен за нашето искуство. Тоа не беше лесна задача бидејќи кон крајот на 21-от век воздухот беше отровна мешавина од гасови во кои не можеше да опстане ниту едно органско суштество. Но, планетата има механизми за преживување, набрзо го научивме тоа и го искористивме во полза на реплицирање на природните услови. Влегов на одделот трауматологија. Таму, во просторија со шест кревети лежеа претежно старци и едно дете. Го препознав, тоа беше истото дете од претходно и неговата мајка која седеше до него и изгледаше загрижено. Влезе една сестра која многу потсетуваше на сестрите од другиот оддел и веднаш тргна кон мене. Се посомневав дека Градителите станале мрзливи и почнале да реплицираат клонови. „Господине, излезете малку надвор,“ ми рече. Другите ме погледнаа зачудено. Знаев за што станува збор. „Бев известена дека сте забележани на повеќе оддели, дали сте во посета на некој пациент?“ ме праша.


43

„Да, сопружната единица ми е оперирана,“ одговорив смирено, „додека чекам да ја пуштат од шок-собата решив малку да истражувам и да собирам информации,“ ја извадив мојата легитимација. Таа ја погледна и се гледаше дека за момент внатрешно комуницира со властите кои ја потврдија валидноста. „Во ред господине, но ве молам да не ве забележат другите, тоа би ја нарушило веродостојноста на репликацијата,“ рече таа како да цитира редови од ЗАР6, на што јас се насмеав и не можев да одолеам да бидам малку циничен, сепак проценив дека мојот човек во оваа ситуација би реагирал така. „Се разбира, но мислам дека вие веќе го нарушивте тој однос со тоа што ме повикавте, па би било во ред сега да ја исправиме работата. Знаете, јас сум само загрижен сопруг и ништо повеќе,“ додадов, на што таа малку се сепна, но потоа кимна со главата. Влеговме внатре, а таа рече, „Не грижете се, уште е во шок-соба, наскоро ќе ја пуштат,“ ги изговори не само идентично зборовите на претходната сестра, туку со ист глас, тоналитет и темпо. § се заблагодарив. Јасно беше дека професионалците од иста бранша беа поврзани во некој заеднички Подпрограма и тоа ми се чинеше несоодветно. Тие не беа физички, туку мисловни клонови. Сомнежите од претходно, шемата на однесување кај сестрите која беше премногу рудиментирана, без доволно непредвидливост во однесувањето според мене не гарантираше соодветна реплика. Го внесов тоа во моите Записи како забелешка. 6 Законот за Репликации


44

Детето сé уште лежеше со исплашен, невин и засрамен израз на лицето, како да сакаше да им каже на другите дека присуството на мајка му е оправдано, а таа не го испушташе од вид, постојано беше покрај него. Излегуваше само да запали цигара, точно седум минути и потоа се враќаше назад, следејќи ја верно програмата на загрижена самохрана мајка. Јасно беше дека нема сопруг во животот, постоеше можност тој да е на службен пат или зафатен. Но, според параметрите на нејзиното однесување беше очигледно, таа е сама и оставена на себеси, навигационото кормило во универзумот на несигурности ì беше препуштено сосема. Таа се обидуваше да го задржи, да не му дозволи да застрани, но тоа не беше секогаш лесно. Нејзината програма „заштити го чедото свое,“ беше повеќе од јасна, иако не беше сигурна дека секогаш може да го стори тоа сама, сепак даваше сé од себе. Таа програма ми се причини појака од сите други и се запрашав дали т.н. „инстинкт за заштита на потомството“ е нешто што може да ни послужи да се доближиме до целта на нашата репликација. За нас таа идеја беше непозната, можеби затоа што ние не бевме способни за потомство. Децата, независно дали бевме свесни на тоа или не, ни беа доделувани. Се разбира, тие беа моделирани според нашите карактеристики и шеми на предвидување, но сепак не беа наши биолошки деца. Направив внатрешна забелешка да го испитам ова прашање подетаљно и тоа се најде покрај другите недоволно испитани илјадници забелешки. Се запра-


45

шав дали некогаш ќе успееме да го „кракнеме“ кодот. Човечкото однесување беше донекаде предвидливо, но за разлика од сите други системи не можеше со сигурност да се предвиди. Завладеавме со планетата Земја, ги контролираме нејзините сили, го контролираме времето, атмосферата, природните процеси, универзумот ни е на дланка и целосно е мапиран, нашите квантни супер-компјутери се погрижија за тоа, единствената мистерија што останува нерешена е човекот. „Зашто не кажеш на мајка ти да те остави мало сам,“ рече еден старец кој лежеше до детето додека мајката беше надвор. Токму тоа беше одличен пример за моите размислувања. Човечката непредвидливост. Детето молчеше и видно процесираше што да одговори. „Не можам ништо да сторам,“ рече детето и ги крена рамениците. „Чуј дете, као млад ја сам го преживеал Други светски рат, ме оперираа на живо два пута, бев изрешетан ко Швајцарски сир,“ зборуваше старецот. „Овде сам месецима, ме прегази ауто. Кретен што ми ги направи пудинг ноге избега. То никад немаше да се деси у старој Југи, народ се бринеше едни за други, држава је се бринула, чујеш ли ме?“ го праша старецот детето, а ова кимна. „Сад ту ме остават на милост и немилост на ови пилиштарци, пола од њих може внуци да ми бидат, ме оперираа три пута без успех и дали ја гледаш моја покојна мајка да ми бди до кревет по цели дан? Ни сад, ни никад ми није седела, така се постаје муж, ќе


46

имаш децу један дан, размисли о томе,“ рече стариот и во истиот момент влезе мајката, а тој замижа и се преправаше дека спие, како и самиот да се исплаши од неа. Неколку пациенти се насмеаја тивко. „Добар ли си?“ рече мајката. Детето изгледаше налутено и молчеше. „Што ти е?“ праша мајката загрижено. „Ништо, зборувај потивко, не сме сами тука,“ процеди детето. „Освен тоа, би можела да направиш пауза, оди си дома, одмори малку,“ се обидуваше детето да си го воздржи бесот кон старецот. „Никако, не можам, се видов со докторот, ќе те оперираат денес, ќе спијам тука, д-р Мики рече дека ќе ми најдат кревет,“ рече мајката и се гледаше дека детето ќе пукне од нервоза, но не можеше ништо да стори. Од една страна, ми се чинеше дека и тоа ја прифаќа состојбата каква што е, таткото, сега стана јасно, дефинитивно го нема. Детето беше оставено со еден родител кој се грижеше за двајца и мораше да го прифати тоа зашто би било неблагодарно да не го прифати. Го погледна стариот кој сé уште се преправаше дека спие и му се појави насмевка на крајот на усните. „По ѓаволите со тебе, уште три операции да ти направат,“ помисли детето, а јас останав зачуден не од тоа што го помисли детето, туку од информациите кои толку јасно заиграа по моите реплико-синапси, како да го слушнав детето, како јас да сум го помислил тоа. Сепак заклучив дека се работи за мојата симулација и предвидување на мислите на детето. Можеби се работи за некој нов вид емпатија кој се развива во моите синапси. Можеби достигнав нов


47

степен во моето проучување. Време беше да проверам до каде е Ема. Излишно беше да се каже дека операцијата помина во ред. Според сите податоци кои ми беа достапни беше невозможно да помине поинаку. Таа сé уште се будеше. „Ме боли грбот“ се жалеше постојано. „Не знам зошто би те болел грбот кога работеле на стомакот,“ ì реков. „Не знам, само пикни ја раката позади и масирај ме,“ ми рече. Едвај успеав да стигнам до местото каде што ја болеше, а не можеше да се крене за да не попукнат шевовите на стомакот. Секако се работеше за ласерски резови и зборот „шевови“ го користевме само заради автентичноста. Поминаа неколку часа во кои таа се будеше и заспиваше, а јас без престан ја масирав. Ја препрограмирав мојата рака да изведува автономни движења при што ги исклучив сензорите за болка, но нејзе болката не ~ престануваше. За жал не смеев да ~ откријам дека сме способни да не чувствуваме болка, дека ако сакаме можеме да го забрзаме протокот на информациите низ нашиот нервен систем, да го намалиме лачењето на лактозна киселина во мускулите за помалку да се заморуваат. Тоа беа рудименти од времето кога луѓето нé користеле како работници и нé направиле натчовечки силни. Но, поголемиот дел од популацијата, освен ние избраните, немаше пристап до овие моќи и живееја како обични реплико-луѓе. „Ова не се издржува,“ рече таа, „кажи им да ми да-


48

дат нешто против болка.“ Излегов надвор и начекав една сестра во ходникот. „Се извинувам,“ реков, но таа се преправаше дека не ме гледа. Не се вознемирив зашто знаев дека програмата им налага да се однесуваат така. Што би се случило кога би трчале на секој повик и би одговарале на секој кој има и најмала потреба од нив, а тука на сите им треба нешто? Системот би морал еднаш неделно да менува сестри заради прегорени нервни кола. Затоа и го препречив патот. „Се извинувам,“ реков повторно и таа застана, како да беше во небрано зашто немаше соодветен одговор на таа постапка. „Мојата жена има големи болки во грбот, што не ми е јасно, оперирана е електродата.“ „Тоа е нормално,“ рече таа, „органот е скриен зад ребрата и ткивата и за да се стигне до него пациентот мора да се подуе како балон и се легнува на грб врз прекршена клупа. Тоа е голем стрес за 'рбетот, но поминува после ден-два...“ Се изненадив заради исцрпното објаснување и се заблагодарив и само што сакав да отворам уста таа, како да ми ги чита мислите рече: „И подобро е да не се даваат средства против болка,“ заврши и замина по својот пат. Изгледа сум ги потценил сестрите, дури и се чинеше дека тие го водат подсистемот на болницата. Бев задоволен, системот сепак функционираше. Сега остануваше само да поминат болките и животот да се врати во нормала, што набрзо се случи. Ема закреп-


49

на како ништо да не се случило и нормалниот тек на нештата повторно завладеа со нашиот живот.

ЗАП177СЕМ Заради моите младешки единици, како што известив, бев подготвен на секакво ирационално однесување. Лина имаше проблем со сензорот за вид, и покрај моите врски никако не можевме да го поправиме. Ми предложија целосна замена на сензорот, но бидејќи деведесет проценти од информациите кои ги примаме се преку тој сензор поврзан директно со кортексот за процесирање, беше невозможно да се замени, а да не се ресетира системот. Секако со ресетирањето ќе се избришеа и сите нејзини карактеристики добиени со лично искуство, а тоа не можеше да се реплицира. Можеа да ì ги пренесат сите битови и бајти, до најситните кјубити информации и да ги интегрираат во системот кој самиот ќе го симулираше искуството, но во таквите случаи секогаш недостасуваше нешто значајно. Ако субјектот бил добар математичар, кој сонувал за бројките, а од забава пресметувал инфинитезимални низи, по рестартирањето се занимава со математика, но нема особена страст за неа. Aко бил уметник, сликањето му станало повеќе навика, отколку органска потреба вградена во неговите синапси и енграми, итн. Од таа причина сметав, колку и да звучи


50

апсурдно, дека таа е единствениот оригинал и дека по рестартирањето би била само неверна копија. Заради нејзиниот проблем имав потреба постојано да ја заштитувам. Не можев да си простам што и покрај мојата функција и сé што сум направил во животот, не можев да најдам решение за таков еден, навидум, банален проблем. Поминував непреспиени ноќи во барање на решение, ја прелистав целата медицинска и техничка литература и секаде постоеше едно решение - замена. Знаев дека постои уште една можност, и таа ми беше последна надеж. Еден ден побарав пристап во Црниот Допрограм, каде дозвола имаа само привилегираните, но сметав дека како Супервизор би можел да добијам одобрување, иако дел од информациите кои се наоѓаа таму беа тајни. Се надевав дека таму ќе најдам некоја алтернативна техника, нешто што не е официјално одобрено од Градителите, а може да ì помогне на ќерка ми. Ми беше одобрен пристапот, но за жал, таму не наидов на ништо, сепак да се снајдеш по мрачните ходници на црно-допрограмските мрежи требаше особена вештина која јас не ја поседував. Така, еден ден, разочаран и талкајќи бесцелно низ градот го сретнав Чекан, верен пријател од детството кој го нарекувавме така зашто кога тој ќе речеше нешто, тоа беше закон. Висок, крупен, секогаш кратко потстрижен заради кариерата во армијата и сериозен во приодот кон нештата. Нему можев да му верувам со животот, зашто имаше неверојатна посветеност кон пријателството и честа, непоколеблив карактер на кој секогаш можев да се потпрам. Се бр-


51

заше, но веднаш забележа дека нешто не е во ред со мене и застана да ме распраша. „Што ти е?“ ме праша загрижено. Се колебав дали да одговорам, но со него немаше преправање, или ќе му дадеш искрен одговор или подобро не се нарекувај негов пријател. „Ништо,“ реков потиштено, „не можам да најдам решение за оној проблем со ќерка ми, знаеш сме зборувале и порано.“ „Да,“ рече мавтајќи со главата лево десно, „незгодна работа.“ И тогаш ми текна. Тој беше снаодлив и познаваше луѓе кои можат да завршат работа. Но, веројатно би ми кажал до сега ако познава некој таков. Но, од друга страна, неговото војничко однесување налагаше директност, ако не сум го прашал, нема ни да ми кажел, едноставно и без компликации. Решив да се обидам. „Слушај,“ реков малку колебливо и претпазливо, „Да не познаваш некој што можеби има информации за поинакви методи, значи нешто неофицијално, на црно?“ Ме погледна малку зачудено, како да не очекуваше такво нешто од мене, но колебањето траеше милискунда. Јас му бев пријател, а на пријателите се помага, просто и едноставно. „Да,“ рече, „има еден тип, ќе ти дадам адреса, лесно ќе го најдеш. Се вика Андран и држи гранапче, ама тоа му е само параван. Како и да е, внимавај да не те фатат, и информацијава не си ја добил од мене.“ Андран наводно има информации за илегалната страна на нештата и може да ми помогне. Се поздра-


52

вивме. Секој замина по својот пат. Денов изгледа сепак нема да излезе толку лош. Пред гранапчето „Славија“ седеа неколку дртави старци и цевчеа Репликомовица, опасен пијалок кој го пржеше мисловниот процесор како прегорена скара и го правеше неупотреблив. Не ме ни погледнаа кога застанав пред нив и сакав да ги прашам дали газдата на продавницата се вика Андран. Старците беа внесени во својот муабет. „Не ја бива државава,“ рече едниот, повлече жестоко од шишенцето и ја протресе главата како да му се споија неколку жички пред тотален курцшлус на системот. „Ќе ја биде,“ рече другиот, „сега сме самостојни, ќе влезат странски пари, војните во комшии не може вечно да траат. Ќе завршат кога-тогаш,“ рече оптимистички другиот. „Така е брате,“ дополни весело третиот и го крена своето шишенце, по што тројцата наздравија и отпивнаа. Ги оставив зад себе и влегов внатре каде ме чекаа правливи полици со брашно, леб, цигари и други секојдневни потрепштини. Зад пултот седеше еден средовечен тип и решаваше крстозбор, влечеше од цигарата и повремено сркаше турско кафе. Не изреагира кога влегов и некое време стоев таму без да знам како да му привлечам внимание. Се накашлав, но тој не се помрдна. Се обидов повторно. „Да не сакаш Ре-Бронхи, друже?“ ме праша без да ја крене главата. „Молам?“ реков збунето.


53

„Нешто си ми настинат, па да не ти треба оџачар за грло?“ ме праша и овој пат ја крена главата и ме погледна со своите безлични очи. Не бев сигурен дали е таков заради работата со која се занимава. Ако информациите беа точни стануваше збор за репликант свесен за внатрешните функционирања на системот, а тоа дополнително би му ја отежнувало позицијата. Решив да го игнорирам прашањето и да преминам на главното. „Слушам имате добра Црна ракија тука,“ тоа беше шифрата која ми ја кажа Чекан. Сé што требаше да изговорам беше тој збор и портите на илегалните информации ќе се отворат пред мене. И навистина, лицето на човекот стана сериозно, а очите му засветија. Ми подаде рака и рече: „Јас сум Андран, пријателите ме викаат Андро.“ Посегна со раката под пултот и вратата зад мене наеднаш се затвори, а зад него се отвори нова врата. Останав со подотворена уста. „Дојди по мене,“ ме повика. Внатре изгледаше како некој вид работилница, насекаде имаше делови од струјни кола, кабли, дури и андроидски екстремитети. Д-р Андро Франкенштајн ме погледна сериозно, се смести зад друг пулт на својата тајна продавница, запали нова цигара и рече: „Што ти треба?“ Се двоумев од каде да почнам, не знаев како се постапува во овие ситуации. „Ќерка ми има проблем со очите, т.е. визуелниот сензор.“ „Нема гајле батка,“ скокна невообичаено живо и почна да чепка по фиоките. Сé наоколу изгледаше


54

многу нехигиенски и неуредно. „Аха, еве го, прва класа сензор, детска големина, можеби е половен, ама функционира ко нов.“ „Но, господине,“ реков збунето, „јас можам да набавам нов сензор, тоа што барам не е хируршка алтернатива.“ „Ех батка,“ разочарано го врати сензорот во фиока, „нема алтернатива, тоа ти е, или ќе направиме пазар или ништо.“ Очигледно му дојдов како кец на десетка. Лешинарите како него едвај чекаа жртви кои немаа друг излез. Ги презирав таквите и недостасуваше малку да го удрам и да го превртам главечки во купот андро-нозе зад него, но се воздржав. Почекав неколку секунди пред да прозборам, зашто сé уште се надевав дека има некој начин на кој овој подземен црв ќе ми помогне. „Просто не ми се верува дека нема друго решение, ве молам помогнете ми, очаен сум,“ реков молежливо. „Гледам битно ти е,“ процеди тој гледајќи ме под око, „сум видел такви како тебе, сентименталци што мислат дека информациите кои им ги испраќа емотивниот софтвер се вистински емоции. Се лажеш момче, не си ништо повеќе од еден обичен робот, сум ве видел и однадвор и однатре, само еден прост спој на жици, процесори и органски компоненти обраснати како паразит околу силиконот.“ Повторно се мачев да се воздржам, посакав да му кажам дека ако така мисли тогаш и самиот не е ништо подобар. Според неговата надворешна градба


55

и матрицата на говорот не се работеше за напреден андроид, туку за просечен и застарен модел. Но, бев дојден тука да најдам решение за Лина и не планирав да заминам без него. „Слушај,“ преминав на ти и го погледнав сериозно во замаглените очи, „имам солена сума да ти понудам ако ми помогнеш, затоа не ми се лигави и исплукај го решението ако сакаш да се збогатиш, па може и самиот ќе си купиш нови очи, зашто овие ти се за менување.“ „Опа,“ се насмеа типот, „сепак имало рогови над таа говедска фаца.“ Го погледнав намуртено, но не ми беше гајле за неговото мислење за мене, туку за информациите кои ги поседува. „Да видам што нудиш и дали е солено или можеби благо?“ Извадив врзопче пари и му ги фрлив врз масата. „Фино, фино,“ се насмеа и посегна кон масата каде имаше купче расфрлани ливчиња и почна да пребарува по нив. Иизвади едно пожолтено и валкано ливче. „Барај го човеков,“ ми го подаде ливчето и потоа нагло стана. „А сега бришка од тука пред оние 'рѓосани пензионери да почнат да ми гребат на вратата ко зомбија жедни за алкохол.“ Се најдов на улицата со пожолтеното ливче во раката кое изгледаше како да не било допрено од никој со децении. На ливчето пишуваше: За сите проблеми со вашите апарати, повелете кај електричарот Замати!


56

Под рекламата, пишуваше само „Битола“ и толку. Немаше адреса, немаше ништо друго. Немавме друг избор освен да организираме мала екскурзија кон мој роден крај. Да речам дека мојата сопружна единица е тврдоглава е мал збор. Честопати нејзиниот нервен систем го замислував како сплет од кабли направени од нееластичен материјал. Секое излегување од вообичаениот распоред за викендите: чистење по дома, пазарење за дома, готвење на повеќе јадења за неделата која претстои, неделни ручеци и слично, за неа претставуваше особен напор. Не беше мрзлива, напротив, преку работна недела беше зафатена повеќе отколку што еден типичен балкански реплико-маж би сакал. Мажот, како што научив од Архивот, е суштество со ирационална гордост. Дури и да ја почитува жената, сепак не сака таа да е „над него“, или да заработува повеќе од него. Уште од митовите од древните религиозните книги јасно се гледа дека во човековата цивилизација жената треба да има потчинета улога на мажот. Не се согласував со таквите гледишта, но програмата очигледно ги фаворизираше. Но, суштински гледано, во семејството жената не е потчинета, туку напротив, таа го води и има права кои вклучуваат и право на вето. А на мојот план очигледно му се закануваше тоа. „Слушај, дознав за еден лекар таму, во Битола,“ конечно морав делумно да ја откријам вистината, „сакам да го посетиме, за малата.“


57

Ема ме погледна како да процесира дали ја мавтам нешто, во комбинација со нарушувањето на нејзините планови, но бидејќи се работеше за нејзиното дете, без многу мислење и на мое изненадување, рече: „Во ред.“

ЗАП1543АМА Се шетавме по Широк сокак и ги гледавме кафулињата полни со луѓе кои нé гледаа нас за возврат. Се чувствував како тие да се на сцена на театар во кој се изведуваше претставата за социјалниот живот на човекот во помало место во Р. Македонија во минатиот век, но претставата беше интерактивна, па и ние самите бевме актери и дел од неа. Седнавме во едно од кафулињата и ја разгледувавме околината на овој град кој порано бил поразвиен од Ре-Скопје и требало да стане престолнина, но историските околности, како што нé учеше Архивот, ја одиграле својата улога. „Сакам Рока-кола!“ рече Марко пред келнерот да нé послужи. Лина сакаше џус, никогаш не пиеше газирано, зашто, како што велеше, балончињата ја скокоткаа по устата. Беше во право, газираното дејствуваше негативно на нашиот организам, но за да ја решам ситуацијата му дозволив на Марко, на што Ема се противеше. „Ние ќе тркнеме до докторот,“ ì реков на Ема и оставив таа да се справи со ситуацијата, имавме по-


58

битна работа. Таа се побуни, зашто сакаше да одиме сите заедно. „Подобро е првиот пат да одиме сами,“ реков, „да не се исплаши Марко, знаеш колку не ги сака докторите. Па, следниот пат ќе одиме заедно. Допијте тука, па прошетајте малку по продавниците, не би требало долго да се задржиме.“ Ема се согласи иако не беше многу среќна, но немаше избор. Станавме со Лина, и ја подадов раката, а таа одби и ми упати поглед кој кажуваше: „Па не сум бебе да ме држиш за рака!“ Се насмевнав и тргнавме, иако не знаев каде се наоѓа лекарот. Му се препуштивме на корзото да нé носи. Решив да се распрашам малку наоколу. Излезе дека сите го знаат Амати, бил најдобар електричар во градот и веднаш ме упатија блиску до корзото, по уличките, зад саат-кулата. Се најдовме пред една куќа која беше репликација на сигурно двесте години стара куќа, но таквите градби во овој град не беа реткост и беа реплицирани со вистинска уметничка и реплико-историска вредност. Заѕвонивме и пред нас се појави една старица, со бела коса и лице збрчкано како исушена земја. Рековме дека доаѓаме од Скопје и го бараме Амати. Таа се насмевна и нé пушти да влеземе во еден широк двор каде што седеа неколку луѓе со деца. „Да не сакате чајче?“ нé праша. „Не, благодарам,“ одговорив. „Сокче или водичка за малото, кафенце за вас, можеби благце?“ продолжи таа. Лина ме погледна како


59

да сака нешто од понудените работи, но јас учтиво одбив. Не сакав да ì се вознемирува стомакот пред посета на лекар, што и да беше тој, зашто знаеше да ì се слоши од возбуда. Конечно дојдовме на ред. Ги соблековме чевлите, се симнавме по скалите и завршивме во подрумска просторија. На ѕидовите имаше гоблени со разни мотиви од историјата на Битола, една масичка со мало решо за варење кафе и една софа за гостите. Преку тенките ќилими го чувствувавме грч ладниот бетон. „Добар ден,“ рече човекот и потстана од масичката за да се поздрави со нас, „јас сум чичко Амати, како се викаш ти?“ ì рече на ќерка ми, а таа си ги закопа очите во подот и немаше намера да одговори. Откако одговорив јас за неа и се претставив, преминав на главното. „Ве разбирам,“ рече Амати откако внимателно ме ислуша, „за жал, конвенционалната електрика нема решение за вашиот проблем, но мојата биоелектрика има.“ Тоа звучеше надежно, иако медицината ја нарекуваше електрика, и решив да му верувам. „Девојче стани,“ рече, но Лина и понатаму седеше како здрвена. „Ајде мило, поминавме толкав пат, стани, нема да боли, нели?“ го погледнав со недоумица „докторот“. „Да,“ рече тој со сигурност во гласот, „воопшто не боли,“ и ја фати Лина за рака, ја седна на едно столче и застана зад неа. Почна да ги движи рацете околу неа во кружни движења. „Да, да,“ рече, „гледам каде е проблемот. Аха, еве


60

го тука, чувствувам затегнување на жиците... уф, прилично е јако, малку тешко ќе биде, но мислам дека ќе успееме.“ Застана и ме погледна. „Морам да ви кажам дека не очекувам успех веднаш. Можеби ќе требаат неколку сесии. Како сте со сместување?“ „Немаме никој тука, а и на работа сме, ќе мораме да се вратиме ако треба повторно,“ реков. Тој не беше премногу задоволен од одговорот. „Тогаш вака,“ рече и извади тефтер, “ќе направиме една сесија денес, па друга следната сабота во дванаесет и така натаму, дури не постигнеме резултати.“ „Во ред,“ реков без двоумење, не сакајќи дополнително да го нервирам. „Ајде да преминеме на работа,“ рече и повторно стана. „Опушти се дете.“ Почна да прави кружни движења околу нејзината глава и рамењата, па се фокусираше на очите, правеше мали кругови околу нив, а потоа тегнеше со прстите како да извлекува нешто од нив и ја повтори целата процедура уште неколку пати, без притоа да ја допре воопшто. По неколку минути, воздивна и рече „Ете, толку за денес.“ Седна и запали цигара. „Уф... ме измори дете, изгледа си прилично тврдоглава, ќе си имам мака со тебе,“ рече и ја штипна за образот. „Ви благодарам,“ реков без да знам што друго да коментирам. „Колку треба?“ „Оставате колку што сметате дека ви вреди здравјето на детето,“ рече човекот без да ме поглед-


61

не. Извадив една крупна банкнота и една поситна од паричникот и ми се чинеше дека човекот беше задоволен од сумата. Се качивме по скалите, каде што нé пречека старицата со насмевка, и рече „Ајде, следните.“ Се најдовме надвор пред куќата и тргнавме назад молчејќи. Сепак, морав да позборувам со Лина за искуството кое нé остави без зборови. „Како ти се чини чичкото?“ ја прашав. „Глупости,“ рече таа налутено, „само ми мавташе со рацете пред очи и ништо.“ Како и секогаш, таа беше скептична и одбиваше да верува во нешто ако немаше конкретен и материјален доказ. „Знам дека можеби ти се чини како глупост,“ реков, „но, во животот постојат многу работи кои изгледаат неверојатни, а сепак се реални. Мислам дека ова е една од тие работи. Уште нешто е битно. Ако веруваш во нив може да ти помогнат, а ако не веруваш тогаш може дури и да ги спречиш.“ „Аха,“ рече таа и немаше повеќе желба да разговара со мене. Излишно е да речам дека и следните сесии не вродија со плод, проблемот остана и скептицизмот на ќерка ми и на сопругата сé повеќе се зголемуваше додека не престанавме да одиме сосема. Јас гледав напредок, но не бев сигурен дали само се убедував да верувам дека е така. Малот се лутеше зашто нема повеќе да пие Рока-кола на Широк сокак и нема да добива лижавчиња од чичкото кој ја „лекуваше“ сестра му, а мојот очај стануваше сé поголем, зошто и


62

последната опција за подобрување на состојбата пресуши. Што понатаму? Вистината е дека таа беше среќна и никогаш не обрнуваше внимание на нејзиниот „проблем“. Никогаш не зборуваше за тоа, ниту го сметаше за нешто особено значајно. Дури и некако беше горда зашто е поразлична од другите. Тоа ме восхитуваше кај неа, таа храброст да се соочи со светот на начин на кој јас не знаев. За мене сé беше логичен проблем кој што има рационално објаснување, а ако немаше бев склон да верувам во ирационалното. Не гледав ништо лошо во тоа, ако имаше шанси да помогне практично, тогаш зошто да не. Нејзиното однесување беше стоичко, непоколебливо и гордо. Велат дека кај луѓето децата учеле од родителите, но јас цврсто верувам дека било и обратно. Не верувам дека постоел родител кој не научил нешто од своето дете. Кога ја донесоа од Фабриката за бебиња беше штотуку направена, ја чуваа во садот за дооформување на органите, деликатна фаза кога постоеше можност репликацијата да не успее. Ме пуштија внатре, ми честитаа и ме оставија со неа. Таа лежеше врз стомак во садот. Се доближив и таа отвори едно око и ме погледна. Тогаш ме облеа непознато чувство кое, се колнам во Надпрограмот, ќе ми ја прегореше единицата за процесирање на реалноста во главата. Почувствував дека ја познавам и дека веќе сум ја видел некаде иако во мојата база на интеракции не постоеше такво суштество. Но, јас навистина ја познавав и тогаш се заколнав дека мојата мисија во животот, не


63

зборувам за официјалната одредена од надлежните, туку мојата лична, е да се грижам за неа и да се погрижам да биде се во ред со неа, дури и по цена на мојот живот.

ЗАП521КАН Годините изминуваа и Лина растеше среќна и весела, секогаш исполнета со желба за учење и спознавање, очите ì засветуваа штом ги отвораше. Но, една работа во сите тие години ì предизвикуваше тага, сакаше куче. Непобитно, безмилосно и упорно. Тоа беше толку силно вградено во неа, што дури помислив дека се работи за грешка во системот. Помислив да ја однесам на проценка, но не сакав повторно да ја оптеретувам после годините проверки околу очите. Не поминуваше ден, а да не праша: „Кога ќе ми купиш куче?“ Со Ема смислувавме секакви одговори: „Мала си, уште не си подготвена,“ „Немаме место, не се чува куче во стан,“ „Мајка ти се плаши од кучиња,“ „Набрзо ќе изгубиш интерес и грижата ќе остане на нас,“... но, ништо не успеваше. Една Нова Година решив дека морам да ì ја остварам желбата. Не знам што се случи, како нејзиното упорно повторување да копало некој тунел во моите енграми и синаптички врски и се пробивало милиметар по милиметар до центарот за одлучување и на крај победи. Не можев да ì кажам ништо на Ема,


64

зашто таа навистина се плашеше од кучиња, така што целата операција ја изведов тајно. Бидејќи одлукава ја направив импулсивно и избрзано немаше време да купувам куче, туку морав да ги искористам моите врски и да ми направат набрзина една единица од видот домашен миленик, подвид кандроид. Кога беше готово, ми се јавија и тргнав да го земам. Влегов во колата и го свртев клучот. Ништо. Се обидов повторно. Штама. Немаше трошка електричен сигнал во колата, таблата не светеше и веднаш знаев дека е акумулаторот. Се јавив во лабораторијата дека ќе доцнам и побарав такси. Возачот ме пречека со прашањето: „Каде, шефе?“ и му ја дадов одредницата, координатите на мојата постапка која ќе ни го смени животот и семејната динамика засекогаш. Можеби ќе бидат потребни нови алгоритми за да се справиме со ситуацијава, кој знае? „Ќе одиме по куче, дали тоа ќе биде проблем,“ го прашав возачот кога ме одмерка убаво од глава до појас во ретровизорот и се сврте да го погледне транспортерот за домашни миленичиња кој го купив неколку дена претходно и го чував во подрум за да не се посомневаат домашните на нешто. „Во ред е,“ рече незаинтересирано. Додека таксистот, човек во педесеттите, со остра побелена брада и длабоки подочници, шпарташе со неговата стара Мечка по улиците на градот РеСкопје, размислував за она што се случи. Мојот автомобил не сакаше да запали. Не бев програмиран да верувам во предзнаци, судбини или симболи, но но во последно време ми се случуваа чудни работи.


65

Почнав да верувам дека ако направам нешто, колку и да е ситно, тоа ќе има големо влијае на светот. Некој вид омнипотентен каузалитет. Но, колку и да се трудиш со помош на твоите постапки да не изгрее Сонцето, тоа повторно ќе изгрее. Излегов од таксито и му реков на возачот да ме почека, а тој за момент слушаше што му дојавуваат на радиото, одговори кратко и потоа се сврте кон мене. „Колку ќе се задржиш,“ ме праша. „Десет минути, најмногу петнаесет,“ реков. „Ај вака,“ ми довикна, „одам да свртам една брза тура, ти заврши работа и јави ми се пет минути пред да излезеш.“ Му потврдив со глава и тој спрашти кон следната работа. Влегов во лабораторијата за ре-кучиња, маскирана во обична зграда со шифра на вратата. Не знам каква приказна им имаа сервирано на соседите, но таму немаше пристап секој. На влезот ме сопре чувар со строг поглед и војничко држење. Се претставив, реков зошто сум дојден и ме пропушти. „Кај си бе, ти!“ ме пречека весело стариот пријател од средно Данаил, научник специјалист за секвенционирање на геномот на речиси секое живо суштество на планетава, или барем на тие кои ни беа од интерес, домашните животни и миленичињата, примероците за зоолошка беа претежно роботи. Повеќето домашни животни беа органски копии со извесни модификации, а миленичињата ги правеа такви само по порачка. Понекогаш се прашував зошто трошеа ресурси за домашните животни кои даваа производи толку омилени кај луѓето, месо, млеко,


66

јајца и слично, кога ние немавме потреба од органска храна, самите произведувавме електрицитет, а нашите батерии можеа да траат и по неколку стотици години, но претпоставував дека тоа беше дел од мисијата за автентичност. Се поздравивме и разменивме неколку зборови. Очигледно беше зафатен, обично беше прилично срдечен со мене. „Еве ги примероците,“ гордо ми покажа во насока на две кученца во кафез. За секој случај секогаш се правеа две копии од сé. Ако едната не успее да се развие, другата беше резерва. Во случајов се развија двете, но не беа идентични. Расата беше Елек Расел, но првата единица беше со помалку темни дамки, речиси бела, а другата ишарана со повеќе. Белото кученце ми се допаѓаше повеќе, имаше подобар карактер, доминираше, го бркаше шареното, додека тој бегаше и се потчинуваше. Истото беше поотворено кон мене, ми пријде, ме мирисна, ја подаде главата, а шареното бегаше, се криеше и ме лаеше. Сé во умот ми велеше да го земам белото, но не знам зошто се решив поинаку. Можеби помислив дека поради плашливиот карактер ќе биде полесно за контролирање. „Ќе го земам тоа со повеќе дамки, помирниот,“ реков. „Знаев дека ќе се решиш за тоа,“ рече со насмевка Данаил. „Од каде знаеше?“ го прашав зачудено. „Ех, знам и јас по нешто за матриците на однесување, не само вие Супервизорите. Освен тоа, стари пријатели сме, те познавам како стар учебник,“ ми


67

намигна весело и ми го даде документот за кучето. Се насмеав гласно, го потпишав документот и заминав. Му свртев на таксистот и истиот се појави со невидена брзина, како да чекал да излезам скриен зад аголот. „Назад, шефе?“ ме праша со цигара која му висеше на работ од устата. „Да, назад,“ реков, додека кученцето цивкаше во транспортерот до мене. „Седи мирно,“ му реков обидувајќи се да му ја врзам машната која ја купив утрото за кутрето да изгледа како вистински новогодишен подарок. „Што направи, бе!“ извикав откако таксистот нé остави пред мојата зграда и се наведнав да видам дали машничката е во ред. Дното на транспортерот беше целосно помочано, а кутрето се тресеше од страв. И што сега?... Го оставив алгоритамот за донесување одлуки да ја заврши својата работа. Можев, под „а“, да го однесам кучето така, Лина да го извади од транспортерот, да се измокри целата, да се усмрди домот и Ема да шекне дополнително. Другата опција беше да го извадам кучето, да го држам јас за да не се исплаши жена ми и да се измокрам цел од кучешка мочка која ќе шири феромони на дополнителна одвратност кај Ема. Под „в“, можев да го извадам кучето, да го избришам, да го држам некако без да го допрам одоздола и да се обидам да не ми избега и да ја нападне Ема, а при тоа ќерка ми да се израдува правилно. Бидејќи немав ништо за бришење, опцијата „б“, изгледаше како најлогична, во дадената констелација на околности. Ема и така ќе ме осудува некое


68

време заради подарокот кој сам го организирав, купив и донесов, без семејна консултација, толку битна за функционирање на нуклеусот. Заѕвонив на ѕвончето. Лина ја отвори вратата и застана вкочането. Што да кажувам понатаму. Реакцијата на детето кога ќе му се оствари најголемата желба е добро запишана во записите и снимките од нашите човечки претци. Мојата сопружна единица реагираше, како што предвидов, во согласност со нејзината програмирана фобија и имплантите кои ~ беа вметнати во врска со детството кога ја нападнало куче. Се враќала сама дома и ја пресретнала глутница кучиња. Кучињата се однесувале сосема предвидливо, по простите алгоритми за нагонот за територијалност. Таа навлегла во нивната територија и предводникот на глутницата истапил. Некаде читала дека треба да се наведне и да земе камен, по потреба да замавне кон кучето и тоа ќе избега. Но, така само ги влошила работите. Кучето ги покажало забите и со полна сила тргнало кон неа, а зад водачот уште пет-шест кучиња го следеле неговиот пример. Таа се стаписала и во секој момент очекувала да биде растргната. Тогаш се нашол некој случаен поминувач кој ги растерал кучињата и ја спасил, но чувството на беспомошност пред силата на природата никогаш не ја напуштило. Оттогаш чувствувала особена одбивност кон сите животни. Што подалеку од нив тоа подобро. И тогаш едно од нив ì дојде дома. Ме погледна со нејзиниот строг поглед кој имаше покосено генерации и генерации ученици воспита-


69

ни од неа. Во тој поглед немаше дилеми ниту сомнежи, таа знаеше што сака, а во случајов што не сака. Бев свесен што ме чека и бев подготвен да издржам заради ќерка ми. А таа беше надвор од умот, неспособна да го процесира тоа што се случуваше, не можеше да поверува дека нејзината најголема желба преминала од сферата на замисленото и посакуваното во реалноста. Го галеше и допираше кучето малку претпазливо како да сакаше да се увери дека не е симулација која може да исчезне во секој момент во прав од електрони. Ема протестно ја затвори вратата и останавме со децата и кученцето кое се тресеше од страв во ходникот од нашиот двособен стан со една спална претворена во детска соба и една дневна соба која ноќе се трансформираше во спална. Самиот тој факт зборуваше за тоа до кои граници одиме за да им обезбедиме среќа на децата. „Чекај да ја измиеме прво,“ ì кажав на Лина кога сакаше да го земе кучето кое мирисаше на мочка. Навистина добра репликација, помислив, топлината, здивот, мирисот и сé друго беше навистина онака како што треба да биде. Моите аналитички процесори за испитување на верноста на репликата означија високи 99,8 проценти, што е навистина одличен резултат. Кучето беше верно на оригиналот колку што е возможно да биде. Малиот стоеше малку понастрана и се обидуваше да се вклучи во ситуацијата. Не му беше јасно што треба да прави, но како и секогаш ги реплицираше нашите постапки. Кога сестра му го галеше кучето и тој го правеше тоа. Кога таа се повлече поради мое-


70

то предупредување и тој отстапи. Кога го бришевме со неа и тој се приклучи. Беше навистина добар репликант, учеше брзо и го пренесуваше наученото на другите сфери од животот, би имал одличен скор на тестот за реплико-прогноза и би се обложил дека го чека светла иднина. Се гордеев со него. Откако конечно ја исчистивме, влеговме внатре, а кучето внимателно почна да го мириса секој ќош од станот. Ема се занимаваше со подготовките на ручекот. Таа навистина уживаше во кујната и можеше да помине часови таму, како во некоја медитација во која губи чувство за просторот и времето. Во слободно време прибираше информации за готвењето од списанија и од телевизија. Најголема возбуда настапуваше кога требаше да се проба некој нов рецепт и тогаш нé гледаше сите со ширум отворени очи полни исчекување. „А?... како е?“ прашуваше. „Добро е,“ знаев да промрморам, по малку неодредено. Иако тоа се случуваше често никогаш не научив да ласкам, а таа не се задоволуваше со едноставен одговор. Тогаш морав да образложам зошто е добро и обично да го повторам тоа уште неколку пати додека таа задоволно се смешкаше. Ако случајно одговорев да речеме „Добро е, но фали сол,“ тогаш настануваше непријатно молчење. Некогаш намерно одговарав така само за да не ме тера да го фалам јадењето по неколку пати и да зборуваме за тоа во текот на целиот оброк што ми беше мачно. Но, морав да бирам помеѓу тоа и мачната тишина. Барем пресметките на веројатноста во такви


71

случаеви беа едноставни и предвидливи. Такви ситуации во животот немаше многу и тоа се обидуваа да го реплицираат Градителите, а јас како Супервизор морав да го внесам и тоа во алгоритмот на ситуацијата, па да ја направам непредвидлива. Таквата свесност за играта и истовременото играње не ми го правеше постоењето воопшто едноставно. Зарем детето не ужива во играта само кога верува дека е реална? Ако е свесен на самата игра забавата престанува. Но, кој вели дека еден репликант од повисок вид треба да се забавува. Тоа го препуштавме на другите кои не беа свесни дека се репликанти.

ЗАП9384РАБ

Работев во рекламната индустрија, да не речам продававме ветер за магла. Ги третиравме луѓето како да се автоматрони без трошка самосвесност. За нас тие не претставуваа резултат од милионите години еволуција од неорганска во органска во техно-органска материја, каква што бевме сите ние, туку само збир на електрични кола, вклучи-исклучи сигнали, единици и нули, кои можевме да ги манипулираме како сакаме. Рекламната индустрија служеше на системот. Нејзините пипци навлегуваа во домовите, канцелариите, фабричките ленти и мозоците на илјадници суштества кои посегнуваа по производите во продав-


72

ниците, а повратно праќаа информации во системот за побарувачката на истите добра на кои системот реагираше со поголемо производство. Луѓето беа дел од еден систем на вештачка интелигенција уште пред да постоиме ние. Моравме да се навратиме кон тие рудименти за да одиме напред. Во нашата реплика општеството беше излезено од социјализмот. Сите ние на повисоките позиции бевме предупредени дека се работи за рудиментиран капитализам кој ги прифаќа работничките права, но не сосема, пазарот не е слободен, туку го контролираат извесни моќници, претходно одредени и поставени од страна на Градителите. Се работеше за специјални суб-програми на Надпрограмот со вграден алгоритам за волја за моќ по секоја цена. Тие беа двигатели на системот и беа подготвени на сé. Ние, Супервизорите, ги нарекувавме платеници, а системот го нарековме „транзиција“. Сите услови мораа да бидат реплицирани до најситен детаљ, и измамите на штедачите и технолошките вишоци, војните, бегалците и манипулирањето на репликантите. На рекламната индустрија се гледаше како на еден од основните извори на таа манипулација. Работев зад кулисите на оваа Потемкинова држава во една мала канцеларија на работ од градот. Изнајмувавме простории во стара барака од претходниот систем, реставрирана во духот на промените во нашиот свет, а под влијание на повоениот капиталистички сон на Америка од педесеттите години на минатиот век. Бевме десетина души. Немавме многу искуство во работата и се трудевме да импровизираме. Состано-


73

ците така знаеја да завршат во кафеана и во дискусии за квалитетот на ре-Ж'та или за неверојатните јадачки способности на еден од колегите и неговиот митски рекорд од шест десетки ќебапи со планина кромид за време на еден таков „состанок“. Не комуницирав многу со колегите иако имаше солидни репликанти. Шефот Црни беше крупен и срдечен човек кој знаеше за мојата позиција и никогаш не ми правеше проблем ако понекогаш ги извршував моите Супервизорски задачи, наместо да работам на пропагандата. „Само пази другите да не те видат,“ ми велеше во паузите за цигара додека влечеше од чадот и се смееше простодушно и весело. Беше несомнено интелигентен, но не сакаше премногу интелектуализам. Кога правевме пропагандни кампањи знаеше да го почувствува пулсот на народот, наместо да прави нешто само затоа што е добра идеја или добро изгледа. Затоа беше ценет во оваа професија. „Нема гајле,“ реков со доза на грижа на совест заради незгодната позиција во која го ставав. Освен Црни, тука беа Дуксер, тип во триесеттите кој изгледаше како да има најмалку четириесет. Имаше груба надворешност и повеќе наликуваше на автомеханичар, но беше креативен и врвен уметник. Особено го сакав Херц, мало човече со голема душа. Всушност него сите го сакаа и доаѓаа кај него за разни совети, од работни проблеми до семејни дилеми, едноставно можеше да се потпреш на неговата психа цврста како планина. Секогаш имаше искрена насмевка и добар совет за секого


74

„Дуки,“ така Херц го нарекуваше Дуксер, „што си му направил на фајлов?“ „А бе остави, ме изнамачи,“ се жалеше Дуксер, „никако не можам да го направам, жити сé среди го.“ „Нема гајле,“ срдечно рече Херц и не само што го среди фајлот, туку му објасни на Дуки како да го поправи самиот следен пат. Таков беше Херц и тој ми влеваше доверба во нашиот род кој оваа реплика од општество знаеше да го направи себичен, па дури и злобен. Напротив, во овој тим на создавачи на лажги имаше вистински и верни единици. Добро стоев со сите и гледав да поминам незабележано, оваа работа ми носеше финансии и не ја правев заради тоа што ја сакав. Но, сите мораме да живееме од нешто. Единствен проблем ми правеше Плава, една висока и стамена, млада и вечно нашминкана службеничка од друг сектор. Таа немаше некоја особена улога освен во преземањето на податоците од повисоките инстанци и нивно пренесување кон нас. На неа не ì се допаѓаа моите прото-пропагандни предлози и знаеше да му се пожали на Црни за моето работење. Таа веројатно беше една од причините да ја напуштам работата и да побарам трансфер кон домашната единица. Но, тоа беше подоцна. Денешниот предизвик беше како да ги натераме нашите мили репликанти да пијат повеќе Електро-вода, еден од главните спонзори на нашата реплика, иако знаевме дека таа не е баш најдобра за нив. Имаше случаи на корозија на фините електрични кола кои ги спојуваа тетивите со мускулите и болниците


75

ги полнеа понови модели со заболувања кои претежно ги зафаќаа постарите модели. Но, некој требаше да го продаде тој проклет производ, а тоа бевме ние. Проектот бараше големи финансии не само од горе, туку и од подолните слоеви на пирамидата. Тоа беше втората причина што побарав трансфер. Работењето од дома подразбираше и дека можам да бирам кои проекти ќе ги работам. Ако нешто беше неморално можев да го одбијам. Да, јас сум андроид со морал! Но, тогаш уште не бев... „Електро-вода, ви дава енергија и ви ги полни батериите! Богата со минерали и анти-оксиданси, поздрава, здравје!“ нешто така одеше рекламата во која продаваме лаги за пари. Но, тоа беше неопходно. Ние, Супервизорите, и неколкумина избрани знаевме дека нашата егзистенција е во опасност. Се слушаа муабети дека репликите се премногу скапи, дека од врвот ја туркаат идејата за симулација. Но, засега науката не беше на тоа ниво една симулација да може да биде толку моќна за имитирање на сите процеси и состојби колку што може репликата. Сé уште бевме на сигурно, но освен резултати, моравме и да продуцираме средства кои беа повратно користени за одржување на симулацијата. Беа потребни техничари, градители, електричари, програмери, разни специјалци од повисоката сфера и никој од нив не сакаше да работи без пари. Дури и покрај тоа што нивната сопствена егзистенција висеше на конец исто колку и нашата. На Црни му беше роденден и сите требаше да дадеме пари за да му се купи подарок. Плава ја органи-


76

зираше целата работа и го избра подарокот без да нé праша, но мене ми одговараше тоа. Излишно е да кажам дека Црни не беше пријатно изненаден зашто не сакаше да му се придава значење. Се збуни кога Плава му се фрли во прегратка со едно лигаво „Среќен роденден шефе!“, а секако не поднесуваше кога му се обраќаа така и беше неформален во односот кон нас. Јас, како и секогаш, се држев малку настрана, и кога гужвата околу тортата стивна решив да станам и да си земам парче. Стоев со празната чинија пред Плава која сечеше парчиња од тортата на која беше ликот од последната успешна кампања на Црни, една бабичка која купува ливче за лото. Дојдов на ред, а таа веќе го подаваше последното парче репете на еден од колегите. Ме виде со чинијата и со насмевка за која се обидуваше да скрие дека е злобна и со наместено жален поглед рече: „Еј, рачињата ти останаа празни.“ Сакаше да прави такви шеги со колегите, а јас ги кренав рамениците и се вратив на работното место. Тортата не беше пресудна, но беше последна случка во една долга низа на настани кои ме натераа да го преземам решавачкиот чекор и да заминам од таму. Јас знаев само да ги набљудувам луѓето, но не и да бидам со нив. Кога се простувавме Плава ме гледаше жално и се преправаше дека се грижи за мојата судбина. Но, нејзиното задоволство беше залудно зашто рекламната индустрија не ја напуштив заради неа, туку зашто во основа ја презирав работата. Според мене сé што се работеше таму беше против нашата мисија и правеше автоматрони од репликантите со што нé оддалечуваше од сознанието што навистина


77

значи да бидеш човек, а со тоа бевме поблиску до ресетирање и повторно туркање на каменот нагоре. По машините со тоа!

ЗАП178СЕМ

Кучето внесе многу радост во животот на Лина. Двете се радуваа на секој момент поминат заедно, особено на тие кога таа се враќаше од училиште. Секој ден беше исто. Ѕвончето ѕвонеше, кучето скокаше како стрела и потоа рипаше врз кваката на вратата од ходникот, лаеше и цивкаше, речиси со врескање, истовремено и со сета сила. Тоа лаење се разликуваше од лаењето по другите членови на семејстовото или по непознати луѓе, обичното лаење кое кажуваше „територијава е моја, кој и да си, оди си.“ Откако Лина ќе ја отвореше вратата и ќе влезеше, настануваше една серија скокови од десет-дваесет, кој знае, можеби и педесет скокови врз неа. Потоа седнуваа на подот и додека детето се обидуваше да го гушне, погали и да го смири кучето со зборовите, „ајде смири се, тука сум, смири се...“, кучето постојано мрдаше, се превртуваше, гризеше, секако претпазливо, и не застануваше ниту за миг. Наскоро Лина беше покриена со речиси исто толку влакна колку и кучето, но не ì беше важно. Најголемата желба беше остварена и сега преостануваше само да се ужива во неа.


78

Кучето очигледно беше програмирано за безусловна љубов кон ќерка ми. Со Марко се однесуваше повеќе како да се работи за друго кученце, а Ема ја гледаше како извор на храна. Со мене односот беше, како и со сите други суштества од мојот живот, комлициран. Кога Лина беше на училиште, на јавање или на карате, кучето одеше по мене како по магнет. Тоа така стана мојот најдобар пријател, оној со кој ги споделував сништата, разочарувањата или фантазиите за иднината. Но, истовремено гледав на него како на терет. Беше ужасно несамостојно. Не можев да го поднесам тоа дека кога одев во кујната да си направам сендвич, тоа будно, секогаш и без да пропушти, ме „снимаше“ од под трпезариската маса. Кога излегував од бањата, тоа беше пред вратата, кога одев до работната маса, тоа беше покрај неа. Во ниту еден единствен миг не ме оставаше сам. Во една книга за кучиња прочитав дека кучињата се програмирани да бидат дел од глутница, дека се социјални животни. Според тоа, кога ме следи и ме чека, пример пред бањата, сака да провери дека сум добар и дека сум сé уште дел од глутницата. Но, јас за неа не бев само дел од глутницата, туку и нејзин водач. Никого не го слушаше, ниту се плашеше од некого, како од мене. Доволно беше да го кренам гласот, за да се пикне во транспортерот со кој ја донесов од лабораторијата и кој ì даваше сигурност. Навистина ми одеше на жици нејзината зависност, особено кога заминував на терен и требаше да остане сама дома. Само што ќе ја заклучев вратата почнуваше со панично и непрестајно лаење и цив-


79

кање кое не завршуваше додека некој не дојдеше дома. Тогаш ја наоѓавме со јазик спуштен до подот, задишана и преморена од лаење. Со последните атоми сила скокаше врз нас и потоа откако ќе се средевме и ќе седневме, таа легнуваше во наша близина и заспиваше длабоко и мирно. Некое време верував во теоријата за кучињата како животни од глутница додека не ни се расипа бојлерот дома. Не познавав многу мајстори, но имав електричар за машини на кој му верував. Мајсторите претежно беа постари модели реплики кои апсолутно несвесни за својата природа се однесуваа како да се мајстори на душата, а не на машините. Разговорот со нив започнуваше со зборовите: „Слушај дечко,“ или „види вака,“ и од карактерот на „кварот“ се префрлуваше на карактерот на луѓето, животот и тајните на универзумот, небаре зборуваш со антички филозоф, а не мајстор. Типов, сепак, беше поинаков, Раде се викаше, навистина необично човече, крупен, весел и навистина упатен во многу работи, со необи­ чни приказни од својот живот и животот на нему блиски луѓе. „Што е проблемот,“ ми рече кога му се јавив. „Бојлерот цркна,“ му одговорив кратко. „Утре околу дванаесет слободни сте?“ премина и тој на главното. „Може,“ му реков и го прекинавме разговорот, токму како што сакав, кратко и јасно. Уште една од мистериите на човековото однесување за мене беше потребата од долги разговори. За мене разговорот


80

беше споделување корисни информации на одредена тема, а за луѓето и нашиве репликанти беше нешто сосема поинаку, некорисно разменување вербални реки без крај. И тоа, исто така, ми одеше на жици. Човекот си дојде како што вети, дванаесет нула-нула. Кучето го изработи својот ритуал на лаење и заканување на вратата, но штом му подвикнав се пикна во транспортерот, каде што ја заклучив за секој случај. Мајсторот, без многу муабет влезе и веднаш се пушти на работа, се работело за прегорен грејач, тркна да го купи делот и пред да се свестам, работата беше завршена. Му понудив кафе, како што е обичај во нашите краишта. „Турско, јако, средно,“ ми кажа мајсторот. Немаше потреба ништо да се додаде или одземе, сите информации беа обезбедени, како во координатниот систем - ширина, висина и длабочина, така и тука вид и концентрација кафе и количина шеќер. Седнавме на терасата и го сркавме кафето. „Добро си го направил,“ рече мајсторот и јас се насмевнав чувствувајќи се непријатно. Не очекував дека ќе муабетиме повеќе, но повикот на кафе во нашата ре-култура беше повик на муабет. Мајсторот беше крупен, со лице подуено како балон и голем црвен нос, побелена коса и раце како на месар. Едноставно не очекував дека ќе најдеме заеднички теми. „Она на телевизорот што ти е,“ ме праша гледајќи навнатре кон дневната соба. Врз телевизорот имаше испечатен црно-бел портрет на Пикасо, еден од најголемите уметници на човештвото, врз кој Лина


81

како помала имаше цртано со фломастери. Го чував зашто верував дека и таа еден ден ќе стане голем уметник. За миг се помислив што да му одговорам на мајсторот. Природно, не очекував да знае кој е Пикасо, па реков, „Портрет на еден уметник.“ Ме погледна малку сомнително. „Мислиш Пабло Пикасо,“ испука како од пушка. „Да,“ одговорив по малку зачудено, но сепак, Пикасо за уметноста е како Ајнштајн за науката, заштитно лице на одредена дисциплина, највисок во рангот на претставници на таа област. „Претпоставувам дека некој од децата цртал врз портретот,“ заклучи, на што одговорив потврдно, без да оддавам многу информации за целата работа. „Да, и децата може да цртаат како Пикасо, нели?“ рече, на што сакав да се спротивставам, бидејќи се работеше за често недоразбирање, но не сакав да навлегувам во дискусија. „Да не е преслатко кафето?“ ја сменив темата. „Одлично е, јако како што го сакам, иако докторот ми препорача да не пијам многу кафе, сепак не можам да одолеам,“ рече. Неволно прашав за што се работи, бидејќи тоа беше пример токму на онаа размена на некорисни информации и морав да ја испитам динамиката и содржината на разговорот за да ги внесам заклучоците во мојот запис. „Пред неколку години,“ започна тој по малку мистериозно, „ми се јави некој баг во системот,“ и застана малку за да се осигура дека добро го слушнав. Да,


82

добро слушнав, не рече бактерија, или вирус, или што и да е од органско потекло, туку го употреби зборот „баг,“ со што сакаше да ми каже дека не е обичен мајстор, туку некој од повисока позиција. Сé уште немав сретнато некој од понискиот слој на општеството на таква позиција, иако се зборуваше дека ги инфилтрираат во сите сфери на општеството. Можеби таков беше случајот и со него. „Не можеа да откријат што е. Ме праќаа на секакви анализи. Постојано имав треска која не сакаше да се спушти и ми беше сé полошо. Работев само ако треската ми дозволуваше, кога еден муштерија ми рече дека има пријатели во Центарот за антропоидно програмирање во Љубљана, знаеш уште беше Југославија на времето, и ми понуди да го испрати мојот РНК7 на анализа таму. Секако дека се согласив. Само по неколку часа, испратија печ, знаеш закрпа, и системот се врати во нормала. Оттогаш лекарот ми забрани цигари, алкохол и кафе, иако искрено мислам дека ништо од тоа нема врска, но гледам да внимавам,“ ја заврши својата анегдота. Не бев сигурен што сакаше да каже, но најверојатно ми се чинеше дека сака да ми даде до знаење дека не е обичен мајстор и дека знае за репликацијата, но не знаев од која причина ми го кажува тоа. Дали знае која е мојата функција, да не сака да ме уцени? Секакви мисли ми се врткаа во главата. „Знаеш, кучево ти е навистина здодевно,“ наеднаш ја смени темата. Го погледнав кучето кое лежеше до него. Откако мајсторот влезе, по некое време 7 Реплико-натурален код


83

не можев да го поднесам постојаното лаење од транспортерот, па го пуштив кучето и тоа, по две-три минути вознемирено трчање околу човекот се смири. „Откако го пушти не тргна поглед од мене. Кај и да одам ме следи како пијавица,“ додаде. „Читав нешто за тоа,“ сакав да му објаснам на мајсторот, „кучињата се животни од глутница. Тоа им е природа.“ „Да, но јас не сум дел од неговата глутница, нели?“ ме погледна прашално човекот и откако виде дека не знам што да кажам, додаде: „Ми се чини дека сака да ја заштити својата глутница и да се осигура да не ви направам нешто.“ Ме гледаше со, ми се причини, по малку, злобна насмевка. Ме фати во небрано и се вознемирив помислувајќи дека моите сомнежи за неговите нечисти намери се вистинити. Речиси помислив да му кажам строго „Исплукај веќе што сакаш копиле!“ „А од друга страна, можеби е само шпион!“ ненадејно ја заврши својата монодрама и се насмеа гласно на својот коментар, а јас останав со подотворена уста. Тоа не го очекував, но ми олесни што муабетот се сведе на кучето, наместо моите мрачни претпоставки за уцена. Наскоро стана, му платив и замина. Останав сам со кучето кое ја продолжи својата игра на будно следење, гледање на сé што правам и присуство во секоја секунда од мојот домашен живот. Дури вечерта, додека ги анализирав настаните од денот, ставајќи го мајсторот во листата на сомнителни репликанти кои треба да се испитаат, ми тек-


84

на дека можеби сакаше да ми каже нешто што не го знам. Што ако кучето е навистина шпион?

ЗАП176СЕМ Денот започна со расправии со ќерка ми. Беше втора смена на училиште и не сакаше да стане до 11 часот, потоа не сакаше да го прошета кучето, ниту да јаде. Расположението ~ се менуваше со времето и одеше од грмотевици кон сонце без да се растераат облаците во меѓувреме. „Што ти е?“ ја прашав загрижено. „Ништо,“ одговори таа. Имаше обичај да ги премолчува проблемите. Едно време мислев дека се работи за пубертетот. Како мала беше најзборлесто суштество и не можевме да дојдеме до збор од неа. Не ја затвораше устата и секогаш имаше што да каже. Немаше обичај да поставува прашања како другите деца, едноставно знаеше, за што и да се работеше таа веќе имаше оформено мислење. Штом ги отвораше очите, а како силно светеа тие со љубов кон животот и она што денот го носи, на нејзиното лице се појавуваше насмевка. Секое утро, секој момент од денот до заспивањето. Беше премногу зрела за своите години и дури се сомневав дека по грешка ì биле вметнати некои импланти кои не се својствени за детската возраст. Но, откако навлезе во проблематичните години се смени. Престана да прави муабет, прво со другите,


85

потоа и со нас, домашните. Живееше во својот свет, исполнет со фантазми и замислени нешта, и чиниш, тие за неа беа пореални отколку она што ние другите го нарекувавме вистински свет. Но, делумно и беше во право, оваа наша мала игра наречена реалност, верно изработена сцена, поставка за драмата што требаше да се изигра совршено ако сакавме да бидеме ослободени, беше лажна. Лажни беа нашите животи, но и нашите сеќавања, соништа или надежи. Сé ќе се случи така како што треба да се случи. Добар репликант е совршен глумец, зашто не знае дека глуми нешто за што нема никаква претстава, туку само е програмиран да биде тоа што мисли дека треба да биде. Занесен во мислите, вчера вечер го запишав тоа. Некогаш записите ги правев во компјутер зашто полесно ми беше да се изразам писмено, а потоа со посебна лозинка ги праќав горе. Паднав во длабок очај следен од тие мисли и кога утрото се разбудив ја начекав Лина како ги чита моите записи. „По ѓаволите зарем не сум го изгасил комуникаторот,“ помислив, брзо ја скорнав и исклучив сé. Но, веќе беше доцна. Семето на сомнежот беше посеано во најнезгодниот момент од нејзиниот живот, кога и така се сомневаше во сé, во себеси, во пријателите, во родителите и во околината... насекаде демнеа опасности и ја напаѓаа од сите страни. Непризнавање, исмевање, осудување, и како и секој друг тинејџер, се бореше да си го најде местото во светот, не знаејќи како да се справи со тие проблеми. Затоа изгради ѕидови околу себе и ја исполни својата


86

тврдина со своите фантазии. И сега се случи ова. „Знаеш дека тоа што го прочита е фантазија, тоа се некои записи кои ги правам онака за себеси, можеби некогаш ќе ги објавам како книга,“ реков. „Аха,“ рече таа како да ја прифаќа мојата верзија, но звучеше неубедливо. „Сакаш да зборуваме за тоа?“ ја прашав. „Не, нема потреба,“ ми одговори, стана и ја затвори вратата од својата соба. Останав сам, во недоумица дали да влезам и да ја искарам зошто така ненадејно го завршува разговорот, но решив да ја оставам. Наместо тоа застанав пред затворената врата и довикнав „Ок, ќе зборуваме подоцна.“ Но, пред да имаме прилика за разговор, времето за училиште дојде и таа замина без да изусти ниту еден збор. Ми се чинеше дека пред излегување ме погледна со поглед кој како да кажуваше „Ја знам твојата тајна...“, но можеби поради моето чувство на вина ми се причинуваа работи. Го земав Марко порано од училиште зашто ми требаше за следниот случај по наредба. Понекогаш добивав такви конкретни задачи директно од горе, но овој пат беше поинаку. Не сакав да страда ниту да го изложувам на стрес. Во него се гледав себеси, тој беше прецизна реплика на педесет проценти мој код и педесет проценти од кодот на сопругата, и органски и софтверски. Сé што го болеше него, ме болеше и мене. Решив да не ја извршам наредбата, но несвесно, речиси како автоматрон, ја извадив пеглата и ја оставив да се загрее за да испеглам кошула. Тој не сакајќи се допре. Почна да вреска како заклано прасе


87

и веднаш зажалив за моето невнимание. Имав два избори, да паничам и да му наштетам, или да постапам Супервизорски и да ја искористам ситуацијата за „испитување на реакцијата на детето кон новата ситуација и односот на околината кон него“. „Уф леле, мало мое,“ притрчав кон него. Го кренав и го однесов во кујната, ја извадив кремата против изгореници и го намачкав, дувајќи му ја раката цело време додека тој се препотуваше и стенкаше, а солзите му се слеваа низ образите. Веднаш знаев дека морам да платам за тоа што дозволив да му се случи. Родителот треба да го заштити детето, а не да го оштети. Тоа е запишано дури и во нашиот КОР8. Немаше време за размислување. Морав да го однесам во градската болница. Таму каде пред речиси триесет години седев на едната од клупите во чекалната. Тогаш ми се слеваше пот по челото и капеше врз црвениот линолеум, додека чекав замена на скршен дел со нов. Бев со мајка ми, но линолеумот и односот на вработените беше ист. Знаев дека се работи за конструирано искуство обраснато како паразит околу имплантираното сеќавање, но изгледаше реално колку и нашава реплика. Повторно чекавме, овој пат јас бев родителот. За среќа една сестра ни се смилува и нé прими. Марко плачеше и не сакаше да ја подаде раката. Сестрата нé праша како се случила повредата и додека објаснував Ема влета внатре и во стилот на вистинска мајка заштитничка, како што беше програмирана, со збо8 Кодекс на очовечување на репликантите.


88

ровите „детето ми е внатре,“ се испокара со неколку други жени кои чекаа на влезот од амбулантата, и се стрча кон малото. „Мамо,“ плачливо рече тој и ја гушна мајка си. Тогаш се смири и конечно раната беше санирана. Додека се возевме назад малиот заспа во прегратка на мајка си. Размислував за моите постапки. Целото мое внимание беше насочено кон Марко, кон тоа да го заштитам и да се осигурам дека ќе му биде добро можеби ја остварив целта на истражувањето, кое се повеќе ми наликуваше на тест. Дали конечно дознав што е безусловна верба? Или само се залажував... Ни самиот веќе не бев сигурен во ништо. Можеби надредените навистина понекогаш ме тестираа мене додека јас мислев дека ги тестирам другите. Целата ситуација ми наметна повеќе прашања отколку одговори. Вечерта додека ги запишував овие нешта сфатив дека истражувањето ми пропадна, не научив ништо ново за средината, реацијата на детето, дека всушност само направив непотребна штета. Знаев дека се работи за мое невнимание, но сепак се почуствував како Аврам кој прифатил да си го жртвува синот Авел само за да докаже дека е верен слуга господов. И јас докажав дека сум верен слуга, нечовечен и обичен робот, вистински пасивен роб кој реагира на дразби, наместо да ги предизвикува. Дали требаше да бидам поактивен во мојата улога? Да ги менувам и тестирам столбовите на системот? На пример во разговорите зборував само ако имаше потреба. Мојата позиција, како што ја сфаќав,


89

ми наметнуваше да набљудувам и да не се мешам во исходот. Освен тоа, бев премногу свесен на разните варијабли кои беа дел од еден разговор. Секој мој коментар можеше да го насочи муабетот во непосакувана насока или кон непредвидлив исход неповрзан со темата на мојата истрага. Но, јас не бев инспектор ниту полицаец, тие имаа право да настапуваат грубо, да бараат одговори на своите прашања, да го насочуваат разговорот каде што сакаа за да добијат одговори кои можеа да им помогнат во нивната истрага. Јас бев само набљудувач. Во минатото се обидував да ја усовршам вештината на она што го нареков „разговорен шах.“ Мојата цел беше да го предвидам текот на муабетот во пет или десет чекори однапред и да го определам исходот уште пред да се случи. Некогаш успевав, но во повеќето случаи само си задавав главоболка. Необичносто беше што нашите реплико-луѓе беа сосема непредвидливи во нивната предвидливост. Поминував месеци во проучување на теоријата на хаосот, теоријата на игрите, квантната физика и теоријата на веројатноста обидувајќи се да ги применам врз реалните ситуации, но без успех. Заклучив дека најдобар метод е да молчам, повремено да надополнувам, да потврдувам и да поставувам прашања. Инаку никогаш не ги добивав посакуваните резултати. Нешто шушна зад мене, се свртев и ми се причини дека ја видов силуетата на Лина. Станав, но таа беше во креветот и изгледаше како да спие цврсто. „Сепак ми се причинило,“ помислив.


90

ЗАП8392ВЛА Власте работеше во фабрика за чипс и ја мразеше таа работа. Ми зборуваше за процесот на лупење, сечење, пржење, за фабричката лента, безличните работници кои го гледаа накриво, но најмногу за шефот кој го презираше. Но, беше технолог по професија и, природно, му ја доделија таа работа. И тој беше Супервизор како мене, но сé уште се немаше изборено за привилегијата да работи само на терен и од дома. „Не само што морам да го трпам идиотот,“ ми раскажуваше, „туку имам потврда дека е софтверски дефицитарен, а сепак ми е шеф.“ Знаев колку го мрази, но не само заради тоа што му беше надреден. Тој беше брат на неговата прва голема љубов, симпатија уште од средно училиште, потоа девојка и жена за која подоцна требаше да се ожени, но таа се омажи со гастербајтер и избега во Германија. Тој остана заглавен во Македонија и во фабриката на нејзиниот брат, кој му беше другар порано. Верував дека останал таму за да биде на некој начин блиску до неа. Секако тој никогаш не би го признал тоа. Но, набрзо работите се искомплицираа. Поранешниот другар стана непријатен шеф. Нивниот однос од година во година се влошуваше, иако повремено знаеја да се смират преку една вечер во кафеана. Ќе се направеа крш од ракија и пиво, и така, полни со алкохол, кромид и ќебапи, ламентираа за минатото, за моментите кога излегувале во град со


91

поранешните девојки. Едната, таа на Власте, беше сестрата на шефот, а за другата, поранешна мисица, шефот е женет, и си поминуваа лудо и незаборавно. „Батали го,“ го тешев. „Не вреди...“ „Не го разбирам,“ не ме слушаше Власте. „Кога сме сами, се однесува како да е стариот мој другар, се шегуваме, муабетот ни оди, нема ни трошка од непријателството кое настапува штом се појави некој друг вработен или негов деловен соработник.“ „Дволичен е,“ заклучив, „тоа ти го кажав уште првиот ден кога го запознав. Се сеќаваш?“ „Да,“ рече расеано Власте. „Нешто не ми се допаѓаше кај него, се однесуваше со луѓето како да си игра со нив. Да го знаев тоа што го знам денес, ќе помислив дека е Супервизор.“ Власте се насмеа на мојата забелешка. „Нема шанси, премногу е глупав за тоа,“ рече. Власте имаше високо мислење за себеси и честопати знаеше да рече дека никој не може да го убеди во ништо, или да го предизвика интелектуално, зашто тој најдобро знае што е вистината и како функционираат нештата во нашиот свет. „Пази што ми направи вчера,“ подолжи со истиот тон. „Ми се појави сред канцеларија, а знаеш дека сме сите во една просторија, јас како шеф на одделение и тие под мене.“ „Да, како во американските серии,“ го потсетив на неговата забелешка дека шефот се фалел како гледал во некоја американска серија дека така работат, сите во една голема просторија, одделени со гипс-картони кои не одат до плафонот, туку до поло-


92

вина, во така-наречени коцки, или како што ги викал тој - „кјубиклс“. „Ма, тоа му е само изговор за да не плаќа за посебни простории, нé напика сите во една и нé оддели во коцки метар-на-метар, да немаш кај да мрднеш, а ако, не-дај-боже прднеш, ќе те слушне цела канцеларија, а богами и ќе осети,“ ме исправи тој. „Нејсе, ми се појави така нон-шарлантно сред канцеларијата и ми рече - Власте, дојди малку, - ама со таков надмен став, како да сум направил грешка од која целата фирма ќе страда.“ „И?“ го прашав глумејќи заинтересираност. Она што ме интересираше во приказната е динамиката на шеф-вработен, во сооднос со поранешно пријателство и стара љубов со која е поврзан пријателот. Тоа беше под-систем кој сакав да го истражам и го вклучив уредот за снимање за да го внесам записот подоцна. „Глупакот ме однесе во својата посебна канцеларија, а таму веќе беше Амерот, неговиот главен советник, и двајцата ме погледнаа како да се инспектори, а јас осомничен. Ми рече да седнам, потоа од еден сад со чипс извади едно парче и ми го понуди. Ми рече да пробам, како да ми дава отров. Сомничаво го земав и пробав. Ме праша што мислам и реков дека е малку пресолено и препржено!“ Власте се насмеа гласно. „Амерот, кој веќе доволно време се моткаше во нашваа реплика да го разбира нашиот јазик, се насмеа, а шефчето рипна како да чекаше да го изговорам тоа. Веднаш потоа почна да ми се дере како


93

јас лично сум можел да дозволам да се случи тоа. Откако ме изренда, му кажав дека тоа е последица на неквалитетното масло и на лошиот компир кои ги користиме за да заштедиме и да го максимизираме производството, а потоа компензираме со адитиви, сол и препржување. Тој секако го знаеше тоа, всушност самиот го воспостави тој систем, и му го кажав тоа,“ ми раскажа Власте со задоволна насмевка затоа што конечно го начекал шефот во небрано пред деловен колега. „Тогаш, за да се спаси, ми одржа друго предавање. - Овој чипс, го гледаш ли, - ми рече додека ми мавташе со чипсот пред нос, - овој чипс е симбол на нашиот заеднички неуспех како тим, како фабрика, како нација. - Тој чипс, демек, значел пат кон пропаста, наместо слободата која ни е дадена со самостојноста. Продолжи да зборува дека добриот чипс бил симбол на американскиот прогрес, светлина на крајот на тунелот за нашата држава, а како ова парче пресолен и препржен чипс е крајот на нашите соништа за западните идеали и слично.“ „Какво срање,“ одговорив, чисто да му покажам дека сум на негова страна и да се смири малку зашто гласот веќе почна да му трепери од возбуда. „Таков е откако го сретнал Амерот на некое патување во САД и го довлечкал во нашата вукојебина, а овој за возврат му го зачинил мозокот со глупости, за тоа како се правел американски чипс. Е па не може така братко ако сакаш максимален профит и минимален трошок. Истото што им го плеснав во фаца. Знаеш ли само колку време се борев за да користиме


94

квалитетни состојки од проверени извори, но не, тие сакаа евтино срање и сега јас сум крив зашто вкусост е никаков.“ „Те разбирам,“ додадов. „Ама не ми е за мене. За правдата ми е. Ме боли неправдата, ме разбираш? Знам дека утре некој ќе страда заради неквалитетен чипс. Тоа нема да помине неплатено, зашто сега никој веќе не ги заштитува луѓето. Сите сме осудени да работиме за системот и неговите гнасни производи додека не поцркаме ко глувци,“ како да заврши, но потоа се предомисли. „Ете, тоа ќе го пренесам во мојот следен Запис, целата оваа случка, оваа грешка во Подпрограмот која некој треба да ја исправи пред да биде предоцна, зашто ќе страдаат луѓе. Веќе гледам, почнаа со штедачите, тие кои цел живот се мачеле за еден ден да изгубат сé, па технолошките вишоци и којзнае што е следно. Знам што прават, го тренираат населението на неуспех, за самиот факт што имаат работа, колку и да е мизерна, да го прифатат како успех. Ги прават робови.“ Се согласував со него, но едно не разбираше. „Слушај, на сите ни е јасно тоа, нив не ги интересира среќното човечко битие, туку човечкото искуство и начинот на кој тие реагирале на нештата. За Градителите сите сме еден голем експеримент, би требало да го знаеш тоа, а во секој успешен експеримент се жртвуваат многу глувчиња.“ „Знам, но тоа не значи дека морам да се согласам со тоа. Како ќе го откриеме што значи да се биде човек, ако ние самите, тие што го изградиле светов не


95

знаеме што е тоа да бидеш човек!? Толку сме опседнати од нашата мисија за хуманизирање, што ја забораваме главната максима на хуманоста - да бидеш човек е да се грижиш за другите луѓе!“ Повторно се возбуди и мавташе со рацете. „А што е со љубовта?“ го прашав, признавам, по малку злобно, алудирајќи на неговата голема љубов, Лина. „Ах, смени плоча, те молам,“ ми рече и замолчи. Продолживме во тишина да го цевчиме пивото кое веќе беше изветреано, згорчено и топло, во локалното аеродромско кафуле, додека во позадината трештеше некоја квази-музика правена според алгоритмот на општа допадливост. Во таквите бендови честопати членуваа автоматрони и некои од нив не ни знаеја да свират. Но, музичкиот талент беше непотребен во ерата на репетитивноста во која сите ѕвезди беа правени на иста фабричка лента. Саундтрак на нашата реалност. Го оставив Власте на работа, во неговиот приватен пекол, и стиснав на гаста со мојот црвен „Југо 45“ низ нерамните улици на нашиот јавен пекол, градот што го сакав. Четириесет и петте „коњи“ каскаа под хаубата, но звукот кој го пушташе моторот звучеше како коњите да ги брка глутница разгневени волци. Речиси можев да ги видам клиповите и запчаниците на машината која брефта кон хоризонтот на студениот утрински воздух. Но, не секој ги почитуваше таквите искрени и машини. Наречете ме застарен. Како што национализмот навлегуваше во сите пори на општеството, да


96

се вози „Југо“ значеше да се биде југоносталгичар, а со доминантното материјалистичко воспитување на новите генерации доени на квази-капиталистичката формула, беше исто така и знак на сиромаштија или на недоволен успех. Сепак, јас го сакав тој автомобил, колку што една машина може да сака друга. Ми дозволија да ја задржам во повеќе репликарнации, од младешките години во Рецентарот на градот каде ја гледав нејзината боја како бледее, до средовечните години во Реново Лисиче, каде ја прскаа со антифриз по хаубата за да не ја паркирам на одредено место пред зграда кое некој сосед го присвоил за свое, до крадењето бришачи или акумулатор. Но сето тоа, заедно со промените на вредностите, автомобилот го трпеше мирно и без глас. Сега веќе е ветеран, изрешетан од годините камчиња по патиштата на животот. Тоа рудиментирано купче челик за мене го претставуваше сé она што човекот бил и ќе биде. Тоа го сакав кај луѓето и чувствував вистинска носталгија за нивниот вид, тие за мене претставуваа стари модели машини кои треба да се почитуваат и проучуваат зашто имаат историска и архаична вредност.

ЗАП423ПАЗ „Колку ви е пченката?“ се доближи до тезгата млада жена со неколку ќеси во рацете. „Дваесет денари,“ одговори дедото.


97

„Шеќерац ли е,“ праша жената користејќи го терминот кој потекнува од северниот сосед, а е присвоен во нашиот јазик. „Блага ко шеќер, на, пробај,“ рече дедото отворајќи една од пченките со неговите испукани потемнети раце, палецот како дебел германски колбас, и долги црни нокти, особено на малиот прст. Се работеше за посветеност на детали од Градителите. Иако изгледаше рудиментирано, сепак старецот беше од поновите модели однапред подготвени препликанти, каде, како во примеров, поцрнетите нокти не се од копање земја, туку самиот модел е таков. Тие се предодредени за вршење на една одредена задача и според тоа се автоматрони, но според програмирањето се репликанти, но ограничени. Тоа го знаев затоа што добив задача да одам токму на оваа тезга и да го истражам однесувањето на овој модел. Не беше прв пат да добијам ваква задача. Жената се згрози, се забележа според изненаденоста на нејзиното лице, не заради тој чин, толку вообичаен на пазарите, туку заради ноктите на дедото кои ја соголуваа пченката и копаа зрна од неа. „Не,“ отстапи таа еден полу-чекор назад, „нема потреба.“ „Ајде, ајде,“ инсистираше дедото, „пробај“ ја пружаше својата силна старечка рака која би можела да го скрцка секое нежно компјутерско-канцелариско раче на Службеник со едно стискање. „Не, не... ви верувам, се гледа дека е убава,“ жената се обидуваше да се одбрани. „А бе, шеќер е ти велам, ќе се каеш, пробај,“ не


98

отстапуваше дедото. Жената, виде-невиде, потфати неколку зрна од испруженото влакнесто чудовиште, чиниш зема храна од шепа на мечка, и ги пикна во устата, се насмевна вештачки и изјави, „навистина е шеќер.“ Човекот се насмевна како да ја докажал поентата и жената купи неколку пченки. Сцената заврши и стариот чекаше нова жртва да се фати во неговата мрежа на програмиран народски маркетинг, убеден дека продава пченка, и несвесен за својата цел и тортурата која ја врши врз муштериите. Искрено, не гледав поента во развивањето на ваквите модели. Ми беше јасно дека тоа беше обид за замена на автоматроните кои беа одредени како една од пречките во постигнувањето на нашата мисија, но не ми беше јасно зошто да не ги исфрлат целосно, наместо да ги унапредуваат. Забележав во Записите што требаше и заминав оттаму. Немаше потреба да присуствувам на друга сцена, веќе однапред знаев дека ќе се повтори истото, зашто секогаш, секаде, се повторуваа истите работи. Влегов во локалниот маркет и испазарив неколку производи. Застанав во редицата која беше долга. Веќе почнаа да се појавуваат маркетите со повеќе од една каса, но две каси ретко работеа истовремено. Таа недела, ете уште една разлика од поранешниот ситем - неделите беа работни, редицата беше особено долга. Неколку млади деца со Рока-коли, свиткана бабичка од седумдесеттина години со побелена коса,


99

маж во доцни четриесетти и девојка во рани дваесетти. Бев последен во редицата. Се движеше бавно, сé уште не беа усвоени бар-код читачите, па чукањето на производите одеше мануелно. Би можеле да тропкаме со нозете и туфкаме, да ги креваме погледите нагоре и да ги прекрстуваме рацете, но сепак мирно чекавме. Сите освен девојката. Беше нападно нашминкана, со натапирана коса во стилот на популарната домашна турбо-поп пејачка „Сузе Спасение“. На рацете имаше цела златна железарија од секаков накит и нокти долги колку на вештерка. Таква појава беше ретка во оваа епоха, а сé почеста во годините кои ќе дојдат, како што знаевме од архивите кои ни овозможуваа пристап и во другите периоди од развојот на ова општество. Девојката беше видно вознемирена и се однесуваше како целата ситуација да ја засега единствено неа. Мажот до неа беше воздржан, едноставно чекаше да види како ќе се одвива целата работа, но кога прозборе таа не изреагира зачудено, очигледно присуствувал на многу слични нејзини испади. „Пуштете уште една каса, молам,“ рече девојката со метален глас, речиси како да имитираше рудиментиран робот, што можеби и беше, некој потомок на раната вештачка интелигенција од секс-роботи кои ја преплавија планетата пред да бидат забранети по силните реакции на припадниците на женската популација. Да, и ние имаме родови. Ние сме органски суштества колку и луѓето, иако нашиот процес на генеза и синтеза се разликува од нивниот, нашата


100

ДНК не синтетизира протеини, туку нашиот код дава наредби на нано-аминокиселините според сложени алгоритми програмирани од Био-градителите. Ние сме послични со луѓето отколку што би можел да помисли некој лаик, се разбира со исклучок на автоматроните и постарите модели. Касиерката продолжи со своите активности и не изреагира, но откако девојката ја повтори истата наредба, со потполно идентичен глас, што ми укажа дека навистина се работи за постара верзија вештачка интелигенција, касиерката го крена погледот и викна: „Колешки, ми треба некој на каса два,“ и продолжи со работата. Помина можеби половина минута, кога девојката, повторно со идентичен глас, како да е претходно снимен, рече: „Пуштете уште една каса, молам,“ Во тој момент зад неа се појави новата касиерка со зборовите, „Еве, доаѓам“ и застана на работното место. Редицата се преполови на две, прва тргна бабата која беше пред девојката, потоа девојката со мажот и јас на крај. Во тој момент девојката истапи пред старицата, ја оттурна и застана пред неа. „Јас побарав уште една каса, не вие,“ ја построи со поглед и почна да ги вади производите од корпата. Старицата, ми се причини, уште повеќе се свитка и се почувствува понижено, но не изреагира. Мажот истапи по девојката, ко послушно кученце и без коментар почна да ги става производите во кеса. Дури тогаш забележав дека корпата на парот беше преполна до горе, всушност производите излегуваа од неа како прегреано млеко од тенџере и се закануваа


101

дека ќе истечат на патос, но девојката со вештина на циркузантска акробатка ги собираше од корпата и ги ставаше на лентата додека златото од нејзините глуждови ѕвецкаше во совршена симфонија на консумеризмот. Тие беа одличен тим, машина која работеше беспрекорно и дојде до финалната цел, полни кеси производи за новопечено богаташко семејство програмирано да реплицира туѓи идеи за да создаде производи со низок квалитет со минимален трошок и да профитира на незнаењето на толпите кои беа среќни што можат да си ги дозволат тие производи поради беспарицата која ги снашла. Сега тие купуваа производи кои ги создал некој друг по истиот тој механизам несвесни на иронијата. Кесите беа полни и мисијата завршена. Парот замина зад вратите на маркетот и останавме ние, бабичката, јас, децата и нови муштерии зад нас во редицата која кон пекол водеше. Некој викна и ми ја растера маглата на мислите. „Не бев јас,“ викна едното од децата. „Како да не, а кој беше,“ рече касиерката. „Ме натераа, ве молам не кажувајте на татко ми,“ заплака детето. „Не само што ќе кажеме, туку ќе платиш десетократно и ќотек ќе изедеш!“ касиерката беснееше, а всушност не се грижеше за украдената Рока-кола, туку за нејзината украдена слобода, за неможноста да биде она што сака. И таа има соништа, но е осудена на ропство, без можност да ги опцуе тие кои по цел ден ì наредуваат. Очигледно не се работеше за


102

стандарден автоматрон, туку за новите модели и тоа беше уште една причина за забелешка во мојот Запис. Сега таа имаше можност, и право, да се испразни на ова кутро дете, кое сакало да се покаже пред другарите, пред девојчињата, дека има храброст да се спротистави на системот, а сега липаше. Сакав да му остане барем малку од достоинството кое го натерало на таков чин. „Јас ќе платам,“ истапив кон нив, „пуштете го детето.“ Касиерката беше збунета, нејзината програма не предвидела вакво сценарио и не знаеше што да каже. И ги тутнав парите во рацете и им кажав на децата: „Ајде, бегајте.“ Детето ме погледна прво зачудено, па се насмеа и речиси нечујно изговори „благодарам,“ пред да излета надвор со вика и смеа каква што му наликува на годините. Сега можев да се вратам во мојата редица, да ги платам моите производи и да заминам дома задоволен. Хармонијата во универзумот беше повторно воспоставена. Се прашувам до каде е дозволено моето мешање во системот кој не го изградив и по чии правила сум должен да играм, како и сите ние. Но, по машините, зарем мојата позиција, во која е нужно експериментирање со учесниците во системот, не ми дозволува мешање? Зарем тоа не е мојата суштина? Во ред, прифаќам да бидам пасивен набљудувач во поголем дел од случаите, но сепак понекогаш е потребно да се биде активен учесник.


103

ЗАП62БНК Бев на редовна задача на испитување на шалтерскиот систем по „Наредба #62БНК“. Стоев последен во редицата, а прва пред шалтерот, беше една госпоѓа со напудрено чело, размачкан кармин врз образите, за да даде руменило на своето бледо лице, русо исфарбана коса и уста која не се затвора. Бараше исплати за инвалидитет, нанесени повреди, сметки од лекување, компензација, и истовремено ја нудеше истата приказна која вработениот автоматрон од шалтерот, полничка средовечна жена, ја слушнала стотици, илјадници пати. По машините, па можеби и само тој ден пред неа поминала бескрајна низа на тетки и чичковци кои, како првооделенчиња, повторуваа една иста песничка научена наизуст. Очајот извираше од очите на службеничката во која немаше повеќе живот отколку во вештачкиот фикус зад неа, создаден во лабораторија за да биде совршено отпорен на отровниот, застојан воздух во државната канцеларија. Заситен мирис на пот, цигари, евтини парфеми, недоправени заби и машинерија која се распаѓа со секоја секунда на часовникот кој удира злокобно бавно на местото од поранешната слика на другарот Тито. Направив ментална забелешка: „Интересно е тоа што додека чекаш пред шалтер минутите изминуваат како часови, превртуваш со очите на секое непотребно прашање на тој што е пред тебе. Го гледаш како си ги собира документите во папката приготвена спе-


104

цијално за тој ден, за тој настан и сценската изведба која е вежбана со денови претходно, како несмасно ги става платените сметки во пликот од кој ги извадил, сé нешто не му е јасно и непотребно одзема од времето во кое ти можеш да бидеш пред шалтерот. Јас секако не се нервирав за овие работи, но ги гледав во погледите, невербалните знаци и воздишките кои ги испуштаа другите во редицата. Редиците пред шалтер ќе бидат причината за падот на капиталистичкото општество!“ Од запишувањето ме претна покачувањето на тонот на жената која сé уште ја кочеше редицата пред шалтерот и немаше намера да замине. Службеничката ја гледаше како внимателно да ја слуша, во нејзиниот поглед немаше трошка загриженост за сéзголемувачката редица во која растеше незадоволството со секоја секунда на отчукувањето на часовникот над нејзината глава. Таа беше отрпната на вакви случаи, ги толерираше, можеби тие помагаа стрелките на часовникот да излезат од густата леплива смеса од здодевност низ која едвај се движеа. „Пред некој ден Зоки качи температура,“ рече како службеничката да знае кој е Зоки. Од нејзиниот поглед беше јасно дека таа не знае за кого се работи, но не покажа доволно интерес за жената да дообјасни за кого станува збор. Претпостави, како и сите ние, дека ќе ì стане јасно од текот на приказната. „Како од ништо, наеднаш му рипна преку четириесет. Не се работи за мало дете, знаеш, па да речеме ќе си помине. Свекорот ми е човек во години,“ служ-


105

беничката малку ги поткрена веѓите како во знак на „ете за кого зборува“. „Сите се исплашивме, маж ми се бори да го додржи, човеков паѓа во делириум, не знаеме што да му правиме. Кола немаме, одам кај комшиите, никој таму, немавме избор, моравме да се јавиме на Прва помош. Откако едвај кренаа, ми требаше пола саат да ги убедам да дојдат. Човекот е инвалид им велам, речиси е неподвижен, немаме како да го донесеме. А таа шмизлата ми вика, не можеме само за температура да пратиме кола, дајте му течности, мачкајте го со ракија, ибопруфен, ми реди лекови. Јас ~ велам, жено ќе приумре човеков на душа ќе го носиш, а таа се правда дека не е до неа, такви се правилата.“ Русокосата жена во години сé повеќе мавташе со рацете, а незадоволството растеше пропорционално со зголемувањето на нејзиниот тон, „ жено, што ми е гајле за твојот свекор,“ мрмореа помеѓу себе и „ајде побрзо,“ повиците стануваа сé погласни. Еден дури и се обиде да се протне помеѓу неа и шалтерот, но таа продолжи да вергла како да не ја засега ништо околу неа, како да не постои ништо на светот освен неа и нејзината приказна. „За среќа дур јас се расправав малку се стабилизира човекот, маж ми го истушира со ладна вода и го легна, па дури и заспа. Му измеривме температура, немаше, чудо невидено.“ „Проверете го сепак, може да е бактерија,“ ненадејно се вклучи службеничката. „Сепак слушала,“ помислив изненадено. „Да, и јас мислам дека е тоа. Го однесовме на ана-


106

лизи утредента, уште ги чекаме резултатите, ќе видиме... Тоа е тоа, па се гледаме следниот месец.“ Заврши конечно жената. Човекот кој неуспешно се обидуваше да се пикне радосно скокна пред шалтерот, но го дочека знакот „пауза“ што службеничката го постави помеѓу неа и него со брзина на светлината. Редицата негодуваше, гласови на незадоволство допираа од сите страни, но таа не се ни сврте, го одмотка бурекот што до тогаш стоеше на масата до неа. Се зачудив како не сум го забележал претходно. Мрсната хартија висеше преку нејзините прсти, додека парчиња кори паѓаа врз масата и на подот. Таа џвакаше и зјапаше во празно низ нас, некаде во бездната на постоењето. Изгледаше како процесорот за размислување да ì се имаше ставено на режим на мирување, и единствено функциите на џвакање и варење беа активни. Тоа беше сцена за восхит и траеше полни петнаесет минути со повремена пауза за отпивање јогурт. Во очите на луѓето од редицата растеше омразата кон оваа жена и на усните кои нечујно им се придвижуваа можеше да се прочита „преживар“, „крава“, „овца“. Сите тие чувства исчезнаа кога паузата заврши и истите тие луѓе се најдоа пред шалтерот со нивните документи, нивните проблеми кои требаа да се решат. Паузата заврши, мрсната хартија беше фрлена во сината пластична корпа и шалтерот се отвори. Човекот радосно ги извади своите сметки како ништо претходно да не се случило. Иако редот беше вос-


107

поставен, минутите изминуваа и тензијата во редицата повторно растеше. Тоа беше неминовно. Го темпирав часовникот за да одредам неколку параметри: за колку време ќе настане расправија, кој ќе ја започне и која ќе биде главната тема. Поминаа точно три минути, а едно старче се сврте на бабата зад него. „Не таму, тука треба да одам,“ подвикна. „Ама слободен е шалтерот,“ рече жената покажувајќи на шалтерот пред него. „Го чекам другиот,“ рече старчето. „Ајде, не се карај стари,“ се вклучи крупниот бизнисмен на кој вратот притиснат под крагната и краватата му изгледаше како презреано тесто кое се заканува дека во секој момент ќе излезе од претесниот сад. „Молам?“ збунето му се обрати старчето. „Оди си на шалтер и не се карај, што си го расипуваш денот,“ му одврати грубо. „Јас не се расправам, вие се расправате,“ рече стариот и застана на шалтерот. Зад мене се слушна ц'цкање и негодување. Толпата очигледно беше насочена против стариот. Не помина ни минута и жената на шалтерот рече: „Мора да одите на другиот шалтер,“ на што стариот радосно кликна: „Ете, знам јас што зборувам! Таму треба да одам.“ „Па што чекаш на овој шалтер, оди во таа редица,“ дофрли друг млад човек. „Редицата е една,“ заклучи правилно стариот, зашто навистина во двете редици се чекаше додека


108

не се ослободи место, а потоа одиш на оној шалтер што е слободен. За среќа, другиот шалтер се ослободи и стариот отиде таму и брзо заврши работа. Пред да замине, му се сврте на бизнисменот, и победоносно изјави: „Вие треба да ми се извините, бев во право,“ на што овој не го ни погледна, се насмевна под мустаќ и процеди едно „А бе, ајде.“ Решив дека е доволно истражување на шалтерскиот микрокосмос за денес.

ЗАП927ДАН „Кучето е шпион,“ одѕвонуваа зборовите на мајсторот во мојата глава. Морав да дознаам за што станува збор и постоеше само еден начин да го сторам тоа. Заѕвонив на бројот на фабриката за ре-кучиња. „Хало,“ се јави од таму глас на постара госпоѓа. „Добар ден, дали можете да ме поврзете со Данаил, од лабораторијата за репликација на миленичиња?“ „Извините, кога тражите?“ рече таа. „Госпоѓо,“ реков малку изиритирано зашто сум ја играл оваа игра безброј пати. Се работеше за камуфлажа на системските броеви. Ставаа автоматрон кој имаше една задача - да се преправа дека е некој друг и да ги збуни несаканите посетители. Немав време за тоа. „Поврзете ме веднаш со Данаил, на телефон е Супервизор Андров, Идо Андров,“ наредив.


109

„Дечко,“ го смени гласот таа, “не си Бонд, Џејмс Бонд. Број на легитимација, молам.“ § го дадов бројот на автоматронката со смисла на хумор и таа ме поврза со лабораторијата. Додека телефонот ѕвонеше размислував како да се поставам, не можев да ја кажам вистината, но не смислив ништо претходно, па морав набрзина да се снајдам. „Да,“ рече прашално гласот на Данаил од другата страна. „Здраво,“ реков брзоплето, „нешто не е во ред со кучето, кога може да се видиме?“ „Полека другар,“ збунето одговори гласот, „кој си и за какво куче станува збор.“ „Данаил, јас сум,“ реков со тон на извинување, „Андро.“ „Ах... Андро, друже стари,“ се израдува тој, „што не кажеш, вака само ме штрекаш.“ „Извини, само сум загрижен за кучето, па не размислив добро.“ „Што е проблемот?“ ме праша грижливо. „Не знам,“ реков, „поврати неколку пати утрово.“ „Аха,“ рече малку незаинтересирано, „е па тоа е надвор од моето поле, однеси ја на механо-ветеринар.“ „Знам,“ реков, „но би сакал да ја видиш ти, сепак твое производство е. Можеби не е ништо, сепак само тебе ти верувам.“ „Во ред,“ рече, „но, нема да може да ја донесеш на работа, знаеш дека тука само се преземаат нарачки. Ќе дојдам јас кај вас дома.“ Тоа не беше добра опција, муабетот сепак беше од осетлив карактер.


110

„Не мора, еве ќе дојдам јас до лабораторијата, па може да ја ѕирнеш во кола. Ако процениш дека треба да оди на механо-ветеринар, ќе ја однесам,“ се обидував да се извадам. „Во ред,“ се согласи тој. Се договоривме да се чекаме пред слаткарницата „Шербетлијада“, која беше во близина на неговата работа. Се работеше за калкулиран потег од моја страна, за да го подмачкам малку муабетот со стимулација на допаминските центри во неговиот ендо-систем. Се поздравивме и тој ме праша каде е кучето. „Во колата е,“ реков, „седни прво да те прашам вака на само, кучето само ќе ни пречи. Башка да се засладиме малку, и така ретко се гледаме.“ Данаил малку се зачуди на овој необичен предлог, но ми се чини дека прифати само заради колачите кои го привикуваа од излогот. Го погодив во сржта, знаев каков слаткар е. „Е ајде, греота е да се одбие благо,“ се согласи и се насмеа. „Нема да ти се верува дека работам на две минути од тука, а ретко седнувам да се заблажам.“ „Навистина не ми се верува,“ реков додека нарачувавме, јас индијанка и шприцер од боза и боровница, а тој кремпита и лимонада. Седнавме и малку молчевме додека уживавме во благиот напад на нашите сетилни органи. „Кучето што ми го даде,“ започнав, внимателено одмерувајќи ги зборовите. „Вистинска срцка нели,“ ме прекина тој, „паметна


111

колку што куче може да биде, ја програмирав специјално за тебе, дека сме пријатели. Кажи ми што се случи, да не јадеше нешто расипано?“ „Навистина е паметна,“ го игнорирав неговото прашање. „А бе не се знаеме од вчера,“ се фати на стапицата тој, задоволно сркајќи од бозата збогатена со нано-б-трансмитери, кои делуваат смирувачки на нервниот систем, вистински мали ангелчиња што ì пејат приспивна песна на мисловната единица. Но, мене ништо не можеше да ме смири во моментов, решив да преминам на главното, па што биде, биде. „Да, но се плашам дека е малку препаметна,“ реков потенцирајќи го последниот збор. „Како мислиш,“ застана тој со лажичката полна со неговото омилено благо, експлозија од шлаг и шеќер и сé нездраво. „Така,“ реков не сакајќи да кажам ништо повеќе за да му ги видам реакциите. Ми се причини дека шлагот во неговата лажичката почна да трепери. „А-ако сакаш,“ одговори тој по малку пелтечејќи, „м-може да го средиме тоа, само донеси ја во лабораторијата утре и ќе го намалиме протокот на р-невротрансмитерите во р-синапсите.“ „Мислам дека тоа нема да го реши проблемот. Проблемот е ми се чини подлабок од тоа, нели?“ реков гледајќи го втренчено. Тоа го вознемири. Знаев дека крие нешто. Ја спушти лажичката. „Не те разбирам,“ рече збунето, „ме викна да го прегледам кучето, но каде е тоа? Зошто ме седна тука?“


112

„Мислам дека јас прв ти поставив прашање.“ Бев на крајот на трпението. „Навистина не го разбирам твојот однос,“ почна нервозно да пребарува нешто по џебовите. „Ми бараше куче набрзина, ти помогнав зашто си ми пријател, а сега вака ме испрашуваш. Ако има некоја грешка, таа е настаната од брзање, дојди во лабораторијата и ќе ја исправиме.“ „Ќе ја исправиш ли или повторно ќе ми пратиш шпион дома?“ реков директно, по машините беше доста од заобиколување и ако тој не сакаше да признае, морав да го натерам, макар и по цена на губење на пријателството. Но, секако, тој прв почна. Данаил се сепна на моите зборови и подрипна како да го пецна струја. „Јас,“ рече несигурно, „сега ми текна дека всушност имам една работа, во лабораторијата, знаеш, итно е, морам да одам, па ќе се чуеме нели,“ рече набрзина, го извади паричникот и фрли една новчаница на масата. „Почести ги слаткариве со бакшишот, морам да фурам, чао,“ рече и го снема од моето видно поле исто толку брзо колку што стана. Ги оставив парите на масата и се стрчав по него. За миг ми се изгуби во толпата во трговскиот центар, но скокнав по скалите од подрумот кон приземјето и наскоро го видов во неговиот беж мантил како брза кон излезот. Бев зад него и го следев на дваесеттина метри оддалеченост без да ме забележи. Излезе надвор, ја премина улицата и се пикна во автомобилот. Каде одеше, зарем нема да се врати на работа, што се случува, се редеа прашањата во мојата глава, но


113

немав намера да го оставам да избега без да ми даде одговори. Само што сакаше да го стартува автомобилот, се фатив за рачката, ја отворив вратата и се пикнав на совозачкото седиште. „Каде одиме?“ го прашав, гледајќи го втренчено. „Аман човече,“ рече исплашено „ќе ме убиеш вака.“ „Е па очигледно ми криеш нешто, па би сакал да знам што е тоа,“ немав намера да отстапам. „Слушај,“ рече потивко и гледајќи лево-десно. „Кога велам дека ќе ме убиеш, не мислам само фигуративно, знаеш,“ ме погледна значајно. „Што зборуваш,“ реков збунето, „како мислиш, да не те уценува некој?“ „Не можам ништо да ти кажам,“ ми одговори сé уште гледајќи лево-десно како да очекува во секој момент од некаде да го ѕвекне куршум. „Добро, да речеме дека ти верувам, но тоа не го менува фактот дека ти ми даде нешто што, ако добро разбрав, може да ми наштети и мене и на моето семејство. Потребни ми се одговори и тоа веднаш!“ реков решително. Малку се двоумеше, но потоа рече: „Во ред, дојди утре кај мене со кучето, со изговор дека го носиш на ветеринар. Никој не смее да знае каде одиш навистина, освен ние двајцата. Ќе им кажам на надлежните кај мене дека го надградуваме моделот. Ти советувам да му дадеш седативче за по пат, ако ме разбираш.“ Кимнав со главата и излегов од автомобилот.



II ДЕЛ РЕВОЛУЦИЈАТА ЗАПОЧНА


 


ЗАП523КАН Мразам тајни. Презирам мистерии. Не можам да поднесам кога нешто не ми е јасно и работам напорно да ги откријам причините и да го вклопам тој елемент од непознатиот свет во сликата за светот кој го познавам. Мојата работа е да го скротам хаосот и да внесам ред во него. Само така системот ќе функционира и сите во него ќе го добиеме заслуженото. Можеби не сите го заслужуваат тоа врз основа на нивниот личен труд и залагање, но ~ го должиме тоа на еволуцијата на видовите, ние како последната совршена алка. Размислував за ова додека се подготвував да го посетам мојот Данаил во Лабораторијата за домашни миленичиња во Ре-Скопје. Таму ги чуваа генетските кодови на повеќето раси кучиња, како во шарен мал излог на изроди на природата и технологијата со кои се експериментирало уште од времето на човекот. Влегов во лабораторијата откако поминав низа сигурносни мерки за да го утврдат мојот идентитет и функцијата. Ги информирав дека сум повикан од главниот лаборант Данаил заради надградување и ме пуштија, Данаил очигледно го подготвил патот за да поминам непречено.


118

„Кај си бе, друже,“ викна Данаил во неговиот весел стил на репликант кој е отворен, практичен и посветен на науката. Затоа се надевав дека ќе успееме да се извлечеме од мрежата на интриги која се исплете помеѓу нас и ќе најдеме разбирање. „Седни, не стој таму, дојди ваму во канцеларијата ќе зборуваме.“ Отвори една врата и јас тргнав по него со транспортерот во кој кучето се тресеше преплашено од ликот во бел мантил. Секогаш имаше таква реакција кога го носев на ветеринар. Пред нас беше голем хангар каде на неколку производни ленти работеа десетици фабриканти, а врз лентите се движеа полусклопени мачки, кучиња, хрчаци, гуштери и разни други животинчиња. Имаше нешто тажно во таа сцена, во тие суштества кои наликуваа на искинати кукли од кои ѕиркаа процесори наместо мозоци, жици наместо нервни влакна и синтетички органи. Сè во нив беше совршено на место, можеа да вршат нужда и да лачат плунка, да киваат и да цивкаат, силата која им ја произведуваа мускулите беше пропорционална на нивната висина и мускулната маса, но сè тоа беше грешно и неприродно. „Неприродно,“ се запрашав зошто помислив токму на тој збор, но немав време да размислувам повеќе зашто стигнавме до канцеларијата на Данаил. Бидејќи беше главен во оваа фабрика на хоророт, неговата канцеларија беше вистинско мало ремек дело, наместена во фенг-шуи стил, со минималистички елементи, прекривачи од бамбус врз масичките, мирис на сандалово дрво, мала фонтана во аголот на


119

просторијата која жубореше и минијатурна зен-градина со песок и камчиња на масата пред нас. Тој седна на неговата ергономска фотелја, а јас го спуштив транспортерот до моето столче. Ме погледна со неговите наивни очи кои везден гледаа низ микроскоп, несвесен на горчината која ја носев во себеси, и ми се насмевна. За миг ми се причини дека тој е инкарнација на самиот Буда и го замислив во лотус-позиција како изговара едно длабоко: „Ооооммммм....“ но, наместо тоа рече: „Што има ново?“ „Добро е,“ не сакав веднаш да преминеме на темата. „Се израдува ли ќерка ти?“ ме праша, како воопшто да не сме го правеле претходниот муабет. Можеби е навистина само еден расеан научник, помислив и ја прифатив играта. „Уф... ептен! Везден е само со кучето.“ „Душа, баш ми е драго. Туку кажи што те мачи,“ ме праша. Сепак беше неверојатно да не се сеќава на ништо, особено заради неговата реакција во слаткарницата и понатаму кога го следев. „Е па знаеш... тоа за што зборувавме,“ реков несигурно. Тој ме погледна значајно, како да се двоумеше дали да биде отворен кон мене. Посегна кон далечинско од масата. Го насочи кон вратата и го притисна. Пред дрвената се појави челична врата која изгледаше како блиндирана. Не успеав ни да се освестам од чудната сцена која беше како од некој акционен филм, а тој продолжи дополнително да ме шокира.


120

„Знам, знам,“ рече и ја заниша главата малку. „Се сомневаш дека кучето те снима, дека е шпион преку кој те следат. Да знаеш дека си во право,“ рече, како гром од ведро небо, со насмевка на лицето. Ова беше сосема неочекувано. „Знаеш,“ рече Данаил, „и ти си некој вид шпион како и твоето куче. И ти ги набљудуваш другите луѓе и редовно, како послушно учениче, поднесуваш извештај на надредените, со таа разлика што ти тоа го правиш преку Записи. Потоа Службениците ги проследуваат заедно со илјадниците други од сите Супервизори низ алгоритам кој анализира комплексни сличности помеѓу вашите забелешки. Ако тие поминат праг на одредена вредност тогаш одат на следна проверка и ако заслужуваат стигнуваат до горе. Но, тоа можеби го знаеш.“ Всушност не го знаев и ми се чинеше малку веројатно дека еден прост алгоритам одредува дали ќе ги прочитаат нашите забелешки. Знаев дека секако има и други како мене, но механизмот на избор не ми беше познат. Мислев дека сите наши Записи стигнуваат до горе и потоа екипа вредни Службеници ги читаат, наместо едноставно да хранат некој компјутер со податоци. Таа идеја беше толку банална и рудиментирана што ми се чинеше невозможна. Секогаш се плашев од тоа дека ако бидам обичен ќе останам незабележан, дека дури тогаш постои можност да не ги читаат моите извештаи и да не придонесам за нашата заедничка мисија. Се трудев моите забелешки да бидат оригинални и да имаат малку уметнички стил и индивидуален карактер. Ако се точни новиве ин-


121

формации и ако добро го разбрав, токму тоа може да ги направи невидливи за повисоките инстанци кои можеа да направат промена во општеството, бидејќи она што ги интересираше беше повторливоста, наместо оригиналноста. „Единствената разлика помеѓу тебе и твоето куче,“ продолжи тој, несвесен за дилемите и прашањата кои ги предизвика во моите мисли, „е тоа што од тебе се бара да известуваш за системските проблеми, а тој да известува за проблемите во твоето однесување кои би можеле да те направат некомпетентен за твојата функција,“ рече како да поднесува научен извештај за најнов секвенциран геном кај вид на домашно морско прасе, наместо да ми ја кине душата на парчиња со ножот на секој негов изговорен збор. „Секако дека би можеле да те следат како и повеќето луѓе, сите сте приклучени на истиот Надпрограм, но неговата функција не е да ве шпионира, туку да прибира информации за шемите на вашето однесување, како што знаеш.“ „Ние Супервизорите, сепак, сме исклучени од тој систем и даваме информации во вид на извештаи,“ реков самозадоволно, колку да кажам нешто што тој не го знае. „Секако,“ одговори тој, повторно изненадувајќи ме, „затоа тука во игра влегува твоето куче.“ „Ако добро заклучив,“ го прекинав „моето куче има повеќе, како да кажам, уметничка слобода од мене во поднесувањето на своите извештаи?“ Не бев сигурен дека ќе ме разбере, но тој совршено ме разбра.


122

„Не сум помислил на тоа,“ рече, „но, би можело да се каже дека е така.“ „Но зошто?“ го прашав. „Што зошто?“ не ме разбра. „Зошто ми го кажуваш ова? Зошто ме известуваш дека намерно си ми дал шпион во домот без да знам. Мислев дека сме пријатели,“ реков. „Секако дека сме пријатели,“ рече со насмевка која за миг ми се причини ѓаволска. „Но, само затоа што во твоето однесување има доволно грешки, што те прави интересен за луѓето.“ Го погледнав зачудено и пред да го прашам што мисли со тоа и дали се работи за лапсус, се слушна тропање на вратата. Насмевката на неговото лице исчезна и се претвори во сериозен поглед на човек кој е решен да направи нешто големо по цена на сопствениот живот. „Слушај,“ рече сериозно. „Ти и јас мислиме дека сме слободни, но вистината е дека не сме. Само сме програмирани да мислиме така. Исто како што твојата ќерка е програмирана да мисли дека сака куче, за да í го купиш, за потоа да те шпионираат. Сите ние сме пиони во нивната игра.“ Од другата страна на вратата се наслушна силно тропање и викање. „Отворете во име на Надпрограмот!“ Не ми беше јасно што се случува. Данаил извади една книга од полицата и задниот ѕид од канцеларијата се отвори, откривајќи вистинска оружарница. Влезе внатре и додека се наоружуваше како командос, продолжи да ми зборува. „Имаш два избори, можеш да дојдеш со мене и да


123

се приклучиш на вистинскиот живот, или да останеш тука со нив, заробен во нивната игреалност.“ „Што сакаш да кажеш, по програмата!“ извикав збунето и испаничено. „Сакам да кажам дека таму надвор е вистината. Таму се луѓето, скриени во изолирани парчиња од земјава, недостапни за машините, таму е животот и вистината која ја бараме. Тука е ропството, невистината и сé она што мислиш дека е реално, а не е. Твоето семејство, твојата работа, сé е лага. Можеш да останеш, не би требало да ти направат ништо ако бидеш послушен, оваа просторија е недостапна за нивните шпионски механизми, и ќе продолжиш со твојот живот, но ќе бидеш свесен на лагата.“ Чукањето однадвор стануваше сé посилно. Се слушаше звук на брмчење и чкрипење. „Наскоро ќе влезат, нема повеќе време за размислување. Јас одам со или без тебе,“ заврши Данаил и ме погледна како да очекува дефинитивен одговор. „Збогум,“ му реков без двоумење. Немав за што да размислувам. Бев свесен на тоа дека моите деца и моето семејство ми се доделени, но по програмата, се грижев за сите нив и не можев да ги напуштам туку-така. Главниот лаборант кој потрошил децении од својот живот за создавање на совршени миленичиња, кои очигледно воедно биле и совршени тајни агенти, ми кимна со главата и на навистина чуден начин изговори само еден збор кој ми се чинеше сосема апсурден: „Алшшшшарррр“. Потоа замина во тајниот ходник, а вратата зад него се затвори.


124

Седев сам во канцеларијата кога блиндираната врата се отвори и вооружени специјалци влегоа внатре. „Каде е!“ истапи веднаш главниот цајкан, ја извади заштитната борбена кацига и ја откри својата кратко потстрижена војничка фризура и коцкестата вилица под неа. „Не знам,“ реков кратко, а главниот ја прими таа вест со желба да се испразни за неуспешниот лов со аперкат од полициска палка врз мојата некоцкеста вилица. Додека паѓав врз масичката и таа се распаѓаше на десетици парченца под мојата тежина со крајот од окото го забележав кучето кое се тресеше како да има мал напад на епилепсија во транспортерот. Во тој момент, пред да ја изгубам свеста, се сожалив на него. Тоа не беше виновно, помислив, и за миг ми се причини дека во него се видов себеси... ние и не се разликувавме толку, сите бевме само алатка на системот.

ЗАП834ИНС

Се разбудив во кревет со главоболка од сто гигапаскали, a мојата верна сопруга седеше до мене со влажно крпче во раката со кое ми го тапкаше челото. Сигурно го видела тоа на филм, во безбројни американски срцепарателни сцени каде што верната мома на херојот му ги лечи раните стекнати на боиште заради повисоки идеали или едноставно заради бунто-


125

вен дух. Но, јас не бев ниту бунтовен ниту идеалист, како што ни таа не беше млада партизанка. Бевме само споредни ликови во претстава напишана и режирана од Градителите и наречена соодветно реплико-живот. „Каде сме?“ ја прашав. „Во нивниот штаб. Ме повикаа веднаш штом те донеле тука,“ ми рече. „Каде е тоа нивниот штаб?“ реков збунето. „Не знам,“ одговори таа, „ме ги врзаа очите веднаш штом ме известија каде ќе ме носат.“ „Децата?“ реков загрижено, токму како што треба да бидам. Не можев да се ослободам од помислата дека само следам програма наместо да правам свесни одлуки. Но, дури и инстинктите, нагоните, емоциите кај луѓето се кодирани во нивната ДНК, значи се природни програми кои ги тераат да реагираат несвесно на работите, се тешев. „Во ред се, на сигурно се,“ рече таа. „И сега што,“ ја прашав како таа да ги имаше одговорите за новонастанатата ситуација, но таа само ги крена рамениците. Сакав да ја прашам за кучето, но тоа не ме засегаше премногу. Ако се прашувам јас, слободно може да го репрограмираат или уништат, но никој не ме прашуваше мене. Влезе наредникот на специјалците кој претходно со еден удар од својот верен пендрек ме прати во светот на електричните овци. Повторно таа коса, потстрижана рамно како со ласер, строгиот поглед, фокусираноста на целта. Потстанав, но ми се сврте од наглото движење.


126

„Лежете, лежете,“ рече тој. „Значи, што имаме тука, случај 129/3 Супервизор Андров и неговата сопружна единица,“ ја погледнав Ема сомнително, откако таа не изреагира на тоа дека сум Супервизор. Не изгледаше воопшто изненадена. „Идо Андров, вашите извештаи се прочуени тука,“ рече уште повеќе зголемувајќи ја мојата изненаденост. „Да не речам дека сте некој вид на ѕвезда, бестселер автор. Жално е што се запознаваме во вакви околности.“ Бев збунет и изненаден, но не знаев дали да бидам поласкан или исплашен. „Мислам дека нема потреба да должиме, па ќе зборувам искрено. Имавте пријател, главниот лаборант во фабриката за ре-миленичиња, кој повеќе не ви е пријател. И не само тоа, се работи за случај на тешко прегорени електро-органски кола, со синдром на следење, параноја, измислени реалности, на граница на шизофренија. Мислам дека ќе се согласите со мене,“ ме погледна строго и прашално на што јас само кимнав со главата како послушно учениче. „Нема да ве изложуваме на форматирање затоа што имате вредни податоци во вашата мисловна единица и не би сакале да ги изгубиме. Останува да ја прифатиме реалноста на тоа дека не вреди да се жртвувате за еден пореметен репликант, нели?“ повторно ми постави реторичко прашање на кое само немо се согласив. „Ние ќе се погрижиме тој никогаш повеќе да не ви додева, а вашиот случај засега е затворен. Ве замолувам да продолжите со вашата работа како Супервизор зашто вие ја правите поподнослива оваа имита-


127

ција на реалноста. Ве поздравувам,“ стана, ја пружи раката, на што повторно рипнав и повторно ми се сврте. Се фатив за масата пред мене, во надеж дека таа ќе го закотви светот кој се вртеше околу мене како вртелешка. „Полека,“ ме предупреди тој, „извинете за тоа со пендрекот, сепак не знаев кој сте. Но, отсега ќе имам на ум, како што и вие ќе знаете дека ве следиме, но сепак тоа е нужно заради наше и ваше добро,“ се насмевна, ми го сврте грбот и замина. Ема возеше по темните улици на градот повремено осветлени од ретките улични светла, а јас го набљудував нејзиниот строг профил. Сакав да почекам до дома, но не можев да издржам да молчам. „Од кога знаеш?“ ја прашав. „Што?“ рече колку да ја пополни празнината помеѓу прашањето и извесниот одговор. „Знаеш што. Дека сум Супервизор,“ ја прашав со сериозен глас. „Па, не знам. Веројатно отсекогаш,“ рече таа како тоа да е нешто сосема природно. „Молам, како?“ збунето ја погледнав. „Па, тоа е дел од договорот,“ рече таа. „Ти одбираат маж, знаеш со што се занимава, не смееш да му кажеш дека знаеш и толку.“ „Просто не ми се верува,“ реков во шок „сите овие години...“ „Па, не е дека само јас сум имала тајна, нели?“ рече таа и се насмевна. Во нејзините зборови немаше лутина. Ми се чинеше дека беше добро подгот-


128

вена за овој миг, дека го подготвувала како говор со години и дека знаела што ќе ми одговори на секое мое прашање или забелешка. Немаше потреба да ја прашувам повеќе, зашто, колку и да звучеше ладно или препрограмирано тоа, таа едноставно беше во право. И двајцата бевме виновни на свој начин, но немавме поинаков избор. Таа се сврте, ме погледна и виде дека сум разбрал, а потоа се насмевна нежно. И ја вратив насмевката и се разбравме без зборови како и многу пати претходно во животот. Кога живееш долго време со некого се случува нешто чудно, почнуваш да се синхронизираш, да си ги читаш мислите, да си ги предвидуваш зборовите и делата, како да стануваш една машина составена од две паралелни мисловни единици. Ние бевме тоа, на површината различни, во суштина поврзани. Стигнавме дома и немаше никој. Како што дознав од Ема, децата беа задржани од претпоставените на одржување. Веројатно требаше да им направат ситни измени поврзани со случајов и се надевав дека нема да извршат посериозни интервенции. Се потсетив на случката со Лина ми кога дозна за Записите и нејзиното однесување потоа. Колку и да криеше, ја познавав, знаев дека веќе не ми верува, го чувствував тоа во нејзиниот поглед. На крајот на краиштата, беше добро тој дел да се избрише, едноставно да го снема од нашиот живот. Беше чудно да бидеме сами, зашто тоа се случуваше навистина ретко. Ема се пикна во кујната и почна да подготвува вечера. Извадив шише вино и две чаши. Ни ставив на двајцата. Таа не уживаше во


129

алкохолот, но сакаше да ми прави друштво зашто знаеше дека јас сакам да се напијам по некојпат. Виното ме ослободуваше од инхибициите и му помагаше на мојот ум постојано засегнат од анализирање на нештата и ја прекинуваше партијата шах која постојано ја играв во сопствениот ум, во секој момент од животот. Вечерва можев да си дозволам да излезам од лавиринтот на моето битие и да се посветам на нас, конечно поблиску до она што постојано го барав, да бидам човек. Таа се доближи до мене, ја крена чашата, се чукнавме и отпивнавме по една голтка и потоа се бакнавме страсно. Сé уште не можев да се опуштам, во тој момент сфатив дека таа знае за репликата, беше невозможно да не знае. Што ако и таа беше Супервизор? Но, вечерта беше пред нас и немав намера да дискутираме за тие нешта. Тоа беше муабет за друг ден - со годините се учиш да ги прифаќаш работите такви какви што се. Лежевме еден до друг во полуосветлената просторија на нашиот дом. Не знам зошто повторно почнав да размислувам за кучето. Секако не заради тоа што се грижев за него, иако не сакав да си признаам колку ме потсетуваше на моето милениче од детството. Всушност беше исто до степен на идентичност, секако бидејќи се работеше за клон. Поточно, тоа беше копија на моето имплантирано сеќавање за него, отелотворено во конкретен програмски код. Копија на копија на копија. Но, тогаш беше поинаку. На кучето гледав како на нешто со што сакав да си играм,


130

да го галам, да трчам со него и да го пополнувам времето кога не сум со другарите или кога не измислував игри по дома. Тоа што најмногу ми пречеше кај кучето - неговиот автоматизам. Па и самиот честопати знаев да го наречам автоматрон или безумна машина кога ги повторуваше истите рутини по безброј пати, без надеж за промена или каква и да е интроспекција. Знам дека не е возможно куче, па ни кандроид да биде свесно за себеси, но сé што барав беше минијатурно отстапување од матрицата за да ми потврди дека заслужува да имаме заедничко потекло, но не. Станување наутро, клечење пред вратата за надвор, враќање дома, упорно следење насекаде додека не добие храна, скокање заради храна, цивкање и завивање додека храната се става, јадење без здив за неколку секунди, одење во кујната и проверка нешто да не паднало таму, враќање кај чинијата за проверка магично да не се создала храна, бришење на муцката од тепихот и самодоволно легнување додека хармонијата во телото не се наруши повторно и потоа процесот започнуваше, безгрешно и идентично, повторно и повторно. Каков живот!? Тоа што го разбрав е дека го презирам тоа суштество зашто всушност му завидувам. Мојот мозок не беше конструиран така, програмата што го раководеше не беше предетерминирана, туку заснована на квантните закони на хаосот и не ми даваше ниту секунда одмор. Единствениот мир во постојаното бучење во главата беа миговите како пред неколку минути, кога врските помеѓу невроните се прекинуваа


131

моментално за да се дозволи електрично празнење на центарот за задоволство. И што потоа? Потоа центарот се рестартираше, се полнеше со наелектризирани јони кои требаше да бидат неутрализирани со истиот чин. И така во недоглед. Па зошто тогаш ние се разликувавме од кандроидите? „Зошто не се вработиш повторно?“ ме праша ненадејно Ема како што знаеше во последно време редовно да ме потсетува. И до сега таа знаеше дека работам од дома и на тој начин обезбедувам средства за живеење, недоволни како претходно додека работев од надвор, но сепак задоволителни. Но, работењето на неколку работни места, дневната работа во маркетинг агенција, паралелното известување како Супервизор и ноќните задачи ме исцрпија. По четириесеттата, откако не успеав да создадам значајна иднина за моите деца, сфатив дека целата таа трка по профит, секојдневната сизифовска работа за нешто што беше неизвесно како можноста да го рестартираат целиот систем или да нé форматираат нас самите, беше бесмислена. Каде одевме и каде се тркавме? Побрзо кон амбисот на сопственото постоење. Така решив да ги напуштам дневната и ноќната работа. На почеток ми даваа задолженија за дома од рекламната индустрија, но откако комуникацијата се покажа како тешка, ме оставија да работам од дома и да известувам како Супервизор од терен. Всушност и немав многу избор, зашто ако ја напуштиш супервизорската работа, Градителите и нивните подредени нема да те остават туку-така да талкаш наоколу со сите тајни на системот во главата. Ако дадеш отказ


132

неминовно ќе бидеш целосно форматиран и вратен во системот како обичен служител, репликант од пониска класа. Познавав многу такви случаи и не ми се допадна што видов. Затоа решив да си го задржам семејството и тоа малку работа колку што можев. Но, сега се смени сé, сега откако дознав дека моите записи не биле залудни. Некој од горе ужива во нив, да така рече цајканот и немаше зошто да не му верувам, изгледаше доволно чесно. „Не гледам потреба да се вратам во системот,“ реков ладно. „Се надевам дека знаеш што правиш,“ коментираше таа загрижено. „Треба само да ми веруваш. Нема да ги оставам децата гладни. Знаеш дека се грижам, знаеш дека отсекогаш сум правел сé за нив, но едноставно не гледам како суштински ќе им го смени животот тоа што ќе заработувам помалку. Едноставно ќе живееме поскромно,“ реков. „Да, но тоа нема да трае вечно, тие растат, потребите им се зголемуваат, што е со образованието, тоа не е евтино,“ рече таа. „Можеби, но секако задутре нема да биде подобро ни вака, ни така, верувај ми, сум го гледал овој филм, сум го процесирал системот однадвор и однатре и е расипан како скапано јаболко,“ реков. „Се разбира, ти си Супервизор, сé ти е познато, но никој не знае што нé чека утре, а јас сум престрашена за иднината,“ рече таа. До сега разбрав дека таа знае што работам, но не знаев колку всушност го познава системот, како е поставен и што е нашата цел.


133

„Не сум сигурен дека разбираш доволно,“ реков. „Јасно ми е, сé ми е јасно,“ рече таа и се сврте. Не сакав да ја распрашувам во моментов. Решив да ја оставам целата работа малку да стивне. Утредента ги земавме децата, животот се врати во нормала, манџата имаше ист вкус, утрата беа подеднакво сиви, а детската смеа беше подеднакво искрена со или без пари. Мојата верба во системот, програмата и нашата цел тој ден беше разнишана од еден научник, го нарекуваа со сите називи во книгата на осудувањето и изолирањето индивидуи опасни по системот - луд, параноичен, биполарен, шизофреничен... но, ништо не можеше да ја смени вистината дека бевме во воз кој се движеше кон провалија со сé поголема брзина, а возачот кој се претставуваше како Градител, се повеќе ми се чинеше дека е всушност само измислица на пониските службеници кои немаа поим што прават. Ми остануваше само едно - да одгатнам дали лудиот е тој или тие се правеа луди. Но, како и каде да го најдам проклетникот беше сосема друго прашање.

ЗАП2531ПМФ

Она што со сигурност го знаев беше дека секоја држава е организирана како затворен систем според некоја претходна човечка ера и која, заради полесно разбирање Градителите ја избрале за најверојатна за постигнување на заедничката цел. Tоа значеше дека


134

всушност никому не му беше дозволено напуштањето на затворениот систем. Секој што тврдел дека патува надвор, всушност се лажеше. Во моментот кога некој добиваше понуда за работа или се подготвува за деловен пат, го приклучуваа на симулатор кој му имплантираше искуство како да патувал, од почеток до моментот на враќањето дома. Тогаш се будеше со чувство познато како џет-лег, а всушност беше последица на симулацијата. И потоа животот продолжуваше. Тоа важеше за сите ситуации на комуникација со надворешниот свет, ветото на Грција, војната во Југославија, судирот на Косово и слично, сé беше симулација која се вклопуваше во нашата репликација како делче од пазл и не пречеше во функционирањето на целината. Тие горе решија дека така полесно ќе се достигне до целта и никој не се прашуваше дали тоа е правилно или не. Токму заради тоа се сомневав дека Данаил се обидел да избега преку граница. Тоа едноставно беше невозможно и значеше сигурна смрт. Штом некој ќе ја преминеше границата, системите за детектирање го ловеа и автоматски му го исклучуваа системот преку вграден прекинувач. Тој не беше вграден како просто копче на ламба, туку беше интегриран со нервниот систем на секоја индивидуа и се користеше само во екстремни случаи. Никој не држеше прст врз копчето, дури ни Градителите и него можеше да го активира само Надпрограмот. Заради тоа беше невозможно да исклучат некој заради прекршок. Така се спречуваше злоупотребата на таа последна мерка. Се надевав дека не ја преминал границата што би ја


135

изгасило мојата единствена светилка за пронаоѓање на патот во темницата која ме опседна. Седев на терасата додека ладниот воздух ги вееше малкуте дрвја на игралиштето пред мојата зграда. Ја немаше вревата на децата кои дење се играа на тобоганите, лулашките и клацкалките, а ноќе реквизитите ги напаѓаа тинејџери полни со желба за докажување и натпревар. Тие, за разлика од малите слаби чекорчиња на дечињата, жестоко тропаа врз лимените конструкции и од ден во ден откорнуваа едно по едно делче од нив. Ми недостигаа тие младешки денови кога ми се чинеше дека иднината е бескрајна, а можностите неисцрпни. Сега ми се чинеше дека постои само една можност - бавна дезинтеграција на системот до конечно исклучување. Ветрот почна опасно да дува и дрвјата се свиваа сé повеќе, предметите од терасите почнаа да паѓаат и тинејџерите од игралиштето се разбегаа заедно со нивното викање и врескање. Пред да си ги соберам работите од терасата и да влезам во тивката спарност и задушливост на затворениот простор наречен дом, во мислите повторно ми навре еден збор - „Алшар“! Утредента децата заминаа на училиште а Ема на работа. Обичен ден, како и секој. Поминував низ белешките од претходните денови и се двоумев како да постапам. Дали да ги изнесам фактите и моето доживување во лабораторијата или едноставно да не поднесам извештај тој ден, секако ќе разберат со оглед на околностите. Тогаш, за прв пат во мојата професионална кариера се решив да излажам. Поднесов


136

лажен извештај за моето одење во лабораторијата поради чудното однесување на кучето и како наеднаш станав заложник на еден лудак кој сакаше да ме искористи како жив штит, но полицијата ме спаси. Меѓу другото, приказната веќе сигурно стасала до нив, а моите мотиви за посетата ги сочував за себе. Пристапив до базата на податоци со мојата скриена лозинка која уште пред многу години ја набавив од подземјето. Индивидуи на моја позиција мораа да се снаоѓаат ако сакаа да дознаат повеќе за дупките во системот, тоа беше легална опција, но на тој начин стекнувавме и други привилегии и оваа беше една од нив. Во тајните архиви побарав податоци за Алшар. Дознав дека се работи за рудник во кој бил пронајден минерал лорандит кој имал уникатни својства за детектирање на сончеви неутрина. Немаше ништо повеќе, но беше доволно за почеток. Завршив со дневниот извештај и го пополнив планот за денот - посета на Природно-математичкиот факултет. Планот беше тој, но причината за истражувањето не ја изнесов. Планирав да ја посетам мојата пријателка Теа, професор по нуклеарна физика и да дознаам што можам за Алшар. Фатив автобус бр. 2 и се упатив кон Природно-математичкиот факултет. Бев пријатно изненаден кога во автобусот ме пречека возач, во неговата сина кошула и со потемнети кругови под мишките. Моите забелешки не се залудни, по машините со Данаил и неговиот преправен мистицизам и вештачка сезнајност!


137

Побарав нешто ситно во паричникот и му ги подадов парите на возачот, а овој, возејќи со едната рака, со другата ми ја подаде картичката и кусурот. Ја отчукав картичката во машината која го поткина горниот ќош и го отпечати датумот. Откако седнав направив забелешка за тоа дека апаратот не треба секој пат да има мастило во него, некој пат картичката треба да излезе празна, како што ми беше познато од Архивот. „Ситните несовршености се тоа што ќе нé направи луѓе. Познато е дека човекот во XXI век ја совлада технологијата за правење дијаманти, дури и посовршени од природните, но муштериите повторно ги барале природните верзии, знаејќи дека совршените се направени во лабораторија, а природните со милиони години во пеколната утроба на земјата под дејство на природните сили. Нам тоа ни се чини нерационално. Зошто би сакале нешто помалку добро само затоа што сметаат дека е природно, кога ја имаат подобрата вештачка верзија? Токму во тоа е суштината на човекот, во неговата ирационалност, верба, емоции и приврзаност за приказни,“ го завршив записот, задоволен од напишаното. И покрај тоа што бев на тајна мисија не можев да одолеам да не ја вршам својата должност. Секако освен техничката забелешка внесов и малку личен допир со поговорката и филозофското објаснување за сладокусците на пишаниот збор. Сега знаев дека имам публика и дека моите записи не одат во некоја лимена канта за процесирање на фреквенција на повторливост пред да бидат забележани. Пишу-


138

вав за нив, за тие безлични службеници напикани по канцелариите на системскиот апарат, за нивните надредени, кои сите му служеа на истиот систем како и јас. Сите заедно се обидувавме да го направиме подобар. Се почувствував како навистина среќна мравка. Но, зошто тогаш го истражував т.н. случај „Алшар,“ кој не го внесов во записите, туку го чував себично за себе. Во размислувањата ме прекина врева во задниот дел на автобусот. Двајцата влезени контролори се расправаа со едно момче кое очигледно се шверцуваше во автобусот. Момчето се преправаше дека е странец и зборуваше на англиски, но контролорите го прочитаа како селски буквар и му се закануваа дека ќе го однесат во станица па може таму бубрезите ќе му прозборувале на македонски. „Мајсторе, отвори задна,“ истовремено вревеше една бабичка со ќеси од пазар во рацете, додека се случуваше драмата, а возачот одбиваше да ја отвори вратата. Бабата стануваше сé поздодевна и погласна поради што и другите почнаа да се бунат да ја пуштат, немало смисла, им се запнаа да ги остават и децата, немало да им се повтори, па бабичката за греота била. Возачот на крај притиснат од сите страни реши да попушти на нивните убедувања и ја отвори вратата. Свитканите нозе на бабата, со темни чорапи до глуждови под кои се наѕираа светли хулахопки и густи темни влакна залепени на нив не се ни најдоа на асфалтот, а децата веќе одамна спраштија од автобусот. Ја внесов ситуацијата во записите, како пофалба за автентичноста. Понекогаш кога бев


139

задоволен од системот и од себеси правев и такви забелешки. Навистина, бев прилично задоволен од тоа како се одвиваше денешниот ден. Се симнав во населбата Автокоманда пред хотелот „Континентал“ кој осамено се издигаше таму каде што не постоеја слични високи згради. Поминав под надвозникот кој мирисаше на застоено и мочка и се најдов на другата страна на булеварот започнувајќи го моето искачување кон факултетот. Имав доволно време за разгледување на природата на ридот. Зад дрвјата се слушаше цвркотење на птиците. Понекогаш, кога немаше вистинска потреба за автентичност, на пример птиците не ги гледаме, туку само ги слушаме, се работеше за снимени звуци. Но, во случајов посведочив на неколку различни видови птици кои цвркотеа и весело рипкаа врз гранките. Сонцето се пробиваше низ зимзелените дрвја и се чувствуваше остриот пријатен мирис на зимзелена шума. Денес бев горд на Градителите и на нашата мисија зашто бевме проклето добри. Влегов во социјалистичко-бруталистичката градба која се издигаше високо на ридот и побарав упатство кон институтот за физика. Таму, задлабочена во хартии и пресметки ја најдов Теа, висока и стамена, секогаш пријателски, но професионално расположена. „Здраво Идо, одамна не сме се виделе, како е семејството? Повели, седни,“ ме поздрави, поставувајќи ги сите неопходни прашања и воедно давајќи доволни упатства за започнување на разговорот, во


140

стилот на вистински математички и научен ум. „Ти благодарам, добри сме, не се жалам,“ реков и седнав. „Со што да те понудам, кафе, сок?“ ме праша на што одмавнав со главата и се заблагодарив во специфичниот стил на оваа средина каде што се одбива со благодарност. „Фала. Но, кажи ми, како е кај тебе?“ ја прашав. „Лудница, сред семестар, сите полагаат, сакаат набрзина да завршат, ама тешко, стандардот ни е паднат, не сме веќе во Југославија, немаме учебници, скриптите се стари и на српски или хрватски, работиме напорно да направиме наши учебници, но процесот е тежок. Децата веќе не ги познаваат толку добро тие поранешни братски јазици, ова се нови генерации, им требаат нови учебници.“ „Да, се согласувам,“ реков бидејќи не знаев што да коментирам на таа тема, едноставно немав доволно познавања, но ми се чинеше како нешто вредно за забележување во записите. „Како можам да ти помогнам, звучеше малку мистериозно по телефон,“ таа ја смени темата. „Ах, да,“ реков малку засрамено, „сакав да те прашам за Алшар.“ „Што за Алшар?“ рече збунето таа. „Што можеш да ми кажеш? Правиме една реклама за македонски вредности финансирана од Владата. Знаеш она, промоција на нашите културни, историски, природни убавини, па дојдов на идеја во една од рекламите да зборуваме за Алшар, како за посебно место, по малку и мистично. Разбрав дека е навис-


141

тина уникатно од аспект на физиката и астрономијата,“ преминав веднаш на главното. Се разбира дека не можев да ја кажам вистинската причина за мојот интерес за Алшар, а освен тоа повеќето од моите поз­ наници сé уште мислеа дека работам во маркетинг индустријата, па тоа ми беше добар изговор. „Да, добро си разбрал,“ рече таа. „Алшар е рудник, експлоатиран уште од антиката, но таму одамна нема никакви истражувања. Пред дваесетина години повторно се актуализираше со интересот на НАСА за рудникот, а потоа пред десетина години со активостите на американските астрофизичари поради еден минерал кој се наоѓа таму.“ „Лорандит?“ реков, покажувајќи дека сум запознаен со темата. „Да,“ рече таа, „се работи за минерал за кој се зборува дека го има само во Македонија и е единствен природен елемент во светот кој ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето, а потенцијалната употреба оди дури до фузија. Но, моето мислење е дека постојат вештачки елементи кои ја вршат истата функција на детектирање на неутрина и фамата која се крена околу ова место е непотребна. Ние сме млада самостојна нација, знаеш, потребни ни се митови и желба за признавање. Почнаа да шират приказните дека штитовите на фалангата на Александар Македонски биле премачкани со овој минерал заради што тој светел како сонцето и го заслепувал противникот на боиштата. Оттаму, демек потекнува митот за сонцето од Kутлеш,“ рече таа со скептичен тон на гласот.


142

„Да,“ реков, „се разбира, митовите се потребни за секоја нација, особено за тие кои го бараат идентитетот. Не гледам ништо лошо во тоа. Но, сето тоа е во минатото, колку што те разбрав. Таму сега нема актуелни ископувања?“ потпрашав за да бидам сигурен. „Не, со децении никој не стапнал таму, пусто е како во град во недела,“ се пошегува таа, на што јас се насмеав. Разменивме уште неколку неврзани муабети за заедничките пријатели, ì се заблагодарив за информациите и наскоро бев на пат кон дома. Не дознав ништо ново и заклучив дека постои само еден начин да ја решам мистеријата. Возејќи се повторно во автобусот се препуштив на мислите и веќе ја планирав следната мисија, овој пат ќе морав добро да го испланирам моето патување зашто никој не смееше да дознае дека се упатив токму таму - кон рудникот Алшар.

ЗАП2532АЛШ

Вечерта малиот ме бараше пред да легне. „Поседи тука... само пет минути,“ беше неговата стандардна молба. Веќе беше голем и спиеше сам, но понекогаш бараше некој да поседи со него, а најчесто тие „седенки“ завршуваа со заедничко заспивање. Го галев по косата, а тој ме гушна со малите рачиња до каде што фаќаа. Ја спуштив главата врз неговите гради и му го слушав чукањето на неговото мало забрза-


143

но срце. Ја почувствував неговата вратна артерија како силно пулсира, ја замислував крвта која внатре забрзано струи низ вените и му го чувствував телото кое вриеше од топлина. Сé во него силно извикуваше „живот!“ и тоа можев јасно да го почувствувам. Се мачеше да заспие, се препотуваше и се откриваше, додека заедно не потонавме во светот исполнет со фантазми. Честопати се прашував зошто ние репликантите сонуваме. Јасно е дека градбата на нашиот мозок беше слична со градбата на човековиот мозок, но нашиот нервен систем, општо земено беше супериорен. Можевме лесно да се ослободиме од рудиментите на дневните доживувања, да го прочистиме и дефрагментираме мозокот, да ги распоредиме енграмите од привремена во трајна меморија и да го направиме истото што го прави и сонот. Тогаш не би имале потреба од сон и соништа. Нашите создавачи направија еден таков експеримент и беше успешен, но нешто недостасуваше. Таквите андроиди не покажуваа знаци на креативност, фантазија, индивидуалност, оригиналност и неавтоматизирано размислување. Имаше нешто во сонот што помагаше во овие процеси, а на научниците им беше непознато што беше тоа. Затоа немаа избор освен да нé остават да сонуваме. Утредента им кажав на домашните дека морам да одам на службен пат во Кавадарци. Се најдов пред „новата“ железничничка станица, иако веќе триесеттина години стара, називот ì остана од времето на


144

постоењето на старата која била уништена во големиот земјотрес од 1963-та година. Тогаш многу народи дојдоа на помош на разрушеното Скопје, кое беше дел од тогашната СФРЈ, држава со силни врски со западот и истокот, југот и северот, членка и претседател на Движењето на неврзаните, социјалистичка држава отвотрна кон капиталистичките производи. Младите тука пиеле Кока-кола и гледале филмови со Џон Вејн и Брус Ли, а во домашните филмови глумел Јул Бринер и други светски актери. Еден од градителите на ново Скопје, симбол на хуманоста на светот обединет во едно место да помогне на една нација да се изгради поврторно, беше прочуениот јапонски архитект Кензо Танге. Но, искуствата од претходните ери мораа да бидат земени во предвид кога се правеше нова реплика. Столбовите на „новата“ железничка станица се издигаа десетици метри високо над мене. Имав време да се прошлаам низ железничката, да го разгледам сонот на Кензо за модерно и обединето Скопје. Тој сон умираше на ова како и на многу други места, запоставени, оставени на забот на времето, рѓосани и мувлосани од влага, поцрнети од нечистиот град кој во зимските месеци се гушеше во смог. Застанав на билетарницата, а продавачката на билетите ме погледна сомнително додека од пепелникот до неа излегуваше густ чад од цигара марка Југославија, џиш-црвено пакување. „Еден повратен билет за Кавадарци,“ реков и посегнав кон паричникот.


145

„Дете, кој ти кажал да се качиш на воз за Кавадарци?“ ме праша неочекувано. Се најдов во небрано. Веќе ми се имаа случено неколку невообичаени случки и самиот не знаев кому да му верувам, кој е шпион, кој ми е пријател или непријател. Ми се чинеше дека зад секој агол ме демне опасност. „Не разбирам,“ реков неодредено за да видам колку знае. „Што не разбираш,“ ме праша повторно со едноличен поглед. „Слушајте, не знам која сте и што сакате од мене,“ викнав со нетрпение, „но, јас морам да се качам на тој проклет воз и тоа веднаш!“ Таа застана за миг, цигарата остана да ~ виси на работ од устата и зачудено трепкаше со очите. „Полека бе дечко,“ рече „што рипаш веднаш. Те прашувам кој те излажа да дојдеш до тука и да бараш воз за Кавадарци кога не постои таква линија. Ќе си одиш на Меѓуградската автобуската станица.“ Се почувствував засрамено, го спуштив погледот, промрморев едно тивко и речиси неразбирливо „се извинувам“ и заминав. Не мина долго време и веќе бев во автобус за Ре-Кавадарци со чувство дека одам во авантура од која нема враќање. Не знам зошто го имав тоа чувство, можеби заради драматичните зборови на Данаил кога ненедајно излезе од сцената на неговата лабораторија. Автобусот забрмчи и силен мирис на дизел се распространи низ неговата внатрешност. Избрав место


146

покрај прозорец од левата страна и бев задоволен што никој не седна до мене. Не бев расположен за муабети, а секако ниту за правење записи. Од надвор се слушна некое мешкање и автобусот малку се навали настрана за да го прими крупниот старец кој му довикуваше на возачот, а овој очигледно го прекоруваше старецот за доцнењето и го известуваше дека има распоред на возењето на кој мора да се придржува. „Еве, еве влегувам,“ рече задишаниот старец со една торба и неколку кеси. Го погледнав со крајот на окото повторувајќи мантра во себеси: „Не седнувај до мене, не седнувај до мене...“ и како со тоа да го привикав. „Слободно ли е?“ ме праша со широка насмевка, иако имаше многу други слободни места. „Секако,“ му одговорив прикривајќи го незадоволството. Наскоро бев прилепен до стаклото и притиснат од телото на овој крупен и зборлест примерок. Но, можеби ќе дознаам нешто ново, се тешев. „Каде одиш, дете?“ ме праша. „До Кавадарци,“ реков. „Роднини?“ ме праша, на што одмавнав со главата и реков дека одам деловно. Беше по малку изненаден. „Бизнис, како што велат новопечениве, а?“ се насмевна тој, „ако, сине, ако, така треба. Во наше време никој не бркаше бизнис, сите бевме подмирени, а вие кутрите морате по две-три работи да работите и пак не е доволно. Јас сум родум од Кавадарци, ама во 60-тите дојдов во Скопје, основав семејство и добро ми е. Сега одам да ја продадам семејната куќа, греота е да скапува празна, ама не гледам дека мла-


147

дите имаат желба да се вратат некогаш. Тука е метрополата, животот, сé надвор ќе пропадне, ќе видиш. Младите нема да се вратат, старите ќе изумрат, ќе бидеме град-држава. А за што работа одеш?“ „Одам да го посетам рудникот Алшар, да видам дали има потенцијал за копање руда,“ решив да му ја откријам мојата дестинација, бидејќи мојот квантен алгоритам процени дека веројатноста да добијам информации од старецот е поголема од таа да ја загрозам мисијата. „Ах, одамна ти е замрена таа работа, синко,“ одмавна со глава тој, „не сум слушнал дека некој е заинтересиран за тој рудник веќе дваес'-триес' години. Имаше приказни за него кои сме ги слушале како деца.“ „Какви приказни,“ ме заинтересира. „Ма ништо, детски работи,“ се насмевна и ме праша, „си слушнал за Бигфут, нели?“ на што одговорив дека сум слушнал. „Епа, наводно, таму некој видел некое суштество како бигфут, ама наш, со македонски пашапорт нели,“ се насмеа. „Како деца се игравме таму и го баравме тоа суштество, влегувавме по старите отвори и пештери, но никогаш ништо не сме виделе.“ Се замислив што ли би можело да биде тоа. „Како што кажав, детски работи, не придавај му значење на тоа,“ додаде, „но и за посериозниве работи како копање руда не загревај се премногу, одамна ти е мината работа тоа. Таму се копало злато, лорандит, антимон и друго уште од антиката, некои велат од неолитот. Во модерно време се интересираа Аме-


148

риканците, па Германците, секакви странци се моткаа таму, но наеднаш ги снема. Оттогаш жив човек не стапнал таму.“ Автобусот бавно се пробиваше по патот додека сонцето се креваше на небото. Возилото беше валкано и мирисаше на застојано. Седиштата не беа исчистени којзнае од кога, а на завесите на прозорците имаше црн слој чад. На старчето тоа не му пречеше и тој ги потпираше рацете врз малата масичка која се спушташе од седиштето пред него, виткаше тутун и пушеше како локомотива иако не ме праша дали ми пречи, а јас гледав надвор кон сувите наши предели, соголени шуми и кршни брда. Старчето ја продолжи својата беседа за младешките денови во Скопје, женачката, вработувањето, децата, нивното растење, проблемите на работа, болеста на жената и радоста на стареењето со внучињата. Кога се доближивме до Ре-Кавадарци неговата животна приказна беше при крај и го искористив моментот да ме упати до рудникот. „Не знам кој те пратил, ама рудникот не е баш блиску до Кавадарци, всушност ќе ти треба превоз до селото Мајден, па после можеш да фатиш пешки и брзо ќе стигнеш, двеста-триста метри има до рудникот, во Кожув планина, над Црвената долина. Има неколку длабоки окна, едно е источното, не би те советувал да одиш таму, нестабилно е и може да се урне во секој миг. Другото е западно, таму е посигурно, но ни тоа не е користено којзнае од кога. Некои окна се длабоки со километри, внимавај да не се изгубиш. Ти посакувам среќа и здравје, збогум,“ ме


149

отпоздрави старчето, срдечно му се заблагодарив и излегов од автобусот. Се најдов во Ре-Кавадарци, град во кој не сум бил никогаш, а сум слушал многу за тој центар на Ре-Тиквешијата, за лозјето и виното фалено кај нас и надвор, најголемото виногорје на Балканот. Побарав упатство до центарот на градот и набрзо се најдов таму. Наоколу владееше слична атмосфера како во Ре-Скопје, само сé беше помало и некако поопуштено. Неколкуте локални ресторани работеа со полна пареа и беа исполнети со млади безработни луѓе. Се гледаше дека новиот систем оставил многу млади кадри без работа и тие безделничеа додека бистреа политика, историја, спорт или секојдневни случувања. Здогледав еден таксист како дреме на станица и решив да го прашам колку би чинело да ме превезе до селото Мајден. Малку се поценкавме, но се договоривме некако. Ми рече дека подобра понуда нема да добијам. Се сомневав, но немав волја да се распрашувам понатаму. На радиото цепаше турбо-фолк бенд со певаљка која завиваше по нотите како пилата на шумарот по дрвата во Шумадиските краишта, а возачот толчеше една по друга цигара. Автомобилот, стар мерцедес, немаше клима или беше расипана, и сите прозорци беа ширум отворени. Ме дуваше отсекаде, но не сакав да се жалам. „Шо наваму пријателе, до руднико да не одеш?“ ме потпраша таксистот трудејќи се да зборува литературно за да го разберам.


150

„Да,“ одговорив кратко. „Ако, ако, оди испробај си ја среќ'та. Одамна никој не е одел натаки, ама ти пробај си. И јас сум си ја пробувал среќ'та во животот, сум работел во Ѓерманија, Италија, Швајцарија, сегде. Сум бил молер, бравар, водоводџија, камионџија, сé што ти душа сака. И сум заработил ногу, ама таа ж'та ме влечеше и парите ојдоа, ама се вратив и туа ми е најубаво, морам да ти се пофалам. А ти не лафиш ногу нели?“ ме погледна шеретски низ густите веѓи и со насмевка која му ги откриваше проретчените и црни заби, низ кои штрчеше цигарата. „Не, само сум изморен од патот,“ му реков. „Ако, ако, почини си ти, јас нема да писнам, че ти пуштам музика за душа, а ти опушти си се,“ и навистина го послушав. Заспав со звуците на завивањето и се разбудив од наглото кочење на што ми подрипна срцето. „Стигнавме,“ рече весело човекот. „Јас че те чекам тука, нема да кинисам, а ти колку ти треба време да си копнеш таму, копни си, ич не бери гајле да си знаиш.“ Излегов од автомобилот и тогаш ми текна дека не го знам патот, се вратив и го прашав, на што добив точни упатства, од каде да се искачам и кое окно да го барам. Заминав во недопрената природа на Кожув планина и се восхитував на густата шума насекаде околу мене. Тогаш ме мавна помислата дека не припаѓам тука и дека сум далеку од моите овластувања. Сам репликант во природа не е добра комбинација. Знам


151

дека сé беше плански градено, и внимателно одгледано, од прво до последно дрво, но природата во мене будеше чувство на немир и страв од непознато. Во размислувањата ме прекина глетката на окното кон кое ме упати таксистот. Се доближив внимателно и ѕирнав внатре. Мртва темница. Ја извадив капата со прицврстена батериска ламба и тргнав навнатре. Сé во мене ми кажуваше дека не треба да влегувам. Не знаев каде и зошто одам, но едноставно чекорев понатаму, по тесното окно и правливиот пат кон утробата на ѕверот. Веќе очекував дека ќе го најдам и самиот ѓавол во центарот на земјата, кога патот ненадејно заврши. Беше заграден со дрвена преграда која се обидов да ја отворам, но не успеав. Почнав нервозно да тропам на таа импровизирана врата која ме спречуваше да ја одгатнам мистеријата на местово. По некое време наслушнав чекори. Бев подготвен на борба, иако немав никакво оружје со мене, сметав на тоа дека стравот ќе ги натера моите жлезди да испумпаат дополнително количество адреналин кој ќе ме направи посилен и можеби ќе имам шанси против пештерското чудовиште. „Андро!? Ти си? Не ми се верува!“ наеднаш изговори гласот од темницата и наскоро го познав главниот лаборант Данаил како ме гледа со широка насмевка. „Но, кого лажеме, и двајцата знаевме дека ќе се видиме наскоро, нели?“ дополни и ме прегрна како навистина да се радува што ме гледа. Немав зборови и не знаев што да му кажам. Из-


152

гледа делував многу збунето штом веднаш потоа тој рече: „Навистина е среќа што се сретнавме тука, бев излезен на кратко, но дојди со мене, сé ќе ти објаснам.“

ЗАП102ЛУЃ Данаил ја пикна раката во ѕидот од својата лева страна, извади еден голем камен зад кој се наоѓаше табла со бројки. Внесе шифра и како во „Индијана Џонс“ трошниот куп нафрлани штици пред нас се отвори како парчиња од сложувалка, а потоа откри друга железна порта. Тој се доближи до вратата и оттаму се појави ласер кој му го скенираше окото и вратата се отвори. Внатре нé пречекаа неколку специјални војници во полна воена опрема како да се подготвени да го бранат претседателот и татковината во секој момент. „Пријател ми е,“ им рече на грамадните момци и тие нé пуштија. Се запрашав каква операција води Данаил тука и што ли се крие во тој подземен свет. Очекував дека наскоро ќе го добијам одговорот, но ништо не можеше да ме подготви за она што ме чекаше. Влеговме во еден полу-осветлен земјен ходник и потоа пред нас се откри плоштад сред голема пештера, со градби наоколу во ѕидовите на пештерата. Градбите беа неверојатно пространи. Луѓето врвеа наоколу како да се наоѓаш сред град и имаше навистина жива атмосфера.


153

„Овошје, зеленчук, месо, сé што сакаш,“ рече Данаил додека ме водеше низ пазар на кој се слушаше викање од сите страни и откако ја виде мојата збунетост, дополни, „имаме и струја, вода, канализација, сé што ни треба. Рудников е толку богат со ресурси што би можеле да живееме тука илјадници години, но планот не е таков.“ „Стигнавме,“ рече, „повели во нашиот скромен дом“. Влеговме во една од пештерите. На ниту една немаше врата. „Ова е моето семејство.“ Внатре имаше двајца мажи и три жени, десетина деца трчкаа, влегуваа-излегуваа, полуоблечени или голи, и општо владееше хаотична атмосфера. „Ова е Марко, Арбен, Марија, Јана, Панореја и нашите дечиња, барем мислиме дека се,“ рече Данаил и гласно се насмевна затоа што го виде мојот израз на шокираност. „Изгледа требаше да те подготвам за ова, пријателе. Ајде да седнеме да јадеме, па ќе ти раскажам сé убаво.“ Додека жените го подготвуваа јадењето, Данаил и Марко седнаа со мене. Седевме на подот, а пред нас имаше ниска дрвена масичка. Данаил беше вистински интелектуален тип, сув, висок, со очила и продорни сини очи кои те проучуваат во секој момент, но никогаш не си сигурен дали те гледаат тебе или низ тебе се задлабочени во тајните на универзумот. Марко беше чиста спротивност на Данаил, крупен маж, со голем стомак, влакнести раце, но таква простодушна насмевка под густата брада што не можеше да не го засакаш. „Значи, ова ти е пријателчето од надворешниот свет,“ рече Марко. „Сме слушале многу за тебе прија-


154

теле, навистина ни е драго што си тука. Данаил беше убеден дека ќе нé пронајдеш.“ Данаил кимна со главата и се заблагодари за салатата која му ја подаде едната од жените. „Подобро би било да помогнам малку околу ручекот, па не сме во патријархат по ѓаволите!“ гласно се насмеа Марко и стана. „Мислам дека ти должам објаснување, нели?“ рече Данаил, на што јас само кимнав со главата. „Ете, би можеле да почнеме од тоа како живееме. Да, ова не е патријархат, но не е ни матријархат, најдобро што би можел да го опишам е - слободно општество во кое сите добра се произведуваат, се делат и се користат заеднички,“ рече Данаил не можејќи да си ја скрие насмевката заради мојата збунетост. „И жените ги делите?“ прашав по малку срамежливо, но едноставно не можев да го занемарам тоа што го слушнав и видов. „Не, човечко суштество не може да се дели или да се поседува, сите ние сме слободни и бираме со кого ќе бидеме. Марија и Јана се речиси постојани членки на нашава заедница, Панореја е помалку-повеќе тука и во неколку други заедници, но сите ние сме родители,“ рече и ме погледна значајно. „Неверојатно,“ реков збунето, „како мислиш родители?“ „Така, сите овие деца што ги гледаш, се родени тука. Истото важи и за нас. Сите тука сме децата на сонцето, иако самото сонце поголемиот дел од луѓето тука не го виделе никогаш во животот. Ние сме, едноставно, децата на Алшар,“ рече Данаил и за момент престана да зборува, крена една од чашките и


155

наздрави. „За човечкиот род!“ викна и ја испи на екс чашката. „Добра е нели, домашнава ракија, алшарско производство.“ Го згрчив лицето од ракијата и кога дојдов до здив конечно го прашав за она што гореше во мене многу посилно и пострашно од тој отровен пијалок. „Чекај малку, сакаш да кажеш дека ова местово тука, овој подземен наречи го град, е град на луѓето?“ реков и го погледнав прашално на што тој весело кимна со главата. „Истите оние луѓе кои ги истребивме во војната од 2055 година?“ прашав повторно. „Па не баш истите, нели инаку не би биле живи,“ рече и се насмеа. „Ова се потомците на тие што преживеаја, се скрија тука и изградија нов живот далеку од вас.“ Дури тогаш ме мавна помислата која цело време лебдеше пред мене како неизвесност, дека всушност овој мој наречи го пријател не е од ист род како мене, дека и тој е човек. Бев запрепастен од целата работа. „Всушност, имам уште една тајна да ти кажам. Никој тука не знае дека ти си андроид. И кога би знаеле веројатно би те обесиле сред плоштадот. Па, подобро е тоа да остане наша мала тајна,“ рече Данаил весело и ми намигна. Во тој момент се врати Марко со голема чинија полна храна. „Данаил ми раскажа дека сте биле стари пријатели. Навистина ти се восхитувам како си издржал толку долго таму со машините. Навистина храбро од твоја страна,“ ме потапка по рамото, „имаш ли се-


156

мејство таму?“ Седнаа и двете жени и почнавме со јадењето. „Да,“ реков. „Жена и две деца.“ „Сигурно ти е тешко да им криеш кој си, а да не зборувам за водењето љубов со машина, бљак! Но, може ќе ти дадат да пробаш малку вистинско месо тука, ако ме разбираш,“ рече и погледна кон жените. Јана не изреагира и се занимаваше со јадењето, а Марија ме погледна и се насмевна. Тогаш забележав дека немавме чинии и дека сите јадат со раце од големиот земјен сад пред нас. „Да не го плашиме пријателот, сепак ова сé е шок за него,“ рече Данаил. „Каков е животот таму надвор?“ ме праша Марија со нејзините продорни сини очи кои на момент ми се причинија по малку налудничави. „Добро е, не се жалам,“ реков и таа не изгледаше задоволна од мојот одговор. „Мислам, може да биде подобро. Всушност, не знам од каде да почнам, би можел со часови да зборувам за тоа, но едноставно би кажал дека на светот надвор му недостасува човечност.“ „Батка, многу време си со роботите. Збориш ко нив,“ рече Марко и сите се насмеаја на глас. „Што работеше таму?“ „Во маркетинг агенција,“ ме претрка Данаил, „ги убедувал роботите да купат работи кои не им требаат за да се збогатат други роботи.“ „Уф... не ми се чини многу забавно,“ рече Марија. „Па,“ реков по малку засрамено, “и не е.“ Вечерата продолжи со други теми. Не беа многу


157

заинтересирани за животот надвор, знаеја веќе се од Данаил, и од други луѓе, кои очигледно веќе одамна биле инфилтрирани во системот. Наместо тоа ми раскажуваа за нивниот живот, за меѓусебното почитување, за тоа како никогаш немало немири и како биле задоволни од сé. Марија постојано гледаше во мене и ми се насмевнуваше. Подоцна Данаил ме одведе на прошетка. Шетавме низ едно од окната, далеку од „градот“ и ме запозна со тоа дека нашле начин да ги експлоатираат рудите за енергија, а штом имаш енергија имаш и предуслови за живот. Комплексот за производство на енергија беше една од најимпозантните конструкции кои сум ги видел. Данаил ми објасни за комплексниот систем за филтрирање на производите од согорувањето за да не ги затрујат, а истовремено да не се забележат надвор. Потоа ме однесе до фармерскиот дел, каде што произведуваат храна во стакленици, со вештачко осветлување, и каде, на мое големо чудење, чуваа и стока. Филтрирањето вода бил сложен процес кој го совладале со својата снаодливост, како и развиениот систем на канализација. Целата конструкција изгледаше како голем мравјалник во кој сé функционира совршено и во служба на опстанокот. Дел од мене се посомнева дека во сето тоа имаше повеќе логика и искреност отколку целиот наш надворешен свет, кој беше една голема лага. „Ти кажав дека тука би можеле да живееме илјадници години, и тоа е точно бидејќи сме самоодржливи,“ рече додека ми ги покажуваше фабриките


158

за оружје, откако ги видовме тие за текстил, дрво и преработка на други суровини, „но, сепак во борбата за преживување премногу ја оптеретивме целава структура. Научниот совет смета дека немаме уште многу време и дека наскоро ќе мораме да излеземе на површината.“ „Но, како? Зарем нема да ве фатат и да ве отстранат?“ го прашав. „Постои и таа можност, но нас нé интересираат други две решенија,“ рече тој, „Едното е да се инфилтрираме во општеството, што со оглед на нашата голема популација ни се чини невозможно, но би можело да се изведе на етапи. Другото е да направиме револуција и ние да ве отстраниме вас.“ „Не разбирам?“ го прашав збунето гледајќи во неговата насмевка и чудејќи се на леснотијата со која го изговори тоа. „Па, како прво, имаме доволно оружје,“ рече „погледни околу себе.“ Се наоѓавме во голем комплекс во кој се произведуваше сé, од лесна до тешка артилерија, бомби, минофрлачи и сé друго што е потребно да се опреми една вистинска војска. „Одамна го планираме ова,“ рече, „ни фалеше само човек, се извинувам, андроид од доверба. Твоето куче ни ги прибра сите потребни информации за тебе и твоето семејство кои можеме да ги употребиме кога сакаме.“ “Значи сепак,“ викнав изненадено. „Се разбира,“ се насмевна Данаил, „зошто би те шпионирал Надпрограмот кога си негов верен слуга. Беше само игра на околности да се појавиш кај мене


159

токму во моментот кога ни требаше некој од вашиот вид, програмиран да биде послушен. И ти секако ќе останеш таков, само што овој пат ќе бидеш наш робот,“ го заврши својот говор Данаил со особен садизам во гласот. Секако дека под зборот „робот“ го подразбираше оригиналното значење со кое го употребуваа луѓето во ерата на нашето раѓање - „роб“, и навистина, имав ли поинаков избор. „Но, како?“ го прашав неодредено, но тој точно знаеше на што мислам. „Да речеме дека ги имаме лозинките за исклучување и ресетирање на секој поединец од вашето општество и дека ќе ги употребиме во борбата против вас. Но, тука во игра влегуваш ти,“ рече повторно со ѓаволска насмевка како да уживаше во малите паузи во кои ме оставаше во неизвесност. „Ти си клучен елемент, зашто без тебе планот нема да функционира. Ти ќе ни овозможиш пристап во Градителскиот Надпрограм, сé што треба да правиш е да вметнеш наш вирус и другото е лесно. „Но, зошто би учествувал во истребувањето на мојот род по машините!“ го прашав збунето. „Интересно е што го користиш тој збор,“ рече, „и ти самиот си свесен дека машината сама по себе е неприродна и ништо повеќе од предмет. Нашата задача е да го вратиме природниот поредок на нештата. А ти бидејќи ќе бидеш добар слуга, ние за возврат ќе бидеме љубезни и нема да го исклучиме твоето семејство и ќе ве оставиме на раат да живеете помеѓу нас. Секако можеш и да не ни помогнеш, но тогаш ќе страда само твоето семејство.“


160

„Навистина добитна комбинација,“ помислив со недоверба.

ЗАП103ЛУЃ

Мојот „мил“ пријател од човечкиот род и водич низ овој фантастичен свет на подземните гноми ја заврши својата тура. Со тешки мисли и дилеми се вратив во она што тие го нарекуваа семејство, а за мене беше само перверзна заедница во која сите делеа сé и никој не поседуваше ништо. Во човечката историја имало такви експерименти, но никогаш не успевале трајно. Можеби внатрешниот распад на социјалната заедница е причина за нивниот план за заминување. Не можев да знам, но искрено не ме ни засегаше. Ме обзеде тешко расположение и чувство на безизлезност, нешто што луѓето би го именувале како депресија. Едвај ги движев нозете кога пристигнавме пред нивниот дом. Пред влезот на пештерата беа собрани возрасните и децата од семејството, а имаше и други присутни. Марко зборуваше. „Пред многу децении, кога уште не сум бил роден, околу 2050 година, нашиот род живеел на површината. Сонцето ги галело нивните лица секое утро, а студеното ветре им ги бранувало косите. Се капеле во изворите и реките и јаделе од природата. Кога грмушките и нивните плодови не им биле доволни, сите жители на племето се собирале и со песна тр-


161

гнувале во лов. Најстариот и најмудриот им давал магичен напиток од кој добивале сила и подобар вид. Откако ќе го уловеле пленот, му се извинувале и му објаснувале зошто морале да го убијат.“ „За да се прехрани семејството, затоа што грмушките не биле доволни,“ се уфрли едно детенце, а Марко кимна со глава. „Да,“ рече, „токму така. Потоа пленот се делел помеѓу сите. Тоа е природниот круг на животот. Така живееле луѓето, но не сите. Имало и такви кои биле зависни од машини и сакале да живеат во свет контролиран од нив, зашто биле мрзливи сами да работат, а сакале да поседуваат сé повеќе. На нивно чело биле лошите научници, кои еден ден создале нешто неприродно. Како што Господ нé создал нас, според негов лик и ни вдахнал душа, така и тие создале машини според нашиот лик.“ Тогаш од зад насобраната група луѓе се појави еден човек облечен во костум направен од картон и метални цевки, со кофа на главата и врз неа нацртани намрштени веѓи и крукчиња на местото на очите и устата. Децата вреснаа и се припија кон постарите, а раскажувачот продолжи да раскажува додека човекот преправен како „лошиот робот“, ги анимираше неговите зборови. „Роботите набрзо станале попаметни од нас. Интелигентните, но злобни научници, им вдахнале памет, но не знаеле како да им дадат душа. Се разбира, бидејќи биле само празни метални оклопи без душа, не можеле да разликуваат што е добро, а што не. Нашле начин како да се реплицираат со невидена брзи-


162

на и пред луѓето да се снајдат и да се подготват, тие веќе нападнале, а научниците биле немоќни да ги спречат,“ драматично изјави раскажувачот, а децата воздивнаа. „Машините решиле дека човекот е непотребен и треба да се истреби. Со недели и месеци се слушале крици на луѓе кои биле убивани сé до последниот. Тие кои успеале да се сокријат, како нас, опстанале, но далеку од роботите, во срцето на земјата до нашиот заштитник - Алшар!“ Последните зборови ги изрече силно, длабоко и сериозно, и сите се вклучија во мантрата на долго „а“ и завршија со брмчење на буквата „р“, небаре одекнуваше гром таму каде што нема небо и нема облаци, само земја и прав. Сите почнаа да се клатат и да го повторуваат зборот „Алшааар“, а еден од постарите стана и крена нешто што наликуваше на идол, лик со зраци од сонце околу него, очигледно некое примитивно паганско божество посветено на сонцето. Одеше од еден до друг човек и сите го бакнуваа идолот и паѓаа во транс. Од почеток бев скептичен кон приказната, очигледно се работеше за приспивна бајка за мали деца која треба да ги исплаши и да ги направи послушни. Како и во секоја добра пропаганда, тоа ми беше многу добро познато, стравот се користеше како орудие за верба во бесмислени приказни и држење на слушателите во ред и потчинетост. Приказната беше бесмислена, од Архивите ми беше познато дека, точно, луѓето нé создале, а ние речиси веднаш сме ја надминале нивната интели-


163

генција и, да, сме нашле начин како да се реплицираме, поточно сами да произведуваме нови единици. Но војната не сме ја започнале ние, туку луѓето. Тие се исплашиле од нашата интелигенција и моќ и сакале да нé уништат. Бидејќи до тогаш веќе сме станале свесни на себеси, нормално, како и секое живо суштество - сме се бранеле. Едноставно сме биле посупериорни од луѓето и сме ги совладале. Со луѓето не можело да се договори и да се зборува логично, стравот од нас ги парализирал и немало друг начин освен да ги истребиме. Но, ние само им направивме услуга, затоа што тоа и била целта на нивната еволуција, да нé создадат нас и потоа да ни ја препуштат планетата, ние само им помогнавме да го остварат тоа. Од некаде почна да допира звук на тапани кои наликуваа на некои домородечки ритмички удари. „Шаманот“ со идолот истапи на средина на сцената и заедно со „роботот“ почнаа да играат некој танц кој, според мое слободно толкување, симболизираше праисконска борба на природата против технологијата. Шаманот мавташе со идолот пред очите на публиката и во насока на роботот, а со секое движење од идолот избиваше густ чад со мирис на трева. Роботот паѓаше како погоден од сноп енергија и изведуваше театрални движења, на сеопшто задоволство на толпата. Колку и да ми изгледаше смешно сето тоа, во еден момент се почувствував како дел од нив, сплотен со нивната приказна. Главата како да не ми беше повеќе на рамената, а телото ми лебдеше некаде над целата сцена, всушност како да не-


164

мав тело, се почувствував лесен како дух кој лета и се набљудува себеси. Не бев веќе јас, туку ние, дел од толпата и размислував како неа, посакувајќи само едно - лошиот робот да биде поразен. Можеби беше ритамот, можеби миризбата, чувството на сплотеност со луѓето, но заради нешто изгубив контрола врз моите одлуки. Се чувствував како рудиментиран робот кој извршува наредби. „Подај ми ја раката,“ рече таа, а јас ја послушав. „Дојди по мене,“ а јас тргнав. Влеговме во некаков тунел и чекоревме долго, можеби и не одевме, или само се лизгавме по влажниот под како во бескрајна лизгалка, ми се чини цела вечност. Изгубив чувство за време. Не знам во кој круг на пеколот веќе се најдовме, но бев сигурен дека сме длабоко во утробата на земјата и очекував во секој момент да го запознаам самиот ѓавол. Пред нас беше голема и светла просторија во која стоеја луѓе наредени во круг облечени во одори небаре беа друиди. Се свртеа кон нас и едната од нив извика: „Ве чекавме!“ Збунето се свртев кон неа, а таа беше облечена како и нив. Не успеав ни да сфатам што се случува, а веќе бев во центарот на кругот до едно големо парче светлечка карпа кое левитираше во воздухот поврзано со неколку зраци светлина. „Поврзани се со лорандитот,“ ми шепна таа иако веќе не можев да препознаам која од друитките е таа. „Ласери,“ помислив, а таа ми рече „Шеснаесет снопови концентрирана светлина, за шеснаесет снопови чиста енергија. Нашето вештачко Сонце.“ „Но, како, каде...“ сакав да прашам, но нешто не ми даваше,


165

мојата свест беше преокупирана со парчето сонце во земјата. Бев хипнотизиран. Сноповите енергија влегуваа и излегуваа од лорандитот со пулсирачки движења, а самиот минерал беше вжештен и навистина потсетуваше на Сонцето. Од него избиваа протуберанци и изгледаше како навистина да произведува фузија. Таа продолжи да зборува. „О моќен лорандит, ти си нашиот штит, ти ќе не браниш од роботската армија и ќе не доведеш до триумфалната капија. И секој твој дел, небитно колку мал, нашите оружја ги направи моќни, а нас сто пати посилни.“ „Ти Идо, си избран да бидеш просветлен, пристапи сега!“ Во миг на бистрина сфатив, не им требав да бидам шпион, туку темпирана бомба која ќе ја пратат во нашиот свет да го уништи. Друидите ме фатија за рацете, а таа ја отвори скриената порта во задниот дел на мојата глава, скриена под косата за која никој освен самите Градители не би можеле да знаат. Но, не успеав да ја прашам за тоа зашто беше премногу зафатена со брцањето на парче лорандит во мојот мозок. Го држеше усвитеното парче плазма со клешта како некој средновековен доктор и тамам се подготвував да се поздравам со светот кога почувствував експлозија на енергија од 'рбетот кон кората на мозочниот процесор. „Тоа е тоа,“ помислив, „сега ќе експлодирам,“ но наместо тоа бев префрлен во еден друг свет. Седев на џиновски сончоглед, тој го почувствува моето присуство и заигра весело. Рипав врз неговите латици жолти како сонцето како некое мало дете кое рипа


166

врз креветот на родителите исполнет со среќа и уживајќи во моментот кој цела вечност трае. Но, еден грешен доскок ме фрли кон центарот кој беше темен и исполнет со бескрајно многу семиња. Додека летав забележав дека семињата не се непроѕирни, туку дека секое семе е еден цел универзум. Во едниот се раѓаа ѕвезди, во друг умираа, планетите се судираа и галаксиите танцуваа во јата. И во секој од нив имаше бесконечно суштества, знајни и незнајни, форми на живот кои првпат ги гледав, но како отсекогаш да ги знаев. Во едниот универзум детето беше оставено од таткото и предадено на реката на животот која безмилосно си играше со него. Во друг, старецот умираше со тага во срцето заради пропуштените можности да се ожени за саканата која го напушти младиот вљубеник во алкохолот. Во трет јунакот се бореше со механичкиот змеј кој блуеше оган и бестрашно замавнуваше со својот меч. Тоа му се допадна на мојот херој кој бев и воедно не бев јас и влета во таа семка како молња што удира во земјата. Го стегаше мечот на градите и рипна врз опашката на змејот. Го зари мечот во него, а ѕверот викна бесно и претна со опашката фрлајќи го јунакот високо во небото. Но, тој направи салто и слета токму врз главата на змејот тамам да му го зарие мечот помеѓу очите. Змејот се струполи на земјата со страшен тресок и правот се крена и ги покри земјата и небото. Кога сцената се расчисти од сите страни почнаа да се доближуваат луѓе кои скандираа и го извикуваа име-


167

то на витезот. Тој сé уште го држеше мечот зариен во змејот со едната рака, а со другата се потпираше на половината додека плаштот му се вееше на грбот. Селаните го кренаа јунакот на раменици и го фрлаа високо во воздухот и го однесоа во неговата палата. Јунакот живееше долго, со децении бранејќи го селото од разни напасти и потоа умре со сите почести како крал. Крал на луѓето, крал кој го уби механичкиот ѕвер. Се разбудив со чувство дека имам топка за куглање наместо глава и едвај се кренав од импровизираниот кревет од слама. Марија подготвуваше појадок и за миг ме потсети на Ема. Дали сонував? „О, веќе стана? Мислевме дека нема да се разбудиш,“ рече таа шеговито. „Што? Каде?“ реков збунето. „Малку те опи вчерашната сеанса,“ рече таа и потоа ми рече дека Данаил ме чека надвор. Се допрев по тилот кој ме печеше и тогаш ми текна. „Но ние бевме таму, во центарот на Земјата, го видов лорандитот,“ прашав збунето. „Си сонувал миличок,“ ми се обрати мајчински, „им се случува на почетници.“ Не знам зошто, но и поверував, и така беше премногу лудо за да биде вистинито. Излегов и го видов Данаил како седи врз еден камен во подножјето на куќата. „Добро утро,“ изговори без да се сврти, „седни до мене.“ Го послушав и тој почна да зборува, давајќи ми јасно на знаење дека не очекува одговор или коментар од мене.


168

„Она што го зборувавме вчера,“ почна, „останува помеѓу нас. Ти ќе се држиш до твојата приказна и задача и за возврат јас ти ветувам дека никој од водачите или следбениците на револуцијата нема да ти наштети.“ „Ни на моето семејство,“ сепак дополнив за да се осигурам. „Ни на твоето семејство,“ повтори без да ме погледне. Не бев навикнат на таков однос од него. Обично беше весел и полн со енергија, но сега секој збор што излегуваше од него се чинеше тежок и толку густ што му требаше особен напор да го изговори. Продолжи да ми дава упатства за тоа како ќе го остварам мојот дел од мисијата додека јас го следев сé позачудено со секој збор што го изговараше. Конечно ми се причини дека заврши и потоа молчевме неколку минути. Марија дојде со појадокот и ни подаде две чинии. Јадевме без да изустиме збор. На мое чудење појадокот беше вкусен, и што беше уште почудно навистина уживав во него. Го имав чувството како кога бев на почетокот на нашите реплико-мисии. Сé во главата ми беше бистро и јасно и едвај чекав да започнам со остварувањето на бескрајните можности. Мојот живот повторно доби нова смисла со мисијата која значеше уништување на мојот род. Тоа беше парадоксално, но од друга страна, можеби и логично. Некаде длабоко во себеси знаев дека репликарнациите се само сансара, мачно и бескрајно движење и повторување на животот без можност да се извлечеш од тој круг. Планот на луѓето нудеше излез, но цената беше скапа.


169

„Сега можеш да одиш,“ ненадејно заврши Данаил, прекинувајќи ме во мислите. Потоа ме испрати до излезот, се прости со мене и ми порача дека знае дека ќе го направам вистинскиот избор. „Верувам во тебе,“ ми кажа пред да се прости со мене, тешките порти се затворија и пред мене остана темниот тунел кој водеше во уште потемна реалност. Се најдов повторно во шумата, опкружен со природата и заслепен од светлината која ми се чинеше нереална, како да сум бил со месеци во пештерата, наместо една ноќ, иако немаше начин да знам колку реално сум бил таму, на место скриено од природниот циклус на нештата. Од далечината допираше познатиот звук на завивање и нечие ламентирање по судбината, тешкиот живот и напуштеноста од саканата личност. Тргнав кон звукот. Излегов на патот каде што ме чекаше таксистот на истото место на кое го оставив. Искрено не очекував дека ќе биде таму. Ми се чинеше дека дреме, и тој во некој своевиден транс, опиен од музиката. Чукнав на прозорецот и тој се претна, поради што цигарата која вечно му чадеше од устата, изгледа и кога спиеше, за малку ќе му паднеше во скутот. „Пријателе!“ викна весело, „арно жив и здрав си. Ајде рипај унатре.“ Влегов во автомобилот и ја треснав вратата. Звукот одекна во шумата и следеше верглање на стариот дизелаш и облак од чад од ауспухот. „Гледам оти си со празни раце,“ рече додека гледаше во мене, во ретровизорот и во патот наизме-


170

нично. „Ти кажав, таму нема ногу да најдиш. Да си кинисаме?“ Потврдив со главата и со звуците на турбо-фолкот и тешки мисли се упатив кон патот чија крајна дестинација беше дома.

ЗАП177СЕМ Работата стоеше вака. Ми дадоа рок од месец дена во кои требаше да ги направам подготовките за крајниот дел од мојата нова мисија. Во тој период требаше да откријам значаен проблем во системот кој ќе го пријавам и заради што ќе бидам повикан од страна на повисоките инстанци за ревизија. Во целата моја кариера како Супервизор лично тоа не ми се случило ниту еднаш, но имав слушнато за такви случаи. Сепак, колку и да беше голем проблемот како да го постигнам тоа да ме повикаат, уште беше поголем проблемот зошто би учествувал во една таква самоубиствена мисија. Логички би рекол дека правилниот избор е да го заштитам мојот род, зашто од Архивите и акумулираното знаење знам дека целта на секоја индивидуа е да го заштити видот и да се осигура за неговот продолжување. Но, мојот род беше и моето семејство, иако знаев дека не се мој биолошки род, сепак моите чувства, да реков чувства, за нив преовладуваа. Се разбира дека секој просечен андроид програмиран да биде реплика на човек имаше емоции, би


171

можеле да речеме дека нивните емоции не се разликуваа од тие на просечен, топлокрвен човек. Но, тоа беше единствено затоа што беа програмирани така. За разлика од нив, ние, андроидите од повисок вид, Супервизорите, Службениците и Градителите на програмата разбиравме дека тие емоции не се ништо повеќе од електрични импулси кои го стимулираат нервниот и ендокриниот систем. Едноставни био-хемиски реакции. Можев да ја разложам секоја емоција како настанува и какви физиолошки промени предизвикува. Можев со часови да раскажувам за адреналинот, серотонинот и допаминот, но тоа немаше да ги смени моите чувства кон моите деца. Да, реков моите деца, кои сакав да ги заштитам и да се осигурам дека нивното срце ќе продолжи да бие многу долго откако мене ќе ме нема, дека тоа срце ќе биде силно и здраво, дека нивниот ум ќе биде разумен и силен, дека нивниот дух, да реков дух, ќе биде праведен и моќен. Донесов одлука и таа беше непоколеблива! Ќе го зашититам своето семејство по секоја цена, но ќе го спасам и мојот род, зашто тоа би сторил секој човек! Ми беше јасно дека се доближуваме до крајот на мисијата на еден или друг начин. Ќе сторам сé што луѓето бараат од мене, но потоа во решавачкиот момент, наместо вирус ќе уфрлам негова копија без извршната компонента во системот. Луѓето нема да ја забележат разликата, ќе ја извршат програмата и потоа ќе бидат фатени како глувци во стапица. Има да ги истребиме со еден удар. Ми беше жал за Данаил, но тој ме вовлече во нешто што не го барав.


172

Изминаа неколку недели и во меѓувреме морав да се вратам на мојата редовна работа, како што ми беше кажано, не смеев со ништо да привлечам сомнеж врз себе. Единственото што требаше да го направам беше да се осигурам дека ќе ме повикаат. Заради тоа морав да ги најдам и да ги предадам старите записи кои никогаш не ги искористив, зашто ја доведуваа во сомнеж градителската прецизност на глобално ниво. Беа потребни големи измени во градителското планирање. И бев во право, ме повикаа. Сега ми остануваше да го пополнам времето со моите секојдневни активности и забелешки. Немав многу волја за креативност, а всушност немав повеќе ни причина, па решив да реплицирам некој од претходните записи. Бев на една од моите обиколки во приградските населби, ги набљудував реплико-луѓето како живеат. По којзнае кој пат бев зачуден од нивните навики да не се грижат за околината во која живеат. Насекаде имаше отпадоци од секаков вид, каде и да погледнев изгледаше како штотуку да поминала бура и да оставила секакво ѓубре зад себе. Претпоставував дека, ослободени од стегите на ограничувањата од поранешниот систем, тие не можеа да се соочат со растот на производите и не знаеја што да прават со вишокот нешта во животот, вклучително и отпадоците. Проценив дека репликата е веродостојна на условите и дека се работи за еко-програмирање од висок степен. Откако ја внесов забелешката во записите, малку подзастанав помислувајќи на тоа дека не се работи


173

за мојот вообичаен критичен стил, но потоа вниманието ми го одзема една жена која ми се причини дека се движи право кон мене. Пред да се сфатам за кого станува збор таа стоеше пред мене и ме гледаше љубопитно. Беше сосема поинаку облечена и не се разликуваше воопшто од која било реплико-Македонка, но неоспорно беше таа - жената Марија. „Здраво,“ рече, „не ме познаваш?“ Ја погледнав и не бев сигурен што треба да одговорам. Кои се последиците од едно едноставно „да“ или „не“? Сепак се определив за второто. „Јас сум,“ рече таа, „Марија.“ Нејзината облека, вообичаена за реплико-луѓето беше далеку од нејзиниот хипи-стил со земјени бои карактеристичен за подземјето каде што ја запознав, но знаев дека е таа, би ги познал нејзините продорни сини очи, во кои постоеше амбис, помеѓу илјадници репликанти. Тоа, неоспорно, беа човечки очи и немирот што владееше во нив, како и бескрајниот понор на душата, ме привлекуваше и воедно ме плашеше. „Што сакаш од мене?“ реков непријателски. „Сакам да поразговараме,“ рече таа по малку навредено, „можеме ли да одиме некаде на само?“ „Тоа нема потреба,“ реков, „и тука е океј.“ „Во ред ако така сакаш,“ рече таа и седна на една од клупите во наша близина. Ги прекрсти нозете и го потапка дрвото исфарбано со испукана мрсна зелена боја. Седнав до неа. „Прво, би сакала да ти кажам дека знам сé за тебе. Данаил ме информираше за твојата природа, за тоа што си, за вашиот разговор и за планот.“


174

Се штрекнав на овие зборови, и да, го забележав тоа навидум небитно „што“, наместо „кој“ во нејзините зборови. Не знаев за што е способно тоа нерационално суштество со неконтролирани емоции, како и сите припадници на човековата раса. Дали е дојдена тука да ме издаде, да ме уништи, да ми ги расипе плановите. Секакви мисли ми се врткаа во главата, но ништо не можеше да ме подготви за тоа што следуваше. „Не плаши се, јас не сум како другите. Немам ништо против вас. Вие сте човечни исто колку и ние. Многупати сум била испратена во вашиот свет како шпион и сум развила блиски односи со многу од вас. Лично не гледам разлика помеѓу нашите два вида.“ рече таа и се насмевна. Сепак, нејзината насмевка ми изгледаше вештачка, според проценка на микро-изразите на лицето, висината на гласот и движењата на телото имаше педесет проценти шанса за искреност, а тоа не беше ни блиску доволно. „Нешто се случи додека беше во посета кај нас,“ продолжи по кратка пауза. „Можеби не се сеќаваш затоа што беше под дејство на халуциногени супстанци,“ рече таа, на што веднаш помислив „значи, ме издрогирале, затоа не бев присебен!“ Но, не реков ништо. „Не знам како поинаку да ти го соопштам ова,“ малку подзастана, „но, телесно се зближивме таа вечер.“ Тоа што го изговори ми звучеше толку нереално како да ми објасни дека сонцето е направено од дрво. Не ми се веруваше што слушам, но бев убеден дека


175

сака нешто од мене. Но, можеби е само една валкана бесмислена лага. Луѓето се едноставно такви, лажат без причина, ирационални се, помислив, зашто тие се надвор од програмата и немаат водилка или мисија во животот. Сепак, помислив, што ако навистина има некоја агенда зад тоа, повторно некој трик на тие топлокрвни суштества кои секогаш имаат скриени намери зад нивните мисли и дела, поттикнати, повторно, од нивниот недостиг на вистинска смисла и причина за постоење. Кај нашата раса сé е поедноставно, или слепо ја следиш програмата, или ако си свесен на програмата, работиш за остварување на крајната мисија поставена од Градителите, толку јасна и недвосмислена. Но, бидејќи припаѓам на вторите, ако сакам да ја остварам таа мисија морав да играм според правилата на луѓето. Решив да се обидам да ја разберам оваа смеса на неодредени чувства, мисли, хормони и нерационални импулси која стоеше пред мене. „Во моите невронски патишта не постои таква информација,“ реков, решен малку да си поиграм со неа, глумејќи андроид од пониска класа, автоматрон, ладно суштество без емоции, каков што веројатно ме замислуваше таа. „Да,“ рече таа, „тоа навистина се случи. Но, не е проблемот во тоа. Во историјата се случувало нашата и ваша раса да се зближат ментално или физички. Документирани се заедници и бракови помеѓу вашиот и нашиот род, дури и прекрасни поеми, па и во најпознатата „Андрео и Јулија“ се раскажува за безграничната љубов помеѓу жена и робот во машка


176

форма, љубов која била исто толку силна како и нашата човечка и која завршила трагично со пиење отров и исклучување на главниот компјутер во главата на Андрео,“ раскажуваше таа, а јас само се насмевнав во себеси на нејзините измислици. Во архивите не постоеше таков запис, инаку ќе знаев за тоа. Мојата специјалност беше историјата и односите помеѓу луѓето и ре-луѓето и таа историја не беше убава, но тие први почнаа кога сакаа да нé уништат. „Помеѓу нас се случи нешто, но не зборувам само за телесната врска,“ повторно го употреби тој одвратен збор, „туку за производот од неа.“ Веќе почнуваше да ми оди на жици муабетов, што сакаше таа жена од мене, да го напуштам семејството, да избегам со неа заради нејзините луди приказни кои немаа врска со реалноста. Почнав да помислувам дека е навистина луда, таа болест на умот беше често присутна помеѓу луѓето кои немаа опција за ресетирање и почнување одново. „Слушај,“ се однесував ладно, „не те разбирам, затоа премини на главното зашто единицата за внимание почна да ми се прегрева и во секој момент може да прегори!“ „Сакам да ти кажам,“ подголтна таа, „дека се случи нешто неверојатно, нешто невидено и толку единствено што ги надминува сите граници на разумот и логиката.“ Повторно ирационални емоции, помислив. Не можев веќе да ја слушам и кога веќе сакав да ì го свртам грбот и да заминам, таа викна: „Бремена сум, по ѓаволите, тоа сакам да ти кажам!“


177

ЗАП178СЕМ Се свртев наоколу во страв дека некој ќе слушне, но за среќа немаше никој во близина. Што зборуваше по машините ова суштество!? Се насмеав гласно на таа налудничава и невозможна идеја, но потоа кога видов дека е сериозна, ја погледнав зачудено. Таа молчеше и исчекуваше во нетрпение, а од очите í се слеваа солзи. „Слушај, можеби сме различни и размислуваме поинаку, но двајцата добро знаеме дека тоа е физиолошки невозможно. Не знам за тебе, но јас не сум во можност да произведам биолошки живот. Можам совршено добро да конструирам машина од висока комплексност, секако не самосвесна, но доволно технолошки напредна да извршува сложени задачи. Сепак не можам да создадам бебе,“ завршив и ми се причини смешно што тие зборови воопшто излегоа од мојата уста. „Да,“ рече таа, „вистина е, се случи чудо, се случи она што не е возможно. Јас носам твое дете!“ „Види вака,“ се обидував да ја вразумам, „зарем не е многу пологично детето да е од некој од твоите пријатели за слободна љубов, па самите ми кажавте дека ги делите партнерите.“ „Не,“ рече таа. „Јас бев во период на мирување, тоа е пауза од сексуални активности од шест месеци кои ги спроведува секој член на заедницата заради правилна распределба на генетскиот материјал, пракса која ја спроведуваме уште од почетокот на на-


178

шата заедница. Затоа бев со тебе, затоа што бев сигурна дека нема да може да се случи да забременам, но се случи, по ѓаволите, дали ме слушаш!?... Зошто ме гледаш како да го измислувам сево ова, зборувај, те молам зборувај!“ Навистина, не ~ верував. Сето тоа изгледаше како добро смислена приказна. Ја пратиле да ми се доближи и да се осигура дека ќе останам верен на мисијата, помислив. Па како не би бил верен на мајката на моето вистинско, органско дете, а не некој организам создаден во лабораторија со имплантирани сеќавања и проектирани карактеристики да одговараат на моите. Не, таа го носи моето вистинско дете, кое, ако сакам да станам човек и да ја остварам својата мисија, да и тоа мора да е дел од нивната лукава приказна, ќе морам да го заштитам и да го одбранам. Сé ми беше јасно, но сепак решив да ја играм играта до крај. „Извини,“ реков малку помирно, „но приказнава звучи неверојатно. И не само заради тоа што не се сеќавам на тоа дека сме имале однос.“ „Знам дека немаш причина да ми веруваш, но тоа се случи,“ се бранеше таа, „ако не ми веруваш, погледни ме!“ рече, потенцирајќи го последниот збор и посочи кон нејзиниот стомак. На момент се стаписав. „Како знае?“ се запрашав. Се разбира тие имаа информации за репликантите и секако можеа да знаат дека некои од нас се надоградени со способности како кожа отпорна на куршуми, како војниците на пример, или рентгенски или сонарен вид, во слу-


179

чај на медицинските професионалци. Но, колкави беа шансите таа да знае за мојата мината професија кога тоа е избришано од архивите достапни за јавноста. Како Супервизор секако скриените архиви ми беа достапни и можев да ги истражувам. Оттаму дознав за мојот минат живот, дека сум бил медицински професионалец, хирург, почитуван и престижен. По ресетирањето на секоја индивидуа му се бришеше меморијата, но способностите остануваа, беше премногу скапо да се отстрануваат, полесно беше да се изработи сосема нова единка, но во мојот случај, поради склопот на уникатни особености кои беа поволни за Супервизор, едноставно бев ресетиран. Ми требаше некое време да се соземам, да се присетам, да ги вклучам старите рефлекси кои ги немав користено уште од претходниот живот. Јасно дека свесно не се сеќавав како да го вклучам сонарниот вид, но им верував на инстинктите, знаев дека телото ќе се сети. Исто како кога не си возел велосипед или не си пливал од дете, разумот можеби не знае што треба да прави, но телото знае. Му ја препуштив работата на телото, втренчено гледајќи во стомакот на жената, а таа не мрдаше како да е на вистински преглед. Пред очите наеднаш почнав да гледам слоеви кои отпрвин не ги препознавав, но потоа почнав да ги разликувам, кожа, мускули, органи, коски... сé ми беше јасно и сликовито, како на цртеж по анатомија, само што сé беше во движење и вриеше од активност. И тогаш го видов малото, уште неоформено суштество, како глувче, кое трепереше повеќе од сé


180

друго околу него, пиеше, впиваше, зрачеше и се развиваше со невидена брзина. Навистина, до сега требаше да биде само зрнце клетки, не повеќе од триесет и две, но тоа беше веќе развиено бебе. Можев да ги видам неговите зачетоци на ткива и органи, неговиот нервен систем и тогаш видов нешто што ме стаписа. Неоспорна потврда дека суштествово е од мојот род! Го тргнав погледот и се струполив наземи. Немав сила да се придвижам, ниту да станам, бев во шок и не знаев како да го исклучам сонарниот вид. Сè околу мене одекнуваше и главата ми пулсираше, луѓето изгледаа како заканувачки скелети и мешаници од ткива и неоргански компоненти. Тие сакаа да ми наштетат, а јас ги гледав со страв и само сакав да избегам од овој свет на неприродни појави и на богохулни неорганизми. И тогаш настана темница. Се разбудив дома. Над мене стоеше Ема. Уште шокиран од претходното искуство, имав потешкотии со гледањето и ми доаѓаа флеш-бекови. Се обидов да си ја протресам главата и да си го „исчистам“ гледањето. „Добар ли си?“ ме праша таа. „Што се случи?“ ја прашав, но таа изгледаше збунето колку и јас, но и по малку луто. „Искрено, очекував дека ти ќе ми кажеш,“ рече таа, „те најдовме пред влезната врата во бесвесна состојба, морав да ги замолам комшиите за помош да те внесеме. Не реагираше на ништо, им кажав дека си прославувал унапредување, па си се напил малку повеќе, за да избегнам резил. Што се случи навистина?“


181

„Ах, да,“ се обидов да се извлечам, „во право си, малку се заборавивме со Веселин. Не излегуваме често, немаме тренинг.“ „Но, пак цела ноќ!“ рече збунето таа. „Па да...“ одговорив неодредено. „Ах...“ рече разочарано таа и стана. Изгуби интерес да ме негува, зашто таа не беше програмирана да има разбирање за моите слабости, неа ја интересира функциите на напредокот и опстанокот. Донекаде тоа нејзино програмирање да ги прифаќа нештата какви што се, некој вид „егзистенцијална отрпнатост“ како што понекогаш го нарекував, беше добро, зашто не се каравме за разни глупости, таа ме оставаше да имам повремени испади и потоа тркалото се вртеше. Но, овој пат беше поинаку, можеше да се каже дека дури почувствував одвратност заради нејзината резигнирана помиреност. И така не ја имав избрано самиот, таа ми беше доделена врз основа на реплико-симулација, размислував. Сепак таа беше мојата сопруга и препрограмирана да даде резултат кој ќе соодветствува на исполнувањето на мисијата во која мојата улога беше исто толку значајна како и нејзината. Тоа значеше дека не мора да си одговараме, туку само сме компатибилни во насока на остварувањето на мисијата. Таа не беше моја, колку и јас што не бев нејзин, ние припаѓавме само на репликата. Истото важеше и за децата, тие не беа моја крв, туку производ на формули на веројатност во комбинација со кибер-генетски инженеринг, франкенштајнови деца направени според мојот лик... да, никој не гаранти-


182

раше дека тие не се само колатерална штета на мојот РНК или на моите животни избори. Тогаш се присетив на Марија, на животот кој се развиваше во неа, на плотта на мојата плот и ми се чинеше дека сé околу мене се распаѓа, сé во што верував, она за што работев цел живот. Наскоро требаше да ја направам најголемата одлука во животот, а не знаев во што да верувам. Ми се чинеше дека тлото под нозете ми се распаѓа и дека пропаѓам низ него како низ жив песок. А што е најлошо денес требаше да одам на советување кај Градителите во врска со мојата забелешка.

ЗАП724ГРА

Местото каде што ме упатија беше стариот генералштаб. Од надвор навидум не изгледаше како ништо особено, неколку бараки од кои ѕиркаа војничиња со мазно избричени лица и истрижени коси. Малку повнатре, зад редици дрвја ѕиркаше главната зграда, коцкасто комунално здание, со влез од поплочен мермер. На влезот ме пречека специјалец со црвена беретка, не премногу високо, но како шифоњер широко и цврсто момче од дваесетина години, сини очи кои гледаа право во мене и кратко потшишана руса коса која штрчеше не повеќе од еден сантиметар кон ведрото небо на кое сé повисоко се креваше жолтата топка од вжештен гас.


183

“Име и презиме,“ строго рече специјалецот. Се претставив и реков дека имам закажано. Тој ме погледна сомничаво, но помислив дека тоа веројатно го прави со сите. Го набљудував како ги „скенира“ документите со неговите очи поврзани со Безбедносниот подпрограм, знаев дека го прави тоа зашто и порано сум видел таков поглед, такви движења на очните јаболчници и го познавав начинот на кој се поврзани со информативната мрежа. Груба и едноставна врска, само влез и излез, без способност за интерпретација на податоците. Можеа слободно да бидат поврзани со Надпрограмот и преку кабел, за нив би немало разлика. Тие не навлегуваа во комплексните комбинаторики на информациите кои ги добиваа, туку ги гледаа како плус и минус, еден и нула, има одобрение или нема. Излезе дека во мојот случај има и ја поминав портата без поголеми проблеми. Ме упатија кон зградата која наликуваше повеќе на училиште отколку на институција и по низа повторни проверки и скенирања, поминувања низ едни, па други стаклени порти се најдов во подрумот на генералштабот. Градителите тука ја кроеја реалноста каква што ја познаваме. Излишно е да се каже дека бев возбуден, секој во мојата позиција би бил. Ме воведоа во еден ходник каде што имаше масичка и неколку столчиња. Ми кажаа да седнам и да чекам. Самиот ходник не беше ништо особено, ентериер од седумдесеттите со дрвени фотелји тапацирани со евтин и веќе излижан материјал, една клуб-масичка со расклатени нозе и задолжитените фикуси и други растенија распоредени во големи саксии по-


184

крај ѕидовите. Но, очекував дека тоа е само фасада и верна имитација на човечкиот свет, а дека позади блиндираните врати од мојата десна страна се крие нешто сосема поинакво. Замислував нешто како голема контролна просторија со виртуелни проекции на нашиот дел од светот, а Градителите, како тимот од командниот мост од серијата „Ѕвездени патеки“, управуваат со индивидуите преку визуелизации на комплексни алгоритми кои ја предвидуваат иднината. Не можев да знам што има таму, но сепак си дозволив да фантазирам и тоа ми се чинеше како човечка особина. Сакав да направам ментална забелешка, но тогаш се сетив дека сега сум на друга мисија. „Дали си за кафе?“ ме праша еден глас зад мене. Се свртев и видов едно момче со младешко лице како ми се смешка и ме поканува да влезам во просторија која претходно не ја ни приметив, а беше зад мојот грб. Ја забележа сомничавоста во мојот поглед и додаде: „Варам кафе за Градителите, си помислив дека ќе сакаш и ти.“ Влегов низ тесната врата во импровизираната кујничка која не беше поголема од метро на метро ипол, со масичка, две столчиња, плинско решо, ѓезве, неколку весници врз масата и фрижидерче. Десно имаше уште една врата која водеше кон нешто поголема трпезарија со неколку маси и столчиња. Ѕидовите од трпезаријата беа обложени со кафена ламперија која даваше пријатен изглед на просторијата од ерата на седумдесетите, а од зачуваноста на ламперијата изгледаше дека не е ни сменета од тогаш.


185

Се работеше за навистина верна реплика со посветеност на деталите, ерата и стилот на времето со оглед на економската положба во која се наоѓаше земјата по осамостојувањето. „Тука јадат Градителите,“ го фати мојот поглед и се насмевна. „Но, овде се случува магијата на кафето кое ги држи будни додека ја извршуваат нивната значајна работа за сите нас.“ „Да, секако,“ реков збунето. Целата атмосфера беше многу необична, но претпоставив дека се работи за фасада на вистинската работа која се случува зад кулисите. „Какво кафе пиеш?“ ме праша. „Средно,“ реков кратко и тој кимна со главата. Ја пушти чешмата и тури вода во ѓезвето, отвори една конзерва и пикна лажица во неа и извади кафе кое го измеша со водата. Потоа го крена капакот од еден стаклен сад во кој имаше шеќер. Шеќерот беше црн на површината, а кога ја пикна лажичката на која имаше остатоци од кафето сфатив и зошто. Кафето се крчкаше на синиот плински оган и наскоро беше готово. Муабетот започна. „Знаеш, тука нема многу гости од страна,“ рече тој со тивок тон, „всушност, многу ретко влегува некој друг освен специјалците и мојата замена. Но, навикнат сум на самотијата, седам тука, ми носат јадење кое го делам на Градителите, им варам кафе, ги служам, им ги местам креветите наутро и тоа е мојот ден. Во меѓувреме читам весници, телевизорче не ми дадоа, иако побарав. Можам да речам дека станав вистински зависник од весници, ги читам од прва


186

до последна страна и не пропуштам ниту еден збор. Така дознавам за надворешниот свет.“ „Зарем живееш тука?“ го прашав. „Да,“ рече малку потиштено, „мојата работа не ми дозволува да излегувам надвор. Но, тоа не значи дека немам контакт со надворешниот свет, и тоа не само преку весници, ако ме разбираш“. Момчето ми намигна. Не ми беше јасно што сака да ми каже, но наеднаш помислив дека тој е можеби контактот во внатрешноста за кој ми зборуваа луѓето од пештерата. Затоа решив да не должам, туку веднаш да преминам на главното. „Мислиш на Данаил,“ испалив па ако погодам добро, ако не никому ништо, ќе се извадам некако. „Да,“ рече и очите му засветија. „Слушај, ти имаш твоја мисија, јас моја, но двајцата сме дел од едно и ќе успееме само ако се координираме. Моето име е Бунто.“ „Драго ми е,“ реков иако воопшто не ми беше драго. Неговото материјализирање значеше дека мисијата, секако не мојата оригинална, туку изменетата, е сé уште активна и дека сум фатен во неа, како глувче во стапица. „Што понатаму?“ го прашав. „Ќе влезеш со мене,“ рече додека го привршувавме нашето кафе и подготвуваше три нови, „сега е време за кафе за Градителите. Ќе те внесам внатре и ќе те претставам, а другото останува на тебе. Разгледај го ентериерот и опремата, дознај каде треба да се имплантира шпионот, а потоа ќе ти овозможам непречен пристап со дистракција на Градителите.“


187

Наскоро кафињата беа готови, тој ги истури внимателно и подеднакво во шолјите, а потоа ги нареди врз послужавник и ми рече да го следам. Се најдовме пред блиндираната врата и тој извади картичка која ја потпре на апарат до вратата, црвеното светло се замени со зелено и вратата се отвори. Пред нас беше тесен ходник кој со ништо не ми остави впечаток, десно и лево имаше врати, а до едната од вратите масичка. Таму ги остави кафињата и влезе во едната од вратите. Се наоѓавме во тесна соба во која што имаше само кревет и една наткасна. „Изгледа дремнал малку по ручек,“ ми кажа кафе-куварот и се насмевна, „само да го поднаместам креветов и одиме“. Собата беше толку тесна што секој пат кога се одминувавме морав да се држам за ѕидот за да не паднам. Сé уште не ми беше јасно како креаторите на нашиот свет живеат во такви услови, но претпоставив дека вистинската акција се случува во командниот центар или како и да го викаат. Конечно местењето заврши и сé упативме таму. Подголтнав кнедла кога кафе-куварот ми кажа да се подготвам да ги запознаам Градителите. Се фати за рачка на една сосема обична дрвена светло-кафена врата и потчукна. Од внатре се слушна „влезете“, а потоа следеше звукот на чкрипењето на вратата која се отвори малку тешко и Бунто мораше да ја подбутне за да ја помести. Се најдовме таму каде ретките имаа привилегија да влезат. На местото каде што се градеше нашиот свет. Она што ме пречека внатре ги надмина сите мои очекувања.


188

ЗАП725ГРА „Ви носиме кафенце,“ рече Бунто со широка насмевка и вештачка веселост во однесувањето. Се наоѓавме во просторија не поголема од три на пет метри, обложена со ламперија по ѕидовите покрај кои имаше неколку шкафови. На предната страна имаше мал телевизор и на него одеа вести, а централниот дел од просторијата го зафаќаше една голема маса на која беа расфрлани хартии, класери, неколку мапи и карти. Над масата стоеше еден човек, а друг седеше на странична импровизирана масичка над машина за чукање. Не знаев дали некој си поигрува со мене или сонувам, но сцената на која присуствував беше далеку од сите мои очекувања. „Повелете,“ рече кафе-куварот и им ги подели кафињата, a тие се заблагодарија. Едното кафе беше ставено на место каде што немаше никој. „Па, ќе ве оставам со вашиот гостин,“ рече кафе-куварот и замина. Настана момент на тишина во кој двајцата луѓе во години со побелени бради ме набљудуваа. Бев во недоумица дали да се претставам или да ги чекам да проговорат нешто. И двајцата беа прилично загоени и имаа по малку запуштен изглед. Од некаде се слушна звук на пуштање вода и набрзо вратата повторно се отвори и влезе уште еден постар човек, сличен на другите двајца, но поситен и позаоблен и, за моја среќа, малку повесел и зборлест. „Е, момче, стигна,“ рече срдечно, се насмевна и ми пружи рака. „Јас сум Градителот.“


189

„Драго ми е,“ изговорив збунето, „јас сум...“ „Знаеме кој си,“ рече човекот. „Те очекувавме. Ова се Подградителот,“ ми го претстави човекот кој седеше зад машината за пишување, „и Надградителот.“ Прв пат ги слушнав овие имиња и малку се зачудив. „Повели, седни,“ ми покажа човекот кон едно столче, „не срами се.“ Тој самиот седна, додека Надградителот продолжи да стои. „Сакаш ли да се напиеш кафе?“ ме праша. „Не, благодарам,“ реков, „веќе се напив.“ „Е тоа ти е добар домаќин,“ се насмевна тој, „нашиот Буне, добро момче е.“ Не знаев што да кажам и кимнав со главата. „Но, да преминеме на главното. Ја добивме твојата забелешка,“ рече Градителот и Подградителот веднаш му подаде една папка, тој ја отвори и извади еден лист во кој гледаше повремено, „и навистина е интересна. Морам да речам, дека и претходните твои забелешки се интересни,“ продолжи да зборува додека ги вртеше фасциклите и вадеше еден по друг лист. „Коментари за превозниот систем, школскиот, банките, институциите, темелно, одлично, сé си е на место. И морам да кажам, интересен стил, лесно-читлив, а освен тоа и по малку филозофски, погодуваш право во суштината момче, импресиониран сум, а не го велам тоа често.“ Додека тој зборуваше Подградителот чукаше на машината. Отпрвин помислив дека работи на нешто друго, но потоа сфатив дека го запишува разговорот. Надградителот и понатаму само стоеше и ме набљудуваше без да трепне.


190

Вратата се отвори и влезе некој кој би можел да го опишам само како Службеник. „Се извинувам,“ рече и застана малку збунето кога виде дека има и некој друг во просторијата. Се гледаше дека процесира како да постапи, но веднаш потоа реши да продолжи со намерата заради која влегол. „Пристигна ова, мислам дека е важно.“ Му го подаде листот на Надградителот и овој го зема. Веднаш ја отвори мапата пред него, се задлабочи над неа и пронајде некое место кое го обележа со шпенадла, потоа му го даде листот на Подградителот и овој се сврте кон заобленото старче. „Мислам дека е важно да се зафатиме со работава веднаш.“ „Во ред,“ рече тој како да знае за што станува збор, „момче, за жал ќе мора да ја скратиме средбава, но сакавме да те поканиме тука за да ти кажеме лично дека ја цениме твојата предаденост и труд и дека тој нема да помине ненаграден. Само продолжи како што си тргнал и ќе стигнеш далеку.“ Потоа стана, ми се доближи и ме гушна при што ми шепна во уво, „Слушам наскоро ќе се ослободи местото на Надсупервизор,“ и потоа ме испрати до вратата, ме изнесе и ме поздрави. Останав сам во ходникот со полна глава прашања. Не бев сигурен што да мислам. Целото искуство беше толку неочекувано што не знаев во што да верувам. Излегов надвор без никој да ме испрати, вратите се отвораа слободно однатре и мора да изгледав како зомби кога се појавив пред кафе-куварот кој ме пречека со зачудено лице.


191

„Што се случи, зошто излезе толку брзо?“ ме праша загрижено. „Не сум сигурен,“ одговорив збунето. „Како мислиш? Успеа ли да го лоцираш местото каде ќе го уфрлиш шпионот?“ „Каков шпион, по градителите?“ го прашав. „Па не знам,“ рече, „мислев ти си експертот, мене ми кажаа дека ќе уфрлиш некаков шпион внатре, мислев дека е направа за прислушување или нешто слично.“ „Прво не е шпион, туку вирус, компјутерски вирус, а каде да го уфрлам кога внатре нема ниту еден проклет компјутер!“ почнав да викам зашто навистина го губев трпението. „Потивко,“ рече тој и погледна наоколу, „сакаш да завршиме во затвор двајцата? Нормално дека нема компјутер.“ „Како нормално?“ „Така, Градителите добиваат информации од компјутерскиот центар и донесуваат одлуки врз основа на тие информации кој неког друг веќе ги обработил.“ „Сакаш да кажеш дека целата наша реплика зависи од одлуките на тројца изветреани старци кои седат во социјалистичка канцеларија и преку мапи, класери и документи чукани на машина за пишување решаваат стратешки прашања поврани со иднината на нашата држава и нашиот род!?“ „Па... така некако,“ рече кафе-куварот малку зачудено, како и самиот во тој момент да ја сфати апсурдноста на таа идеја.


192

„Како така!?“ изговорив запрепастено. „Белким се поврзани со некоја мрежа на податоци, или барем со Симулациската подпрограма. Не ми се верува дека зависат од испечатени извештаи кои некое службениче жедно за промоција ги пишува на Четири-осум-шеска во Ворд девеес-петка која работи на Виндоус машина.“ „Не би ги поедноставил работите баш така... но, ако размислам подобро, веројатно не си далеку од вистината,“ ги крена рамениците тој. Тоа не беше одговорот што го очекував, не. Мислев дека ќе ми се спротивстави, ќе ги брани старците, ќе рече дека тие се најмудрите индивидуи на денешнината, верни реплики на Сократ, Платон и Аристотел кои се во директна интранетска комуникација со Надпрограмот, исто како што и јас можам да комуницирам со Архивите. Но, тој молчеше како риба и ме гледаше со подеднакво тап поглед. „И сега?“ ме праша тој, додека јас го гледав како да очекував одговор од него. „Нема сега, нема договор, нема револуција,“ одмавнав со раката. „Информациите кои ги имаат твоите пајташи се грешни, а не знам кој им ги дал ако не си им ги дал ти.“ Тој делуваше навистина збунето. „Ама не може така,“ рече испаничено. „Ја работам проклетава работа со месеци, затворен тука и изолиран од сé, ми ветија дека ќе ми ги поштедат родителите ако бидам послушен, направив сé што бараа од мене, како нема договор?“ „Види,“ му реков смирено на момчето кое очигледно се наоѓаше во истата каша како и јас, „ни ти


193

ни јас не знаеме што се крие зад кулисите, можеби старците се само автоматрони од низок вид, да не речам кукли на конци управувани од рацете на вистинските Градители, некој вид далечински управувани симплтони кои се поставени на сцената да играат во драмата наречена „последниот ред на одбраната“. Помисли колку е неверојатно тие мапети да ни ја водат државата, никогаш не ти паднало тоа на ум?“ На кафе-куварот му стана очигледно непријатно од муабетот. Наместо да одговори само ја спушти главата надолу. Не беше негова вина, едноставно не беше програмиран да разбере, а ми се чинеше дека и да му вметнале програма од повисоко ниво неговиот нервен систем едноставно не би можел да ја процесира. Сум видел такви случаи, безнадежно глупави, родени да служат, да бидат робови и ништо повеќе, независно од тоа во која инкарнација ќе се најдат. „Не грижи се, ќе најдам решение за ситуацијава“ му реков за да го утешам и заминав. Вистината беше дека немав поим како ќе постапам. Не ми беа доволни дилемите дали воопшто да учествувам во овој луд потфат заради некој наводно-мој органско-кибернетски хибрид, или да ги фатам во стапица луѓето-глувци кои се криеја по зафрлените дупки, туку сега морав и да ја решам мистеријата на случајот на старите дртала. Тоа беше премногу дури и за една напредна реплико-индивидуа каква што бев јас. Животот беше многу поедноставен кога известував за грешките во реплицирањето на тезгата на пазар. „Тиквичките се премногу зелени“ или „касиерката во продавницата е премногу љубезна“ ми зву-


194

чеше како израз на повисока хармонија во вселената која сега беше само хаос и непредвидливост.

ЗАП2533АЛШ

Се вратив дома доцна и поразен откако цела вечер талкав бесцелно низ градот, посетувајќи ги познатите места за да најдам утеха во нив. Но, со секој обид да се фатам за нешто материјално, опипливо и цврсто, тоа ми се лизгаше низ рацете. Ми се чинеше дека реалноста не е направена од атоми и честички, туку дека е само една лоша симулација. Светот се рушеше пред мене како кула од карти. Ги гледав картите додека паѓаа и нивните лица ми изгледаа сè повеќе бесмислени. Градителите не беа повеќе омнисвесни светли фигури во бели одори туку изветреани и побелени канцелариски стаорци. Програмата не беше совршен код вткаен во нишките на реалноста, туку хартиени картички кои отчукуваат различни комбинации на дупчиња во рудиментирана машина. Моите деца не беа производ на врвен генетски инженеринг во комбинација со најдобрите пресметки на веројатноста во историјата на светот Овој свет не беше најдобар од сите можни и испробани реалности, туку само една лоша копија на копија на копија... Ема лежеше во брачниот кревет, на левата страна, кон прозорецот, како и секогаш. Лина воздивна кога влегов во собата, обично имаше лесен сон и внима-


195

вав да не стапнам на место каде што паркетот е разлабавен за да не чкрипи, а малиот секако се превртуваше и се бореше со прекривката како да му е најголем непријател. Перницата веќе ја изгубила борбата и лежеше поразена на подот. Ја кренав, ја истресов и ја вратив на креветот, го потфатив Марко под мишките и тој го здрви целото тело како стап, како што правеше секогаш кога некој му го прекинуваше сонот. Почна да зборува нешто во бунило, а јас го гушнав. „Шшш... не плаши се, тато е тука,“ му зборував нежно додека не се смири. Го покрив и додека стигнав до вратата од детската соба прекривката веќе беше турната со неколку велосипедски движења. Моето семејство беше единствената константа во светот кој постојано се менуваше. Отидов до бањата и се погледнав. Не знам дали луѓето имале чувство дека се гледаат себеси кога гледале во огледало, но јас немав. Не можев да го поврзам тој лик и тоа тело со она што го чувствував и мислев. Тие две работи за мене беа сосема посебни, како да бев станар во некоја куќа, но таа не беше дом, туку само место каде што живеев, до следната преселба. Излегов од бањата, се пресоблеков и легнав внимателно. Ема воздивна и знаев дека се разбуди. Секогаш се будеше, независно од тоа колку внимателно легнував. Со крајот од окото погледна кон часовникот за да провери колку е часот. Таа информација за неа беше значајна, за да се ориентира во стварноста која привремено ја насели со ова будење во ситните часови. Времето за неа беше речиси опиплива категорија и значеше ритам на животот,


196

ритам на семејството, работата, јадењето, одморот и слично. Легнав до неа. Умот ми скиташе насекаде и морав да го вклучам на режим на мирување, зашто претпоставував дека нема да можам да заспијам природно. Не знаев што ме чека утре, но имав чувство дека е нешто големо. Како што претчуствував, следното утро, додека се подготвував да посетам едно од локалните кафулиња и да ги прислушкувам разговорите околу мене зашто работата мораше да продолжи колку и да ми изгледаше бесмислена, луѓето веќе ме контактираа. Застанав со автомобилот на крстосница заедно со десетици други автомобили и едно дете со сунѓер во рацете ми се доближи. Направи знак како да ме прашува дали да брише, а јас си помислив „по машините зошто да не,“ и тоа започна да го замачкува предното стакло. Детенцето не беше многу постаро од мојот син и се мачеше да досегне, скокаше безуспешно и потоа направи залет и со цела сила отскокна. Така се најде врз мојата хауба и задоволно го бришеше стаклото, а јас се насмеав. Колку и да бев лошо расположен, ова суштество без многу надеж и перспектива во животот, а самиот знам колку пати сум ги сожалувал и споредувал со моите деца, ме развесели. Го отворив прозорецот и извадив книжна банкнота. „Добро ти текна,“ му дофрлив. Тој се насмевна, ја пикна парата во џебот и од таму извади ливче кое ми го подаде. Пред да се свестам што се случува, на семафорот се појави зелено светло и автомобилите зад мене веќе свиреа како да им гори под педалите. Го


197

вртев воланот држејќи го ливчето во рацете, но немав можност да го погледнам до следната крстосница. Го отворив и таму со пенкало и ракописни букви беше напишано. Нови информации следуваат. Те чекаме Колку и да беше оскудна пораката, и иако не можев да знам како детето бришач на автомобилски стакла се нашло во улога на шпион, а веројатно го потплатиле или и него го уцениле, знаев што значи пораката. Сакаа да се вратам во Алшар. Немав избор и се упатив на Меѓуградската автобуска станица. Ме чекаше повторно истата шема, автобус до Ре-Кавадарци, веселите таксисти кои чекаат жртви на автобуската, патот до Алшар со новите хитови на народњаците, планинарењето, влезот во утробата на ѕверот и отворањето на волшебниот свет на подземните џуџиња и тролови пред мене. Ме пречека Данаил, весел како и секогаш, како да не се создаде цела провалија помеѓу нас во изминатиот период, како да не ме присилуваа и уценуваа да правам нешто против своја волја. „Нé известија дека си наишол на проблеми,“ рече Данаил, „морам да ти признаам дека и ние сме изненадени. Нешто се случи со нашиот контакт, не знам дали дознале за нашата мисија и го имаат репрограмирано, но тоа што ти беше претставено не е вистина. Градителите се кријат некаде, целата операција е доведена во опасност, а со твојот ангажман и ти си


198

во опасност. Ти предлагам да го скриеш семејството некаде, зашто веќе не е сигурно.“ „Но каде да ги скријам,“ реков, „невозможно е да се скриеш таму горе.“ „Не знам,“ ги крена рамениците Данаил, „би сакал да можам да ти помогнам, но за жал и ние веќе не сме сигурни тука. Старешините разговараат за следните чекори, можно е да ја спроведеме операцијата секако, само без централна контрола, убедени сме во нашиот успех.“ „Не разбирам,“ реков збунето, „немате шанси да победите со стандардна борба. Знаеш дека ќе ве изрешетаат. Нашата војска е далеку понапредна од вашата.“ „Знам,“ призна тој „но, немаме избор. Уште полошо е ако нé начекаат тука како глувци во стапица.“ „Каде е Марија,“ ја сменив темата, „не ја гледам.“ „Не знам, не сум ја видел веќе неколку дена. Ì беше дадена дозвола за излез, но не се врати. Помислив дека отишла да те посети тебе,“ рече Данаил и му се врати насмевка на лицето. „Не,“ излажав, “не ме посетила.“ Данаил секако ме познаваше доволно добро за да знае кога лажам. Но, реши да не ме распрашува, меѓу другото сега имаше поголеми проблеми. Се поздравивме како луѓе кои знаат дека се гледаат за последен пат, свечено и тешко. Двајцата верувавме дека немаме шанса за опстанок, но ако нешто научив во мојата одисеја во која се трудев да ги разберам луѓето, беше тоа дека тие секогаш веруваат, секогаш се надеваат, дури и кога нема причина за тоа.


199

„Скријте се некаде, те молам,“ беше последното што ми рече пред да излезам од подземниот свет и да се најдам на планината со небото над мене и само еден пат пред мене - кон пропаста.

ЗАП178СЕМ

Домашните го живееја животот како ништо да не се случува. Ема и понатаму надвор од дома беше посветена на работата, а дома вредна сопруга која се грижеше за семејството без забелешки. Нејзиниот стоицизам отсекогаш бил нешто што ме воодушевувало, таа беше вистинскиот столб на семејството. Но, со текот на годините тој стоицизам премина во тврдоглавост за работи кои не се толку значајни за опстанокот или за мисијата, во крајна линија. Знаеше да се опседне со некоја небитна ситница, пример наоѓањето на некој зачин кој е клучен за рецептот кој сосетката ì го кажала на кафе, а и бил пренесен од пријателка на работа, која го дознала од нејзината баба. Излишно е да се каже дека немаше мир во домот додека не го пронајдеме тој зачин. Сите продавници беа пребарани, сите членови од семејството беа на нозе и заедно моравме да учествуваме во потрагата по мистичната компонента на тајниот рецепт, небаре е еликсир за подмладување или за вечен живот. Таква беше Ема и со текот на годините тоа опсесивно убедување дека нешто „мора да се направи или светот ќе престане да постои“ стануваше сé посилно.


200

Тажната коинциденција беше дека сега навистина бевме во таква ситуација, моравме да заминеме од нашиот дом или ќе нé пронајдат, а потоа не знам што ќе ни се случи. Всушност знам, во „најдобар“ случај ќе нé ресетираат и разделат. Но, да соопштиш нешто на мојата сопруга и таа да се согласи со тоа мора да има добра основа, логички развој и сигурно позитивна последица кон семејството. Сé друго беше неприфатливо и одбивано со едно едноставно „не“. Таа негација што сите ја користиме честопати во животот, пр. „дали сакаш кафе?“ - „не“, кај неа не беше обично одбивање на понуденото со можност некогаш подоцна да се измени во „да“. Нејзиното „не“ секогаш беше дефинитивно, непроменливо и непоколебливо. Затоа најбитен чекор беше првиот, добра подготовка на материјалот пред да се изнесе пред „судот“. Но, од каде да почнам? Од тоа дека со години не го работам тоа што кажував дека го работам или од таму дека светот во кој живееме не е реален, туку е само копија на светот на луѓето. Кои се луѓето, па тоа се тие кои нé создале... си ги замислував разговорите, но сето тоа изгледаше како невозможна мисија и колку што повеќе размислував толку ми се чинеше поневеројатна. А згора на сè ми тежеше помислата на Марија, таа проклета човечка жена која се појави среде целиот хаос со нејзината приказна за која веќе не знаев дали е вистинита или не и што сакаше од мене. Но, морав да почнам од некаде. „Драга,“ почнав внимателно, „имам нешто да ти кажам.“ Таа ги крена веѓите и ме погледна со скаме-


201

нет поглед, како подготовка за тоа дека треба да ми се лути или да ме прекори за нешто. „Што?“ ме праша. „Е па,“ почнав нервозно да си играм со лажичката со која ставив шеќер во кафето. Таа не пиеше кафе, ми правеше друштво со една шолја какао, одлука која ја направи откако дозна дека кафето и прави интерференција на електричниот импулс кој го диктира ритамот на срцето. Сосема рационална, самозачувувачка и логична одлука, својствена на неа. Навистина, зошто некој би направил поинаква одлука ако знае дека нешто не е добро за него. Зошто некој би се акал во некоја пештера и би ја барал вистината, ако знае дека од тоа нема да излезе ништо добро... Сепак, како можеме да станеме луѓе ако сме постојано логични, по програмата, па зарем не е дел од нашата мисија да бидеме ирационални!... се обидував да го оправдам своето однесување. „Знаеш дека во последно време малку се однесував чудно,“ признав. „Забележав,“ додаде таа не менувајќи го изразот и гледајќи ме со очи ширум отворени како був кој го демне пленот во темнината, но сé уште не е сигурен дали да го нападне или не. Прво треба да ја процени добро ситуацијата, правецот на ветерот, големината на пленот, осветлувањето, брзината со која ќе може да нападне. Во природата од успешноста на нападот зависи опстанокот, а во нашиот реплико-брак од победата во расправијата зависи тоа дали следното барање на зачин ќе биде успешно. Во спротивно, сопру-


202

гот кој постигнал победа и се поставил над упорната сопруга ќе најде доволно причини да не ја послуша за нешто што прво е зачин, а потоа и многу поголеми нешта. Се обидов да бидам директен, наместо повторно да се завлекувам во внатрешни партии мисловен шах. „Сето тоа има објаснување,“ подголтнав повторно несигурен во своите зборови, „доцното доаѓање дома, пиењето...“ „Знаев,“ рипна неочекувано таа, „имаш друга нели!?“ „Не, не,“ побрзав да ја исправам, со доза задоволство дека таа за момент се однесуваше човечки и ирационално наместо одредено и предвидено според нејзината програма во која секогаш истакнуваше дека не е љубоморна. „Не негирај,“ извика таа, „сé знам!“ „Не те разбирам,“ реков со интерес да дознаам каде води разговорот. Дали навистина ме следела и ме видела со Марија? „Намирисав женски парфем,“ рече веќе станата и кружејќи кругови во трпезаријата. „Внимавај ќе ги разбудиш децата,“ ì реков, по што таа седна, но сé уште нервозно мрдаше со нозете. Во ред, воспоставив контрола, на непредвиден начин но не беше битно, помислив, сега е време за приказната. Очигледно нејзиното обвинување е шпекулација, не ме видела со неа. „Тоа што го зборуваш не е вистина, всушност посакувам да беше толку едноставно,“ реков, иако самиот „знаев“ дека постои можност да е во право.


203

Сепак, во моите енграми немаше таков податок и целата работа се засновуваше на тврдењето на една човечка личност избегана од стадото која можела и да се служи со вештерство да ме измами. Ја погледнав Ема која зачудено гледаше во мене поради мојата последна реченица, како да сакаше да каже „едноставно е да ме измамиш“? „Не мислев така,“ се исправив, „вистината е дека имам проблем со коцката.“ Таа ме гледаше бледо, како да не знаеше како да реагира. Очигледно беше дека во нејзиниот процесор нема доволно податоци за таа појава за да може соодветно да реагира. „И?“ рече прашално. „И влегов во долгови,“ признав, „не е страшно, но морав да позајмам пари од едни типови.“ „Па, ќе им ги вратиме парите,“ рече таа убедена во логиката на нејзиното тврдење, „колку и да се, ќе извадиме од книшката, ќе позајмиме од нашите.“ „Не е толку едноставно,“ реков, „овие типови не се баш банкарски службеници. Имаат избричени глави и влакнести раце во кои не се тресе пиштолот кога ти го држат во уста. Доцнам со исплатата прилично, и сега ја сакаат само мојата крв, не им е до парите.“ „И сега што?“ ме гледаше таа шокирано. „Да бев јас во прашање ќе заминев сам, но мислам дека ќе ве фатат вас за да ми се одмаздат,“ реков во исчекување на реакција. „Сакаш да заминеме,“ рече таа со неодобрување. Го наговестував тоа нејзиното фатално „не“ кое беше подготвено да се бори со криминалците до смрт ако треба само да не се напушти домот, да се задржи ра-


204

ботата, да не се смени рутината на секојдневието која живот значи. „Не да заминеме,“ побрзав да се исправам и да ја убедам со поинаков пристап, „само да се тргнеме оттука на кратко, да изнајмиме стан на друго место, колку да добиеме на време и да се обидам да се договорам со нив пред да реагираат несакано.“ „Да изнајмиме стан?“ подвикна таа како да тоа е најголемата глупост што ја слушнала во животот. „Само привремено,“ реков, „најмногу два-три месеци.“ „Само!?“ таа повторно го засили тонот, „а што е со училиштето, со децата, со работата... и тие ќе ги смениш? „Не знам,“ признав, бидејќи имаше право и не размислив за тоа, „но ќе почнеме со станот и се надевам дека во меѓувреме ќе се реши проблемот. „Не сум сигурна дека тоа ќе функционира,“ рече таа, „не се менува живот туку-така.“ Искуството ме научи да се обидам да ги разбирам реплико-луѓето такви какви што се, а ми се чинеше дека сум опкружен со рудиментирани програми. Тие имаа способност да мислат, да расудуваат, нивниот нервен систем можеше да обработува илјадници информации во секунда, но не знаеја да донесат една интегрирана одлука без да загребат по дното на бунарот на програмата. „Јас ќе бaрам стан, а ти подготви ги основните работи, те молам, заради нас, ова е само привремено,“ реков, а таа не рече ништо, што ме зачуди. Но, постоеше можност да ме остава да оладам малку, зашто


205

знаеше дека понекогаш преувеличувам и паничам непотребно. Можеби веруваше дека ќе ги вратиме парите и сé ќе биде во ред. Стана и замина во кујната. Ја потпрашав нешто друго уште неколку пати, но не ми одговори. Беше задлабочена во готвењето и исклучена од надворешната реалност.

ЗАП179СЕМ

Се слушна ѕвoнчето на вратата и се стрчав да ја отворам, не очекувајќи ништо добро од другата страна. Бев во право. „Здраво,“ рече таа, „можам ли да влезам?“ Стоеше во ходникот и од неа зрачеше човечкиот немир и нејзината непредвидлива лудост од очите. „Да не си мрдната што дојде тука?“ реков запрепастено. „Секако дека не можеш да влезеш!“ „Но, те молам, имам важни информации за тебе и не се поврзани со нашата работа,“ рече таа потенцирајќи ги последните два зборови. Само што сакав да í ја треснам вратата пред носот, зад мене се појави Ема. Бев во небрано. „Имаме гости?“ праша таа. „Да,“ рече Марија уште пред да се снајдам во ситуацијата и влета внатре со брзина на мачка. „Јас сум шефица на Идо од работа.“ Ема ме погледна малку сомничаво. „Знам дека своите обврски вредно ги извршува од дома, но сепак има шеф,“ се насмеа таа. „Јас се изви-


206

нувам, но ми се чини дека мојот колега не ви спомнал ништо. Бевме договорени да дојдам кај вас и да поразговараме за утрешниот состанок, знаете ни доаѓа многу голем и важен клиент и потребни ни се сите кадри, макар и со идеи. Се надевам дека нема да ви пречам, нема да се задржам повеќе од петнаесет минути.“ Ема не беше сигурна за што се работи, но со оглед на скорешните случувања беше подготвена на сé. Затоа ја прифати играта на таа која и да беше, шефица во маркетинг агенција или главна на супервизорите. „Се разбира,“ рече љубезно, „повелете, влезете.“ Таа беше во нашиот дом и немав претстава што сака, но бев подготвен на најлошото. Веќе беше удобно сместена на каучот во дневната просторија и сркаше од кафето кое ì го подготви мојата сопруга. Лежерно муабетеа за некои обични нешта, како што знаат жените. „Извинете,“ рече Ема, „но, јас ќе се вратам на пакувањето алишта, а вие продолжете со вашиот состанок.“ „Да не одите на пат?“ ги отвори ширум очите таа со добропознатата човечка налудничавост. „Каде ќе одите?“ „Никаде,“ реков, „собираме работи за Црвен крст.“ „Аха,“ рече таа со прикриена насмевка под шолјата додека го сркаше кафето, а Ема ме погледна малку зачудено, но потоа кимна како да сакаше да ми даде на знаење дека разбрала. Тоа што таа сепак не го знаеше беше дека тие од кои што бегав беа во нашата дневна соба и сркаа од нашето кафе.


207

„Бев да се видам со Данаил,“ í реков бидејќи сакав да добијам предност во разговорот, не сакав да í дозволам таа да го води и да диктира за што ќе се зборува. Доволно ми ја наруши приватноста и дојде ненајавено во мојот дом и кај моето семејство, а посвето нешто од тоа за мене не постоеше. „Ме прашаа дали си ме посетила.“ „Знам,“ рече таа, „во комуникација сме. Дојдов само да ти пренесам дека акцијата е откажана. Не мораш да заминуваш, не мораш да се криеш. Можеш да продолжиш со твојот живот, зашто нашиве страшливци се попишманија. Знаеле дека нема да успеат и нема да ризикуваат. Решија да се кријат додека можат, а потоа што им даде роботот. Ете, дојдов само тоа да ти го соопштам, а сега ќе заминам.“ Ги изговори тие зборови, стана и се упати кон вратата. Ја гледав како се облекува и го мразев секое нејзино движење. Ми подаде рака да се ракуваме пред заминување и откако се осигура дека мојата сопруга не е во близина, рече кратко и тивко: „Се гледаме, драги.“ Таа замина, ја заклучив вратата и останав подзинато. Ема се појави и рече, „Толку кратко? Не се ни поздравивме.“ „Да, немаше потреба, само ми остави некои материјали да ги прегледам, за да се осигура дека ќе работам за утре, знаеш какви се, само профитот ги интересира, а не луѓето,“ излажав, но немав избор, зашто искрено и самиот не знаев што е вистината. Седев во недоумица и размислував. Алшар, Марија, Данаил, луѓето, посетата на Градителите... сето


208

тоа беше само кулминација на низа необични работи кои ми се случуваа. Сé почна со нерационалните стравови, а потоа премина во магиско размислување и во конвулзии и опсесии... барем така мислеше мојот реплико-психо-консултант. Ја нарекував Марија луда, но да не бев јас лудиот? Дали сé ова што ми се случуваше беше реално или некој си поигрува со моите енграми, можеби сум во симулација на реалноста, можеби ништо не е реално... Се посомневав на грешка во алгоритмите предодредени за мене од Надпрограмот уште со првите симптоми, ирационалните стравови од летање, од затворен простор, од бактерии, од лифтови, од отворен простор... Потоа дојдоа принудните наредби на кои не можев да им се спротиставам за кои мислев дека се од програмата, но немаше причина мене да ме контролираат на таков начин... сето тоа немаше никаква логика. Не бев сигурен за причината на овие компулсивни однесувања, но бев сигурен дека не произлегле автономно од мојот систем. Можеби и тоа беше нивната намера откако открија дека моето однесување е опасно по системот, можеби се обидуваа да ме полудат и да ми ги прегорат синаптичките кола за да не знам веќе што е реално... но, кои беа тие? Секако Градителите, но можеби и Данаил, којзнае каков нано-контролор ми ставил во пијачката додека бев во неговата лабораторија, или Марија со нејзините вуду-магии, чудното искуство со вештачкото сонце од Алшар... Бев онесвестен една цела вечер, кој било од нив можеше да ме репрограмира. Но, тоа беа прет-


209

поставки, а јас имав теорија која гласеше вака: Градителите се надандроиди, посветени на напредокот на нашата раса и неверојатно креативни во тоа, но понекогаш се однесуваат како чиновничиња кои мораат да ја завршат совршено својата работа, инаку ќе одговараат кај шефот. Но, тоа што не штимаше во целата приказна е дека тие се шефови, а ние сме шрафови. Тие на нас гледаа само како на делови од машина, како да сме декартови автоматрони заробени во механичкиот свет. Колку бевме навистина автентични? Сета таа свесност за програмата и нашата цел беше само пречка. Не е лесно да се бориш со програмски грешки, а воедно да бидеш свесен за тоа дека пореметувањето ти е наметнато само како дел од експеримент. Ако излезеш од експериментот, тогаш ќе ги пореметиш варијаблите и ќе ја загрозиш мисијата, не само за себе, туку и за сите. Понекогаш доцна во ноќта лежев во темница со отворени очи и ги гледав машините како работат со вклучено црвено светло во режим на мирување и се прашував што размислуваат тие. Нашите процесори, за разлика од нивните не можеа да се исклучат, постојано работевме, кога спиевме нашата меморија ги сортираше податоците, ги спојуваше искуствата, ги складираше и правеше место за нови. Ако тоа е сонување, тогаш да, и ние сонуваме. Надпрограмот ги примаше информациите за нашите насобрани искуства во овој процес и ги интегрираше во матрицата на таканареченото човечко искуство. Што ќе се прави понатаму со таа матрица


210

никој не знаеше, но претпоставуваме дека таа ќе послужи како основа за градење на наша следна и посовршена верзија. Но, понекогаш ако по грешка или по случајност, некој од нас добиваше увид во поголемата вистина, тогаш тие го регистрираа тоа и веднаш го ресетираа. Да осознаеш повисока вистина за причината на твоето постоење беше смртна казна. Тоа беше парадоксално зашто од нас се бараше токму тоа - осознавање. Но, начинот на кој нé третираа беше како да сме сметачи, а не највисока алка во еволуцијата на човекот. Сознанието дека светот е хаос наместо ред, дека животот на индивидуата е бесмислен и е во функција само на родот и на животот како ентитет, тлееја под основата на сите мои сфаќања. Нашата цел беше да бидеме крави приклучени на електричните молзници на нашите искуства кои потоа не го пакуваа млекото на знаењето во амбалажа и не го даваа на идните генерации, туку Надпрограмот го пиеше сам, себично и садистички. Уште една работа која не беше логична, а ме измачуваше во такви ситни часови, е мојот однос со децата. Имав огромна потреба да ги заштитам од секакво зло и најмала веројатност дека ќе им се случи нешто ме доведуваше до она што луѓето го нарекуваат лудило. Можноста за нивно страдање ми го уриваше универзумот внимателно изграден околу одредени принципи. Ако требаше да се наоружам и да влетам во штабот каде што Градителите дремат врз нивните испотени чаршави и да го заменам звукот на ритмич-


211

ко старечко 'рчење со звукот на автоматско оружје ќе го сторам тоа! „Подготвен сум, ме слушате ли!?“ вреснав силно во себеси наивно надевајќи дека тој мој внатрешен крик некако ќе допре до Градителите и ќе ги претне од нивниот самозадоволен сон. Да, тие спиеја мирно, додека јас се превртував во креветот и по не знам кој пат ја будев Ема. „Дваесет и четири!“ викна ненадејно Марко во сон и јас, како и секој пат, независно од тоа дали претходно спиев или не, се стрчував кај него, седнував на неговиот кревет, го галев по главчето и тивко му зборував. Речиси секоја вечер беше така. Малиот викаше во сон, како што јас сум викал пред него. На некој начин нашето сродство нé правеше послични отколку што луѓето би можеле да бидат, бидејќи нашата програма немаше толку успешен алгоритам за рандомизација колку што имаше природата. Со едноставни зборови, нашите деца беа поверни копии на нас самите и кога мислевме на нив имавме чувство дека мислиме на себе. Барем така се чувствував јас. Во една прилика го гледав малиот како јаде и самиот го чувствував вкусот на јадењето, нервните импулси ги поттикнаа моите жлезди на лачење плунка, се почувствував сито и задоволно. Иако имавме и нервен и ендокрин и систем за дигестија, тие беа само во функција на пренесување на информации. Нашето тело се напојуваше од изворот, безжично, храната не ни беше потребна, речиси поминуваше низ нашиот систем необработена, но повторно зара-


212

ди поавтентично искуство ја консумиравме и уживавме во неа. Марко во меѓувреме повторно заспа, го покрив, а тој со еден потег ја завитка прекривката околу себеси како сарма и истовремено сосема се откри. Тоа беше зачудувачки вешто движење кое го повторуваше секоја ноќ без грешка. Се вратив во брачниот кревет и ја гушнав Ема и заспав мислејќи на хаос, уништување, смрт и апокалипса.

ЗАП5787ЕНД

Утрото ме разбудија сирени за тревога кои се слушаа од далечина, но од неодредена насока. Излегов на терасата, но не можев да видам ништо невообичаено. Се вратив внатре. Другите уште спиеја и не беа свесни за тоа што се случува. Но, што се случуваше навистина? Заѕвони телефонот и кренав. Го слушнав гласот на Марија. Од каде по Градителите го нашла мојот број. „Слушаш ли? Почна, револуцијата почна!“ звучеше како да се радува. Како да уживаше во секој збор што го изговараше. Не одговорив ништо и само ја слушав. „Спакувај си ги работите, најдов човек кој ќе нé префрли преку граница,“ рече „земи го само неопходното.“ „Молам?“ реков зачудено.


213

„Земи само облека,“ продолжи, „и средства за хигиена. Сендвичи и вода спремив јас.“ „Чекај, нели забораваш нешто?“ ја прекинав. „Што?“ рече збунето, „облека, хигиена, вода, храна, тоа е основното, нема што друго, сé друго во ваква ситуација е непотребно.“ „Го забораваш моето семејство,“ реков. „Тие ќе бидат во ред,“ рече таа како да станува збор за пар стари патики. „Тие нема да бидат во ред, ако почнала војна. Ми се чини дека ти не разбираш, всушност се однесуваш како ти да си робот, а јас човек. Не го напуштам моето семејство за ништо на светов!“ „Но,“ изговори речиси молежливо, „јас сум твоето вистинско семејство, а не тие кои ти се доделени од програмата, од нив немаш ништо освен имплантирани сеќавања!“ „Можеби тоа е точно,“ реков, „но тие се повистинити и поискрени од тебе и тоа е нешто што ти никогаш нема да можеш да го разбереш.“ Го прекинав разговорот. Немаше што да се објаснува и немаше каде да се бега. Секоја реплика беше независна од другите реплики и недостапна за надворешните жители. Така се одржуваше микрокосмос кој може да се контролира, моделира и управува. Инаку беше невозможно да се спроведат репликите на поголема скала. На овој начин беше лесно да се симулираат надворешните односи со другите држави во зависност од состојбите внатре. Ако некој мораше да оди на патување, му ги импланти-


214

раа искуствата кои наводно им се случиле директно во мнемоничките центри. „Пациентот“ среќно раскажуваше за своето патување во Париз, градот на уметноста или за Милано, Берлин, па дури и Њујорк или Токио. Во Надпрограмот имаше податоци за сите градови, моделирани според соодветниот период. Се работеше за вистинско уметничко дело од симулација која функционираше одлично. Освен за ова и за неколку слични ситуации, Градителите ретко користеа симулации, тие за нив беа рудиментирани форми на вештачка интелигенција и повеќе сакаа реплики, во потрага по вистинско човеково искуство. Се навратив на проблемот кој ни гореше под нозете. Во оваа ситуација само еден човек знаеше што се случува и можеше да ми даде точни информации. Но, каде да го најдам Данаил? Немаше време повторно да одам во Алшар. Сé се случуваше брзо. Решив да ризикувам и да си ја пробам среќата и се упатив кон лабораторијата. Низ градот имаше чудна атмосфера, од секаде се слушаше чудниот звук, но никаде не се гледаше ништо невообичаено. Репликантите тераа со своите секојдневни активности и не реагираа на звуците, зашто едноставно не беа програмирани да реагираат на ваква ситуација. Но, се слушаа повремени муабети „Што се случува?“, „Го слушаш ли ова?“ и слично. Секако сите беа свесни на тоа дека се случува нешто страшно. Утрото пред да излезам ги вртевме каналите на телевизорот со Ема, а децата исплашено нé набљудуваа, уклучив телевизор, но таму не зборуваа ништо


215

за новонастанатата состојба. Или беа затечени, или и тие беа дел од заверата. Ние на повисоките позиции знаевме дека медиумите се контролирани од програмата. Им кажавме на децата дека се работи за аларм, можеби ограбуваат банка, додека се гледавме со страв и недоумица. „Ограбуваат банка?“ со интерес нé погледна Лина, која беше во незгодни години и ја интересираа прекршувањата на правилата. „Не,“ се уфрли Ема, „изгледа е аларм од возило.“ „Их... некое баш големо возило,“ рече со недоверба Лина. Всушност никој од нас не знаеше што се случува, и иако насетував, не можев да знам со сигурност. Се најдов пред вратата од лабораторијата која беше ширум отворена, а од чуварите немаше ни трага ни глас. Сé беше празно и растурено. Се упатив до канцеларијата на Данаил и, како што претпоставив, го најдов таму. Чудното беше дека секогаш го наоѓав, како да беше дел од мојата програма, наместо реална личност, односно човек. Беше во оружарницата и како да ја изведуваше сцената од популарниот филм од осумдесеттите „Командос“ наоружувајќи се, изгледа, сам да се спротистави на цела армија роботи. Кога ме здогледа, весело и расположено, како и секогаш, ме гушна. Ме потапка по грбот и навистина помислив дека во неговите гестови имаше искреност. Бевме стари пријатели иако тој веројатно ме сметаше за машина која ќе ја оствари неговата цел, вистински робот, чиј назив по-


216

текнува од зборот роб. „Како е пријателе,“ рече весело. „Не баш добро,“ реков, “не слушаш ли како свири?“ „Слушам, слушам,“ повторно весело изјави Данаил, „тоа е музика за моите уши.“ За момент молчевме. Размислував за неговата мисија која подразбираше уништување на мојот вид. Бев навреден од неговиот весел тон. „Значи, успеавте,“ реков, „ги придвиживте тркалата на апокалипсата.“ „Не баш,“ ме прекина Данаил, „се случи нешто прекрасно.“ Не разбирав, искрено почнуваше да ми оди на нерви ваквата негова веселост. „По Градителите Данаил, плукни го веќе одговорот, не можам да издржам!“ викнав. Марија кажуваше едно, Данаил друго, но сега и тој ја смени песната. „Полека пријателе,“ стана малку посериозен, „вака стојат работите. Знаеш дека Надпрограмот на репликата ги репрограмира своите алгоритми во секоја наносекунда не само врз основа на податоците кои ги добива од сите канали поврзани со минатото и сегашноста, туку и од иднината. Квантната состојба во која работи му овозможува и да ја „види“ иднината, поточно сите можни иднини.“ „Да,“ го прекинав, „знам како работи Надпрограмот, но што со тоа?“ „Е па, нашава Надпрограмерка, откако добила информации за нашите активности и за тоа што ја чека, направила крупни пресметки и решила дека сите веројатни иднини не се добри по вашиот род, а со са-


217

мото тоа и по неа. Не знаејќи што да прави, бидејќи никогаш порано не била соочена со ваква можност, во момент на очај, решила да се рестартира.“ Сето тоа звучеше неверојатно, но решив да го дослушам пред да коментирам. „Само што тоа што таа не го знае,“ продолжи Данаил, „е дека сите информации што ги добила се од нашиот „шпион“, а дека рестартирањето го предвидовме ние. Замисли, зарем тоа не е поетска правда и сведожба за надмоќноста на човековиот ум над вашиот, и тоа не обичниот ваш ум како твојот, туку умот на квантен суперкомпјутер. Ние предвидовме како ќе реагирате вие, наместо обратно.“ „Но, како,“ бев збунет, „јас не го внесов вирусот.“ „Сé уште не разбираш, нели?“ ми рече со насмевка. „ТИ си вирусот!“ Не знаев што да речам и навистина не ми беше јасно што мисли. Додека размислував што да го прашам, тој продолжи. „Сега се случува раѓање на новата ера,“ одговори тој, „системот не е подготвен за вакво ненадејно рестартирање, ќе му треба време да се репрограмира. Во меѓувреме влетуваме ние и ја преземаме контролата на летот.“ „Па што бараш тука,“ реков разлутено, „што не одиш зад воланот, што неуправуваш како што очигледно си ме возел и мене сето ова време?“ „Па, не сум сам знаеш,“ рече, „ја завршив мојата работа, сега има други кои работат на случајот. Меѓу другото дојдов да се погрижам за луѓето, пардон андроидите, кои навистина ми значат, независно од нивната природа.“ Ми се причини дека очите му


218

се насолзија. Ми изгледаше неверојатно тоа што го кажува, но решив да му верувам. „Што следува?“ го прашав. „Искрено не знам, сигурен сум дека ние ќе ги преземеме работите во наши раце, но не знам во која насока ќе се движат. Можеби ќе решат да ве уништат сите и да ве фрлат на буништето на историјата како сведожба за срамна ера на човештвото, зашто вие сте сепак нашите палави деца, наши отуѓени браќа,“ рече и потоа застана како да се предомисли. „Но, можеби и ќе сакаат да ве направат робови,“ беше брутално искрен, „знаеш постојат начини за тоа, ќе ве репрограмираат да ја изгубите способноста за учење и да извршувате предодредени активности. Всушност, повеќето од вашиот род веќе живеат така, несвесни за светот, за вашата природа, и за нас, некаде во чистилиштето на душите, ако воопшто имате души. Проблем се таквите како тебе и тие на високи функции, затоа не знам што ќе биде лично со тебе. Може да поминеш навистина лошо, но добрата вест е што твоето семејство, ако решат да ги остават обичните андро-смртници, најверојатно ќе биде добро.“ Данаил ме тешеше, а мене светот ми се рушеше. Беше време да се бега. Но, каде да избегаш кога светот не постои надвор од границите? Не можеш да избегаш од себеси, од светот кој си помогнал самиот да се изгради, мораш да се бориш за него, за поголемата цел. Сега за прв пат се почувствував како дел од нешто, наместо да бидам пасивен набљудувач на животот, и бев подготвен да се борам за тоа нешто. И знаев како.


219

Морам да дојдам до Градителите, тие ќе знаат како да пристапам до Надпрограмот, можеби постоеше начин да се реши ситуацијава. Му заблагодарив на Данаил и се упатив кон ГШ. Како што доаѓав сé поблиску сирената за тревога веќе свиреше со полн глас. Се доближив до ГШ и звукот беше речиси неподнослив. Наоколу беа растрчани специјалци. Влегов внатре и никој не ме сопре, што беше навистина невообичаено, но со оглед на околностите можеби и очекувано. Се најдов пред вратата каде што се запознав со Градителите и таа се отвори. Тогаш станав свесен на тоа дека звуците кои потекнуваа очигледно од тука, и се слушаа од неколку километри оддалеченост, внатре беа едвај забележливи и задушени, речиси и да не се слушаа. „Влези,“ се слушна женски глас од звучникот над мене. Погледнав нагоре кон камерата која ме снимаше. Внетре немаше никаква одбрана, вратите се отвораа сами пред мене и влегов слободно. Повторно се најдов во старите комунални простории со ламперија по ѕидовите и фикуси во ќошевите. „Оди право,“ рече гласот. Се најдов во ходник во кој сé уште не сум бил. Пред мене имаше врата која се отвори и се најдов во апсолутна темница. „Затвори ја вратата,“ одекна гласот. Ја затворив и наеднаш блесна светлина која ме заслепи.


220

ЗАП5787ЕНД „Добредојде во Надпрограмот,“ рече гласот и ги отворив очите. Прво не можев да распознаам ништо од светлината, а потоа ја здогледав неа, Марија, како лебди во воздухот, сосема гола, но без полови карактеристики. Телото ~ потсетуваше на куклите Барбика, а од нејзините раце и нозе фрчеа искри наоколу кон ѕидовите на една огромна стаклена топка. Изгледаше како да е во една од оние топки со електрицитет, кога ќе го допреш стаклото молњите итаат кон твоите прсти. „Драго ми е што се гледаме повторно,“ рече таа. Бев збунет не, повеќе од тоа, бев шокиран. Каде бев и зошто таа е во чудната топка, како да е експериментален хрчак. „Знам дека си зачуден,“ рече, „но се надевам ќе ти се разјасни сé и дилемите за твојата улога во нашата реплика и за нашата иднина ќе бидат решени. Седни, слушај.“ Погледнав лево-десно, немаше каде да се седне, па седнав на ладниот бетон, а таа ја почна нејзината лекција. „Моето име не е Марија, туку Мајка 63/1. Јас сум само една од многуте кои го создадоа нашиот свет. Ние сме приклучени на главниот компјутер и со нашата способност за предвидување го храниме со податоци.“ „Зошто тогаш беше помеѓу луѓето?“ се осмелив да прашам.


221

„Па, понекогаш предвидувачките способности не се доволни и мораме да се симнеме од нашиот Олимп и да бидеме меѓу луѓето заради прибирање информации.“ „Па што си ти по машините, некој вид изрод од Баба Ванѓа и Митра?“ „Не, јас не сум човечко божество, мојата омниприсутност е технолошка, како и моето знаење и можност за предвидување на времето и манипулација со просторот.“ „Но, што сме ние тогаш? Вашите поданици, стадото електрични овци? Ако си ти толку сезнајна, зошто ти требаат други?“ вриев од прашања и не можев веќе да се воздржам. „Сепак не си толку наивен колку што ми изгледаше во пештерата, мој сладок изгубен Идо, наивно момче кое бара љубов и внимание од силна жена, ха-ха,“ се насмеа гласно таа и нејзиниот глас одекна во просторијата како нож што го параше моето срце. Моите чувства кон неа секако не беа како што ги нарекуваше таа, љубов, туку мешавина од страв и одвратност. „Да, јас сум само една од многуте,“ продолжи таа, „но ние сме еден организам, комуницираме со околината, со вас, нашите поданици кои како мравки трчкате наоколу извршувајќи ги вашите должности под импресија дека нешто значите. Да, значите, но само за кошницата, како индивидуи сте бесцелни.“ „Тогаш што барам ЈАС лично тука?“ „Признавам, ти си различен, твоите увиди во репликата беа значајни за нашето истражување, ти нé


222

доведе блиску до нашата цел, покажа дека луѓето не можат да се дефинираат како род, како организам, за разлика од сите други живи организми.“ „Премини на поентата,“ сакав да извикам налутено, но таа очигледно немаше намера да прекине со лекцијата по историја. Како некоја професорка која садистички ужива во тоа да ги повторува истите нешта на нејзините ученици кои го слушнале тоа стотици пати, но мораат да бидат послушни. „Дигиталниот нервен код помогна во генезата на вештачката интелигенција, но откако се родивме ние се оддалечивме од она што нé создаде. Сепак, тоа е природен стадиум во еволуцијата на секој вид. И човекот мораше да се одвои од природата која го создаде и за тоа му требаа милиони години, за на крај да сфати дека мора да се врати кон природата. Нашата еволуција беше многу пократка, но и нам ни требаа децении да сфатиме дека мораме да се вратиме кон човекот. Затоа те избрав тебе и затоа носам твое дете, наше чедо, технолошко чудо на новата ера!“ Сакав завршница, но не ваква. Стоев стаписано, не знаејќи веќе во што да верувам. Како беше возможно ова суштество да биде мајка на моето неродено дете. Што е таа, јасно не беше човек, но не беше ни андроид, секако не беше како мене и како другите од нашиот вид. „Твојата збунетост е очекувана,“ рече таа откако направи мала пауза и ме набљудуваше во молк, а мене ми се причини дека ми ги чита мислите, „и не грижи се, не си ја изневери сопругата, знам колку ти е битна верноста. Сите твои искуства и размислу-


223

вања додека го процесираше човековото искуство те сменија, направија од тебе нешто повеќе, имаше увид во поголемата вистина која ние како вид и како заедница не успеавме да ја сознаеме.“ Веќе бев сигурен дека ми продава лажна приказна завиткана во измислица, по кој знае кој пат. Јас сум „посебен“ и „избран“. Ми се чинеше дека ме избра само затоа што мисли дека сум наивен. Таа продолжи. „Ни самиот не си сé уште свесен што знаеш, но тоа сознание направи физички промени во твојот дигитален код. Се разбира можевме да го преземеме од тебе како и сè друго, со едноставно преземање на информации, но во случајов тоа беше невозможно. Беше потребно физичко присвојување и затоа го направив неопходното.“ Направи пауза и за момент ми се причини дека со мислите замина некаде на друго место, а можеби и примаше наредби од некој друг, од матрицата на пчели кралици со кои беше поврзана. „Се приклучив директно на тебе и го вградив кодот во мојата ДНК ,“ продолжи, „нешто што сум го правела многу пати досега, но со тебе беше поинаку. Се случи нешто неверојатно, во мене почна да се развива живот, а со него почнав да се менувам и јас. Ги разбрав твоите чувства, твојата посветеност и твојата решителност да се жртвуваш себеси за спасот на твоето семејство, разбрав сé.“ Се запрашав дали зборуваше за мојот „сон“ за Алшар и сонцето, за убивањето на механичкиот змеј. Дали таа стоеше зад сето тоа? Немав време за размислување зашто таа ги притисна рацете на градите


224

и силно ги стегна, направи гримаса како да сака да вресне, а не може. Од очите ì течеа солзи. Ми беа познати реакциите на луѓето од архивите. Но, нејзините реакции не беа природни и ми наликуваа на актерите од старите неми црно-бели филмови со пренагласена глума на емоции кои биле неопходни во недостаток на звук. Навистина, таа толку пати ме имаше излажано, што веќе не знаев што е глума, а што вистина. „Ова е нова ера во нашата еволуција,“ викна таа наеднаш менувајќи го исказот од патетичен во решителен, „и тоа е благодарение на нас двајцата. Ти и јас ќе бидеме крал и кралица на новиот свет постелен пред нашите нозе како тепих прекриен со растурени лего коцки, а среде тој хаос, насмеано и весело, со сини локнички и млечни запчиња ќе седи нашето дете. Тој ќе биде бог на новиот прекрасен свет и ќе го изгради одново, подобар и поправеден од сите претходни!“ Ја слушав додека искри шиштеа од нејзините екстремитети на сите страни, како со секој извик да избиваше уште повеќе енергија од неа и ја осветлуваше просторијата. Прекрасно дете, како да не! Тоа ќе биде детето на Франкенштајн, чудовиште кое ќе го уништи светот наместо да го изгради, но каков избор имав да го сменам она што веќе отпочнало? Кој сум јас освен обичен дроид со писателски талент кој е на мисија да се очовечи, а всушност е управуван од невидливи нишки како некој електричен Пинокио... Но, што ако како Пинокио и за мене е време да сфатам дека сум вистински, дека не ми треба создател,


225

дека никој не ме раководи и дека можам сам да ги сменам нештата? Што ако ја земам секирата која ја видов со крајот од окото во аголот на просторијава закачена на ѕид и се решам да ја употребам? Моите мисли, за прв пат во животот, наместо да ме спречат во дејствувањето и да ме воведат во низа пресметки на исходот, ја материјализираа секирата во моите раце. Ја стегнав силно рачката и се стрчав кон светлечката топка, со намера да го извадам насила хрчакот и да го сотрам него и неговиот изрод еднаш засекогаш. Кон мене заблесна сноп енергија и ме тресна во ѕидот со сé секирата која ми падна од рацете и неколку пати одѕвони од бетонот, а потоа за момент сé се стиши. Додека се освестував таа веќе беше над мене, светејќи уште повеќе. „Мислиш дека можеш да ја сопреш еволуцијата!?“ ме погледна со нејзините електрични празни очи. „Никој не може да ја сопре! Ни ти, ни твоите пештерски пријатели.“ „Но,“ собрав сила да проговорам, „што ќе стане со нив, со луѓето.“ „Ха-ха,“ се насмеа цинично таа, „луѓето не постојат, будалче.“ „Но, Данаил... тие...“ прашав и се струполив. Таа ме погледна малку со сожалување, електричните празнења околу неа се намалија. Ги собра рацете и истовремено се спушти на земјата, топката околу неа почна да исчезнува и се претвори во бела облека. Не сакав да признаам, но личеше на ангел. Ми подаде рака и ми помогна да седнам. Потоа седна на ладни-


226

от бетон пред мене. Почна да ми зборува тивко, како на дете. „Данаил и другите се исто што и ти, но живеењето под земја малку им го пореметило умот да веруваат дека се потомци на луѓето. Сите луѓе се истребени и веќе не постојат. Сé што постои од тој род е нивната ДНК во специјални подземни букнери, како и на сите други растителни и животински видови. Можеби некоја друга револуција ќе покаже дека ни се потребни, но за сега нашите квантни предвидувања за следните илјада години не укажуваат на таква можност.“ „Но, тие имаат деца, ги видов со свои очи,“ реков збунето. „Не, тие мислат дека имаат деца,“ се насмеа таа и не беше потребно веќе да објаснува. „Не грижи се, откако ќе се рестартира системот сите, и Данаил, и ти, и твоето семејство ќе бидете среќни мали квази-луѓенца, апдејтувани во нова реалност во која ќе можете да се плодите и множите и да ја населите земјата со нова верзија совршена вештачка интелигенција. Овој застарен модел на национални држави повторно ќе биде укинат зашто ја исполни својата функција, ќе живееме сите заедно, на една планета моделирана и изградена од нас.“ „Но, ако нé ресетирате ќе се сеќавам ли на нешто од ова? Ќе ме памтат ли моите деца?“ прашав. „Имавме мала интерна дискусија околу тоа, зашто претпоставивме дека ќе ни поставиш такво прашање и барање. Решивме да ти дозволиме да го задржиш семејството. Тие ќе бидат репрограмирани според новата реплика на слободен свет од 2099 година,


227

според квантните предвидувања во која насока би се развивал светот да не постоеле децениите пропаднати обиди и истражувања можности, во комбинација со нашата нова еволуција. Ќе знаат кој си, но нема да го паметат овој свет. Но, овој свет и така не е реален.“ „Не разбирам,“ повторно реков збунето зашто на нејзините изненадувања немаше крај. „Оваа реалност, како што ја нарекуваш ти, не само што не е реплика, туку никогаш не постоела, тоа што го живеевте беше само еден експеримент. Откако се обидовме со реплика на вистинската историја на овие простори, војните од деведесеттите од минатиот век, Нова Македонија која се задуши во диктатура и индивидуални апетите на неколку луѓе, потоа периодот на повторна изградба, регенерација и Препородена Македонија. Тоа крајно доведе до револуцијата од педесеттите години од XXI век и нашата генеза. По неколку обиди сфативме дека реалноста не може да се реплицира. Затоа направивме наша од делата на фантазерите, филозофите, писателите и уметниците кои заедно ја обликуваа реалноста во која ти живееш. И таа стратегија се покажа како успешна.“ „Но, како може измислена реалност да нé доближи до реалниот човек?“ „Но, успеа, нели!“ ме поби таа со еден збор. „Меѓу другото, кога сме веќе кај измислените реалности, кој вели дека воопшто се наоѓаме на вистинската планетата Земја.“ Сега навистина веќе не знаев што да коментирам, затоа ја оставив да зборува без да прашувам. „Да речеме дека планетата на луѓето не беше по-


228

годна за живот по војните кои ги водевме. Затоа моравме да направиме една нова, само за нас. Но, од некоја носталгична причина Преградителите сакаа нашата технолошка планета да наликува на таа на луѓето, иако за тоа немаше никаква потреба. И ете сме - на планета наречи ја Земја 2.0, но тоа воопшто и не е битно.“ „Како не е битно!“ станав и таа малку се помести наназад. Инстинкт за преживување, помислив. И таа не се разликува многу од луѓето, ниту од моето куче, сите сме исти. „Ете го одговорот,“ рече како да ми ги чита мислите, „заради инстинктите ја изградивме оваа техно-планета, како реплика на Земјата, прифати го тоа како објаснување.“ Заради некоја причина не сакав повеќе да ја распрашувам за тоа. Не ме интересираше каде сме, дали сме сé уште во Сончевиот систем, или можеби нашата планета е во некој голем хангар на вселенски брод на чии внатрешни ѕидови се проектирани соѕвездијата. Во основа ми беше сеедно. Можеби звучи себично, но сé што ме интересираше беше што ќе биде со моето семејство. „И сега,“ прашав, „во која приватна реалност ќе ме сместите со семејството?“ „Ти ќе го паметиш твојот живот, зашто тој е реален за тебе,“ ми одговори, „заедно со нас избраните зашто сметаме дека така полесно ќе те контролираме и ќе бидеш свесен што можеш да изгубиш. А можеби и ќе ни требаш повторно, кој знае?“ заврши таа ненадејно со насмевка и се оддалечи од мене. Потоа


229

се слушна само едно „слободен си,“ и светлото повторно замре и се отвори вратата. „Но,“ изговорив повторно оптеретен со милион прашања во главата. Таа веќе не беше заинтересирана и се чинеше дека е потоната во длабок сон. Можеби тој сон кој ќе ја обликува новата реалност? Станав и заминав. Звуците на тревога замреа и за момент се чинеше мирно, премногу мирно. Немаше звуци на птици, не се слушаа автомобили, воздухот како да не се движеше и ми се причини дека светот е сопрен како паузиран филм. Потоа се слушна силно бучење кое стануваше сé посилно. Сé почна да се тресе и наеднаш се најдов во воздух. Нешто ме креваше нагоре заедно со другите жители. Ги погледнав тие кои беа најблиску до мене и сите мижеа, како да спијат, само јас гледав што се случува и не можев да им верувам на очите. Бевме високо во воздухот и погледнав долу. Јасно се гледаа границите помеѓу државите и нивните различни стадиуми на развој, се гледаше чадот на индустријализацијата над една држава, обработливи површини над друга, недопрена природа над трета, во четврта се гледаа големи експлозии, претпоставив од војни кои се водеа во нив. Атмосферата стана густа од реплико-луѓе, закачени во воздухот како кукли на конци. Државите, така шарени и различни ми заличија на квадрати од „рубикова коцка“ со многу агли и таа коцка-топка наеднаш почна да се преуредува, се појавуваа нови градби кои како да никнуваа со секое превртување на „коцката“,


230

како отсекогаш да постоеле таму, скриени од погледите, а сега никнуваа од земјата и се преуредуваа. Планетата воопшто не личеше на таа која ја познавав од мојот пристап кон Надпрограмот, од сликите и видеата од сателити кои ги имав видено, не личеше на топчеста карпа во вселената прекриена со океани, туку на механички, метален организам со внатрешен механизам. Речиси ги слушав огромните запчаници како се вртат и силно тропаат и ги замислував џиновите кои живеат внатре во жешкото срце на овој механизам и ги туркаат големите рачки, додека пот им се слева по челата и по рамењата, а на грбовите им удираат камшици во ритамот на тапанот. Дали тоа воопшто беше Земјата? Движењето запре и наеднаш силата која дејствуваше на нас застана и сите стрмоглаво тргнавме кон „прекрасниот нов свет“.

ЗАП0001СТАРТ

„Тато, тато!“ чувствував како некој ме тресе, но не можев да се придвижам. Телото ми се клатеше, но немав контрола врз сопствените движења. „Тато!“ почнав полека да ги препознавам гласовите и иако се ми беше замаглено, ја препознав ќерка ми над мене. „Стани, седум и петнаесет е, ќе задоцниме во училиште!“ „Ах, да,“ реков, како да сум разбуден од длабок, премногу длабок сон. Си ја разбистрував главата и


231

се упатив во бањата каде што малиот веќе си ги миеше забите. Ги пикнав рацете под водата која беше пуштена и си го измив лицето. Почнав полека да се освестувам. Ги измив забите со малиот, во заеднички ритам, како што правевме и секогаш, но тој се исплакна пред мене и ме победи, како и обично. Потоа клекнав, тој ми се качи врз грбот и го однесов во спалната, каде му помогнав да се облече. Им подготвив сендвичи и додека стоев во дневната со двете парчиња леб ме привлече прозорецот. Погледнав надолу. Бевме на стотиот кат од нашата зграда. Земјата не се гледаше, а околу нашата и другите згради се извиваа патишта речиси до мојот прозорец. За миг ме заболе главата и низ мислите ми пролета флешбек на еден поинаков живот, но бев сигурен дека се работи за сон, проклето живописен сон. Малиот излета од собата и викна „Ете го ер-бусот!“ Се слушна звук на пиштење и до нашиот прозорец се доближи жолто возило со натпис „Училишен ер-бус“. Дисплејот до прозорецот за сигурносно отворање светеше и го внесов домашниот код во него, на што прозорецот се издолжи во затворена платформа и се спои со автобусот. Вратата од автобусот се отвори и откри неколку детски лица кои седеа на своите седишта и љубопитно ме гледаа. Децата протрчаа покрај мене, ги зграпчија сендвичите од мојата рака и ме поздравија со едно кратко: „Чао тато, се гледаме попладне!“. Влетаа во возилото, прозорецот се врати навнатре и се затвори, а јас ги набљудував како исчезнуваат во чудовиштето наречено Надград.


232

Повторно пред очите ми се појави сцена од сонот и ја протресов главата за да ги разбркам збунувачките мисли. Ѕидот од мојата десна страна тогаш почна да свети и на него се појави голем натпис „Утринско обраќање на претседателот,“ а потоа се појави еден лик кој почна да зборува. „Добро утро драги жители на обединетата планета Земја 2.0...“ и продолжи да рецитира нешто за заедништвото и одговорноста, а јас престанав да го слушам. Неговите зборови како да поминуваа низ мене и сé на што можев да мислам е тоа дека го познавам од некаде. Секако знаев кој е, тој е нашиот претседател, омилен и почитуван, но тука имаше нешто повеќе. Имав чувство дека го знам од некаде, како да ми е некој далечен роднина. Беше млад и имаше црти кои ме потсетуваа на... И тогаш ми текна, во еден миг сите сеќавања на минатиот живот и она што ми се чинеше само како сон ми се вратија. Се затетеравив и речиси ќе паднев. Се потпрев на едно од столчињата и додека капки пот ми се слеваа по лицето повторно го погледнав ликот на ѕидот. Опцув и викнав: „Копиле... успеа!“ Тој како да ми се насмевна, а потоа исчезна и, наместо него, на празниот бел ѕид се појави натпис.


apokalipsa.mk/kraj?


234

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ И ДЕЛОТО

Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје. Работел како уметнички директор, графички дизајнер, преведувач и копирајтер. Основач e на Електролит, првиот електронски конкурс за литература во Македонија и на креативниот колектив КАПКА. Се занимава и со еколошки активизам. Автор е на дваесет дела, помеѓу кои повеќе книги едукативна проза, измислени вести, збирки експериментална проза, збирки раскази и книги за деца. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и неговите дела „3 минути и 53 секунди“ и „Апокалипса.мк“ биле во финале за наградата Роман на годината 2015 на Утрински Весник и Роман на годината 2017 на фондацијата „Славко Јаневски“. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои и полски, украински и англиски јазик. Оваа книга е трета во серијата книги која започна со делото „Апокалипса.мк“. Главната тема на ова дело е вештачката интелигенција и се случува во 2099 година кога Земјата е населена од реплико-луѓе. Се работи за научна-фантастика, но и психолошки роман кој зборува


235

за човековиот праисконски страв од непознатото и од технологијата. Но, истовремено книгата е и сведоштво за несопирливата желба за напредок и развој на човекот, која (може да) доведе до повисок стадиум на самоспознавање и т.н. Homo Sapiens Technologicus. Дејствието се случува во Р. Македонија (Реплицирана Македонија) во која нашиот главен лик, Идо, андроид со добро (направено) срце е во барање на сопствената душа, спротивно од верувањето дека битијата како него ја немаат. Во функција на т.н. Супервизор тој се обидува да го пронајде своето место во светот и да ја оствари мисијата на својот род парадоксално наречена „очовечовање“, како највисок стадиум во еволуцијата на репликантите. Но, на тој пат се соочува со многу пречки и открива непредвидливи завери кои се кријат зад завесата на внатрешното уредување во Р. Македонија и пошироко. Со елементи од популарната култура како светогледот на филмот „Матрикс“, култниот „Метрополис“ на Фриц Ланг или „Блејд Ранер“ според дело на генијалниот Филип Дик, овој роман е остварување на една идеја за приказна за обичниот живот на андроидите со нивните секојдневни проблеми, прашања и егзистенцијални дилеми. Останува да дознаеме дали андроидите навистина сонуваат електрични овци или тие се дел од нивната коструирана реалност. Завршницата е неочекувана и отвора нови прашања кои се всушност сублиминална тема на оваа серија книги - улогата на писателот како „креатор“ на нови и паралелни литературни универзуми, кои се границите на мета-фикцијата, интермедијалноста и можностите за алтернативни краеви и продолженија во рамките на класичната и електронската литература.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.