Абрахам Линколн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Абрахам Линколн
Мери Тод Линколн, жена на Абрахам Линколн, на 28 години

Абрахам Линколн (12 февруари 180915 април 1865), шеснаесеттиот претседател на САД, често се смета за најголем американски претседател (1861-1865) по основањето на САД. Секако, неговите силни но фини манири помогнале да добие татковски имиџ каков што ниеден претседател по него немал. Тој бил умен, цврст, стрплив и со многу разбирање за луѓето кои послабо стоеле од него. Почнал да работи како продавач, бил управник на селска пошта, но потоа се определил да студира право.

Линколн станал претседател во 1861 година, во тоа критично време за САД. Земјата била жестоко поделена околу ропството. Белците од северните држави не го одобрувале, додека белците од јужните држави го сметале како неопходно за нивните плантажи на шеќерна репка и памук. Луѓето од север не се согласувале со начинот на кој несреќните црни луѓе биле третирани. Па, југот се отцепил од сојузот и ги формирал Конфедеративните Држави на Америка, составени од седум држави. Граѓанската војна избувнала во 1861.

Линколн донел одлука да го зачува сојузот во целина и да го укине ропството. Затоа го поддржал Северот со сите средства кои му стоеле на располагање. Во 1862 година Линколн прокламирал дека почнувајќи од 1 јануари 1863 година, сите робови во конфедеративните држави се слободни. Во 1863 ја одржал познатата беседа во која меѓу другото рекол: “ ... Пред 87 години нашите татковци на овој континент создадоа нова држава, изразена во слобода и посветена на претпоставката дека сите луѓе се создадени еднакви ... “. Овој блескав човек бил убиен во театар од луд артист, само неколку дена по крајот на Војната.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]