www.fgks.org   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Течност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Формирањето на сферична капка течна вода ја минимизира површината, што е природен резултат на површинскиот напон во течностите.

Течноста е агрегатна состојба која има сопствен волумен, но нема сопствена геометриска форма. Течностите секогаш ја заземаат формата на садот во којшто се наоѓаат. Градбени единки на течноста се молекулите меѓу кои има многу посилни заемодејства отколку кај оние на гасот.

Поради делувањето на меѓумолекулските сили, во течностите постојат гроздови или кластери од молекули. Во нив, единките не се цврсто сврзани - едни молекули ги напуштаат овие групации, а други го заземаат нивното место. И бројот на единки во рамките на еден грозд се менува - гроздовите може да растат или да се смалуваат, а во течностите има и посебни молекули што заемно си дејствуваат.

Молекулите кај течностите се држат меѓусебно со Ван дер Валсови сили или водородна врска. Слободата на движење на молекулите е многу помала отколку кај гасовите. Течностите (речиси) не си го намалуваат волуменот под дејство на надворешни влијанија.