www.fgks.org   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ѓошо Бојаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓошо Бојаџиев
Роден 1 мај, 1892 година
Ваташа, Кавадарци
Починал 5 септември, 1956 година
Ридот "Градот", Моклиште, Кавадарци
Националност Македонец
Сопружник Маријка Ѓошева
Деца Љупчо, Цандо и Димо.

Ѓошо Бојаџиев (1 мај 1892 во Ваташа5 септември 1956 во Моклиште (село)) — македонски револуционер, учесник во Тиквешкото востание, Балканските војни, Првата светска војна, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во Ваташа а нижа гимназија во Гевгелија. Уште од најраната младост се приклучува кон движењето за ослободување на Македонија. Во 1913 година заедно со брат му Александар Бојаџиев учествуваат во Тиквешкото востание[1] во кое брат му Александар загинал, а по угушувањето на востанието Ѓошо од страна на српските буржуаски власти заедно со Диме Пинџуров се мобилизирани и се испратени по фронтовите на Цер и Колубара во Првата светска војна. Од страна на Австроунгарската војска Ѓошо е заробен и однесен во логор во Австрија.[1]

Периодот меѓу двете светски војни[уреди | уреди извор]

По завшување на првата светска војна во 1918 година Ѓошо сега како прекален револуционер се враќа во Ваташа и веднаш се поврзува со пријателите од Тивкешкото востание. Ристо Михов со кого се подготвуваат за основање на Работничка партија Комунисти. На локалните избори во 1920 година Ѓошо и Ристо Михов се избрани за одборници, а Ристо Михов е избран за претседател на општината во тоа време наречена Црвена Комуна. Српската буржуаска власт гледајќи каков замав зема работничкото движење го донеува законот државата (обзнана) со кој ја забранува работата на комунистичката партија. Ристо Михов ја губи државната служба а Ѓошо Бојаџиев емигрира во Бугарија и продолжува во револуционерните активности каде во 1926 година е извршено масовно убиство на неколку илјади македонски патриоти меѓу кои е фатен и Ѓошо Бојаџиев, но успева да побегне и со фамилијата да се врате во с. Ваташа.

На парламентарните избори во 1938 година Ѓошо заедно со Страшо Пинџур, Тошо Кимов, Киро Пачаџиев, Тефо В'чков, Тошо Велков-Пепето и други вршат широка агитација за Илија Чулев за пратеник во Белград. Активностите (состаноците) се одвивале во куќата на баба Наца и куќата на Ѓошо Бојаџиев во Ваташа,[1] а во Кавадарци во берберницата и куќата на Пане Шахпазов и куќата на Ифтим Поцев од кои куќи подоцна произлегле Лазо и Ване Шахпазов и Диме и Рада Поцеви (првоборци-за ослободување на македонски народ). Во 1939 година Ѓошо Бојаџиев станал член на обновената партиска организација. Кон крајот на 1940 година во Кавадарци е формиран месен комитет во кој членува Ѓошо Бојаџиев.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

По 6 април 1941 година Ѓошо со Страшо Пинџур организираат акција за собирање на оружје и друг воен материјал. Во почетокот на 1942 година во куќата на Ѓошо Бојаџиев е сместена илегална техника на главниот штаб на НОБ и ПОМ кој од Прилеп ја донел Борка Талески кој заедно со Ристо Џунов неколку дена остануваат во Ваташа како инструктори. На враќање за Прилеп Борка Талески загинува кај Плетвар. Во куќата на Ѓошо покрај пропаганден материјал отпечатен е и Билтенот на главниот штаб на НОБ и ПОМ и основи на Ленинизмот. Во летото на 1942 година во лозјето на Ѓошо Бојаџиев во месноста Катуниште престојуваат како илегалци Димката Ангелов-Габерот и Мито Хаџи Василев-Јасмин. Тој помагал при сместувањето на борците од велешкиот партизански одред "Димитар Влахов".[1] Ѓошо Бојаџиев учествувал во континуитет од Тиквешкото востание па се до конечното ослободување на Македонија во сите поважни настани, а во НОБ ја вклучил и сопругата Маријка Бојаџиева и синовите Љупчо, Цандо и Димо.

По ослободувањето поради несогласување со тогашните власти кои почнале да ги апсат постарите револуционери, јавно ги суделе во Ваташа, Наќо Ангелов-Рочко побегнал во Чехословачка, ги уапсиле еснафите од триесет и седми калибар Лазо Шахпазов и други. Тогаш Ѓошо Бојаџиев се повлекол од политичкиот живот.

Ненадејна смрт[уреди | уреди извор]

Месноста "Градот", во Моклиште во моментот на тектонската несреќа
Месноста "Градот", во Моклиште по тектонската несреќа

Ѓошо Бојаџиев загинал на 5 Септември 1956 година во месноста Градот, Моклиште при уривање на ридот.[1] Како последица на тектонското движење на земјата, во раните утрински часови на петти септември 1956 година, дошло до уривање на ридот „Градот”. Во оваа несреќа животот го изгубиле 11 вработени во земјоделските задруги од Ваташа, Дреново и Возарци и еден случаен минувач од село Долно Бошава, кој одел на пазар во Кавадарци. Во оваа трагедија биле затрупани и 1.200 овци и голем број грла крупен добиток. Огромно количество на земја и камен се спуштило кон реката Луда Мара, ја затворило долината на реката и создало природна брана, која денес се вика Моклишко Езеро.[3][4]

На Ѓошо Бојаџиев, Диме Пинџуров и Страшо Пинџур, никогаш не им биле пронајдени гробните останки.

Една улица во месноста УЗ „Страшо Пинџур”, го носи името на Ѓошо Бојаџиев.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 406. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. 2,0 2,1 „Именувана улица по името на револуционерот Ѓошо Бојаџиев“. www.rtk.mk. 5 септември 2022.
  3. „Кавадарци одбележува 67 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште“. kanal5.com.mk. 5 септември 2023.
  4. „Шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-06-19.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Музеј галерија -Кавадарци
  • Научен собир-Тиквешија во НОБ 1941-1945
  • Кавадарци меѓу двете светски војни
  • Музеј Галерија на град Јакурида Пиринска Македонија
  • Жените во НОБ
  • Изјави преку медиумите на истакнати Борци