Од Википедија — слободната енциклопедија
Џенерал моторс (англиски: General Motors) — американско повеќеделно претпријатие, најголеми производител на автомобили во светот во поголемиот дел од XX и XXI век.
Компнијата била основана во 1908 г. од Вилијам К. Дјурант со цел да се здружат неколку компании за автомобили, и набрзо ги опфатила производителите на автомобилите „бјуик“, „олдсмобил“ (прекинат во 2004 година), „кадилак“ и „оукленд“ (подоцна „понтијак“). ГМ ја презел компанијата Шевролет во 1918 г. и ја создал Џенерал мотор аксептанс корпорација (ГМАК) во 1919 г. До 1929 год ГМ ја преминала Форд моторс, за да стане водечки американски производител на автомобили и додала некои прекуокеански фирми, како Воксал во Англија. ГМ ја купила корпорацијата Електронски системи за податоци (ЕДС) во 1984 г., и во 1986 г. ја купила вионакста компанија Хјуз (преименувана во Хјуз елетроник корп). ГМ основал нова автомобилска дивизија, Сатурн, во 1984 г. за да се натпреварува со јапонските автомобили. Во своето фокусирање на автомобилската индустрија. ГМ го продала ЕДС во 1996 г., продала дел од Хјуз во 1997 г., и станала единствен сопственик на автомобилите „сааб“ во 2000 г.[2]
- ↑ „Company Profile“. General Motors. 2010. Архивирано од изворникот на 2007-09-25. Посетено на May 7, 2010.
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, книга 10, стр. 210
- ↑ „Going Global“. The New York Times. June 4, 2009. Посетено на June 6, 2009.
|