Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Добре дојдовте на Википедија
слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 131.720 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Nuclear fission.svg

Нуклеарна фисијајадрена реакција или процес на радиоактивно распаѓање, при кој атомско јадро со голема маса се цепи на помали делови (полесни јадра). Притоа честопати се добиваат слободни неутрони и фотони (во вид на гама-зрачење), а истовремено се ослободува голема количина енергија.

Нуклеарната фисија на тешки елементи е откриена на 17 декември 1938 г. од Ото Хан и неговиот помошник Фриц Штрасман, а теоретски ја објаснила Лиза Мајтнер со внукот Ото Роберт Фриш во јануари следната година. Името на овој процес му го дал Фриш според простата делба на клетката. Фисијата е егзотермна реакција при која можат да се ослободат големи количества енергија и како електромагнетно зрачење и како кинетичка енергија на деловите (загревање на материјата). За фисијата да резултира со ослободување енергија, вкупната енергија на сврзување на добиените елементи мора да биде понегативна (повисока) од онаа на почетниот хемиски елемент.

Фисијата е вид јадрена трансмутација поради тоа што добиените хемиски елементи се разликуваат од првобитниот атом. Двете нови јадра имаат мали разлики во големината, со однос меѓу масите 3:2 кај честите фосилни изотопи. Најголемиот дел од јадрените фисии се бинарни (се расцепуваат два наелектризирани дела), но повремено (2-4 пати од 100), се добиваат три нови (позитивно наелектризирани) јадра со тернарна фисија. Големината на најмалото од нив се движи меѓу онаа на протон и јадро на аргон. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Bixby Creek Bridge May 2011 panorama.jpg
Крајбрежен мост во Биг Сер, Калифорнија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знаци од писмото на Дупјачката таблица споредени со други палеоевропски писма
На денешен ден…

Денес е 27 ноември 2022 г.

Настани:

1095  На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан II ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година.
1895  Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
1919  По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.
1926  Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.
1942  Втора светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.
1946  Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.
1982  водачите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република“.
1997  Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

Родени:

1701  Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном.
1901  Емануел Чучков — македонски политичар.
1921  Александар Дубчек — водач на Прашката пролет.
1931  Радмила Пашиќ — македонски археолог.
1940  Брус Ли — глумец и борач од Хонгконг.
1951  Дражен Далипагиќ — босански и југословенски кошаркар.
1959  Звонко Варга — српски и југословенски фудбалер.
1960  Јулија Тимошенко — украинска политичарка.
1960  Владо Јаневски — македонски поп-пејач и композитор.
1961  Авдија Пепиќ — македонски економист и политичар.
1963  Владимир Машков — руски глумец.
1964  Роберто Манчини — италијански фудбалер и тренер.
1978  Иван Гутиерез — шпански велосипедист.
1979  Александар Васоски — македонски фудбалер.
1982  Александар Кержаков — руски фудблер.
1987  Лујџи Датоме — италијански кошаркар.

Починале:

8 п.н.е.  Хорациј — римски поет.
1570  Јакопо Сансовино — италијански вајар и архитект.
1953  Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда.
1955  Артур Хонегер — француски композитор.
1992  Иван Генералиќ — хрватски сликар.
2013  Нилтон Сантос — бразилски фудбалер.
2014  Станислав Микулски — полски глумец.
2018  Горан Стефановски — македонски писател.
2020  Шпиро Губерина — хрватски глумец.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич